Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Мемфис Депај нема да остане во Коринтијанс и ќе може да си бара нов клуб како слободен агент. Ова е изненадувачкото сценарио за кое се одлучи бразилскиот тим и направи целосен пресврт во однос на ставовите од пред неколку дена. Беше очекувано дека Коринтијанс и холандскиот интернационалец лесно ќе се договорат за продолжување на соработката, дури и клубот навести такво нешто, но вечерва со официјално соопштение е потврдено дека Мемфис нема да ...
Српскиот шампион Црвена Звезда и во новата сезона нема да игра во Лигата на шампионите, а причина е вториот пораз (0:2) во двомечот со израелскиот ривал Хапоел Бер Шева. По минималниот пораз со лош настап на првата средба, избраниците на Дејан Станковиќ и вечерва на домашен терен не го поправија впечатокот, а доживеаја и повисок пораз со резултат 0:2, при што израелскиот првак во финишот имаше неколку големи шанси за поубедлива победа. ...
Пол Погба потпиша двегодишен договор со Монако посакувајќи да се врати во препознатливата форма од пред неколку години, но доживеа уште неколку разочарувања откако пристигна во кнежевството. По допинг суспензијата и разделбата со Јувентус, во периодот откако е во Монако, Погба повторно заработуваше различни повреди, а такво нешто се случило и деновиве. Но, клубот уште пред да се повреди Погба решил да го раскине договорот со него, ...
Душан Влаховиќ долго преговараше и размислуваше за тоа каде да ја продолжи својата фудбалска кариера, а на крајот дефинитивно ќе го засили Бешикташ. Италијанските и турските медиуми вечерва објавија дека турскиот клуб конечно ги договорил деталите со агентот на српскиот репрезентативец и тој ќе потпише тригодишен договор со црно-белите од Истанбул. Најавите се дека Влаховиќ ќе заработува по 8 милиони евра по сезона, а веќе утре се очекува ...
Македонската кадетска репрезентација денеска доживеа пораз од Украина (70:84) на Европското кошаркарско првенство од Б дивизијата кое се игра во Скопје и мора да се задоволи со четвртото место во својата група. Нашите У-16 репрезентативци имаа седум поени заостанување на полувреме, по што противникот го подигна своето ниво и на крајот со победа си ја обезбеди третата позиција во директниот дуел со Македонија за тоа место во групата. Шабани со ...
ПСЖ утре ќе се бори за нов европски трофеј на дуелот со Астон Вила, а во текот на сезоната францускиот тим ќе има уште една голема мотивација во Лигата на шампионите. По две освоени титули во серија, избраниците на Луис Енрике повторно ќе бидат меѓу фаворитите за подигнување на пехарот, а таквото сценарио ќе значи дека ќе израмнат еден од најважните рекорди на Реал Мадрид. Под водство на Зинедин Зидан, Реал освои три европски титули по ред и ...
Жозе Мурињо открива интересни детали од неговата кариера во документарецот направен од „Нетфликс“, а еден од поинтересните моменти е отказот кој го доби во Челси. Португалецот имаше две тренерски етапи во лондонскиот клуб, а втората започна во 2013 година, кога дојде во Челси по отказот од Реал Мадрид. „Сините“ ја освоија премиерлигашката титула во сезоната 2014/15, но веќе следната сезона екипата имаше променливи резултати, а Мурињо го ...
Фабио Капело во последното интервју зборувал за активностите на италијанските клубови во преодниот рок и потенцирал дека Јувентус дефинитивно мора да доведе нов голман. Иако го почитува Микеле Ди Грегорио, поранешниот италијански тренер смета дека Лучијано Спалети мора да добие ново име меѓу стативите, а има и свој фаворит, кој не е Зион Сузуки. Јапонскиот репрезентативец е фаворит поради фактот што направи трансфер во ПСЖ, а Јувентус се ...
Матс Хумелс е уште едно угледно фудбалско име кое се вклучи во серијата негативни и жестоки коментари на сметка на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Контроверзниот проект за продажба на дел од правата за светските првенства на приватни инвеститори донесе многу критики за Инфантино како човек кој го промовираше истиот пред националните федерации и јавноста, а повлекувањето од оваа идеја веројатно нема да го спаси од гласање недоверба од ...
Фудбалската федерација на Македонија, заедно со останатите национални асоцијации членки на УЕФА, го поддржува воведувањето на Clear Line, нова платформа создадена со цел да обезбеди поголема јасност, доследност и транспарентност во разбирањето и примената на судиските одлуки во европскиот фудбал. Clear Line претставува единствен европски водич за судиски одлуки преку кој, за првпат на едно место и со отворен пристап, јавноста може да добие ...
Арсенал деновиве го промовираше Бруно Гимараеш како сериозно засилување за средниот ред, но оваа инвестиција подразбира и потреба од реализација на некој излезен трансфер, чија главна цел е баланс во финансиската ситуација на клубот. „Гардијан“ денеска излезе со ексклузивна информација дека актуелниот англиски шампион решил да го „жртвува“ младиот Мајлс Луис-Скили и наводно веќе му го понудил овој играч на ривалот Манчестер Јунајтед. ...
Јувентус денеска стави крај на турнејата во Азија и Австралија, победувајќи го Палермо пред голем број фанови во Перт. Контролниот натпревар беше можност за Лучијано Спалети да го започне натпреварот со интересна формација во која беа и Јилдиз и Алајбеговиќ, Копмајнерс играше во одбраната, додека во вториот дел шанса добија повеќе фудбалери од клупата. Првиот гол беше дело на Јилдиз, а точка на неизвесноста стави Милик во 86. минута, кога ...
Панатинаикос влегува во нова ера, во која потезите од клупата ќе ги влече Жељко Обрадовиќ, најтрофејниот европски тренер кој веќе освојуваше важни титули со атинскиот клуб. Контроверзниот сопственик Димитрис Јанакопулос во последното подкаст гостување зборувал на интересни теми поврзани со ПАО, меѓу другото потенцирајќи дека летово имал неуспешен обид да го ангажира Никола Јокиќ. – Ве молам да не се смеете, но летово испратив понуда за ...
Актуелниот европски шампион ПСЖ се подготвува за утрешната Суперкуп пресметка со Астон Вила, а претставници на францускиот клуб создале неочекуван проблем за УЕФА во пресрет на дуелот во Салцбург. На вообичаениот заеднички состанок на клубовите и УЕФА, од ПСЖ се пожалиле дека гостинската соблекувална која им припаднала е премала и барале да добијат исти услови како противникот. Премиерлигашот ја добил домашната соблекувална, која е многу ...
Вчерашните најави од каталонските медиуми денеска се потврдени од Барселона, па така и официјално Рони Барџи заработил повреда на лигаментите и оди на долга принудна пауза. Шведскиот интернационалец не беше најзадоволен од статусот во редовите на шпанскиот шампион, се очекуваше да најде нов клуб барем за претстојнава сезона, но вчерашниот тренинг му ги расипа сите планови. Барџи денеска направил детални прегледи на десното колено и било ...
Елиф Елмас е во потрага на нов клуб и ќе мора да си го реши својот клупски статус во наредните 20 дена, бидејќи одамна познато е дека македонскиот репрезентативец е ставен на трансфер листата од РБ Лајпциг. Офанзивниот фудбалер минатата сезона настапи како позајмен фудбалер во Наполи и двата клуба не се договорија за перманентен трансфер, а со оглед на тоа што Елиф е убедливо најпопуларен во фудбалска Италија, сега пристигнува информација од ...
Жозе Мурињо неуморно ја прифаќа секоја нова авантура во тренерската кариера и не се памети некоја негова подолга пауза во изминатите две децении, а судбината сега посака да добие втора шанса во Реал Мадрид. Во период кога ги води првите тренинзи со сите ѕвезди на Реал кои се вратија од Светското првенство, доста популарен е и новиот Нетфликс документарец во негова чест, а во дел од него, Португалецот испорача и една индиректна „отровна ...
Барселона се уште ги нема завршено своите активности на трансфер пазарот и планот е да доведе најмалку двајца напаѓачи до крајот на преодниот рок, но бидејќи се ближи стартот на новата натпреварувачка сезона, клубот испрати официјален допис до Ла Лига за промена на броеви кај одредени играчи. Каталонскиот гигант ги регистрираше своите фудбалери од првиот тим, а најважна е промената која ја имаме во поглед на голманската позиција. Жоан Гарсија ...
ПСЖ има стабилна голамска ситуација со Матвеи Сафонов и Лукас Шевалие, но актуелниот европски шампион мисли на иднината и денеска го договори трансферот на еден од најперспективните светски голмани. Зион Сузуки воодушеви со своите настапи за Парма и се претвори во еден од најпосакуваните млади голмани во светот, а иако некое време се поврзуваше со трансфер во Јувентус, сега ПСЖ е клубот кој ја комплетираше операцијата. Како што јавуваат ...
Ромелу Лукаку целосно ги наруши односите со водечките луѓе на Наполи откако го одложи своето враќање во клубот на крајот на минатата сезона, па откако го заврши својот настап на мундијалот, беше јасно дека приоритет број еден на „наполитанците“ ќе биде да го продадат Белгиецот. Лукаку влезе во последните 12 месеци од договорот и Наполи како клуб не можеше да се занесува со барање на некоја нелогична сума за негова продажба, а ова попладне ...
Марк Кукурелја вчера го одработи првиот тренинг како член на Реал Мадрид и се запозна со дел од квалитетот на новите соиграчи, но и со тренерот Жозе Мурињо. Левиот бек пристигна во шпанската престолнина како актуелен светски шампион и таквиот статус сигурно му годи во период кога го направи најголемиот трансфер во кариерата, но тој уште при првиот работен ден дозна дека на тренинзите ќе има доста работа. Дефанзивецот има за соиграчи екстремно ...
Пелистер продолжува да го збогатува својот кошаркарски ростер за новата натпреварувачка сезона, а најново засилување за битолскиот клуб е нов надежен кошаркар од Македонија. Лука Савиќевиќ потпиша договор со Пелистер и набрзо ќе се придружи на тренинзите кои ги води тренерот Тан Спасев, кој претходно доби неколку засилувања во имиња како Бојан Димитриев, Камрон МекДауел, Виктор Златевски, Иван Сапунџиев, Коста Кириловски, Алонзо Едвард Денинг ...
Вест Хем драстично го намали буџетот и мораше да ги продаде своите најдобри фудбалери поради испаѓањето во понизок ранг, но во тимот се уште задржа елитни и звучни имиња како Боуен, Соучек, Кастелјанос, Мавропанос и Ворд Праус. Менаџерот Нуно Еспирито Санто реши да не го напушти бродот кој тоне и како кормилар одлучи да го продолжи проектот и во Чемпионшип лигата, а бидејќи негова цел ќе биде експресно враќање во Премиер лигата, до крајот на ...
Вчерашниот тренинг на ПСЖ беше одбележан од враќањето на голем број репрезентативци, а меѓу нив беше и оној најсреќниот и најрасположениот, новиот светски шампион, Фабијан Руиз. Шпанскиот играч за врска го почна турнирот како резерва, но во продолжение од турнирот повторно ја покажа својата класа на дело, па како тивок херој кој ретко добива комплименти во јавноста, Луис Енрике сега реши да го возвише името на Руиз пред да почнат главните ...
Дин Хаусен имаше подеми и падови во својата прва сезона како играч на Реал Мадрид, а сега втората ќе ја стартува со нова енергија и со сменет број на својот дрес. Заминувањата на искусни фудбалери и носењето на нови засилувања донесоа ротации кај одредени фудбалери, со тоа што шпанскиот фудбалер реши да го земе бројот кој до пред два месеци го носеше Давид Алаба. Хаусен ја избра „4-та“ како број кој ќе биде препознатлив за него во продолжение ...
Интер во добар дел од месец јули изгледаше како клуб кој е во најдобра позиција да го ангажира Кристијан Ромеро, но откако во целата акција се вклучија Атлетико и Чоло Симеоне, сега се чини дека аргентинскиот стопер е многу блиску до преселба во шпанската престолнина. Висината на трансферот треба да достигне 40 милиони евра поради фактот што Ромеро самиот побара да си замине од Тотенхем, а со оглед на тоа што станува збор за елитен дефанзивец ...
Доналд Трамп воспостави одлична конекција со Џани Инфатино и во неколку наврати го пофали првиот човек на ФИФА за време на Светското првенство, па сега во период кога претседателот на ФИФА добива безброј забелешки за својата работа и се бара негово заминување, со свој став се јави и човекот кој го извршува својот втор мандат како претседател на САД. Инфантино посебно го навлече гневот поради тоа што понуди предлог-проект според кој ...
УЕФА се дистанцираше од дел од правилата кои ги имплементираше ФИФА на Светското првенство, но во пресрет на новата сезона во најквалитетните три натпреварувања под капата на европската Федерација, пристигна вест која влева оптимизам меѓу искрените фудбалски фанови. Најважното фудбалско тело во европскиот фудбал претстави нова платформа наречена „Clear Line“ преку која ќе бидат активирани и фудбалските фанови за пронаоѓање на аномалиите на ...
Жозе Мурињо јасно стави до знаење дека очекува раздвиженост до крајот на летниот преоден рок од Реал Мадрид, не толку кога е во прашање ангажманот на нови играчи, колку што очекува заминувања на играчи кои не се во неговиот план. Мурињо побара „краток состав“ и јасно нагласи дека не сака да биде ставен во ситуација во која би бирал од 26 играчи во првиот тим, а тоа значи дека Реал ќе мора да направи рез во периодот кој следи. Реал Мадрид ја ...
Алексис Санчез се афирмираше како голем талент во Европа пред 18 години кога воодушеви со настапите во Удинезе, а оттогаш промени многу клубови и настапуваше за великани како Барселона, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Интер и Марсеј. Последнава сезона, Алексис водеше грчевите борба за опстанок и и помогна на Севилја да опстане во елитата, па иако доби понуда од шпанскиот клуб за нова соработка, Чилеанецот реши да си ја бара среќата на друго ...