Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Реал Мадрид потврди дека Килијан Мбапе бил на дополнителен преглед во Франција, каде што бил потврден неговиот проблем на коленото на левата нога. Напаѓачот во моментов не е во комбинација за настап за својата екипа бидејќи чувствувал болки во коленото, а и Реал не сака да ризикува со својот најдобар и најефикасен фудбалер оваа сезона. – Во договор со клубот и во присуство на претставници на лекарскиот тим на Реал, направени се дополнителни ...
Шкендија се соочи со сериозен отпор во дуелот со Пелистер, но успеа да победи и да намали дел од негативата зад првопласираниот Вардар. Битолскиот состав денеска успеа да поведе уште во 7. минута со голот на Спировски, но Шкендија брзо се врати од почетниот шок и ја презема иницијативата. Ибраими во 21. минута успеа да израмни и брзо го врати натпреварот на почеток, а истиот фудбалер го комплетираше пресвртот во второто полувреме. Искусниот ...
Македонската кошаркарска репрезентација оствари уште една победа во претквалификациите за Европското првенство, а денеска нашите најдобри кошаркари славеа (70:78) на гостувањето кај Азербејџан. Натпреварот во Баку не започна најдобро за избраниците на селекторот Берокал, Азербејџан по првиот период имаше плус девет, а во пред крајот на полувремето стигна и до предност од 18 поени. Пред паузата Македонија успеа да го подобри впечатокот, а во ...
Продолжувањето на договорот со Кенан Јилдиз беше најважната мисија на актуелното раководство на Јувентус, а по нејзиното исполнување, целото внимание беше префрлено кон друг важен играч. Вестон МекКени на почетокот на сезоната се сметаше за играч кој е се поблиску до разделба со „бјанконерите“, но неговите одлични настапи и важни голови и асистенции го претворија во еден од приоритетите на раководството. Добрите игри му овозможија на ...
Тотенхем се наоѓа во многу комплицирана ситуација и ќе се бори за опстанок до крајот на сезоната, а Премиер лигата воопшто не помогна во подобрување на атмосферата по вчерашниот пораз од Фулам. Менаџерот Игор Тудор истакна дека првиот гол на противникот требало да биде поништен и тој потег имал директно влијание на конечниот исход, за во текот на вечерта, на официјалниот „Икс“ профил на Премиер лигата да се појави видео со кое беше истролан ...
Во Анталија од 28 февруари до 8 март се одигрува затворен турнир за млади и талентирани тенисери, кој е во ко-организација на ИТФ и Тенис Еуропе, а на кој во категоријата до 14 години игра и младата надеж на македонскиот тенис, Андреј Темов. Тој како четврти носител успеа да го совлада осмиот по ранг тенисер, Илдар Малаи од Молдавија со 6:1 и 6:0, со што закажа директен дуел со прворангираниот рекет, Арис Јалчинкаја од Турција. Претходно, ...
Воената криза на Средниот Исток не би требало да влијае на организацијата и одржувањето на Формула 1 трката во Австралија, со која ќе започне новата сезона во овој шампионат. Трансферот на членовите на тимовите се претвори во голем проблем поради откажаните летови, па организаторите морале да организираат чартер летови за да ги соберат вработените во тимовите во Мелбурн. Менаџментот на Формула 1 обезбедил транфер на над 500 луѓе од Европа, ...
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, смета дека актуелниот тренд за постигнување голови од прекини и посебно од корнери ја намалува убавината на фудбалот во Премиер лигата. Неговиот тим постигна три гола по прекин во победата над Вест Хем, а вчера Арсенал и Челси постигнаа три гола, сите по корнери. Актуелниот лидер на табелата веќе има постигнато 16 голови од корнер, со што е израмнет премиерлигашкиот рекорд. Во целата лига речиси 28 проценти ...
Најдобрата кошаркарска лига на светот (НБА) ни доста богата неделна програма, натпревари на кои имаше доста возбудувања, акции и моменти кои беа поздравени од присутните во арените, но и од фановите ширум светот. Од единаесетте пресметки беа селектирани најдобрите десет потези кои добија место на топ листата. Истата ја предводи дуото на Чикаго Булс, Џош Гиди и Ник Ричардс со екстра цепелинот во соочувањето со Милвоки Бакс. Најдобрата ...
Селекторот на женската сениорска репрезентација, Александар Ашаданов, го објави поширокиот список на кошаркарки на кои ќе смета за претстојните натпревари во рамките на вториот квалификациски ФИБА „прозорец“ за Евробаскетот во 2027 година. Согласно со планираните активности, нашите најдобри кошаркарки ќе тренираат во Скопје, Првиот собир е закажан за 7. март (сабота) со почеток во 18.30. часот, во салата „Градски парк“ во Скопје. Во вториот ...
Во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за групната фаза во Купот во машка конкуренција. Еурофарм Пелистер, Вардар 1961, Алкалоид и ГРК Охрид ја имаа улогата на носители согласно пласманот на екипите од минатата сезона. Бранителот на трофејот Вардар доби група во која се Бутел, Милте Есенс и вториот тим на Пелистер. Првата екипа на Пелистер пак се најде во Г групата со Струга, Прилеп и Драчево. Оваа фаза ...
Утре ќе го добиеме првиот патник во финалето на Купот на Шпанија, а дилемата е Барселона или Атлетико Мадрид. Атлетико максимално го искористи домашниот терен на првиот натпревар и забележа победа од 4-0, триумф со кој ги стави каталонците во (не)возможна мисија да го одбранат трофејот во ова натпреварување. На Барса ќе и фалат неколку важни играчи и тоа во сите линии (Ерик Гарсија, Френки Де Јонг и Роберт Левандовски), но и покрај сите овие ...
Полека влегуваме во завршната фаза во оваа сезона во Премиер лигата, поточно остануваат само уште десет кола кои треба да понудат многу возбудувања. енергија, драма затоа што се е отворено, прашањето за титулата, пласманот во европските купови и борбата за опстанок. Има доволно простор и време некои работи да се променат, меѓутоа за легендарниот Гери Линекер една работа е јасна, а тоа е играчот кој е МВП на кампањата 2025/2026. Линекер уште ...
Македонскиот ракометен прволигаш Вардар 1961 е пред нов предизвик на меѓународната сцена каде ќе ги одмери силите со Бенфика во Лигата на Европа. Португалците го добија Вардар со 40:35 во првото соочување во Лисабон каде „црвено-црните“ потфрлија во првиот дел и потоа беше тешко да се вратат во игра. Ова сега е нова битка во која вардарци се убедени дека ќе се прикажат во најдобро издание и ќе направат се за да го совладаат некогашниот тим на ...
Лос Анџелес Лејкерс ја оправда улогата на фаворит и го доби Сакраменто Кингс со 128:104 во НБА лигата. Домаќините поставија високо темпо од самиот почеток, доминираа и заслужено го добија натпреварот кој во живо го проследи тениската легенда Новак Ѓоковиќ. Ѓоковиќ беше во првите редови, се поздрави со Лука Дончиќ, Леброн Џејмс, а по мечот Словенецот се поклони и порача дека Србинот е најдобар на сите времиња. -За мене Новак е „GOAT“ (најдобар ...
Лионел Меси блесна, а Интер Мајами ја забележа првата победа во новата сезона во МЛС лигата. Интер во воведното коло беше декласиран од Лос Анџелес со 3-0, а слично сценарио најавуваше и вториот меч против Орландо Сити на кој домаќините водеа со 2-0 по првото полувреме. Меѓутоа по паузата работите комплетно се сменија, Меси испорача два атрактивни гола од далечина, во листата се запишаа уште Силвети и Сеговија за конечни 4-2. Две мајстории на ...
Ова е лето на фудбалот со оглед на тоа што на програмата го имаме Светското првенство во САД, Канада и Мексико, турнир на кој еден од фаворитите дефиниитивно е Бразил. Бразилците долго време чекаат на нов пехарот, меѓутоа имаа доста квалитетни играчи, асови кои тежат на пазарот, прават разлика во топ клубови ширум Европа, плус се предводени од еден од најголемите стратези во историјата на оваа игра Карло Анчелоти, Нема да му биде лесно да ...
Јувентус на драматичен начин успеа да избегне пораз во дерби пресметката со Рома во италијанската Серија А. „Старата дама“ имаше негатива од 3-1 до 78 минута, но потоа Бога и Гати успеаа да се запишат во листата на стрелци за конечни 3-3. -Се грижев дa не бидам во офсајд, но навистина беше многу важен гол и нè држи таму. Има уште 11 натпревари до крајот, а ние сè уште сме во трка. Пораз тука ќе ја однесеше Рома на предност од седум бода, а ...
Жозе Мурињо е познат како стратег кој кога не му оди знае да бара најразлични оправдувања и тоа сега одново се повторува во Португалија каде ја води Бенфика. Бенфика во моментов е на третата позиција во шампионатот со сериозно заостанување зад Порто и Спортинг и покрај тоа што е единствена екипа без претрпен пораз. На Мурињо не му допаѓа на кој начин се дели правдата притоа посочувајќи дека истовремено е тренер во две првенства и навести дека ...
Хари Кејн продолжи да блеска во дресот на Баерн Минхен каде одигра супер важна улога во дерби победата над Борусија Дортмунд во Бундеслигата. Напаѓачот беше автор на два од трите гола на гостите и со тоа четврти пат во низа беше двоен стрелец во Бундеслигата со што влезе во одбраноо друштво во кое досега беа само Томислав Мариќ и Лотар Емерих. Кејн дојде уште некој бројки со кои влезе во историјата, а сега ќе го брка рекордот на Роберт ...
Арсенал успеа да оствари победа над Челси од 2-1 и со тоа да остане на врвот на табелата со плус пет во однос на Манчестер Сити. „Топчиите“ повеќе од 30 минути имаа играч повеќе на теренот, ама не успеаа навреме да го решат прашањето околу победникот и до самиот крај стравуваа дека можат да останат без целио план. Малку фалеше домаќините да доживеат вистински шок во судиското продолжение кога голманот Давид Раја изведе фантастична одбрана по ...
Македонскиот напаѓач, Марио Илиевски има одлична сезона во дресот на Приштина, а одличните изданија носат и плус самодоверба, па се постигнуваат погодоци за кои сонуваат сите фудбалери. Имено Илиевски вчера погоди скоро од половина терен на дербито во Косово против Дрита. Марио забележа дека голманот не е на своето место и шутираше максимално прецизно за водство и ерупција на домашните навивачи. Во вториот дел Дрита успеа да реализира и се ...
Реал Мадрид некое време ќе биде без услугите на Килијан Мбапе што дефинитивно е сериозен удар за екипата ако се погледна неговата улога и бројките кои ги има во тековнава сезона. Меѓутоа „кралевите“ се голем клуб, имаат ростер на играчи кои мораа да одговорат на задачите и да го испорачаат она што се очекува од нив. Алваро Арбелоа ја знае тежината на дресот, а сега и како тренер се обидува да се наметне и да дојде до резултатите кои се бараат ...
Јувентус покажа карактер и успеа да остане непоразен во дербито со Рома на „Олимпико“ во меч во кој губеше со 1-0, 3-1, но не се откажа, се бореше до крај за конечни 3-3. Со ова „старата дама“ покажа дека духот е присутен, односно дека мора да се корегираат само одредени работи за да се дојдат до победи кои и тоа како се потребни до крајот на кампањата за да се оствари посакуваната цел. -Ако зборуваме за реакцијата, тогаш да, среќен сум, но ...
Реал Мадрид некое време ќе биде без услугите на Килијан Мбапе што дефинитивно е сериозен удар за екипата ако се погледна неговата улога и бројките кои ги има во тековнава сезона. Меѓутоа „кралевите“ се голем клуб, имаат ростер на играчи кои мораа да одговорат на задачите и да го испорачаат она што се очекува од нив. Алваро Арбелоа ја знае тежината на дресот, а сега и како тренер се обидува да се наметне и да дојде до резултатите кои се бараат ...
Составот на Минесота Тимбервулс издвојува победа над Денвер Нагетс од 117:108 во дерби средбата во западната конференција во НБА лигата. Домаќините залудно го имаа најдобриот играч на теренот во името на Јокиќ (35 поени, 13 скока, 9 асистенции, 1 украдена топка, 2 блокади) кој не можеше сам против „волците“ кои одиграа тимски и дури шестмина кошаркари беа двоцифрени. Најефикасни беа Едвардс со 21 и Мекдениелс со 20 кошеви што јасно покажува ...
Екипата на Интер Мајами ја забележа првата сезонска победа во МЛС лигата и тоа во соседското дерби против Орландо Сити. Гостите беа во многу тешка, незгодна позиција по првото полувреме кое го загубија со 2-0 со головите на Пашалиќ и Охеда. Меѓутоа веќе на стартот на вториот дел избраниците на Маскерано се вратија во игра со прекрасниот гол на нововлезениот Силвети. Од тука почна неверојатниот кам-бек, Меси стапи на сцена и до крајот даде два ...
Милан имаше одлична завршница во Кремона и на тој начин избегна уште еден кикс во Серија А. „Росонерите“ го добија Кремонезе со 2-0 со погодоците на Павловиќ и Леао и со тоа направи уште еден исчекор кон пласман во Лигата на шампионите за кампањаат 2026/2027. Сега пред „црвено-црните“ е дербито со градскиот ривал Интер, тим кој им бега десет бода на табелата што значи дека со победа може да дојде на минус седум и да внесе неизвесност во ...
Арсенал успеа да го добие соочувањето со Челси (2-1) и одново да отиде на плус пет во однос на второпласираниот Манчестер Сити со тоа што мора да се потенцира дека лидерот на табелата има одиграно меч повеќе од тимот што го предводи Пеп Гвардиола, Сите погодоци беа дело на дефанзивеците на Арсенал, Салиба и Тимбер погодија на вистинската страна, Инкапие пак го матираше Раја. Легендата на Арсенал, Иан Рајт е среќен поради трите освоени бода, ...
Манчестер Јунајтед издвојува победа над Кристал Палас и на тој начин дојде до третото место на табелата во Премиер лигата. Избраниците на Карик направија пресврт во второто полувреме, пресврт во кој клучна улога одигра капитенот Бруно Фернандеш со гол и асистенција. Прво го реализираше пеналот во 57 минута, а потоа во 65 испрати топка по која Шешко го матираше Хендерсон. Ова го однесе Португалецот подлабоко во историјата на Јунајтед, па така ...