Барселона продолжува со обидите да го доведе Родри од Манчестер Сити, а според најновите информации клубот испратил и трета понуда за шпанскиот играч за врска. Каталонскиот клуб е подготвен да плати повеќе од 70 милиони евра за трансферот, a новата понуда е резултат на фактот што Манчестер Сити ги одби претходните две понуди на Барселона, сметајќи дека се несоодветни за овој профил на фудбалер. Првата понуда на Барса била околу 45 милиони ...

Баерн Минхен договорил финансиска трансакција со која клупската каса ќе биде потешка за 250 милиони евра. Германските медиуми јавуваат дека германскиот великан прифати да продаде 5 проценти од сопственоста на клубот на компанијата „Вајсман“ и на тој начин ќе биде дополнителен приход со кој ќе може да располага во иднина. „Вајсман“ ќе стане четвртио коспственик на клубот со минорен дел од акциите, а во таква ситуација се и компаниите „Адидас“, ...

Англискиот шампион Арсенал и натаму не се откажува од дополнителни засилувања на екипата, а англиските медиуми тврдат дека Микел Артета дал зелено светло за еден невообичаен трансфер. Досега „топчиите“ беа поврзувани со повеќе квалитетни и познати имиња, но сега се зборува за пристигнување во Лондон на Џек Хиншелвуд, 21-годишен фудбалер на Брајтон. Арсенал смета дека Хиншелвуд ќе биде сериозно засилување за средниот ред и веќе започнале ...

Новата сезона во англиската Премиер лига започнува следниот викенд, а вредните статистичари на „ОПТА“ го активираа својот суперкомпјутер за да добијат прогноза околу освојувачот на шампионската титула. Суперкомпјутерот зема предвид голем број параметри и ги вклучува во својот алгоритам, а овојпат смета дека Арсенал ќе ја одбрани титулата во елитното англиско друштво. Микел Артета ќе се обиде да стане само четвртиот премиерлигашки менаџер кој ...

Шпанија ја надигра и заслужено ја победи Аргентина во последното финале на светските првенства, со што избраниците на Луис де ла Фуенте стигнаа до посакуваниот трофеј и ја израдуваа својата земја. Самиот натпревар донесе очекувана тензија на теренот, многу дуели, еден црвен картон, како и победнички гол во продолжението, чиј автор беше Феран Торес. Досега беа опфатени многу интересни детали поврзани со финалето, но ФИФА со објавеното видео од ...

ПСЖ и Барселона го објавија трансферот на Феран Торес, со што и официјално е потврдено дека шпанскиот репрезентативец се сели од редовите на шпанскиот во редовите на францускиот шампион. Торес е најавен од европскиот првак со специјално видео, со кое ПСЖ дефинитивно се пофали со новиот офанзивен играч во ротацијата на Луис Енрике. Трансферот е вреден меѓу 45 и 50 милиони евра, а Торес доаѓа како замена за Гонсало Рамош и ќе може да му помогне ...

Александер Зверев е еден од тенисерите кои ретко пропуштаат турнири, а истовремено има и искрена комуникација со новинарите на темите и проблемите поврзани со тенисот. Германскиот тенисер на последната прес-конференција зборувал за големиот број отсуства на ѕвездите на спортот на Мастерсот во Монтреал, турнир каде тој доживеа елиминација уште на стартот. Тој беше единствен од тенисерите од актуелниот врв кој не го откажа учеството, а зборувал ...

Милан се обидува да најде соодветно решение за фудбалерите кои не се во плановите на тренерот Рубен Аморим, а еден од нив веќе доби клуб за претстојната сезона. Иако пристигна на „Сан Сиро“ пред само една година, Захари Атекаме е испратен на заем во редовите на Олимпик Лион и ќе остане во францускиот состав барем до крајот на сезоната. Милан плати 10 милиони евра за швајцарскиот фудбалер, но тој не успеа да се наметне со своите настапи, а ...

Ливерпул се подготвува за првата сезона под водство на Андони Ираола, а наследникот на Арне Слот ќе се обиде да го наметне својот стил на игра и да обезбеди посакувани резултати за „црвените“. Сепак, шпанскиот стручњак не може да обезбеди соодветни засилувања во финишот на преодниот рок, а загрижен за ситуацијата е и Џејми Карагер, кој во своето последно подкаст гостување истакнал дека главен проблем за Ливерпул е средниот ред. – Според мене, ...

Голема трагедија ги потресе фановите на велосипедизмот, кои се соочија со информацијата дека вчера на трката „Волта а Португал“ загинал велшкиот велосипедист Финли Тарлинг. Тарлинг имаше само 19 години, а за трагедијата да биде поголема бил удрен од комерцијално возило, кое се движело во спротивна насока од велосипедистите. Велшанецот очигледно налетал директно на автомобилот, а снимките од местото на несреќата сведочат за целосно уништениот ...

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез се венчаа на интимна свеченост во Португалија, а медиумите излегоа со информации и околу предбрачниот договор кој го потпишале брачните партнери. Според клаузулите во истиот, двајцата ќе ги задржат приходите и имотот кои ги заработиле и тие нема да бидат предмет на поделба, освен ако не се купени/заработени заеднички во изминатиот и наредниот период. Фудбалерот дефинитивно заработува повеќе од својата ...

Чиро Имобиле е уште едно големо фудбалско име кое реши да ја заврши професионалната кариера, објавувајќи дека се повлекува од фудбалот на 36-годишна возраст. Италијанскиот напаѓач со своите настапи и голови стана клупска легенда на Лацио, клубот во кој помина најмногу време од кариерата и со кој освои еден трофеј во Купот, но и неколку индивидуални награди како најдобар стрелец во Серија А. Веројатно негов најголем успех е трофејот со Италија ...

Мајк Мењан ќе му се приклучи на Милан пред самиот почеток на сезоната, а причина е што тој и Адриен Рабио добија дополнителни денови одмор поради настапот во завршницата на светското првенство. Тренерот Рубен Аморим не може да биде презадоволен од ваквата ситуација, а францускиот голман успеа да ги изиритира фановите на „росонерите“ и со своите последни потези на социјалните мрежи. Најпрвин Мењан ги избришал сите фотографии објавени на ...

Кристијан Ромеро ја заврши петгодишната етапа во дресот на Тотенхем, го напушта клубот во кој беше капитен и со кој покрај проблемите во Премиер лигата, успеа да стигне до трофеј во Лига Европа. Аргентинецот се сели во редовите на Атлетико Мадрид, каде ќе соработува со сонародникот Диего Симеоне, па поради ова објави и проштална порака наменета за сите во Тотенхем и неговите фанови. Ромеро не играше фудбал од април до крајот на сезоната ...

Ливерпул од вчера и официјално има нов косопственик, а тоа е конзорциумот „1892 Холдингс“, кој според информациите на медиумите откупил околу една третина од вкупниот број акции. Американската компанија „Фенвеј Спортс“ претходно потврди дека преговара за продажба на минорен дел од акциите, а сега излезе со соопштение во кое ја инфорира јавноста за зделката со новиот партнер. Конзорциумот е предводен од британско-индискиот бизнисмен Амир ...

Фабијан Руиз во неколку наврати бил посочен од Луис Енрике како најпотеценет играч во модерниот фудбал, но сега дојде време кога тој силно прави притисок во јавноста „Златната топка“ да заврши во рацете на шпанскиот играч за врска. Руиз не добива доволно почит за тоа што го остварува на фудбалскиот терен и често останува во сенка на ѕвездите кои постигнуваат голови, но неговото резиме вели дека освои се што можеше да се освои, вклучувајќи ги ...

Лацио го осигура трансферот на летото кога е во прашање овој летен преоден рок, бидејќи во своите редови донесе фудбалер кој ја освои шампионската титула со Интер. Џенаро Гатузо очајно посакуваше фудбалер на кого ќе гледа како лидер во средниот ред, а сега тоа го добива во Давиде Фратези, италијанскиот репрезентативец кој ќе се обиде да ја врати кариерата на вистински правец во небесно синиот дрес. Интересно, за Фратези ова ќе значи враќање ...

ПСЖ го продаде Гонсало Рамош во Милан за речиси 75 милиони евра, очекувањата се да остане и без Бредли Баркола кој преговара за трансфер во Премиер лигата, но без оглед на тоа, актуелниот европски шампион изменаџира потпис со квалитетни фудбалери како посакувани замени. Францускиот великан веќе го договори Феран Торес и тој набрзо треба да биде претставен како летно засилување за сума од 50 милиони евра, но кога е во прашање офанзивниот дел ...

Микел Артета не сака да се доведе во ситуација во која би имал главоболки поради прекумерен број на играчи во првиот тим на Арсенал, па пред да се размислува на нови засилувања до крајот на месец август, планот на клубот е да ослободи простор со неколку продажби. Во изминатите денови се појави шпекулација дека Арсенал го нуди талентирани Луис-Скили на Манчестер Јунајтед и Челси, се шпекулира и за заминувањa на Габриел Мартинели, Етан Нванери ...

Последните членови кои имаа доцни настапи на Светското првенство се приклучија на првиот тим на Баерн Минхен, а за денеска беше закажана и официјалната промоција на едно од двете големи засилувања. Баерн го завтори летниот преоден рок кога се во прашњае засилувања уште во месец јули со ангажманите на звучни имиња како Исмаел Саибари и Натаниел Браун, со тоа што Мароканецот денеска ја имаше својата презентација во Минхен. Саибари стана ...

Во период кога се зборува кој колку пари потрошил, но и колку допрва ќе троши на трансфер пазарот во Англија, легендарниот Руд Гулит смета дека стратосферските суми не секогаш се гаранција за добар трансфер потег, па тој типува дека засилување на сезоната во Премиер лигата всушност ќе биде еден повратник во старата средина. Маркус Рашфорд имаше одлична сезона во Барселона и освои две титули со каталонскиот великан, а како играч кој со огромна ...

Џошуа Зиркзе се уште нема сигурна гаранција дека ќе остане во Манчестер Јунајтед и дека ќе биде дел од проектот за новата натпреварувачка сезона, меѓутоа ако се суди според тоа што се сподели на социјалните мрежи, холандскиот напаѓач планира да живее уредно и во ситуација да остане само уште неколку недели на Островот. 25-годишниот напаѓач се очекува да биде активен на трансфер пазарот во наредните две-три недели, но сега стана доста ...

Килијан Мбапе се уште чека на својот прв голем трофеј како голема ѕвезда на Реал Мадрид, а после две сезони во кои не беше ниту блиску до трофеите во Ла Лига и Лигата на шампиони, Французинот смета дека е вистинско време да се промени курсот. Реал Мадрид го ангажираше Жозе Мурињо и доведе тренер кој е роден победник, а токму тоа му влева доверба на Мбапе дека новата сезона ќе биде успешна за „кралевите“. Флорентино Перез го одврза ќесето и ...

Дел од шпанските медиуми ова утро пренесоа дека Барселона остварила контакти со Луис Суарез како „опција Б“ за напаѓачката улога во тимот, но неколку часа подоцна, пристигна демант од клубот преку медиумите кои се најблиски до фудбалската структура на Барса. „Мундо Депортиво“ и „Спорт“ категорично потенцираат дека Барселона не стапила во контакт со колумбискиот напаѓач на Спортинг Лисабон и дека не планира да го активира како втора опција во ...

Рубен Аморим реши да стартува од „нула“ и да направи некои коренити промени во Милан, а тоа значи и носење тешки и непопуларни одлуки кога се во прашање одредени првотимци. Португалскиот стручњак ги прецрта Фофана, Томори, Одогу и Нкунку и ги посочи како играчи кои треба да бидат ставени на трансфер листата, па во период кога има измешани реакции за оваа одлука на Аморим, најмногу значење им се дава на еден од дефанзивците и напаѓачот кој до ...

Марк Кукурелја е симбол за голема пожртвуваност на теренот и беспоштедна битка на секој метар од теренот, но надвор од него, успева да има широка насмевка и покрај тоа што се соочува со доста потешкотии во приваниот живот. Левиот бек води посебен животен режим поради еден од синовите кои е роден со аутизам и максимално е фокусиран на своето семејство, па дури и во ситуации кога не му е се најидеално во животот, тој пронаоѓа простор да се ...

Френки Де Јонг се врати повреден од Светското првенство и наиде на доста критики во овој изминат период, од едноставна причина што дел од медиумите пренесоа дека тој свесно преземал ризик да игра на Светското првенство, иако веќе имал повреда на коленото. Холандскиот стручњак веќе ја објаснуваше оваа ситуација пред еден месец кога беше потврдена потешка повреда на коленото, но бидејќи нападите не стивнаа, Френки сега реши енергично да ...

Един Џеко малку размислуваше пред да донесе одлука дали вреди да продолжи да игра фудбал по крајот на Светското првенство, но на крајот процени дека се уште чувствува голема мотивација за да се натпреварува на највисоко ниво. Откако му помогна на Шалке 04 да обезбеди место во елитната Бундеслига, Џеко реши да стави потпис на нов едногодишен договор и во новата сезона ќе го гледаме во најсилното германско друштво, а како играч кој меѓу ...

По само две одиграни кола, Арсими и Башкими се издвоија како два тима кои се главни кандидати за испаѓање во Втората лига, а третата рунда донесе пресметка на „давениците“ на стартот на сезоната. Арсими и Башкими примија девет, односно единаесет голови на првите два натпрвари, па во дуелот на најслаборангираните, како подобар се покажа денешниот домаќин. Фудбалскиот тим од Гостивар профитираше благодарение на еден момент на инспирација во ...

Новиот светски шампион Родри е последниот фудбалер кој се приклучува на Манчестер Сити на пресезонските подготовки, иако доста веројатно е дека Шпанецот ќе направи се во наредните неколку дена за да го комплетира она што ги има замислено. Родри имаше за цел воопшто да не патува за Англија и да потпише договор со Барселона уште додека е на одмор, но во ситуација кога двата клуба се „натегаат“ за одредување на вистинската цена, шпанскиот играч ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Калај

46.54

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25