Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Сподели Општината Гази Баба и нејзиното јавно претпријатие се затекнати во незаконски активности кои директно ја загрозуваат животната средина и здравјето на граѓаните. Возила со општински ознаки, кои само пред една недела добија нови црвени таблици заради разграничување од комерцијалните, се затекнати во создавање диви депонии на подрачјето на Јурумлери, информираат од Град Скопје. Наместо да ја извршат својата законска обврска и да го ...
Сподели Управниот одбор на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), постапувајќи по предлог на Советот на честа при ЗНМ, донесе одлука за исклучување на Зоран Божиновски од членството на ЗНМ поради прекршувања на повеќе членови на Етичкиот кодекс на новинарите. Одлуката е донесена поради тешки и повторливи повреди на Етичкиот кодекс – преку серии неодамнешни објави што поттикнуваат родово базирано вознемирување кон новинарки и го ...
Сподели Министерството за здравство информира дека е потпишан договор за набавка на 80.000 вакцини против сезонски грип. Во тек на следна недела се очекува да пристигнат вакцините, по што традиционално, имунизацијата против грип ќе почне во втората половина на месецов. Годинава се набавени најголем број вакцини за оваа намена досега. Станува збор за четиривалентна вакцина од реномираниот производител Абот од Холандија. Потсетуваме дека со ...
Сподели „За првпат воведуваме бесплатно двосменско работење на градинките до 22 часот, за да им излеземе во пресрет на родителите и да им обезбедиме поголема поддршка на семејствата“. Ова денеска го најави кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен татко на општината Горан Герасимовски. Тој потенцираше дека оваа мерка е наменета за родителите на деца од предучилишна возраст кои поради своите работни обврски имаат потреба од ...
Сподели На 15.09.2025 Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција до ОЈО Скопје поднесоа кривична пријава против Л.Г. (57) од Струмица, за сторено кривично дело „измама во службата “ член 355 став 1 во врска со став 2 од КЗ. Пријавената Л.Г., како службено лице – член на Судски совет на Република Северна Македонија, во временски ...
Сподели На денешната прес-конференција беше најавено 21. издание на Виз Ер Скопски маратон, кое ќе се одржи на 5 октомври 2025 година, како и Виз Ер Маратон Експо 2025. Оваа година, Скопје ќе биде домаќин на рекорден број пријавени учесници – повеќе од 14.000 натпреварувачи од 58 земји ширум светот, што претставува историски рекорд за најголемиот спортски настан во државата. Најмасовна останува трката на 5 километри со околу 10.300 учесници, ...
Сподели Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, присуствуваше на свеченото отворање на Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025, кој оваа година се одржува во Скопје во Музејот на современа уметност во организација на Министерството за дигитална трансформација. Министерството за јавна администрација активно придонесува во процесот на дигитална трансформација на јавниот сектор, преку воведување и унапредување на системски решенија ...
Сподели Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ триумфално ја заврши својата балканска турнеја, оставајќи зад себе воодушевена публика и силни емоции. Со наслов „Ритамот на душата, бојата на традицијата“, турнејата го потврди статусот на „Танец“ како ненадминат амбасадор на македонската култура. Оваа турнеја не беше само серија настапи, туку и културна мисија. Таа успеа да ја премости географската оддалеченост, да поврзе ...
Сподели Денеска во Занаетчиски дом свечено беше отворена 25-тата саемска манифестација “Денови на мед”, во организација на Пчеларското здружение “Пчела”– Куманово, со поддршка на Општина Куманово, преку Програмата на Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР. Тридневната манифестација ќе има изложбен и продажен карактер, на која ќе учествуваат 34 изложувачи (28 од Куманово, по еден ...
Сподели Националната галерија на РС Македонија ја претставува меѓународната групна изложба со жени уметници од Македонија, Грција, Србија и од Кипар, под наслов „Скриеното трето: Некаде помеѓу присуството и отсуството“. Изложбата, по нејзината премиера во Атина во галеријата „Арт проект спејс“ (Art Project Space), во мај годинава, сега ја презентираме на македонската публика, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“. Изложбата ќе биде ...
Сподели Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, вчеравечер беше со жителите од населбата Крњево кадешто разговараше за идните проекти што треба да се реализираат по победата на локалните избори. Герасимовски, потенцираше дека е намален огромниот долг на општината којшто тој го наследил кога стапил на должноста и и најави дека веќе следната година, општината нема да има никаков долг. „Не ...
Сподели На 28 октомври Македонската филхармонија ќе гостува во Виена, на една од најпознатите концертни сцени во светот – „Музикферајн“, на која познатата Виенска филхармонија ги одржува своите концерти, меѓу кои Новогодишниот концерт, кој се одржува на 1 јануари. Во Виена, Филхармонијата ќе се претстави со спој на македонската традиција и на европската класика, ќе бидат изведени дела од тројца македонски композитори – Глигор Смокварски ...
Сподели Слободата на медиумите и безбедноста на новинарите се столбот на демократското општество. Во тој контекст, Министерството за внатрешни работи ја истакнува својата постојана и активна соработка со здруженијата и институциите кои работат на заштита на правата и безбедноста на новинарите. Како дел од таа заложба и меѓусебната блиска соработка меѓу МВР и ЗНМ на насловната веб страница на МВР поставен е линк до регистарот на напади врз ...
Сподели На Конвенцијата за презентирање на кандидатите за Градоначалници и општински советници на коалицијата ВЛЕН во Скопје, кандидатот за градоначалник на општина Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, остро ја обвини ДУИ дека станала симбол и гарант на влезот на српските банки, компании и криминални интереси во средините каде живеат Албанците. “НЕ, ние не сме предавници – НЕ го поддржуваме Отворен Балкан, НЕ го признаваме Дака ...
Сподели Виртуозот на гитара Курт Розенвинкел, кого Ерик Клептон го нарече „гениј“, за првпат ќе настапи во Скопје заедно со Националниот џез-оркестар. Концертот ќе се одржи денес, на 1 октомври 2025 година, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет, под диригентство на маестро Владимир Николов. „Њујорк тајмс“ за него напиша: „Со само неколку ноти, Курт Розенвинкел кажува повеќе отколку што многумина гитаристи постигнуваат за цела ...
Сподели Денеска (01.10.2025) во периодот од 10.00 до 12.00 часот поради одржување на протест, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Гоце Делчев“ на потегот од крстосница со ул.„Филип 2-ри Македонски“ до крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ во насока на движење кон Влада на РСМ и бул.„Илинден“ во двете насоки на движење на потегот од крстосница со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосница со бул.„8-ми Септември“ во Скопје. Од тие причини ...
Сподели Јавно ги прашувам ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, до кога Венко Филипче и СДСМ ќе им бидат криви што не можат да спроведат ништо, ниту една реформа, ВМРО-ДПМНЕ веќе е очајно кога зборува за судството“, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче. „Година и пол наназад поставуваат свои судии, свои обвинители и само го партизираат судството. Нема ништо суштински од спроведувањето на реформите. Јас бев тој ...
Сподели Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар МЕЦИНОВИЌ, на денешната прес-конференција истакна дека забраната за политичко рекламирање Левица нема да ја сфати како пресудна пречка во оваа кампања. Во следните дваесет дена од изборната кампања, Мециновиќ најави фокус на состојбата во Град Скопје и јавните претпријатија. Посочи дека постои план за нивна приватизација пд страна на власта: – „Ако ни биде доверен мандатот во Советот на ...
Сподели Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со заменик претседателот на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, д-р Махмут Чевик и амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој, денеска ја посетија Универзитетската клиника за уво, нос и грло каде со поддршка од ТИКА е обезбедена нова медицинска апаратура. – Клиниката за уво, нос и грло е зајакната со нови електрохируршки инструменти, односно електрокаутери, со ...
Сподели Овие избори ги сојузија едни од најголемите манипуланти и штетници во Македонија против ВМРО-ДПМНЕ во две не толку видливи но сепак проѕирни коалиции, коишто имаат за цел да зашитат два бизнис интереси. Првата коалиција е коалицијата помеѓу ДУИ и Левица. Левица извади свои прокси кандидати во Струга и во Тетово, се со цел за да го спасат ДУИ од пораз во прв круг во овие две општини. Тоа е истата онаа Левица и истиот Апасиев, кои го ...
Сподели СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Е. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 05.08.2025 во Штип, пријавениот неовластено употребил банкарска картичка на едно лице и во два наврати подигнал пари. СВР Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид. На ...
Сподели „Од наредната година, септември 2026, обезбедуваме бесплатен оброк за сите ученици во целодневна настава, со што, родителите се ослободуваат од финансиски трошоци за храната на своите деца во училиштата. Покрај тоа, на сите ученици од петто до деветто одделение им следува бесплатна неколкудневна екскурзија низ Македонија“. Ова денеска го најави кандидатот за градоначалник на Центар и воедно актуелен татко на општината Горан ...
Сподели На 29.09.2025 во 18:40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во координација со јавен обвинител, ги лишија од слобода Е.О.(29) и Е.А.(22), двајцата од Република Турција. Тие се затекнати при примање 40.000 евра од Х.Џ.Ч.(26) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, кои претходно се кримтехнички обработени. Имено, ...
Сподели Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, информира дека согласно Регулативата број 017/2226, Европската Унија, од 12 октомври 2025 година започнува со имплементација на Европскиот систем за влез/излез (EES) . Овој систем ќе се воведува постепено во 29 европски држави во период од шест месеци на сите надворешни граници на Шенген-зоната, со целосната функционалност до април 2026 година, ...
Сподели Синоќа, Христијан Мицкоски јасно ја откри својата политичка опсесија за контрола врз албанската сцена во Македонија. Неговата најнова изјава, во која зборува за „политичко пензионирање“ на лидерот на Албанците, Али Ахмети, не е само лична желба, туку продолжение на неговата стратегија за слабеење, маргинализирање и контрола на Албанците, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Само пред неколку дена, тој ...
Сподели Десетиот јубилеен состанок за ретки болести на Југоисточна Европа, кој ќе се одржи во Охрид, во хотел Силекс од 2 до 4 октомври. “Оваа година, одбележуваме значаен јубилеј – десет години посветеност, соработка и напредок во справувањето со предизвиците на ретките болести во регионот. Состанокот ќе собере врвни експерти, лекари, научници, пациентски организации и претставници од здравствените институции од Југоисточна Европа и ...
Сподели Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во емисијата „360 степени“, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се директно одговорни за системското блокирање на функционирањето на Градот Скопје и за загадувањето на воздухот. Тој посочи дека Мицкоски и неговата партија не може да се амнестираат од градоначалничката Данела Арсовска, бидејќи токму тие ја промовираа како најдобра менџерка и ја ...
Сподели Со посетата на македонската православна црква „Раѓањето на Пресвета Богородица“ во Стерлинг Хајтс, Мичиген и средбата со македонската заедница, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја заокружи работната посета на САД. Таа присуствуваше на утринската литургија што ја одржа отецот Синиша Ристовски и оствари куса средба со Митрополитот на Американско-канадската епархија на МПЦ – ОА, Владиката Методиј. Во име на свештенството, ...
Сподели „За писателцките работи“ го има својот корен во делото на Крсте Мисирков (1874 – 1926), во пресрет на јубилејот сто години од неговата смрт (2026). И не е случајно што на почетокот од новиот милениум Мисирков беше прогласен за најзначајната јавна личност на XX век, додека „За македонските работи“ се смета за една од најважните книги кога било напишани и објавени на македонски јазик. Поради сето ова, „BookStar“ во фокусот на својот ...
Сподели Во текот на изминатиот викенд (27/28.09.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.156 издадени платни налози поголемиот дел од нив, односно 296 прекршоци се однесуваат на возачи кои што не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 156 ...