Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Сподели Во знак на почит и благодарност кон ликот и делото на трагично починатиот музички уметник, врвен тромбонист, пијанист, композитор, аранжер, продуцент и професор, Филип Стевановски, во Занаетчиски дом, се одржува двовечерна хуманитарна манифестација “Музика за Филип – поддршка за Кочани!” (14-15.10.2025 г.), во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, со поддршка на Градоначалникот и Советот на Општината и ...
Сподели Министерот за здравство, Азир Алиу и заменик министерот, Јовица Андовски, заедно со претседателот на Владата, проф.д-р Христијан Мицкоски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска ја посетија Клиниката за ТОАРИЛУЦ, по повод извршеното комплетно реновирање на одделот за трауматологија. -Продолжуваме со инвестициите во здравствената инфраструктура кои се клучни за унапредување на условите за третман на ...
Сподели Во организација на НУ ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, на 16 и 17 октомври ќе се одржи првиот фестивал на рана музика во Македонија – „Dulcia Sonant“, посветен на истражување и оживување на музиката од византиската, средновековната и раноренесансната традиција. Во два последователни концерти ќе оживее звукот на едно одамна замолчено време – преку ретки инструменти, древни напеви и извонредни интерпретации. Првиот концерт на 16 октомври ...
Сподели Почина Владимир Блажев – Панчо, членот на дуото ДНК по речиси 7 месеци, откако се лекуваше од тешките повреди здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Обвинителството ќе издаде наредба за обдукција на лицето за кое постапката беше времено прекината токму заради здравствената состојба“, велат од Обвинителството. „Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на Владимир Блажев Панчо, Бог да Ви дава сила. Со длабока тага и ...
Сподели СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Б.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.05.2025 полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „форд“, управувано од пријавениот М.Б., при што кај него била пронајдена и одземена марихуана. СВР Битола поднесе кривична пријава против ...
Сподели Специјалното отворање на проектот, со можност публиката да се сретне со светски реномираниот уметник Ибрахим Махама, ќе се одржи денеска (14 октомври) во 18 часот. Преку поврзување на јутените вреќи и нивното инсталирање на површината на зградата на Музејот, делото истражува како историските настани се вградени во материјалноста на јутените вреќи и како преку оваа инсталација фасадата се преобразува во политичко огледало. Фасадата на ...
Сподели Отварање на изложбата на Васил Василев насловена „Континуитет како метафора 1967 – 2012 / 2012 – 2025“,на 17.10.2025 година (петок) во 19 часот во објектот Даут пашин амам. Васил Василев Континуитет како метафора 1967 – 2012 / 2012 – 2025 Vasil Vasilev Kontinuiteti si metaforë 1967 – 2012 / 2012 – 2025 Vasil Vasilev Continuity as a Metaphor 1967 – 2012 / 2012 – 2025 Скулпторскиот опус на Васил Василев е еден континуум на темелни, ...
Сподели Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, на својата последна седница донесе одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2025 година. Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија. Добитници ...
Сподели Уставниот суд, во соработка со Делегацијата на Европската Унија преку проектот ИПА 3 и со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организираше тркалезна маса на тема „Идентификација на клучните елементи за Нацрт-закон за Уставниот суд“. Настанот го отворија претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, и Симона Јорданов, национален офицер за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Претседателот Костадиновски ја ...
Сподели Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше дека за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е назначен д-р Јован Божиновски, формирани се и комисии за надзор на работата на оваа клиника. -По повод објавениот видео-материјал на 10 октомври со компромитирачка содржина, која според член 111, став 1, т.4 од Законот за здравствена заштита, а поврзано со предизвикување директна или индиректна штета на ...
Сподели Општина Центар изминативе четири години вложува во промоција и афирмација на македонската култура, јазик и уметност преку мурали, концерти и настани посветени на културното наследство. „Муралот „Бушавата азбука“ во Дебар Маало е посветен на промоција на кирилицата и ги поврзува генерациите, потсетувајќи на култната детска емисија преку која го учевме мајчиниот јазик. Веднаш во близина е и муралот на големиот драматург Горан ...
Сподели Министерството за здравство информира дека е во тек дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, по што во текот на неделава граѓаните што се пријавиле за бесплатна вакцинација ќе бидат известени со СМС порака за терминот за вакцинација. Вакцинацијата против сезонски грип ќе се спроведува на 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет во Скопје. Потсетуваме дека е во тек пријавувањето за бесплатна ...
Сподели Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Џ.Н. на работно место Виш инспектор за недозволена трговија со оружје во ...
Сподели Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари и Села се последните извици на една коалиција во распад. Едниот бара „политички договор“ и се обидува да го копира Али Ахмети, кого со право треба да го праша: што се случи со писмата што ги испраќаше низ светот и каде исчезна експертизата на Пол Вилијамс? Другиот лута во паника, ...
Сподели На 22 октомври ќе се одржи дванаесетчасовен мултимедијален фестивал „Хаус оф Три“ (House of 3) на три сродни и препознатливи локации во центарот на Скопје — во „Три Кичен & Бар“ и во ноќните клубови „Клуб 1212“ и „Станица 26“. „Хаус оф Три е повеќе од фестивал — тоа е синергија што ги спојува луѓето. „Идејата започна пред три години сосема спонтано, од желбата да направиме место, каде што музиката, уметноста и локалните брендови ...
Сподели Неодамна, МНТ стана дел од најпрестижната театарска мрежа – Европската театарска конвенција (ETC), која обединува 63 театри од 31 земја. Со ова членство, МНТ се приклучи кон семејството на најголемите и највлијателни театри во Европа, со отворени врати за копродукции, размена на претстави, резиденции на уметници и нови европски проекти. Првиот резултат од оваа соработка е уметничка резиденција на грчкиот актер и режисер Емануел ...
Сподели По утринскиот состанок со повеќе здруженија на пациенти, кои денес изразија отворена поддршка за медицинските сестри, Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – предводена од ЗМСТАС „За Нас“, ќе одржи ИТЕН ПРЕС на кој ќе се обрати претседателката м-р Гордана Бешлиовска и членови за Здруженијата на пациенти, информираат од ЗМСТАС. Прес-конференцијата ќе се одржи денес во 11 часот. Повод за ...
Сподели Утре започнува судскиот процес за масакрирањето на коњи и една мазга во скопската Зоолошка градина – еден од најмонструозните и најсрамните настани во поновата историја на односот кон животните во нашата земја. Овој чин претставува невидена суровост, злоупотреба на службена положба и кршење на сите морални и законски норми, информираат од Анима Мунди. “Бараме најстрога судска осуда, затворски казни и целосна кривична одговорност за ...
Сподели 11 Октомври е дата врежана во националната свест, денот кога македонскиот народ се исправи пред неправдата, денот кога избра храброст наместо страв, достоинство наместо покорност. На 11 октомври, 1941 година, започна борбата за слобода, еднаквост и државност, борба што ја втемели идејата за Македонија каква што ја знаеме денес. Ова е дел од празничната порака на претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим ...
Сподели На 10/11.10.2025 во Скопје, на подрачјата на Гази Баба и Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.Н.(28) и Д.Б.(41), двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На 10.10.2025 во с.Градец, виничко и во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница ги лишија од слобода 25-годишната Т.Т. од ...
Сподели На 28. Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово, МНТ триумфираше со дури две престижни награди. Со едногласна одлука на жирито, беа доделени наградите за МНТ од стручното жири: Александар Ивановски – претседател; Дубравка Киселички, Петар Андоновски, Гергана Трајкова и Стефан Јакимовски – членови. Жирито ги донесе следниве одлуки: ГРАН ПРИ ЗА НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА – „Бог на колежот“ – Македонски народен театар, ...
Сподели Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Венеција оствари средба со Марк Кулс, претседател на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа. Како едно од најважните тела на Советот на Европа коешто ги обединува локалните власти од 46 земји-членки, Конгресот е насочен кон зајакнувањето на локалната самоуправа и демократијата. На средбата се разговараше за досегашната соработка на Конгресот со нашата држава и ...
Сподели Мицкоски на 11 октомври: Оваа генерација ја има последната шанса, после кој нема поправен, ќе победиме за сите идни генерации “И затоа, со гордо кренати глави, со срца исполнети со љубов, да кажеме гласно и јасно: Ние сме тие што одиме по вистинската патека – за татковина што има иднина! И кога ќе се свртиме и го видиме црвеното знаме со сонцето на слободата,да се сетиме дека тоа сонце изгрева само за тие што не се предаваат! Нека ни ...
Сподели Денеска (11.10.2025), полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Б., постапувајќи по објавеното видео кое беше објавено на социјалните мрежи на 09.10.2025 на кое се гледа како на бул.„Партизански одреди” управува службено возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, при што користи уреди за посебни светлосни знаци и преминува преку две полни линии. Против Б.Б. се преземени мерки по член 139 став 11 и 30 и став ...
Сподели На овој ден се сеќаваме на храбрите мажи и жени кои, пред повеќе од осум децении, храбро се спротивставија на тиранијата и ги поставија темелите на борбата за слободна и праведна Македонија. Нивната жртва и визија за подобро утре се наша водилка денес, да продолжиме да градиме општество засновано на демократија, еднаквост и солидарност. 11 Октомври нека биде потсетник за нашата одговорност, да ја унапредуваме татковината со обединети ...
Сподели Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им го честита 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, еден од најзначајните датуми во современата македонска историја. „11 Октомври е потсетник дека храброста и солидарноста се темелите врз кои ја градиме современата, демократска држава. Денес, нашата должност е да го чуваме тој дух преку секојдневна работа за пофер, похуман и послободен општествен живот. ...
Сподели Претставниците од Отсек за превенција од СВР Куманово и Општински совет за превенција, низ централното градско подрачје, спроведоа кампања за заштита на граѓаните од разни облици на измама, односно изнудување на пари со лажни информации. На минувачите им се делеа печатени соопштенија со дополнителни информации, за зачестените појави на измама, лажно претставување и изнудување на одредена сума на парични средства, во замена за нудење ...
Сподели На граничен премин Богородица спречено е криумчарење на 11 златни монети со вкупна тежина од 71 грам и со вкупна вредност од 567 илјади денари. Од страна на Одделението за истраги, против едно лице до Основното јавно обвинителство Гевгелија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Криумчарење“, казниво по Кривичниот законик. Осомничената, македонска државјанка, патувала со автобус на релација Истанбул – Тетово. Златните ...
Сподели Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(29) од с.Јакимово, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На место викано „Друм“, виничко, по претходен договор, пријавениот се сретнал со две лица од Делчево, при што им продал марихуана. Надворешната ...
Сподели По нашето официјално обраќање до Европската обединета левица (The Left) во Европскиот парламент, добивме потврда дека случајот со медиумската цензура и дискриминаторските упатства на АВМУ против Левица веќе е проследен до европските институции и ќе биде разгледан од страна на соодветните членови, информираат од Левица. Во својата официјална порака до Левица, кабинетот на ко-претседавачите на The Left порача: „Ви благодариме што нè ...