Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе ги објави целосните конечни резултати од гласањето во сите општини поединечно на 19 октомври во првиот круг на Локалните избори, соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко на денешната 150. седница на Комисијата. -ДИК ја информира јавноста дека ние за денеска планиравме конечно да ги објавиме конечните резултати во сите општини врз основа на спроведените постапки по приговори и поднесени тужби до ...

ДИЈАНА ТАХИРИ Во кумановско, на спомен-костурницата „Зебрњак“ на 24 октомври беше одбележана 113-годишнината од Кумановската битка од 1912 година. која претставува прв поголем вооружен судир во Првата балканска војна меѓу српската и турската војска на 23 и 24 октомври 1912 година. На одбележувањето на Битката на Куманово присуствуваа делегација од Република Србија предводена од државниот секретар во Министерството за труд и социјални и боречки ...

Европската комисија денеска во виетнамскиот главен град Ханој во името на ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против кибер криминалот, чија цел е зајакнување на меѓународната соработка за борба против кривични дела извршени преку системи за информатичка и комуникациска технологија и за споделување докази во електронска форма за сериозни кривични дела. – Борбата против кибер криминалот е приоритет за ЕУ. Кибер криминалот не познава граници, ...

Кривична пријава против полициски службеник за „предизвикување општа опасност“. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против А.Б., ...

ДРАГАН МИШЕВ Во моменти кога Русија е под голем меѓународен и домашен притисок, санкции се затегнати, особено откако Трамп конечно одреди воведување санкции за најголемите руски нафтени компании, а руската економија и воената индустрија се оптоварени со огромни трошоци и неуспеси, додека украинските дронови ги погодуваат воени инфраструктурни објаекти длабоко на руска територија, а меѓу таргетираните се почесто е и Москва, Владимир Путин објави ...

ВОЈО МАНЕВСКИ Писма веќе никој не пишува, долги анализи веќе никој не прави. Сé се сведува на кратки пораки кои секој си ги толкува како што нему му одговара. Премиерот доправа ќе добива пораки, барања, до него ќе доаѓаат известувања од министри и владини службеници со фризирана содржина, ама писмо со наслов и крај тешко дека некој ќе му напише. Ова според мене е резултат на изборните победи во последните две години. Кој би требало да пишува ...

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители учествувале во извршување на кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден. Тие на 10.10.2025, заедно со други засега непознати лица, влегле во златарница во Гостивар и со сила и закана ...

Српската православна црква и нејзината улога во регионот се идентификувани како главен дистрибутер на српскиот и рускиот политички притисок за спречување на демократските процеси во Западен Балкан. Ова го напиша лорд Џорџ Робертсон, поранешен генерален секретар на НАТО, во документ што го подготви со препораки до британската дипломатија за потребата таа да се позиционира во процесите во овој регион. Документот е насочен кон начин да се спречи ...

Полицијата приведе две лица од раководството на „Комунална хигиена“, откако минатата недела Основното јавно обвинителство започна истрага поврзана со неработењето на јавното претпријатие што резултираше со натрупување на огромни количини ѓубре во главниот град. Еден од приведените е директорот Сабахудин Рустеми. Аки Саити од Сарај, раководител во Комунална хигиена е името на вториот уапсен во полициската акција попладнево, објави Press24. Според ...

Пишува Џабир Дерала Во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани Civil.Today Стоев на малото плоштадче во близина на споменикот на Гарибалди во Таламоне, Тоскана, кога тишината на раното октомвриско попладне беше прекината од оглушувачката бучава на италијанските авиони на воздухопловните сили, „Јурофајтер Тајфун“, кои беа на рутинска патрола. Дали некогаш сте го слушнале тој звук — татнежот на борбените авиони над вашиот ...

Правдата и вистината да излезат на виделина, побараа денеска родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ на 28. „Марш за ангелите“, чиј почеток и овој пат беше од „Паркот на Револуцијата“ во Кочани. При нивното марширање во Трговскиот центар, каде се лоцирани повеќето од кафулињата во градот, гостите, претежно тинејџери, станаа од своите места и со молк им оддадоа почит на загинатите во мартовската трагедија. На кружниот тек на улицата „Стево ...

Партиите имаат уште пет дена за претставување на кандидатите за градоначалници и членови на советите во општините за обезбедување поддршка во вториот круг на локалните избори. Се очекуваат и одлуки за коалициите за гласањето в недела на 2 ноември. Изборните тимови на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вчера беа во Брвеница каде лидерот Христијан Мицкоски, меѓу останатото, реториката на кандидатот за градоначалник од коалицијата „Вреди“, Хаќим Рамадани ја ...

Десетици беспилотни летала го нападнаа градот Москва на 26 и 27 октомври, според градоначалникот Сергеј Собјанин, пренесува Кијив Индипендент. Собјанин почнал да известува за напади врз руската престолнина вечерта на 26 октомври и објавувал ажурирани информации во текот на ноќта. Според него, руските сили наводно собориле 34 украински беспилотни летала што летале кон Москва за време на нападот. Руското Министерство за одбрана подоцна соопшти ...

Литванија ги затвори своите гранични премини со Белорусија на неодредено време откако балони од Белорусија го нарушија нејзиниот воздушен простор трета ноќ по ред, соопштија официјални лица на 26 и 27 октомври, пренесува Кијив Индипендент. Меѓународниот аеродром Вилнус привремено ги прекина операциите неколку часа на 26 и 27 октомври поради еден или повеќе балони што летаа во правец на аеродромот, соопштија официјални лица на аеродромот. ...

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија Во ноќта меѓу 22 и 23 октомври 2025 година, уште еден руски напад со дронови ја погоди цивилната инфраструктура на главниот град. Еден од ударите, кој се случи во мојот роден и омилен Подолски реон во Кијив, ја оштети Големата хорална синагога. Нападите врз верските и култните објекти станаа системски дел од руската кампања на терор против ...

Кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на Брвеница, Хаќим Рамадани, реагираше преку објава на Фејсбук, нагласувајќи дека за него честа, моралот и достоинството вредат повеќе од која било јавна функција. Рамадани, кој има над 17 години работно искуство во Општина Брвеница, мултиетничка општина, каде што живеат Албанци, Македонци и други заедници, нагласи дека нема да се откаже од општината за ниедна цена и дека ќе го заштити секој граѓанин без оглед ...

Лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Венко Филипче, денеска беше во посета на Општина Аеродром, од каде најави политичко-кадровски промени во раководството на партијата по завршување на вториот круг од локалните избори, што ќе се одржат на 2 ноември. Според него, промените се последица на резултатите од првиот круг, особено во некои скопски општини. „После ланскиот тежок пораз и интензивната работа оваа година и пол, овие ...

Пред два дена се случи инцидент меѓу пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово, Арменд Земај, и еден граѓанин. Настанот се случил на плоштадот во Приштина, додека Земај давал интервју, кога минувач се доближил и го нарекол „лажго“. Пратеникот реагирал бурно и физички го нападнал човекот. На видеото објавено од „Газета Блиц“ се гледа како Земај зборува пред камерите, а во позадина граѓанинот довикува: „сите сте лажговци“ и „лажете“. Пратеникот ...

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Брвеница, уште еднаш порача дека не сака да има предвремени парламентарни избори, а на политичарите од опзицијата кои повикуваат на тоа, „да се однесуваат со одговорност, затоа што понекогаш тоа што го посакуваат може и да им се случи, па после да не биде лелекање“. Во однос на барањата на опозицијата за предвремени парламентарни избори, Мицкоски рече дека тие „тоа го бараат ...

Собранието на Косово, со 56 гласа „за“ и четири воздржани, денеска не го избра лидерот на движењето „Самоопределување“, Албин Курти, за премиер. Претседателот на парламентот, Димаљ Баша, по гласањето изјави дека постапката сега бара од претседателката на Косово, Вјоса Османи, да одлучи за друг кандидат за премиер врз основа на уставните овластувања по консултација со партиите. Османи има рок од десет дена да назначи нов мандатар, а во случај и ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Вашингтон ја истражува можноста за резолуција на ОН или меѓународен договор за распоредување мултинационални мировни сили во Појасот Газа, а прашањето денеска ќе се дискутира во Катар. „На многу од земјите што изразија интерес за учество на некое ниво – без разлика дали е финансиски, човечки ресурси или и двете – ќе им треба тоа (резолуција на ОН или меѓународен договор), рече Рубио во ...

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа договор за прекин на огнот во малезискиот главен град Куала Лумпур денеска во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, кој интервенираше во јули за да се заврши нивниот петдневен граничен конфликт. 🇹🇭🇰🇭🇺🇸Thailand & Cambodia signed peace declaration in Trump’s presence at ASEAN summit in Kuala Lumpur Agreement provides release of 18 Cambodian prisoners to Thailand. *🇲🇾Malaysia will ...

Од вчера, Милорад Додик официјално повеќе не е претседател на Република Српска (РС), бидејќи стапи на сила одлуката за назначување на Ана Тришиќ Бабиќ за вршител на должноста претседател на РС. На 18 октомври оваа година, Народното собрание на Република Српска донесе Одлука со која Тришиќ Бабиќ е вршител на должноста претседател на Република Српска до изборот на нов претседател. Со одлуката, функцијата на досегашниот претседател на РС, Милорад ...

Вториот круг на локални избори ќе се одржи точно за една недела, на 2 ноември. Според податоците на Државната изборна комисија, вториот круг ќе се одржи во 32 општини и Градот Скопје. Противкандидатите за градоначалничките места се очекува оваа недела да ја интензивираат својата кампања со митинзи и средби со граѓаните. Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе присуствува на маалски митинзи во Брвеница, каде ќе се обрати и ...

Претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, остро реагираше на најновите случувања поврзани со одбележувањето на настан што, според него, во македонската историографија се оценува како почеток на српската окупација над Вардарска Македонија. „Овој настан, во сред Северна Македонија, се одбележува во присуство на вицепремиер во македонска влада, заедно со рускиот амбасадор во државата“, напиша Хоџиќ на социјалните мрежи. Тој посочи дека молкот ...

Европската унија развива нов план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа го критикуваше официјален Пекинг за проширување на ограничувањата за извоз на критични суровини. Европската унија со години се обидува да ја намали зависноста од увоз на критични суровини од Кина, вклучувајќи суровини потребни за транзиција кон почиста енергија, одбранбениот ...

Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, не ја исклучува можноста повторно да влезе во претседателската трка во 2028 година. Во своето прво интервју во Велика Британија, за Би-Би-Си, Харис изјави дека „веројатно еден ден ќе има жена претседател“ и додаде дека „можеби тоа ќе бидам јас“. Харис, која минатата година загуби од републиканскиот кандидат Доналд Трамп, ги отфрли анкетите кои ја прикажуваат како аутсајдер во редовите на ...

Американската војска веќе два месеца испраќа воени бродови, борбени авиони, бомбардери, маринци, беспилотни летала и шпионски авиони во Карипското Море, што е најголемото распоредување на сили во регионот во последните децении. Бомбардерите со долг дострел Б-52 извршија демонстративни напади покрај брегот на Венецуела, претседателот Трамп го одобри распоредувањето на ЦИА, а кон Карибите е испратен и носачот на авиони и најголемиот воен брод во ...

Резултатите од првиот круг на локалните избори јасно покажуваат дека граѓаните го избрале ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата како своја опција, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во општина Лозово во рамки на изборната кампања, повикувајќи ги граѓаните за поддршка во вториот круг од локалните избори. -Очекувам дека на крајот од овие избори, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат 59 градоначалници, рече тој, додавајќи дека во 58 ...

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска. Нејзината ривалка Хедер Хамфрис, од владејачката партија на десниот центар, денеска го призна поразот откако прелиминарните резултати покажаа голема разлика во гласовите меѓу кандидатите, објави британскиот весник „Гардијан“. – Катрин ќе биде наш претседател и ќе биде мој претседател и навистина ѝ посакувам се најдобро, изјави Хамфрис. Предзиборните ...

Повик

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1026
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1023
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.0
93%
1023
weather icon

Софија

4ᴼ / 0ᴼ
1.54
67%
1026
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.14
83%
1027
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1022
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
3.6
78%
1024
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
81%
1024
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
94%
1025
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
71%
1027
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57734

Бакар

10.87

Цинк

3.13

Паладиум

50058.71

Злато

138408.99

Родиум

255598.44

Алуминиум

2.87

Платина

58054.69

Калај

41.30

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Сребро

2060.60

Иридиум

145787.60