Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Контроверзната „Хуманитарна Фондација за Газа“ (GHF), поддржана од САД и Израел, вели дека ги прекинува своите операции за помош на палестинската територија, по речиси шест месеци, пренесува Би-би-си. Организацијата веќе ги суспендираше своите три места за дистрибуција на храна во Газа откако прекинот на огнот меѓу Хамас и Израел стапи на сила пред шест недели. GHF имаше за цел да ги заобиколи ОН како главен снабдувач на помош за населението ...
Украинските беспилотни летала ги нападнале руските региони Краснодарски крај и Ростовска област ноќта на 25 ноември, таргетирајќи ја клучната воена инфраструктура, објавија локалните власти и новинските канали на Телеграм. Руски авион наречен „летачка лабораторија“ поради неговата улога во тестирањето на ласерско оружје бил уништен во украинските ноќни напади со беспилотни летала, тврдат украинските медиуми, пренесува TVP World. Украина ...
Мисијата на ОБСЕ во Скопје и амбасадорот Килиан Вал го крена знамето за кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство со што го означи нејзиниот почеток. Во наредните 16 дена, по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, ОБСЕ ќе ја пренесе пораката дека со кревање на гласот и преземање дејствија, се засилува овогодинешниот повик: „Заедно делуваме, заштитуваме и спречуваме“ „Во наредните 16 дена, ние ...
Русија започна голем напад врз Кијив и други украински градови на 25 ноември, таргетирајќи ја критичната инфраструктура и станбените населби со беспилотни летала „Шахед“ и балистички ракети „Кинжал“, пренесува Кијив Индипендент. Најмалку шест лица во Кијив се убиени, а 14 други, вклучувајќи едно дете, се повредени, објави градоначалникот Виталиј Кличко. Целосниот обем на жртвите и штетите сè уште се истражува. Украинското Министерство за ...
Секретарот на американската армија, Ден Дрискол, отпатува во Абу Даби на 24 ноември на преговори со Кирило Буданов, шефот на украинската воена разузнавачка служба, и руска делегација, објави Фајненшл Тајмс., пренесува Kијив Индипендент . Дрискол и рускиот тим започнаа разговори ноќта на 24 ноември, објави ФT, повикувајќи се на два извори запознаени со ова прашање. Имињата на руските делегати не беа прецизирани. На прашањето дали се одржува ...
Полските власти уапсија еден Украинец кој истражува неодамнешна саботажа на железничката пруга од Русија, а обвинителите тврдат дека тој бил вмешан во помагањето на двајцата главни осомничени во подготовката на нивниот напад, објави Гардијан. Мажот, идентификуван само како Володимир Б. според полските закони за приватност, беше приведен минатиот четврток и обвинет за време на викендот, соопшти обвинителството утрово. Според Гардијан, ...
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ денеска до Собранието поднесоа Иницијатива за формирање Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во земјата. Целта на оваа Анкетна комисија, како што изјави на прес-конференција пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, е утврдување на одгвоорност на функционери, носители на јавни функции и други поврзани лица, како и да ги утврди ...
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Специјалното издание на „Вести во боја“ ќе се снима вечерва во близина на Ќациланд, на местото каде што претходно ќе се одржи протестот на новинарите поради нападот врз екипата Н1. Авторот и водител Жељко Вељковиќ изјави во „Нови дан“, утринската програма на оваа телевизија, дека не се согласува дека вршењето новинарска работа на која било улица во Србија треба да биде прашање на храброст. Средбата со барање за слобода на ...
По наоѓањето на безживотното тело на 42 годишник од Тетово вчера во близина на селото Нераште, Јавното Обвинителство соопшти дека по извршениот увид се дадени повеќе наредби со цел да се расчисти смртта за која првично има сомневање дека е резултат на кривично дело. Лицето А.Б. (42) беше најден во возило, облеан во крв во главата, а на предното автомобилско стакло забележана е дупка од куршум. Обвинителството соопшти дека е извршен увид на ...
По повод почетокот на 16-те денови на активизам против насилството врз жените, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ предупредува дека една од најтешките последици од семејното насилство е економската несигурност со која жените и децата се соочуваат по разводот или разделбата. Напуштањето на насилната заедница не значи крај на насилството — тогаш започнува економската борба. Економските последици од насилството ...
Денес, пред почетокот на второто рочиште за случајот поврзан со трагедијата во дискотеката „Пулс“, движењето „Кој е Следен?“ изведе симболична герила-акција пред Кривичниот суд во Скопје. Пред влезот на судот беа поставени десетици „очи“ – силна визуелна порака дека јавноста будно го следи процесот и дека сите очи се вперени кон институциите кои имаат обврска да обезбедат правично, независно и транспарентно судење. Од движењето посочуваат ...
ДРАГАН МИШЕВ Нацрт-предлогот од 28 точки на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Украина, за кој Вашингтон и Москва работеа заедно на нацрт-договорот, содржеше список на барања од Русија, додека од Украина се бараше да отстапи територија, драстично да ја намали армијата и да се откаже од некои круцијални оружја – „long story short” – да капитулира. Ова во основа е повторување на претходните обиди на Москва да ги ...
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ги продолжи за 96 дена роковите од тендерската документацијата за трет мрежен оператор во државава, а на барање на единствениот понудувач на тендерот „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“. Со тоа, согласно Одлуката на АЕК, краен рок за донесување одлука за избор на најповолен понудувач е 12 јануари 2026 година, а 25 февруари 2026 година за доделување одобрение за користење на ...
Партијата на пензионери уште еднаш укажува и бара да Владата итно да го зголеми номиналниот лимитот за бесплатно болничко лекување на пензионерите со ниски пензии, се вели во соопштението. Имено од март 2025 год. со зголемување на пензиите за 2.500 денари, минималната пензија го достигна прагот од 18.292 денари, додека лимитот за бесплатно болничко лекување се уште е 18.000 денари. Со самиот тој факт, подолг период ни еден пензионер во ...
На првиот круг од Локалните избори 2025 во Општинската изборна комисија (ОИК) Градско, при процесот на предавање на записниците и изборниот материјал од сите избирачки места, беше евидентирано дека на избирачкото место 2223 во Градско, недостасуваше печатот што се става на ливчињата за гласање. Членовите не можеа да го пронајдат. На крајот беше составен службен записник во кој официјално се констатираше дека недостига печатот. За време на ...
Во СВР Скопје денеска околу 9 часот било пријавено дека на електронски адреси во две приватни училишта во Скопје и Музеј пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи. – Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави, наведуваат од МВР. Како што информираат од МВР, од страна на Секторот за компјутерски криминал во содејство со секторот за ...
Во пресрет на Локалните избори 2025, Северна Македонија се соочи со сериозен бран на говор на омраза, етнички и сексистички напади, како и политичка селективност од институциите. Од спортски терени до социјални мрежи, национализмот и дискриминацијата повторно се користеа како политичко оружје, додека младите и жените беа најчесто мета. Изборите завршија, но раните што ги отворија остануваат. Омразата, скандирањето за „гасни комори“, нападите ...
Новите строги правила за барателите на азил што минатата недела ги најави левоцентричната влада на Велика Британија предизвикаа силни реакции. Предлогот предвидува статусот на бегалец да биде редовно преиспитуван, а добивањето долгорочен престој да стане многу потешко – постојан престој би се стекнувал дури по најмалку 20 години. Предвидени се и мерки што критичарите ги нарекоа „перформансна суровост“, како конфискација на накит од азиланти ...
Полскиот министер за правда вети брза акција против крајнодесничарски европратеник кој изнесе антисемитска тирада пред поранешниот нацистичко-германски логор на смртта Аушвиц, каде што над 1 милион Евреи беа убиени за време на Втората светска војна, пренесува TVP World. Во саботата, пред новинарите пред поранешниот логор во градот Освјенќим во јужна Полска, крајнодесничарски европратеник Гжегож Браун започна низа напади против Евреите, ...
Во Вишиот суд во Нови Сад, денес треба да започне судењето на членовите на Движењето на слободни граѓани и групата Став, обвинети за обид за уривање на уставниот поредок. Во обвинението се опфатени 12 лица, а тие се товарат за кривично дело подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија во ко-извршување во врска со кривичното дело напад врз уставниот поредок и кривичното дело повикување на насилна промена на уставниот ...
Две недели по скандалот со суспензијата на средствата од ИПАРД програмата, СДСМ обвинува дека министерот за земјоделство Цветан Трипуновски не дава одговори на клучните прашања поврзани со причините, роковите и последиците од блокадата на европските фондови. На прес-конференција, портпаролката Богданка Кузеска објави дека министерството испратило само општи законски рамки и цитати од регулативи, без ниту една конкретна информација. „Нема збор ...
Педесет од 315 деца киднапирани од вооружени лица од католичко училиште во нигериската држава Нигер во петокот избегаа, пренесува Би-би-си. Христијанското здружение на Нигерија соопшти дека се повторно обединети со своите семејства. Во тек е голема операција за пребарување и спасување предводена од војската за преостанатите 265 деца и 12 наставници кои беа земени со нив. Властите во неколку нигериски држави наредија училиштата да се затворат ...
Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина во понеделник наутро, на 24 ноември, ги ажурираше прелиминарните резултати од изборите за претседател на Република Српска, според кои разликата помеѓу победникот Синиша Каран од владејачката Алијанса на независни социјалдемократи (СНСД) и Бранко Блануша се намали, објавија регионални медиуми. За Каран гласаа 217.324 гласачи, што е 50,30 проценти, додека кандидатот Бранко Блануша од ...
Институтот за јавно здравје вечерва излезе со препораки за населението во поплавените подрачја во земјава. Најпрво препорачуваат да се обезбеди безбедна вода за пиење и да се следат информации од локалните служби за тоа дали водата е безбедна. -До добивање официјална информација за исправноста на водоснабдувањето, користете флаширана вода или вода што е превриена најмалку 10 минути. На населението од поплавените подрачја се препорачува да ...
„Украина официјално го доби нацрт-планот од американската страна. Ги посочивме темелните принципи што се од суштинска важност за нашиот народ. Подготвени сме да работиме на неговите одредби на начин што ќе овозможи праведен крај на војната. Во тој контекст, дозволете да истакнам неколку клучни точки“ изјави Кристина Хајовишин, украинска претставничка ОН за т.н. мировен план на САД. Таа во три точки ги истакна клучните принципи од кои Украина ...
Украина и САД ја пофалија првата рунда мировни консултации во Женева како „продуктивна“ и рекоа дека се охрабрени од темпото на напредок во заедничка изјава на 23 ноември, пренесува Кијив Индипендент. Двете страни изјавија дека изготвиле „ажурирана и рафинирана мировна рамка“ откако почетниот мировен план од 28 точки, промовиран од администрацијата на Трамп, беше пречекан со негативни реакции поради условите што во голема мера ја фаворизираа ...
Двајца бомбаши самоубијци го нападнаа седиштето на пакистанската паравоена сила, при што загинаа тројца безбедносни службеници и беа ранети најмалку 12 лица, пренесува Би-би-си. Полицијата за BBC Urdu изјави дека напаѓачите биле вооружени додека напаѓале во седиштето на Федералната полиција во Пешавар, во северозападен Пакистан. Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот. Комплексот на полицијата се наоѓа во строго обезбедена ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) во информација за состојбата со обилните врнежи заклучно со 8 часот изутрината соопштува дека има поплавени домови и земјоделски површини, како и одрони на патишта во дел од државава. Во Општина Ресен, како последица на обилните врнежи, дошло до излевање на реките Болнска и Источка во селата Царев Двор и Дрмени, поради што поплавени се над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделски површини. – ...
Во Собранието денеска ќе се одржи презентација на публикација со препораки на тема „Справување со младинскиот евроскептицизам во земјите од Западен Балкан, со фокус на Северна Македонија“. Промоцијата на публикацијата е соработка помеѓу Клубот за младински прашања и политики при Собранието и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), Фондацијата „Фридрих Науман“ и Европскиот центар за извонредност (ЕЦЕ Брисел). – ...
ОЛИВЕР АНДОНОВ Мачно е да се напише дневно (неделно) политичка колумна во која ќе се осврнеме на целокупната состојба и атмосфера во Македонија, а таа да не е прозаична како и самите теми и божем политики кои се наметнуваат за пишување или обид за анализа н нешто празно. Во основа е тоа па тоа, изветвен ПР, со доза на интензивен популизам со антиевропски наративи преку антибугарска кампања. Без продуховеност, без тенденција на објаснување на ...