Кијив и меѓународната заедница остро ги осудија новите руски напади врз украинскиот цивилен енергетски сектор, кои, според украинските власти, го загрозуваат безбедното работење на нуклеарните централи во земјата. Украинското Министерство за надворешни работи на 31 октомври соопшти дека „намерните напади врз енергетските постројки кои се клучни за нуклеарната безбедност претставуваат нуклеарен тероризам и сериозно кршење на меѓународното ...

Парламентот на Молдавија избра нов премиер кој ќе ги предводи напорите на малата нација за приклучување кон Европската Унија и ослободување од политичката орбита на Русија, објави Ројтерс. Александру Мунтеану, 61-годишен економист, беше избран откако владејачката Партија за акција и солидарност на претседателката Маја Санду убедливо победи во септември. Тој доби поддршка од 55 од 101 пратеник за време на парламентарното гласање. Владата на ...

Ново правило на Белата куќа издадено синоќа, ја ограничува можноста на акредитираните новинари слободно да пристапуваат до канцелариите на прес-секретарката Каролин Ливит и други врвни службеници за комуникации во Западното крило, во близина на Овалната соба, објави Ројтерс. Новиот меморандум од Советот за национална безбедност им забранува на новинарите пристап до Соба 140, без претходен состанок, наведувајќи ја потребата од заштита на ...

Условна казна затвор од две години, која нема да се реалзиира ако не стори друго кривично дело во следните пет години, му изрече Основниот кривичен суд Скопје денеска на Реџеп Нуредини, врз основа на признание на вина, за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во јуни годинава во Чаир. Бранителот на Реџеп Нуредини, адвокат Насер Рауфи, во изјава за медиумите по денешното рочиште, рече дека обвинетиот со признанието на ...

Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, во интервју за Алсат М оцени дека актуелниот изборен процес во земјава „на површината“ може да делува добро, но дека зад таа слика стојат сериозни и долгогодишни проблеми кои го поткопуваат легитимитетот на гласањето. „Овој изборен процес во целата низа на површината изгледа добро но тоа не е така“, изјави тој во интервју за Алсат М, додавајќи дека за реална оценка не е доволно да се ...

Вториот круг од локалните избори во земјата ќе се одржи утре, додека денеска вообичаено први гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во старските домови. Во вториот круг од локалните избори 2025 в недела се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Право на глас имаат 1 013 375 граѓани. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), денеска ...

Пентагон ѝ даде зелено светло на Белата куќа за испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, откако процени дека испораката нема негативно да влијае врз американските резерви. Сега конечната одлука треба да ја донесе американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Си-Eн-Eн повикувајќи се на изјавите од тројца неименувани американски и европски функционери. Трамп за време на последната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повтори дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа. – Ќе спроведеме тестови, да, другите земји го прават тоа. Ако го сторат тоа, и ние ќе го направиме истото, истакна Трамп, без да наведе повеќе детали. Тој не одговори и за каков вид на нуклеарни проби станува збор. Нема да кажам. Знам точно што правиме и каде го правиме тоа, но другите земји го прават ...

Паравоените RSF (Rapid Support Forces) го презедоа ел-Фашер во Северен Дарфур, Судан, по повеќе од 18 месеци опсада, со што практично контролираат сите главни градови во Дарфур. Организации и истражувачки тимови предупредуваат на етнички мотивирани убиства и „куќа-по-куќа“ егзекуции врз цивили, додека ОН алармираат за катастрофална хуманитарна состојба во Судан, пишува „Гардијан“. Што се знае досега Падот на ел-Фашер доаѓа по долга опсада; ...

Полска соопшти дека нејзини авиони денеска пресретнале руски разузнавачки авион над Балтичкото Море. Ова е трет сличен инцидент оваа седмица. Авионот не го нарушил полскиот воздушен простор, прецизираше Оперативната команда на полските вооружени сили, но, како и во претходните инциденти, тој не поднел план за летање и неговите транспондери биле исклучени. „Ова е веќе трета слична ситуација за оваа седмица, што ја потврдува засилената активност ...

Вчера рускиот нафтен гигант „Лукоил“ објави дека ја прифатил понудата од Гунвор Груп ДОО за купување на Лукоил Интернешнл ГмбХ – 100% подружница на ПЈД „Лукоил“ која ги поседува меѓународните средства на Групацијата Лукоил. Во штуриот одговор на прашањето на ЦИВИЛ дали во оваа трансакција ќе биде опфатена и подружницата во Северна Македоника, од Лукоил Македонија (по претходно не одговорени неколку прашања, од кое првото поставено уште на 25 ...

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко во рамки на 151. седница денеска ги повика учесниците и медиумите да го почитуваат изборниот молк пред вториот круг на локалните избори, што започнува вечерва на полноќ и апелираше сите граѓани да го остварат своето право на глас. – Согласно изборните правила да го почитуваат изборниот молк, после 24 часот вечерва, во текот на утрешниот ден кога гласаат болните и изнемоштени во ...

Гласачко ливче е официјален документ кој се користи за изразување на волјата на граѓаните при избор, во пресрет на локалните избори, на градоначалници и членови на општински совети. Го издава Државната изборна комисија (ДИК) и се доставува на секој гласач впишан во Избирачкиот список. Клучни карактеристики: Идентификација на изборниот субјект: Ливчето ги содржи имињата на кандидатите за градоначалник и листите на кандидати за општински совет, со ...

Поранешен австралиски политичар осуден за сексуално злоставување на двајца млади мажи што ги запознал преку работа е осуден на пет години и девет месеци затвор, пренесува Би-би-си. Гарет Ворд, 44, е во затвор од јули откако поротата го прогласи за виновен за силување на еден маж и непристоен напад врз друг, во одделни инциденти во 2013 и 2015 година. Ворд го претставуваше крајбрежниот град Киама во парламентот на Нов Јужен Велс (NSW) од 2011 ...

Газа ризикува да се лизне кон смртоносна неизвесност каде што номинално е на сила прекин на огнот, но убиствата продолжуваат, предупреди висок катарски дипломат, повикувајќи на брз напредок во воспоставувањето на меѓународните безбедносни сили и администрација за да се отвори патот за целосно повлекување на Израел. „Не сакаме да дојдеме до ситуација без војна, без мир“, рече Маџед ал-Ансари, советник на премиерот на Катар и портпарол на ...

Вториот круг од локалните избори се одржува во општините каде што во првиот круг никој од кандидатите за градоначалник не освоил повеќе од половина (50% + 1) од важечките гласови. Во овој круг учествуваат само двајца кандидати кои добиле најмногу гласови во првиот круг. Процесот на гласање е ист како и во првиот круг, со цел да се обезбеди фер, транспарентен и таен изборен процес. Кој може да гласа? Право на глас има секој државјанин на ...

Изборниот молк е период пред денот на гласање кога на политичките партии, кандидатите, медиумите и сите други актери им е забрането да водат кампања или да објавуваат изборни пораки. Целта е гласачите да имаат време за мирно размислување и носење одлука, без притисоци и манипулации во последен момент. Во пресрет на вториот круг Локални избори 2025 и последен ден од изборна кампања да се потсетиме што во пракса тоа значи: Единствено е дозволено ...

Енергетските објекти во руските области Орјол, Владимир и Јарослав беа нападнати во текот на ноќта на 31 октомври, според руските официјални лица и каналите на Телеграм, пренесува Кијив Индипендент. Нападите наводно биле насочени кон термоцентралата Орјол (ТЕЦ), најголемиот извор на електрична енергија и топлина во регионот; електричната трафостаница Владимир, критичен руски енергетски центар; и рафинеријата за нафта Ново-Јарославски, ...

ДЕХРАН МУРАТОВ Пред вториот круг од локалните избори во Северна Македонија, забележлива е засилена националистичка реторика во дел од кампањите на повеќе политички субјекти. Повици за „етничко обединување“ и „гласање за својот народ“ се присутни и од македонски и од албански кандидати, што создава тензии во чувствителните мултиетнички средини. Најистакнат беше кандидатот за градоначалник на Брвеница од ВЛЕН, Хаќим Рамадани, кој прво повика ...

Администрацијата на Трамп ќе го ограничи бројот на бегалци примени во САД на 7.500 во текот на следната година и ќе им даде приоритет на белите Јужноафриканци, пренсува Би-би-си. Овој потег, најавен во известување објавено во четврток, означува драматично намалување од претходната граница од 125.000 поставена од поранешниот претседател Џо Бајден и ќе го доведе ограничувањето на рекордно ниско ниво. Не беше наведена причина за намалувањето, но во ...

Полицијата во Танзанија употреби солзавец и истрели во четвртокот за да ги растера групите демонстранти кои се вратија на улиците еден ден по општите избори нарушени од насилни демонстрации, објави Си-ен-ен според изјави на очевидци. Десетици демонстранти се вратија на улиците на најмалку три населби во Дар ес Салам во четвртокот. Протести избувнаа во трговскиот главен град Дар ес Салам и во други градови за време на гласањето во среда поради ...

Соединетите Американски Држави ги укинаа санкциите против поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, како „враќање на услугата“ за неговото повлекување од раководството на таа БиХ. Ентитети, оцени за Радио Слободна Европа (RSE) Даниел Сервер, професор на Универзитетот Џонс Хопкинс, во врска со одлуката на Министерството за финансии на САД, се наведува во статија на Радио Слободна Европа на српски јазик. „Ова е навистина ...

ЦИВИЛ – Центар за слобода одржа средба со граѓаните во Тетово, во рамките на проектот „Демократски навигатор“, поддржан од Сојузното Министерство за надворешни работи на Германија. Настанот го обедини граѓанското општество, претставници на институциите, политичките партии, независните кандидати, медиумите и активните граѓани под заедничка цел – одбрана на вистината, дијалогот и демократијата. Демократски навигатор – одговор на дезинформациите и ...

Градоначалничката Данела Арсовска денеска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на ЈП Комунална хигиена – Скопје. Александар Јовановски, како што соопштија од Град Скопје, на позицијата директор на Комунална хигиена – Скопје доаѓа како инспектор во Секторот за инспекторат во Град Скопје, а претходно искуство има и во Секторот за локален економски развој. Јовановски, додаваат оттаму, има повеќегодишно искуство во приватниот сектор ...

Основното јавно обвинителство Тетово поведе кривична постапка додека Судот одреди притвор за 48-годишен жител на Тетово кој е под сомнение дека пред три дена на социјалните мрежи упатил закани кон жена и кон функционери од политичка партија дека ќе ги убие и ќе изврши други тешки кривини дела врз нив. Како што информираа од Јавното обвинителство, осомничениот се товари за кривичното дело „Загрозување на сигурноста“ според член 144, став 5 од ...

Ситуацијата во зоната на одговорност на Курската група на сили останува стабилна и под контрола на украинските сили, при што некои украински единици продолжуваат да држат позиции на руска територија, изјави оортпаролот на Курската група на сили, Олександр Невидомиј, пренесува Укринформ. „Ситуацијата во зоната на одговорност на Курската група на сили е стабилна и контролирана од нашите сили. Насоката останува доста активна, и покрај релативното ...

Во вториот круг од локалните избори 2025 в недела кога ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници, право на глас имаат 1 013 375 граѓани. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), за вториот круг од гласањето пријавени се 4 826 болни и изнемоштени лица, а најмногу има пријавено во Кичево – 823. Болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен ...

Оваа статија е дел од Серијата извештаи за рано предупредување за хибридна војна на ЦИВИЛ, продуцирани во рамките на проектот „Демократски навигатор“. 1.ВОВЕД: ТИВКА ФРОНТОВСКА ЛИНИЈА ВО СЕНКАТА НА ЕВРОПА Северна Македонија можеби никогаш нема да ги привлече насловните страници како Кијив или Вилнус, но сепак се наоѓа на една од посуптилните и поранливи фронтовски линии на хибридното војување во Европа. Тука битките се водат повеќе со наративи ...

Руските команданти егзекутираат или намерно испраќаат во смрт војници кои одбиваат да се борат во Украина, според новата истрага на независниот медиум Верстка, која прикажува мрачна слика за внатрешно насилство во руската армија. Како што пренесува Гардијан, врз основа на сведоштва од војници во служба, роднини на загинатите, протечени видеа и официјални записи за жалби, Верстка соопшти дека идентификувала 101 руски војник обвинет за убиство, ...

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа го привеле Б.Р. (59) од Скопје, кој на 28 октомври вечерта околу 20:30 часот на ул. „Перо Наков“ во Скопје, со патничко возило „фиат сеиченто“ удрил во 11-годишна малолетничка, по што со возилото го напуштил местото на настанот, соопшти МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Веднаш по ...

Повик

22 часа - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
80%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1025
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.09
84%
1027
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1024
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
0.45
66%
1026
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
70%
1025
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
3.09
96%
1026
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
50%
1027
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.8638

Currency

38.0783

Currency

65.8659

Currency

7.43028

Currency

0.66248

Currency

0.33809

Currency

0.52446

Currency

1.22758

Currency

0.57734

Паладиум

50058.71

Кобалт

58.42

Цинк

3.13

Калај

41.30

Родиум

255598.44

Бакар

10.87

Платина

58054.69

Злато

138408.99

Сребро

2060.60

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.87