Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Безбедносните и политичките експерти ги сметаат за загрижувачки постапките на Белград за паралелно отворање конкурси во српските здравствени установи во Косово, нагласувајќи дека тие имаат директно изборно влијание врз српските граѓани и создаваат правен и уставен притисок врз Косово, пишуваат косовските медиуми. Тие нагласија дека Европската Унија мора веднаш да реагира на овие постапки, за да се спречи мешањето на српската држава во ...
Во Собранието мора да преовлада взаемната почит помеѓу пратениците, па и на различни политички партии. Ако не се почитуваме ние самите себеси едни кон други, немаме почит, не можеме да очекуваме дека граѓаните ќе не почитуваат. Оттука почнува се, вели во интервју за МИА претседателот на Собранието Африм Гаши. -Премногу негативна енергија имаме, контаминирано општество создаваме. И Собранието треба на некој начин да биде предводник на ова ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп порачаа дека се направени значителни чекори кон можно завршување на војната во Украина, но истовремено нагласија дека остануваат сериозни отворени прашања, особено околу територијата, безбедносните гаранции и улогата на Русија, пренесува Би-Би-Си. На заедничката прес-конференција по средбата, .Зеленски изјави дека мировниот план од 20 точки е „90 проценти ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен информира дека заедно со уште неколку европски лидери синоќа разговарале со претседателите на САД и на Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски. „Имавме добар едночасовен разговор за нивниот состанок за мировните преговори. Имаше добар напредок, што го поздравивме“, објави Фон дер Лајен на Икс. Таа во објавата додава дека Европа е подготвена да продолжи да работи со Украина и ...
Доналд Трамп изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“, но призна дека „трнливите“ прашања за иднината на источниот регион Донбас сè уште не се решени, по двочасовниот состанок во неделата со Володимир Зеленски во Флорида, објави Гардијан. Трамп рече дека нацрт-договорот за завршување на војната е речиси „95% готов“. „Навистина мислам дека сме поблиску од кога било со двете страни“, рече тој, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на средба со американскиот претседател Доналд Трамп во одморалиштето Мар-а-Лаго во Флорида. Обраќајќи се пред почетокот на состанокот, Трамп изјави дека постои реална основа за мировен договор и дека двете страни имаат интерес конфликтот да заврши. Американскиот тим предводен од Трамп и украинскиот тим предводен од Зеленски ги започнаа разговорите за мировниот план на Трамп. На новинарите ...
Русија ги нападна Кијив и други делови од Украина со стотици ракети и беспилотни летала во саботата, непосредно пред средбата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со претседателот на САД, Доналд Трамп, во рамките на напорите да се постигне договор за ставање крај на четиригодишната целосна руска инвазија. Зеленски изјави дека во огромниот напад во текот на ноќта биле вклучени околу 500 беспилотни летала и 40 ракети и бил прекинат ...
Заклучокот што го усвои Советот на град Скопје звучи навистина важно, силно, моќно. Но во суштина се работи за процедурален, симболичен и необврзувачки заклучок. Нема ништо да се случи. Како што не се случи ништо ни со веќе не знам колку слични иницијативи, па и разни одлуки за справување со големите загадувачи во Скопје, што ги наследивме од поранешната социјалистичка Федерација. Освен што се приватизираа и од општествена сопственост тие ...
ЏАБИР ДЕРАЛА Вештачката интелигенција (ВИ) е родена од умовите на научници, визионери и уметници – и, до одреден степен, од манипулатори кои трчаат по слава и пари. Приказната за ВИ започнува речиси паралелно со раѓањето на компјутерската технологија. Денес, сакам да ви раскажам неколку од тие приказни – увиди во сториите што јас и мојот пријател ChatGPT ги одбравме од богатата историја на развојот на ВИ. Корените на вештачката интелигенција ...
На иницијатива на советниците на „Зелен хуман град“ (ЗХГ), Советот на Град Скопје на вчерашната седница едногласно усвои заклучок за отпочнување постапка за дислокација на цементарницата „Усје“ и сите големи индустриски загадувачи надвор од Скопската Котлина. „За првпат во историјата на Скопје, сите советнички групи застанаа обединето со граѓаните и едногласно порачаа: УСЈЕ НАДВОР ОД СКОПЈЕ! По 13-часовна седница, Советот на Град Скопје ја ...
Политички контекст и причини за предвремените избори во Косово Предвремените парламентарни избори во Косово во 2025 година се резултат на продлабочената политичка и институционална криза по редовните избори одржани на 9 февруари истата година. Иако Движењето Ветевендосје (Самоопределување), освои најмногу гласови, не беше во можност да обезбеди парламентарно мнозинство и да формира стабилна влада. Обидите за коалициско усогласување пропаднаа, ...
ЕРОЛ ШАКИРИ Постојат неколку добри светски примери за повратна миграција (Ирска, Полска, Естонија, Јужна Кореја) и знаете што им е заедничко, ниту една од овие земји тоа не го постигнала со патриотска реторика и морални апели туку со економска логика и функционални институции. Постојат и низа други фактори секако, но ниту во еден случај фактор не бил ниту пак ќе биде некаква си патетична „патриотска“ пропаганда. Повратната миграција е ...
Тензиите меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и главните советници на претседателот Доналд Трамп растат, а американскиот тим е „сè повеќе фрустриран“ од обидите на Нетанјаху да го поткопа мировниот процес, пренесе Анадолу Агенси. Според извештајот, внатрешниот круг на американскиот претседател, вклучувајќи го потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио, зетот на Трамп Џаред Кушнер, мировниот пратеник Стив Виткоф и ...
Имено, по налог на владата Управата за Јавни Приходи (УЈП) отвора предмети за присилна ретроактивна наплата на данок на доход за лица кои низ годините работеле во странство а приходите им доспевале во македонски банки. Законски не можеле да се вратат повеќе од 5 години и затоа периодот за наплата започнува од 2020 година, а да можеле секако ќе се врателе уште десетина години наназад. Ова е преседан, ниту една влада досега не посегнала по овие ...
Москва веројатно стационира нови хиперсонични балистички ракети со нуклеарна моќ во поранешна воздухопловна база во источна Белорусија, развој што би можел да ја зајакне способноста на Русија да испорача ракети низ Европа, открија двајца американски истражувачи проучувајќи сателитски снимки, објави Ројтерс. Проценката на истражувачите во голема мера се совпаѓа со наодите на американските разузнавачки служби, изјави лице запознаено со ова ...
Тајланд и Камбоџа се согласија на моментален прекин на огнот, соопштија министрите за одбрана на двете земји во заедничка изјава, објави Би-Би-Си. Двете страни се согласија да ги замрзнат сите движења на трупите и да им дозволат на цивилите што живеат во пограничните области да се вратат дома, со што ќе се запрат неколкунеделните интензивни гранични судири во кои загинаа најмалку 41 лице и се раселени речиси еден милион луѓе. Прекинот на ...
Премиерот Христијан Мицкоски на пратеничко прашање повторно ја истакна „борбата за животниот стандард“ како главен приоритет на владата. Тој обвинува дека СДСМ во периодот 2020-2023 година го уништиле животниот стандард со задолжување и лоши политики, додека актуелната влада „исправува грешки“. Мицкоски го потенцира падот на инфлацијата под 4% и ја споредува потрошувачката кошничка во Македонија со европскиот просек, обвинувајќи ја ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека викендов ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Флорида, во рамки на продолжените разговори за ставање крај на целосната руска инвазија врз Украина, пренесува Би-Би-Си. Зеленски изјави дека очекува средбата да се одржи во недела и дека фокусот ќе биде ставен на мировниот план од 20 точки поддржан од САД, како и на посебни предлози за американски безбедносни гаранции за ...
Турските власти велат дека спречиле планирани напади за божиќните и новогодишните настани откако привеле повеќе од 100 осомничени членови на таканаречената Исламска држава, пренесува Би-би-си. Масовни рации беа спроведени на 124 адреси низ Истанбул, изјави главниот обвинител на градот, при што беа запленети огнено оружје, муниција и „организациски документи“. Службениците изјавија дека поддржувачите на ИД активно планирале напади низ цела ...
Демократската унија за интеграција во објава на Фејсбук го изрази своето негодување и длабока загриженост поради скандалозната и политички неприфатлива постапка на министерот Иван Стоилковиќ, кој отпушти седуммина вработени Албанци во Министерството за односи меѓу заедниците, фундаментална институција за спроведување на Охридскиот договор и за гарантирање на меѓуетничката рамноправност во земјата. Во продолжение е целосната реакција на ДУИ. ...
Украинскиот хор „Песни за Украина“ учествуваше во божиќната честитка од кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III, кој им посака на сите „мирен и многу среќен Божиќ“, изведувајќи ја англиската верзија на „Шчедрик“, насловена како „Керол на ѕвоната“. Видео пораката беше објавена на официјалниот YouTube канал на кралското семејство. Во Вестминстерската опатија, краинскиот хор „Песни за Украина“ аедно со хорот на Кралската опера изведе нов ...
ЏАБИР ДЕРАЛА Читам вест дека, на иницијатива на советниците на „Зелен хуман град“ (ЗХГ), Советот на Град Скопје на седницата на 25 декември едногласно усвои заклучок за отпочнување постапка за дислокација на цементарницата „Усје“ и сите големи индустриски загадувачи надвор од Скопската Котлина. Навидум, ова е вест на денот и многу повеќе. Јас би рекол и вест на деценијата. Сега можеме да дишеме со полни гради, спокојно. Или? Заклучокот што го ...
На брифинг со новинари, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди дека економската состојба во државата е сериозно загрижувачка и дека 2026 година ќе биде уште потешка и за граѓаните и за стопанството. Според него, проекциите за раст се нереални и постојат само „на хартија“, додека во пракса државата се соочува со проблеми во прибирањето на приходите. „Веќе сега гледаме проблеми со реализацијата на приходите. Ќе фалат околу десет ...
Претседателот Володимир Зеленски на Божиќ оствари телефонски разговор со специјалните пратеници на американскиот претседател Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, на кој се зборуваше за „неколку суштински детали“ од тековните мировни разговори, пренесува Кијив Индипендент. „Вистински работиме 24/7 за да го приближиме крајот на оваа брутална руска војна против Украина и да обезбедиме сите документи и чекори да бидат реални, ефикасни и сигурни“, ...
Руската целосна инвазија врз Украина претставува флагрантно кршење на меѓународното право и клучен тест за европската демократија, изјави Франческо Гаудиози, потпретседател и извршен директор на Centro Studi Internazionali нагласувајќи дека невиденото единство на Европската унија во санкциите, безбедноста и одбраната ја одразува сериозноста на конфликтот што ќе ја обликува иднината на меѓународниот поредок заснован на правила. Говорејќи на ...
Четиринаесет земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Канада и Германија, го осудија одобрувањето од страна на израелскиот кабинет за безбедност на 19 нови населби во окупираниот Западен Брег, велејќи дека тие го кршат меѓународното право и ризикуваат да поттикнат нестабилност, објави Гардијан. Израел минатата недела одобри предлог за новите еврејски населби, со што вкупниот број се искачи на 69, според крајно десничарската министерка за ...
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Претседателот Александар Вучиќ кој доследно го подржуваше Кремљ во неговата изолација од целиот слободољубив свет, кој сакаше да ја претвори североисточна плодна Србија во каллив рудник за да биде добар со ЕУ, кој направи неколку обиди да се приближи на САД во времето по инаугурацијата за претседател на Трамп со залудуно заложување на сопствениот образ, кој го нарекуваше турскиот претседател Ердоган „мој пријател“ на крајот ...
Осум години подоцна, државата повторно се движи наназад. Истата партија — со ново раководство, но со старата политичка логика — ја враќа земјата на авторитарните шини во обратната насока од ЕУ. Ја гледаме познатата матрица: партизација на институциите, контрола врз медиумите, напади врз критичките гласови, релативизирање на сопствените злоупотреби од минатото и сегашноста, и постепено враќање на логиката дека државата му припаѓа исклучиво на ...
Полски авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море, кој летал близу до нивниот воздушен простор, соопшти во четврток армијата на земјата-членка на НАТО, објави Ројтерс. Земјите на источното крило на НАТО се во состојба на зголемена готовност за потенцијални упади во воздушниот простор од септември, кога три руски воени авиони го нарушија воздушниот простор на Естонија 12 минути само неколку дена откако повеќе од 20 руски ...
На улиците на Техеран и во други делови на Иран, сѐ повеќе жени се појавуваат без задолжителниот хиџаб, и покрај суровите казни предвидени со новиот закон за „хиџаб и целомудреност“ од 2024 година. Тој закон предвидува нова ера на репресија – со високи казни до околу 12,500 фунти, бичување, па дури и долгогодишни затворски казни до 15 години за „повторни прекршители“. Казни има и за „промовирање на ненормативно облекување“, пишува Гардијан. ...