Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Жан-Лук Меланшон, основачот на француската левичарска партија „Непослушна Франција“, изјави дека Париз треба да го напушти НАТО и да започне директен дијалог со Москва, со цел да се создадат услови за прекин на украинскиот конфликт. Зборувајќи на геополитички симпозиум, Меланшон оцени дека Франција мора да води понезависна надворешна политика и дека не смее да ја прифати логиката на блоковските поделби и затворените меѓународни формати. ...
Портрет на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, насликан од малку познатиот уметник Жереми Кејрас, ќе биде откриен во берлинскиот музеј Боде на Музејскиот остров, речиси пет години откако таа ја напушти функцијата. Сликата ќе биде изложена во Музејот Боде три месеци од вторник, по што ќе биде преместена во канцеларијата на канцеларот подоцна оваа година. Меркел даде скромен коментар за моментот во неодамнешното интервју за весникот ...
Мал авион се урна утрово во близина на аеродромот кај Вршар, во хрватскиот дел на Истра. Несреќата се случила околу 8:35 часот, а според првичните информации, едно лице е повредено, додека уште едно лице поминало без повреди. Од полицијата соопштиле дека веднаш по пријавата на местото на настанот биле испратени сите надлежни служби за итна интервенција. Според информации објавени во хрватските медиуми, пилотот на леталото е државјанин на ...
Сончевото време и пријатните температури веќе ги привлекоа првите туристи на црногорскиот брег. Закупците на плажите во Улцињ велат дека одењето на море оваа година не треба значително да го оптовари семејниот буџет и најавуваат дека цените, и покрај инфлацијата, ќе останат на нивото од минатото лето. Цената за изнајмување сет лежалки ќе се движи од 12 до 20 евра. Закупецот на плажа Арти Режа за RTCG изјави дека нема да има зголемување на ...
Дваесет и едногодишна девојка почина во Грција, откако била донесена во здравствена установа во градот Псахна во многу тешка состојба. Според кажувањата на нејзиното семејство, таа претходно наводно била касната од оса, по што ѝ се слошило и изгубила свест. Медицинскиот персонал веднаш започнал со обиди за спасување, но и покрај повеќечасовната интервенција, девојката не преживеала. Случајот предизвикал вознемиреност, поради што била повикана ...
Синоќа, дванаесетгодишно момче од Младеновац, Србија е примено во детската болница во Белград со исклучително тешки повреди, објави „Телеграф.рс“. Според првичните информации, момчето е во критична состојба, а лекарите се борат за неговиот живот откако целата конструкција на автобуска постојка паднала врз него. Во еден момент, момчето се држело за конструкцијата на постојката. Следната секунда, масивната конструкција целосно попуштила и се ...
На 28.06.2026 околу 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионален пат Скопје-Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(75) од Скопје и мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(54) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ во Скопје. ...
На 28.06.2026 во 13:30 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода О.С.(45) од Украина, со престој во Скопје, затоа што при гранична контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека евидира со мерка „стоп“ по барање на Основен кривичен суд Скопје. Имено, тој допатувал со патничко возило „хјундаи“ со бугарски национални ознаки, а имал активна забрана за управување на ...
На 28.06.2026 околу 19:00 часот во СВР Скопје, П.П.(48) од Скопје пријави дека на игралиште на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од П.„Н“.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 28.06.2026 околу 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.И.(26) и С.Ј.(22), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе ...
Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер. Прогноза за ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за краткотрајно невреме со појава на град. Температурите и понатаму ќе бидат високи. Утринските ќе се движат од 12 до 18 степени, додека дневните ќе се искачат од 28 до 39 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните и јужните делови од земјата, каде ...
Изјава, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор: За две години Мицкоски и ВМРО го доведоа здравството до колапс. Сред лето, на пеколни температури, хируршките сали, овде во Клиничкиот центар не работат – системот е во дефект. Се откажуваат однапред закажаните операции и оние за кои е проценето дека не се итни. Откажани се операции на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ...
Прес конференција на Веаљановски од ВМРО ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на безбедноста на граѓаните и на спроведување политики кои даваат резултати. ВМРО-ДПМНЕ и надлежните ќе продолжат со проширување на системот „Безбеден град”, чија главна цел е намалување на бројот на тешки сообраќајни незгоди и преполовување на смртните случаи и сериозни повреди на патиштата до 2030 година. Дека системот функционира, тоа го ...
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, кој беше дел од работната група за подготовка на новиот Изборен законик во Министерството за правда, преку објава на социјалните мрежи изнесе серија забелешки за начинот на кој се одвивал процесот на подготовка на законските измени. Тој напиша дека јавноста се доведува во заблуда со тврдењата дека постоел широк политички консензус, наведувајќи дека во конечниот текст се нашле решенија за кои никогаш не било ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на ефектите на субвенциите во авио сообраќајот, последните информации од страна на вицепремиерот дека се очекува 3,5 милиони патници во Македонија годинава, дали овој фонд ќе се зголеми и дали се разговара со „Визер“ за продолжување на оние сезонски летови до Сардинија и Сицилија, за коишто има голем интерес ова ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција порача дека не е постигнат консензус за предложените измени на Изборниот законик. „Во ниту еден момент не се постигна консензус за ваков Изборен законик“, истакна Апасиев, додавајќи дека останале пет клучни прашања кои не биле затворени по работните состаноци: условите за независните кандидати по одлуката на Уставниот суд, електронското гласање на дијаспората, државното ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конферениција, порача дека СДСМ ќе го блокира предложениот Изборен законик, оценувајќи дека тој содржи сериозни решенија кои не се ниту европски ниту демократски и кои отвораат простор за злоупотреба на изборниот процес. „Ваков закон не смее ова Собрание да донесе. Ќе го блокираме затоа што граѓаните заслужуваат да имаат фер, демократски изборен процес, а не вака контролиран како што ...
Во рамките на Форумот на балканските уставни судови, со кој претседава Уставниот суд на Република Северна Македонија, од 24 до 26 јуни 2026 година во Охрид се одржа тркалезна маса на ниво на генералните секретари на уставните судови. Настанот беше организиран од Уставниот суд на Република Северна Македонија, со поддршка на Делегацијата на Европската Унија, во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите на Уставниот суд за оценување на ...
Престедателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека реконструкцијата на Владата не носи никаква суштинска промена ниту пак каков било бенефит за граѓаните. Филипче посочи дека станува збор за формална замена на имиња, без промена на политиките што изминатите две години доведоа до осиромашување, изолација и влошување на квалитетот на живот. „Замената на луѓе во ресорите, замената на различни имиња е нешто ...
Министерството за култура и туризам изразува длабоко жалење по повод смртта на Владо Јаневски, еден од највлијателните македонски музички автори и изведувачи, кој со своето богато творештво остави неизбришлива трага во современата македонска музика. „Владо Јаневски беше уметник кој со својата исклучителна музикалност, препознатлива интерпретација и безвременски песни обедини генерации љубители на македонската музика. Неговото творештво, ...
Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта, информира УХМР. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 километри на час) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен ...
Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Ако наследивме претпријатија на раб на пропаст и пред банкрот, сега имаме карго сообраќај кој бележи сериозен раст, имаме раст на број на патници, имаме крупни инвестиции во изградба на нови пруги, водиме политика на развој на Железницата како срцевина на економијата, се обрати денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, на ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа до каде е реализацијата на голем број на капитални проекти најавени во наредните години, до каде е реализацијата на капиталните проекти во културата со оглед на тоа дека и министерот Љутков спомна дека буџетот за културата во овој дел е зголемен, изјави: „Да, благодарам на прашањето, тоа е така. Оваа година ...
На 28.06.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, во базен во двор од куќа, бил пронајден починат М.Ј.(58) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција. На 28.06.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на ...
На 63-годишна возраст почина театарскиот режисер Сашо Миленковски. Роден во Битола во 1963 година, Миленковски зад себе остави богата театарска кариера во која режираше повеќе од 50 претстави, поставувајќи дела од автори како Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет. Една од неговите најзначајни режии беше праизведбата на „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски, поставена во Битолскиот народен театар во 1992 година. Претставата освои четири ...
– Секогаш кога пуштаме еден ваков објект во функција, јас сум посебно задоволен и среќен, бидејќи на овој начин ќе го подобриме квалитетот на живот на многумина, се разбира најмногу на најмладите, на дечињата. Впрочем, намената на ваквите објекти е токму за нив, да почнат да другаруваат уште од најрани години, да стекнуваат знаења, пријателства, да се формираат како личности, изјави премиерот Христијан Мицкоски од денешниот настан во Гази ...
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила на автопатот „Пријателство“, во близина на исклучувањето кон меѓународниот аеродром „Скопје“, информираат од МВР. Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена околу 5:30 часот, откако автомобил „нисан“ со српски регистарски ознаки удрил во метална ограда, по што се превртел на коловозот. Повредени се возачот, 34-годишниот Н.Џ. од Република Србија, како и две ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано работи да ја зајакне меѓународната позиција на Македонија, работи на развој на економијата и на подобрување на животниот стандард на граѓаните. Од друга страна, од СДС и од опозицијата се трудат да и штетат на Македонија. Кога во прашање се доведуваат државни интереси, без разлика дали станува збор за власт или опозиција, треба да се бранат истите. Дипломатскиот преседан што ...
Прес конференција на СДММ – Петар Огњеновиќ: Во среда, на 1 јули, во 12:05 часот, овде, во хотелот, ќе се одржи настан насловен како „Разговори за иднината во 12:05“. Ние, младите, велиме: ова не се разговори за нашата иднина. Ова е обид на Христијан Мицкоски да создаде ЗНАМ 2.0 – нов сателит кој ќе му послужи да ги раздели гласовите на опозицијата на следните избори, исто како што го направи и со ЗНАМ пред последните парламентарни избори. ...