Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
На 24.06.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.П.(20) од село Узем, кривопаланечко. Претходно, на локален пат помеѓу охридските села Горно и Долно Коњско, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила 16 – годишна сопатничка од село Марино, општина Илинден, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. По налог ...
„Соседна држава на Македонија шири информација ЕУ да не и помага финансиски на Македонија, да и се скратат сите фондови како ЕУ, затоа што ако и помага, Македонија ќе напредува, а во спротивно, ако нема ЕУ фондови за Македонија, тогаш ќе дојде пред банкрот, ќе биде приморана да клекне, да моли и на тој начин да се реализира тоа коешто се бара од нив“, соопшти премиерот Христијан Мицкоски сознанија од мултилатерални и билатерални средби, без ...
На 24.06.2026 околу 11:30 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Н.Д.(45) од Скопје поради сомнение дека се обидел да изврши кривично дело измама. Претходно, на повозрасна жена од Крива Паланка едно лице ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар од Италија и ја известил дека нејзината ќерка паднала во Италија и се здобила со повеќе кршеници на нога и вилица и дека ќе треба даде 35.000 ...
На 24.06.2026 во 20:30 часот, полициски службеници за недозволена трговија со дрога при ОВР Кавадарци лишиле од слобода лице(30) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и ризли. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 24.06.2026 во 20:30 часот, полициски службеници ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешните пратенички прашања го повика премиерот Мицкоски, да одговори кој е виновен за нула исполнетите ветувања на Владата на ВМРО и за згубените две години. Филипче нагласи дека ВМРО нема исполнето ниту 10% од ветувањата во програмата. „Една голема нула, нула за реформи, за зголемување на платите, за мерки за младите, за поддршка на земјоделците, нула за европскиот пат. Моето прашање е просто, ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес на седницата во Собранието, одговарајќи на пратеничкото прашање на претседателот на опозицијата Венко Филипче му порача дека причината поради која граѓаните планираат да ја напуштат Македонија, не е недостаток на перспектива, туку недоверба во правдата и институциите, бидејќи како што рече го гледаат токму Филипче и поранешните функционери од СДСМ како уживаат на Харис Џиновиќ во Дубаи и на ...
На 24.06.2026 во 15:15 часот во објект во изградба на улица „Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово привеле 12 државјани на Република Бугарија на возраст од 34 до 66 години, кои работеле на објектот. Лицата биле затекнати со нерегулиран и непријавен престој на подрачјето. Тие се задржани во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка и за случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по Законот за странци. ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, информирајќи за Реформската агенда, истакна дека и во јунскиот извештај повторно ќе бидеме први од земјите од Западен Балкан и се очекува во јули да добиеме и дополнителни средства и на овој начин покажуваме дека заслужуваме да бидеме дел од Европа без да имаме пред нас билатерални спорови и други спорови кои се однесуваат на прашања кои немаат ...
„Во овој ребаланс на Буџетот капиталните инвестиции се зголемени од 39 милијарди денари, колку што претходно беа предвидени, на цели 47 милијарди денари и тоа се должи токму на реализација на капитални проекти во сите институции, од автопатските секции, преку програмата за финансирање на општините каде дополнително се обезбедени околу 2 милијарди денари, преку обезбедени дополнителни пари за пречистителни станици како скопската, битолската, ...
„Тоа кое што е важно е да се каже дека голема е разликата, како ние ја амортизиравме кризата и како голем дел од соседите ја амортизира кризата. Се согласувам дека беше историски најголема, се согласувам дека ефектите и резултатите беа жестоки и се согласувам дека кај нас овие 3 ипол месеци поминаа би рекол многу едноставно, бидејќи ние во ниту еден момент не создадовме паника, не очајуваме, не правевме панични прес-конференции, туку напротив ...
Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, на денешната седница за пратенички прашања побара одговори од министерот за одбрана Владо Мисајловски за сериозни недоследности и сомнежи во работењето на Министерството за одбрана. Петровска побара одговор зошто по две години мандат нема зголемување на основните плати за вработените во Министерството за одбрана и Армијата, зошто со ребалнсот се кратат пари за министерството. Воедно, Петровска побара ...
Сопшштение на СДСМ: Кога Христијан Мицкоски нема одговори и нема резултати, стандардно се враќа на она што најдобро го знае – закани, напади и дефокус од реалните проблеми. Од собраниската говорница, Мицкоски повторно го спомена Харис Џиновиќ и Дубаи, и му се закани на претседателот на СДСМ Венко Филипче дека „кога граѓаните ќе ве видат зад решетки“. Ова е веќе познат и исцрпен наратив. Сите случаи и постапки против социјалдемократите кои ...
Во текот на сесијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која се одржува во Стразбур и на која учествуваат Иванка Василевска, во својство на заменик-шеф и членовите Беким Ќоку и Бисера Костадиновска Стојчевска, една од темите која предизвика големо внимание беше заштитата на демократијата од нарушувањата предизвикани од вештачката интелигенција. Во своето обраќање на оваа дебата, Иванка Василевска истакна дека вештачката ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга се обрати на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата. За неа, Струга е град што живее во ритамот на поезијата и место каде што со децении се среќаваат светските поетски гласови и љубителите на убавата реч, нарекувајќи го „најпоетскиот град на планетата“, каде песните создаваат култура и трајни духовни вредности. Во своето обраќање, таа ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во повеќе делови од земјата се очекуваат локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилноста ќе биде најизразена во ...
Полскиот премиер, Доналд Туск, изјави дека убиството на рускиот уметник кој го критикуваше претседателот Владимир Путин има обележја на политичко убиство. Роберт Кузовков, познат под псевдонимот Семјон Скрепецки, беше застрелан од блиску во близина на неговиот дом во источниот полски град Бјала Подласка во понеделникот. „Сè укажува на политичко убиство. Но, мора да почекаме докази или поконкретни индикатори. Бидејќи ако е тоа случај, ако ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин “Богородица” има зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...
Во пресрет на вечерашното отворање на „Струшките вечери на поезијата“, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес“ и истакнат шпански поет, придружуван од Рафаел Сориано Ортиз, амбасадор на Шпанија во Скопје. Во својство на покровителка на фестивалот, таа истакна дека шпанската поезија има посебно место во неговата историја, потсетувајќи на учеството на Рафаел Алберти во 1978 ...
џ„Првите чекори кон енергетската транзиција во Општина Центар започнаа уште во 2023 година со формирање на ТД ‘Енергија Центар’ , првото општинско енергетско претпријатие во државата. Така ја започнавме нашата локална стратегија за енергетска независност и самоодржливост,“ рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста“, во организација на Finance Think. Тој нагласи ...
Соопштение на ДОМ: Демократска обнова на Македонија (ДОМ) изразува сериозна загриженост за најновата пресуда на Вишиот управен суд со која се поништува одлуката на Владата за престанок на важењето на одлуката за спојување на концесиите за рудникот Иловица. Ова е само уште една потврда за длабоката институционална недоследност и правната нестабилност во управувањето со минералните суровини во државата кој укажува на потенцијално менување на ...
Министерството за европски прашања беше домаќин на состанокот на високо ниво со кој започна Мониторинг мисијата на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) во Северна Македонија, со учество на претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија, меѓународните финансиски институции, ресорните министерства и институциите задолжени за спроведување на проектите. Во своето воведно обраќање, Првиот заменик-претседател на ...
Со детската ликовна работилница „Ѕвездена ноќ“, инспирирана од творештвото на Винсент ван Гог, во сабота 6 Јуни, пред Општина Центар ќе започне прославата по повод 40-годишнината на скопскиот Ван Гог Бар – едно од најпрепознатливите урбани собиралишта во градот. Прославата ќе биде официјално отворена во 12:00 часот од менаџерот Никола Грујоски и сопственикот Коста Димитров, по што ќе следува креативна работилница наменета за најмладите ...
Руската армија изврши воздушен напад врз Киев синоќа. Русите го нападнаа украинскиот главен град со балистички ракети и дронови во неколку одделни бранови, објавува „Киев Индепендент“. Првите моќни експлозии одекнаа низ главниот град околу 1:30 часот по локално време. Новинарите на „Киев Индепендент“ од терен потврдија дека се слушнале детонации, додека локалните власти наскоро издадоа соопштение во кое се наведува дека Русија испукува ...
Намалувањето на придонесот на САД во кризните сили на НАТО стапи на сила веднаш, потврди денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, додавајќи дека другите сојузници го зголемуваат своето учество за да ги пополнат празнините што ги остави потегот на САД. „Вчера прашањето беше: дали е ова веднаш или не? Тоа е веднаш“, изјави Руте пред новинарите пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. „Сепак, малку сум неодлучен да го ...
На 23.06.2026 во 18:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Рилски Конгрес“ во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрило во мотоцикл управуван од Г.Н.(29) од скопско, кој паднал од ударот, а откако се подигнал, според пријавеното, возачот на возилото „пежо“ го придвижил возилото и неколку пати удрил во мотоциклот, како и во патничко возило ...
Министерството за правда го објави Предлогот на Законот за кривичната постапка на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), со што започнува јавната консултација за едно од најзначајните законски решенија во областа на правосудството. Предлог-законот содржи решенија за унапредување на одредбите што се однесуваат на конфискацијата, правата на жртвите на кривични дела, мерките за пронаоѓање и обезбедување лица и предмети, ...
Министерството за дигитална трансформација и ФИНКИ денес официјално го означија почетокот на проектот „Везилка“ – првиот Национален центар за вештачка интелигенција во Македонија, кој ќе претставува клучна национална инфраструктура за развој на знаење, иновации и примена на вештачката интелигенција. Проектот се реализира како стратешко партнерство меѓу Владата, Министерството за дигитална трансформација, академската заедница и Европската ...
„Пред две години затекнавме катаклизма. Запревме понатамошен пад и со одговорно и посветено работење сега веќе го подигнуваме квалитетот на образованието и ја раздвижуваме науката“, истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната прес-конференција во Владата, на која презентираше отчет за двегодишната работа на Министерството за образование и наука. Јаневска нагласи дека во изминатите две години се ...
Изјава на премиерот Христијан Мицкоски: „Почитувани присутни, Дами и господа, Постојат проекти чија вредност не се мери само преку инвестицијата што ја носат или инфраструктурата што ја создаваат, туку преку нивната способност да ја променат насоката во која се движи едно општество. Проектот „Везилка“ е токму таков проект. Тој претставува вложување во иднината, во потенцијалот на македонските научници, истражувачи, студенти и компании, но и ...
На 23.06.2026 во 19:30 часот на ул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода лице(26) од с.Желино и лице(25) од Тетово. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 26 годишникот. и по извршени проверки било констатирано дека го управува возилото без возачка дозвола. При обид за негово лишување и одземање на ...