На 13.07.2026 околу 16:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат во близина на влезот во с. Ростуше, трицикл „јамаха“ со италијански регистарски ознаки, управуван од Ф.Р.М. (66) од Италија, со престојувалиште во с. Велебрдо, излетал од коловозот. При тоа возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од ОВР ...

На 13.07.2026 во 14:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, маж (28) од с.Седларево, се здобил со повреди при сеча на дрва. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен до болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, но на пат кон болницата им подлегнал на повредите, а смрт без траги на насилство констатирал доктор од болницата. На местото на несреќниот случај, увид извршија јавен обвинител, државен ...

Основниот кривичен суд во Скопје донесе ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во повторената постапка за предметот „Талир 2“. Случајот се однесуваше на изградбата и финансирањето на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Во образложението беше посочено и дека измените на Кривичниот законик од 2023 година имале директно влијание врз правната положба на обвинетите и врз повторувањето на постапката. Станува збор за првостепена ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Венко Филипче го нема никаде кога треба да се дискутира и разговара за разни прашања кои ги засегаат граѓаните и државата. Венко Филипче, како пратеник кој зема плата од даноците кои ги плаќаа македонските граѓани, не зел збор за ниту една суштинска дебата во Собрание, не учествувал безмалку на сите седници наменети за пратенички прашања. Го немаше да дискутира во Собрание ниту вчера, ниту викендов, ниту пак се јави ...

Наместо да биде меѓу европските лидери и да се бори за интересите на Македонија, премиерот Христијан Мицкоски избра да не присуствува на средбата во Париз, каде што беа собрани лидерите на европските држави. Наместо лично да ја претставува државата и да ги искористи можностите за застапување на македонските интереси, на негово место беше испратен вицепремиерот Беким Сали, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната ...

Фејсбук статус на Бране Петрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ! Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат. Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е дека пресудата е последица на измените ...

Соопштение на СДСМ: Граѓаните гледааат како судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го чисти Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзнува криминалниот имот на ВМРО. По 8 години “Белата палата“, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони евра се повторно во рацете на ВМРО. Така изгледа кога криминална организација е на власт, таа се грижи само за себе и да ги спаси своите од ...

Денеска во Собранието се одржа протоколарна средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, со британскиот амбасадор Метју Лосон. Беа констатирани одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, кои се одвиваат на редовна основа со развојна динамика. Претседателот Гаши посебно ја издвои соработката на ниво на претседатели на парламенти, со осврт на неговата ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес оствари работна средба со претставниците на Националната фондација за демократија (НФД), Тања Драмац Јириес, заменик-директорка за Европа, и Ардита Абази Имери, програмска директорка во Институтот за европска политика (ИЕП), со кои разговараше за стратешките приоритети за наредните години, со посебен фокус на отвореноста на институцијата кон граѓаните и дигитализацијата на Собранието. За време на ...

ЈП Комунална хигиена-Скопје ги информира жителите на градот Скопје дека Претпријатието продолжува да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот. Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални ...

Општина Центар почна со исплата на субвенциите за купен велосипед преку проектот „Цел Центар на точак“. На сметките на граѓаните веќе се исплатени првите 90 барања, а во следниот период ќе се реализираат и останатите 100. Преку оваа еколошка мерка, општината покрива 30 отсто од сумата, односно до 3.000 денари за купување нов велосипед. Истовремено, сè уште е отворен повикот за субвенционирање дополнителна опрема за велосипеди, каде ...

Прес конференција на Катерина Димитровска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: По долги години на дното на листата за државни приоритети, со ВМРО-ДПМНЕ на власт спортот се враќа во фокусот на Владата и го добива заслуженото место. Спортот е област во која треба да се инвестира сега, за резултатите и ефектите да се почувствуваат по извесно време на многу труд, напор, тренинзи на генерации млади спортисти. За да можат посветено и безгрижно младите надежни ...

Прес конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ го покажа вистинското лице пред граѓаните кога станува збор за нов Изборен законик. Едните демек повикаа опозицијата да седне и да разговара, а другите демек не ја прифатија понудата. Ова е само провидна игра на ...

Еспресо 60, додека голема газирана вода е околу 90 денари, а газиран сок 80, големо пиво од позната македонска марка 100 мкд, шопска салата 150 денари, пица 280 денари и тн. Ова се дел од цените на една од плажите во Преспанското Езеро, во Претор. Топлото време и овој викенд “измами” повеќе туристи од околните градови на плажите околу Преспанското Езеро. Со ова се потврдува дека Преспа останува буџет-туристичка дестинација со сериозно пониски ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик. Пријавените на 13.03.2026 околу 18:00 часот, повикале 14-годишно девојче да излезе од нејзиниот дом, по што ја убедиле да влезе во просторија во близина на спортскиот ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Блокадите што СДС, Левица и ДУИ ги спроведуваат во Собранието се насочени директно против граѓаните. Најголема жртва на нивната неодговорна политика е македонската дијаспора, која повторно е ставена во втор план поради теснопартиски интереси на СДС Левица и ДУИ. СДС, Левица и ДУИ со нивните опструкции на законските решенија што треба да ги олеснат административните процедури и да ги подобрат услугите за нашите ...

Соопштение на СДСМ: Левица соопшти дека ја одложила координативната средба за Изборниот законик поради отсуство на претставник од СДСМ. Ова е очекувана реакција од партија која се обидува да создаде привид на опозициско единство, додека во реалноста ја турка агендата на Христијан Мицкоски. Позицијата на СДСМ по прашањето на Изборниот законик е јасна и недвосмислена. Нема што да се усогласува со Левица. Ние нема да прифатиме предлози кои ...

На 13.07.2026 во 11:09 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода црногорскиот државјанин Д.Б.(36). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на ...

На 13.07.2026 во 23:30 часот на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во црквата „Св. Богородица“ во Тетово. Тој, истиот ден околу 21:10 часот, одзел пари и предмети од црквата. Известен е јавен обвинител и во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи, со малолетникот е извршен службен ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните ...

Бројот на жртви од катастрофалните земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на речиси 4.500 во неделата, а владата објави дека повеќе од 19.500 луѓе се сместени во импровизирани кампови. Според најновите бројки објавени од владата на нејзиниот официјален канал Телеграм, бројот на жртви достигна 4.490, околу 150 повеќе од претходниот ден, а 16.740 луѓе се повредени. Бројот на лица што сè уште се водат како исчезнати не е објавен, ...

Руски дрон денес го премина молдавскиот воздушен простор и се урна и експлодираше во близина на селото Копанка на југоистокот од земјата, објавија молдавските власти. Инцидентот се случил за време на руските воздушни напади врз соседниот украински регион Одеса. Молдавското Министерство за надворешни работи го осуди настанот преку Телеграм, нарекувајќи го „сериозно и неприфатливо кршење“ на воздушниот простор. „Овој нов инцидент е сериозно и ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар престојуваше во Анталија со своите синови по самитот на НАТО во Турција, а по критиките во Унгарија, рече дека самиот ги платил сите трошоци. Маѓар пристигна во Турција за самитот на НАТО, а тоа беше неговиот прв ваков самит откако ја презеде функцијата премиер во мај по падот на долгогодишната влада на Виктор Орбан. Пред самитот, тој ги посети Истанбул и Коџаели, каде што ја посети спомен-куќата на Имре Токоли, ...

Русија во моментов нема воен капацитет за голем напад врз Полска, но би можела да прибегне кон провокации и хибридни операции, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски. Во интервју за италијанскиот весник „Ил Месадјеро“, тој рече дека Варшава сериозно ги сфаќа предупредувањата за можна руска закана, но дека не очекува директен воен напад врз полска територија. „Владимир Путин нема средства да нè нападне денес. Најмногу ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, одби да зборува за сообраќајот во Ормускиот теснец за време на неговото вклучување во програмата на CNN. На прашањето од водителот Џејк Тапер дали најавата на Иран за затворање на теснецот е вистинита, Трамп рече дека „што се однесува до нас, ние сме отворени“. „Не зборувајте за тоа. Зборувајте за причината поради која ме замоливте да зборувам“, рече Трамп. Претседателот на САД се приклучи на програмата за ...

Нападите со беспилотни летала во Московскиот регион убија најмалку три лица, а петмина беа повредени, изјави утрово гувернерот Андреј Воробјов. Киев ги засилува нападите врз руски цели, особено енергетски цели, во она што тој го нарекува праведна одмазда за повеќе од четири години руски напади на украинска територија. Гувернерот Воробјов објави на Телеграм дека три лица се убиени, а три ранети во населбата Пионерски во областа Истра „како ...

Стотици пожарникари во Шпанија сè уште се обидуваат да ги изгаснат преостанатите жаришта на југоистокот од земјата, по шумските пожари во кои досега загинаа 12 лица. Локалните власти во областа Лос Галјардос предупредија дека бројот на жртви може да се зголеми. Армијата користеше беспилотни летала и 32 авиони за да ги искористи подобрите временски услови, поради што погодената област остана на 6.600 хектари. Андалузиската влада одобри враќање ...

Вкупно 160 пожарникари, поддржани од 52 противпожарни возила, пет копнени екипи, два авиона и два хеликоптери, остануваат на местото на настанот во Ореокастро, предградие на градот. Пожарот што уништи два индустриски погони и предизвика евакуација на три села и еден дом за нега во близина на Солун преку ноќ е во голема мера локализиран и повеќе нема активен фронт, пренесува Грчкиот Екатимирини. Вкупно 160 пожарникари, поддржани од 52 ...

Предлогот на Европската комисија за забрзување на патот на Србија кон членство во Европската унија нема да ја добие потребната поддршка од земјите-членки, што укажува на продлабочување на јазот околу тоа како земјите-кандидатки треба да го заработат влезот во блокот, пренесува Индекс.хр. Комисијата ќе бара одобрение за отворање нов преговарачки „кластер“ на состанокот на амбасадорите во Брисел оваа среда, но неколку влади се скептични, а ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32