Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
На 10.07.2026 во 13:00 часот, на улицата „18-ти Ноември“ во Гостивар, полициски службеници лишиле од слобода маж(36) од с. Вруток, поради основано сомнение за сторени неколку кривични дела „кражба“ и ,,тешка кражба” на подрачјето на Гостивар и кај него се пронајдени предмети кои потекнуваат од последната кражба извршена истиот ден во маркет во Гостивар. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На ...
На 10.07.2026 во ОВР Гостивар е пријавено дека во Ургентниот центар во Гостивар е примено лице со тешки телесни повреди. Полициски службеници од ОВР Гостивар констатирале дека лицето е Д.Р.(33) од с.Добридол, кој изјавил дека додека управувал велосипед во с.Топлица, изгубил контрола и паднал од велосипедот. Поради сериозноста на повредите, тој е препратен во Клиничкиот центар во Скопје. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар. На ...
На 10.07.2026 во 13:40 часот на клучката за с.Групчин, полициски службеници од ПО Групчин сопреле патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од лице (21) од с.Ларце. При контролата било утврдено дека лицето го управува возилото без возачка дозвола, по што е лишено од слобода по член 297-а од КЗ. Возилото е привремено одземено. На 10.07.2026 во 22:50 часот на ул. „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници ...
Советот на Општина Чаир едногласно, но без Бадентерово мнозинство, донесе одлука две улици да носат имиња на борци на ОНА — Командант Тели и Зекирија Хасани. Одлуката помина без согласност од македонската заедница во советот, токму како што налага основниот принцип на Охридскиот договор кога станува збор за прашања што ги засегаат меѓуетничките односи. Именувањето улици по борци на ОНА е порака, испратена намерно и во моментов кога односите ...
Бојан Стојаноски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Трилинг“ на 24 ТВ посочи дека за првпат во ребалансот на буџет се покачуваат средствата за капитални проекти за 14%, се со цел, како што кажа, зголемување на животниот стандард. „За првпат во историјата од кога Република Македонија е независна во ребалансот се покачуваат средствата за капитални проекти за 14%. Ние ја кажавме нашата економска филозофија веќе кога ја ...
Прес конференција на Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ: И покрај глобалните економски предизвици и новите притисоци предизвикани од случувањата на светските пазари на енергенси, Македонија успева да ја одржи ценовната стабилност. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни изнесува 3,4 проценти, а во однос на мај е забележано намалување од 0,5 проценти. Особено значајно е што ...
Утревечер во барот „Љубов“ со почеток во 20 часот започнува караванот за младинска, алтернативна и критичка култура „Тригер“ во организација на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“. Настанот се случува во рамки на програмата на Скопје прајд викенд. Караванот за младинска, алтернативна и критичка култура „Тригер“ е серија настани низ шест градови во земјава (Скопје, Куманово, Битола, Охрид, Тетово и Штип) фокусиран ...
Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот судија за деца поднесе барање да се поведе подготвителна постапка против две 14-годишни девојчиња за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За еден 15-годишник се бара подготвителна постапка за помагање при ...
Царинските управи на Македонија и Хрватска креираат заедничка платформа за соработка со бизнис заедницата, со што ќе се овозможи олеснување на легалната трговија и зголемување на трговската размена меѓу државите. Ова беше главниот заклучок од денешната средба во Хрватска остварена на високо ниво помеѓу делегации од двете држави, предводени од директорите на Царинските управи, Бобан Николовски и Марио Демировиќ, заедно со претставници од ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска го посетија Центарот за услуги во Прилеп, воспоставен како резултат на соработката меѓу Министерството за дигитална трансформација и Општина Прилеп. Отворањето на Центарот беше најавено од министерот Андоновски при неговата последна посета на Прилеп. Со неговото ставање во функција, административните услуги ...
Следува период на претежно стабилно и топло време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во недела се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Прогноза за 12.07.2026 Минимална температура: 10°C до 21°C Максимална температура: 30°C до 38°C Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринските температури ќе се движат од 8 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 29 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 14 степени, а максималната ќе достигне до 36 ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска со почеток во 11:00 часот ќе ја продолжи амандманската расправа за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година. Поднесени 224 амандмани За ребалансот се поднесени вкупно 224 амандмани. Од нив, 90 се поднесени од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од коалицијата ВРЕДИ. Комисијата во изминатите денови веќе разгледа дел од предложените амандмани, а расправата продолжува и денеска. Повисоки ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги ...
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утрото ќе биде посвежо, со минимални температури кои според мапата се движат приближно од 6 до 14 степени. Во текот на денот ќе следува значително затоплување, а максималните дневни температури ќе достигнат од 28 до 36 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните и јужните предели, каде што температурите ќе се искачат до околу 36 степени. Во западните делови ќе ...
Прес конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ: Единственото нешто за коешто се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик. Заедничко за овие три партии од опозицијата, освен блокадата на ИЗ е стравот од поразот на следнити избори. Од таа причина, тие создаваат една какафонија во јавноста со неможноста да се донесе договор за консензус за носење на ИЗ, и на тој начин креираат алиби за поразот на ...
Четиригодишно девојче почина откако беше нападнато и искасано до смрт од семејното куче во Дроса, во германската покраина Саксонија-Анхалт. Полицијата започна истрага за мајката на детето и познаник на семејството за да се утврдат сите околности на трагедијата, објавува MDR. Детали за трагедијата Според информациите од полицијата и канцеларијата на државниот обвинител, девојчето си играло со куче во својот стан кога животното одеднаш ја ...
Убиениот врховен ирански лидер, ајатолахот Али Хамнеи, е погребан во најважното светилиште во земјата, во Машхад, објави иранската државна телевизија. Погребот во Машхад, во североисточен Иран, следеше по една недела масовни погребни поворки и жални собири, во услови на обновен конфликт со САД по неколку недели прекин на огнот во четиримесечната војна. Хамнеи беше убиен во првите напади на САД и Израел врз Иран на 28 февруари. САД и Иран се ...
Податоците за следење на бродови покажаа дека, и покрај обновените борби на Блискиот Исток, повеќе танкери со течен природен гас продолжија да минуваат низ Ормускиот теснец во последните денови. Токио соопшти дека 22 брода поврзани со Јапонија го напуштиле Заливот од вторник. Сообраќајот низ теснецот продолжува Ормускиот теснец, клучен пат за глобални испораки на нафта и течен природен гас (LNG), е внимателно следен од страна на бродските ...
Погребот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, привлече огромни толпи ожалостени, од кои многумина бараа смрт на американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој ја започна војната во која беше убиен Хамнеи во февруари. Погребните церемонии достигнаа кулминација оваа недела, кога ожалостените пристигнаа во најсветото светилиште во Иран, светилиштето Имам Реза во Машхад, каде што е погребан Хамнеи. Снимките од погребот покажаа огромни ...
17-годишно девојче го загуби животот во Оноа-Емери на северот од Франција, откако падна од камион за време на церемонијата по повод победата на француската фудбалска репрезентација. Според извор близок до случајот, девојчето се качило на задниот дел од камионот за да ја прослави победата на француската фудбалска репрезентација, но паднало и било прегазено, што, според пожарникарите, укажува дека починала на самото место, пренесува „Фигаро“. ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се соочува со најдлабоката криза на доверба откако дојде на власт, бидејќи задоволството на граѓаните од неговата работа падна на само 13 проценти, што е најлошиот резултат на еден канцелар од почетокот на мерењето во рамките на анкетата „Дојчландтренд“ на АРД. Според најновото истражување, дури 84 проценти од испитаниците се незадоволни од работењето на Мерц. Во исто време, Алтернатива за Германија ја задржа ...
Американскиот претседател Доналд Трамп упати остра закана до Иран, предупредувајќи дека САД ќе одговорат со масовен воен напад доколку иранските власти извршат или се обидат да извршат атентат врз него. „Илјада ракети се подготвени и насочени кон Исламската Република Иран, а веднаш по нив следуваат уште илјадници доколку иранската влада постапи според заканата да го убие или да се обиде да го убие претседателот на Соединетите Американски ...
Бројот на загинати во двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни се искачи на 4.118, соопшти во петокот претседателот на Народното собрание, Хорхе Родригез. Според најновите официјални податоци, во катастрофата се повредени 16.740 лица, додека 17.907 жители останале без своите домови. Овие бројки остануваат непроменети во однос на претходниот извештај. Двата разорни земјотреси, со јачина од 7,2 и 7,5 степени според ...
Куба во петокот повторно остана без електрична енергија откако колабираше националната електроенергетска мрежа, соопшти операторот на системот УНЕ (Национален синдикат за електроенергетика). Ова е втор целосен прекин на електричната енергија на национално ниво во изминатата недела и четврти ваков случај годинава. Кубанското Министерство за енергетика соопшти дека веднаш се активирани протоколите за обновување на електроенергетскиот систем и ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека потпишал указ за формирање специјална команда во рамки на украинските вооружени сили, која ќе биде задолжена за изведување длабоки удари врз руска територија. Истовремено, најави и создавање нови сили за брз одговор, во чиј состав ќе бидат јуришни единици и формации со беспилотни летала. „Сто проценти од ресурсите ќе бидат насочени кон слабеење на Русија“ Во своето вечерно обраќање, ...
Опасната риба-лав беше фотографирана деновиве во Которскиот Залив, поточно во градот Рисан. Извесен Мирко фотографирал риба-лав во Јадранското Море, а фотографијата од опасното суштество ја објавил во ФБ групата на Општина Рисан. Многу луѓе реагирале на фотографијата што ја објавил Мирко, а многумина од нив биле многу исплашени. „Наскоро ќе пливаме во нуркачки одела“, напишала една жена. „Многумина веќе знаат кој е овој отровен ѓавол, но исто ...
Сериозен инцидент го одбележал летот на „Рајанер“ од Солун кон Меминген, откако авионот кратко по полетувањето бил принуден да се врати на аеродромот во Солун. Грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на извори од аеродромот, објави дека леталото имало проблем додека се движело над Македонија. Според тие информации, екипажот забележал дефект на еден од моторите, по што била донесена одлука авионот веднаш да се врати назад. При спуштањето, ...
Врз основа на информација од Македонската полиција, во Драч, Р.Албанија спроведена е меѓународна полициска операција во која лишени од слобода се М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден во Норвешка, двајцата припадници на организираната криминална група „Беланоца“, за кои Интерпол има издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела „убиство”, „убиство во обид”, „тешка телесна повреда”, „недозволено изработување, држење и тргување ...
По повод 11 Јули – Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, во Собранието се одржа комеморативен настан со кој беше оддадена почит на жртвите и беше испратена порака за зачувување на историската меморија, мирот и соживотот. На настанот се обратија претседателот на Собранието, Африм Гаши, проф. Ферид Мухиќ, претставникот на Бошњачкиот национален сојуз, Џевад Хот, и претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, Аднан ...