На 19.07.2026 во 15:40 часот на ул.„Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници лишиле од слобода 16-годишник од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“. Претходно, во 12:10 часот, А.С.(26) пријавила дека во текот на ноќта од кеј „Вардар“ било одземено патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на нејзиниот сопруг З.С.(31). Возилото со видливи ...

Прес конференција на Велика Стојкова Серафимовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: По седум години, културата и туризмот повторно се во фокусот на Владата, со јасна цел повторно да бидат препознатливо обележје и двигател на развојот на Македонија. Особено значајно во оваа насока е зголемувањето на средствата за Годишната програма во културата, па така од доделени 768 милиони денари во 2023 година се зголеми на 1 милијарда и 71 милион денари во 2026 ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали има нови информации што се случува во моментот во Општина Гостивар со оглед на тоа дека е прогласена епидемија и дали тој смета дека има морална одговорност кај некои од функционерите, изјави: „Ние како институции во рок од два дена си ја завршивме работата и како Влада. Утрово бев брифиран од Институтот за јавно здравје дека тоа кое што е нивна ...

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против лице(41) и лице(34), двајцатa од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“ по член 186 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека на 17.07.2026 околу 21:45 часот покрај патот Горно Лисиче- Долно Лисиче со употреба на ...

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски/Интегрално: „Добар ден и од мене. Би сакал да изразам задоволство за сите овие проекти коишто се во фаза на реализација и проекти коишто ќе се реализираат во периодот којшто следи. Би сакал кратко само да го дополнам тоа што го спомена градоначалникот во делот на цевководот којшто треба да го поврзе хидросистемот Лисиче со езерото Младост. Се направија напори со пренамена од министерството за животна ...

Соопштение на Левица: ДПМНЕ залудно се обидува сопствената вина да ја претвори во пропаганда против Левица. Власта не беше немоќен набљудувач на процесот, туку негов организатор, предлагач и носител на парламентарното мнозинство. Затоа, доколку бара виновник за недонесувањето на Изборниот законик, треба најпрво да погледне во сопствените редови, сопствените недоследности и условите што намерно ги постави во последен момент за да го минира ...

Прес конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Неподнесувањето на новиот Изборен законик уште еднаш ја потврди вистинската политика на СДС, Левица и ДУИ, а таа е колку полошо за Македонија, толку подобро за нив. Кога државата има можност да исполни уште една реформска обврска, тие избираат блокада. Ние повторно ќе бидеме предводници во регионот. Од 10 реформи ние сами сами 9. Не дојдовме до таа последната токму поради ...

Соопштение на СДСМ: Денеска горивото повторно поскапе. Иако Христијан Мицкоски пред неколку дена најави намалување на акцизите, граѓаните сега со страв чекаат колку ќе поскапат сите останати производи. Секоја негова мерка доаѓа предоцна, секоја мерка е неефикасна и наместо да ги намали цените, го слабее буџетот и им носи дополнителни приходи на одредени компании. Мицкоски делува повеќе како застапник на приватните интереси отколку како ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ не сакаат Македонија да напредува со реформите и да бележи успеси, затоа ја користат секоја можност за да блокираат. Тоа се виде по нивниот однос кон измените на Изборниот законик, кога прво учествуваа во изготвувањето, нивните забелешки беа прифатени и инкорпорирани во законското решение, за на крај неговото носење да го блокираат. Токму блокирањето и неносењето на Изборниот законик, целосно ја ...

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ – членка на извршниот одбор: Состојбата со труењето на граѓаните во Гостивар е алармантна. Над 2.000 граѓани веќе побарале лекарска помош поради симптоми поврзани со загадена вода за пиење. Институциите задоцнија со реакцијата. Епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувна преку ноќ. Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции, кои наместо навремена реакција, дозволија ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Кандидатот на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар потрфли, а од СДС нема барање на одговорност за овој скандал кој ја потресе државата. СДС и Филипче не можат да го вперуваат прстот кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кадарот кој тие со Ахмети и Таравари го промовираа и поддржаа на изборите, потфрли. Но, едно работа е многу важна. Овој случај ќе добие правен епилог, нема да заврши како случајот со Модуларната ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја стабилизира состојбата, да спроведе клучни системски реформи и да реализира значајни инвестиции во културата и туризмот. Во изминативе две години, фокусот беше ставен на воспоставување системски пристап во управувањето со културата и тоа преку стратешко планирање, започнување на законски реформи, финансиска стабилизација и капитални инвестиции. Наследен беше долг од 273 ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари за време на изборната кампања за последните локални избори, барајќи ја довербата, на граѓаните во Гостивар им ветуваа подобар живот и подобри услови. Гостиварчани им ја дадоа довербата, коалицијата СДС-ДУИ-Таравари ја предводи локалната власт, но тоа што им го донесоа е страв и неизвесност по нивно здравје и живот. Подобриот живот и услови за гостиварци станаа најголемата ...

Од Општина Карпош информираат дека инспекциските служби на општината имаат преземено акција за спроведување на двосменски дежурства, во насока на превентивна контрола при одлагање на кабаст и несоодветен отпад во контејнерите на ЈП „Комунална Хигена“. Оваа иницијатива, додаваат од таму, произлезе од координативниот состанок кој претходно го организираше Град Скопје и општините во градот Скопје, каде беше договорено да се организираат вакви ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица и ГП Дојран се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека пак на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема ...

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 14 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 31 до 40 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните делови од земјата, каде температурата може да се искачи до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала ...

Пронајдено превртено возило “мерцедес” на патот ГП Блаце-Скопје, три лица починати На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце-Скопје има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки. Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот и утврдено е дека во возилото има три починати лица ( едно машко и две женски лица). Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Претходно, во ...

Синоќа на 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот ГП Блаце-Скопје има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки. На местото на настанот веднаш биле упатени полициски службеници и утврдено е дека во возилото има три починати лица ( едно машко и две женски лица). Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Претходно, во 13:40 часот во ПС Бит Пззар, државјанин на Косово пријавил дека три лица се ...

Епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувна преку ноќ. Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции, велат од СДСМ. „Она што започна со поединечни случаи, брзо прерасна во стотици заболени дневно, со речиси 2.000 жители кои побараа лекарска помош поради симптоми поврзани со загадена вода за пиење. Институциите уште во раната фаза имале информации и сомнежи за небезбедноста на водата и за невообичаеното зголемување ...

По зголемувањето на бројот на граѓани кои побараа медицинска помош и по прогласувањето на епидемијата во Гостивар од „Вреди“ велат дека со загриженост ја следат состојбата во овој град. „Во овие моменти, најважно е да се заштити здравјето на граѓаните, да се обезбеди безбедна вода за пиење и јавноста навремено и точно да биде информирана за секој понатамошен развој. Ние не останавме со скрстени раце. Преку државните институции, на граѓаните ...

Коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари за време на изборната кампања за последните локални избори, барајќи ја довербата, на граѓаните во Гостивар им ветуваа подобар живот и подобри услови. Гостиварчани им ја дадоа довербата, коалицијата СДС-ДУИ-Таравари ја предводи локалната власт, но тоа што им го донесоа е страв и неизвесност по нивно здравје и живот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, подобриот живот и услови за гостиварци станаа ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица и ГП Дојран се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, додека пак на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска ...

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа ќе има услови за невреме со појава на град. Утринските температури ќе се движат од 14 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 31 до 40 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните и централните делови од земјата, каде температурата ќе се ...

На 19.07.2026 во 17:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во рудник во с.Небрегово, општина Долнени, вработениот К.С.(39) од Турција, при изведување на работни активности изгубил рамнотежа и паднал на мермерна подлога, при што се здобил со тешки теленси повреди. Од екипа на Итна медицинска помош Прилеп, К.С. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп. На ...

Ракометот одамна не е само спорт, туку симбол на македонската упорност, борбеност и гордост. А од денес, покрај играчите, тренерите и навивачите, на таа приказна ѝ се приклучува и еден нов партнер – MAGGI, бренд кој со децении е дел од светските трпези и секојдневни моменти. Денес, на прес-конференцијата во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), беше најавено новото партнерство кое го поврзува вкусот и спортот, кујната и ...

Американската војска ја заврши седмата последователна ноќ на напади врз Иран, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM), наведувајќи дека цел на операциите биле воена логистичка инфраструктура и други воени објекти. Во меѓувреме, иранската војска соопшти дека, како одговор на американските напади, погодила воени цели во Кувајт и Јордан. Според иранската државна телевизија, биле гаѓани кампот Ал-Адири и воздухопловната база Али ал-Салем во ...

Иран се закани дека ќе започне сеопшта офанзива доколку американските напади врз земјата продолжат уште неколку дена, додека САД седма ноќ по ред изведуваат воздушни удари. Воен советник на иранскиот врховен лидер, Мохсен Резаи, изјави дека Техеран ќе премине во фаза на сеопшта офанзива ако американските напади продолжат уште два до три дена. „Иран повеќе нема да се задоволи само со возвраќање на ударите и ниту една граница нема да биде ...

Поморскиот сообраќај низ Ормутскиот Теснец речиси целосно е запрен по обновената размена на напади меѓу САД и Иран, објави компанијата за поморски податоци „Кплер“, пренесе агенцијата „ДПА“. Според „Кплер“, во четвртокот низ теснецот поминале само осум бродови, што е најмал број во последните три недели. Ден претходно биле регистрирани 15 пловила, додека пред две недели низ Ормускиот Теснец минале 48 бродови. Пред почетокот на конфликтот меѓу ...

Откако веста за смртта на легендарниот новозеландски актер Сем Нил беше објавена на почетокот на неделата, неговиот долгогодишен агент Филип Гренц ја откри точната причина за смртта. Како што потврди по разговорот со семејството на актерот, Нил починал од пневмонија во болница во Сиднеј, на 79-годишна возраст. Агентот реагираше откако во јавноста се појавија бројни неточни информации за околностите на неговата смрт, нагласувајќи дека актерот ...

Новиот дигитален граничен систем на Европската Унија (EES) погрешно поврза идентични близнаци, по што Британка беше приведена на границата, бидејќи системот покажа дека не го регистрирала својот излез од Шенген зоната, објави бриселскиот „Политико“. EES, кој требаше да ги замени печатите во пасошите со база на податоци за биометриски информации, почна да се спроведува на 10 април, по години одложувања, а оттогаш патниците се соочуваат со ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42