Поранешниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, оцени дека Украина не треба да дава конкретни ветувања за прием во Европската Унија и предупреди на опасноста од ставање на земјите од Западен Балкан во неповолна положба. „Мораме да се осигураме дека нема јаз во емоционалното доживување на ситуацијата, дека ќе кажеме „да“ за приемот на Украина и дека земјите од Западен Балкан ќе продолжат да бидат предмет на правилата за ...

Додека Светското првенство во Северна Америка се приближува кон крајот, американскиот претседател Доналд Трамп изрази желба Соединетите Американски Држави во блиска иднина повторно да бидат домаќини на Мундијалот. Тој ова го изјави на прием во „Трамп Тауер“ во Њујорк, во пресрет на неделното финале. „Треба повторно да ги изберете Соединетите Американски Држави“, рече Трамп. „Но, овојпат ќе ги изоставиме Канада и Мексико како ко-домаќини.“ САД ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Новиот реформски Изборен законик не се донесе затоа што СДС, Левица и ДУИ бараат алиби на следните избори да се претставуваат како жртви и оштетени партии. Овие три политички партии се здружија за да го блокираат еден од најважните закони од Реформската агенда, поради нивниот страв од изборен пораз, кој е сè поевидентен и поизвесен со оглед на нивните слаби рејтинзи и поддршка од граѓаните. И покрај тоа што, како ...

Соопштение на СДСМ: Христијан Мицкоски со месеци ги навредува граѓаните. Ги нарекува „талог на општеството“, „мекотели“, „коленичари“, “глодари”, „медиокритети“…. Тоа не се обични политички изјави. Тоа е презир кон сопствените граѓани од највисоката државна позиција. Врвот на навредите го достигна со пцуење на пратениците во Собранието. Пратениците се избрани претставници на граѓаните. Кога ги пцуе пратениците, всушност ги навредува и ...

Бројот на ученици и студенти што се сместени во домовите за основното, средното образование и во студентските домови во 2025/2026 година е 5 232, што претставува зголемување за 7.0 % во однос на претходната 2024/2025 година, информира Државен завод за статистика. Во 2025/2026 година во домовите за ученици што посетуваат средни верски училишта се сместени вкупно 88 ученици. Во 2025/2026 година имало вкупно 9 студентски и 19 домови за ученици ...

Градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани, ги повика граѓаните да останат смирени и да ја почитуваат привремената забрана за користење на водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна, нагласувајќи дека мерката е донесена како превенција и за заштита на здравјето на населението. Во објава до јавноста, Лимани посочи дека според редовните анализи на ЈП „Комуналец“, досега испитаните примероци покажувале дека параметрите на водата ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Отворање нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард и креирање подобра бизнис клима за стопанството се едни од главните државни приоритети. Во оваа насока на подобрување на животот на македонските граѓани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи веќе две години по ред и политиките кои ги спроведува даваат резултати. Со цел да се поддржат и помогнат македонските фирми ...

Соопштение на СДСМ: Горивата повторно поскапеа, дизелот за 5,5 денари по литар. Новото поскапување на дизелот неминовно ќе предизвика нов бран поскапувања на храната и основните производи. Транспортот е директно поврзан со цената на горивата, а земјоделството во голема мера зависи од дизелот. Тоа значи дека ќе растат цените во маркетите, на пазарите, на овошјето, зеленчукот и на сите основни прехранбени производи. А пота нема да се вратат ...

Косовскиот државјанин Р.Е. е лишен од слобода, откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно и противзаконски го преминал преминот со автомобил во кој криумчарел дрога, при што го довел во опасност животот на царинскиот службеник кој го запрел за детална контрола. Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, ...

Конфликт на Блискиот Исток – Ден 137. САД извршија нов бран воздушни напади врз Иран, додека Корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека ги таргетирала американските воени бази во Кувајт, Јордан и Бахреин како одмазда. Ноќеска, американската војска започна втор бран напади врз Иран истиот ден, објави Централната команда на Соединетите Американски Држави (ЦЕНТКОМ). „Нападите се насочени кон иранските воени капацитети што се ...

За првпат, Кина ужива поповолен меѓународен имиџ од САД во повеќето земји анкетирани од американскиот истражувачки центар „Пју“. Најголемиот пресврт во корист на Пекинг е забележан токму во европските земји како што се Шпанија, Италија и Грција, како и во Канада и Индонезија. Анкетата, спроведена од февруари до мај меѓу повеќе од 42.000 испитаници во 36 земји, покажа дека во 25 земји повеќе граѓани имаат позитивно мислење за Кина отколку за ...

Земјите од ЕУ не успеаја да постигнат договор за нов пакет санкции против Русија трет ден по ред, со што привремено се продолжува ограничувањето на цената на руската сурова нафта за уште една недела. Амбасадорите ги одложија понатамошните дискусии до 22 јули, и се согласија привремено да го задржат ограничувањето на цената на нафтата на 44,10 долари за барел до 23 јули, потврдија два дипломатски извори од ЕУ. Новиот состанок, свикан од Ирска ...

Европските лидери ги предадоа своите народи, правејќи ги заложници на воено-терористички сојуз, изјави заменик-секретарот на Советот за безбедност на Русија, Јуриј Коков. „Лидерите на европските земји, следејќи ги своите политички амбиции, во суштина ги предадоа своите народи и ги направија заложници на воено-терористички сојуз кој им служи на интересите на транснационалните корпорации во Лондон и Вашингтон“, рече Коков во интервју за руски ...

Седумдесетгодишниот Х.Б. од Нови Пазар трагично го загуби животот на граничниот премин Градина, откако врз него се спуштил камион што се обидувал да го поправи. Несреќата се случила во средата, нешто по 18 часот, по ненадеен технички дефект на возилото, пренесуваат локалните медиуми. Според првичните информации, возачот во текот на возењето забележал проблем со камионот, по што го запрел возилото за да провери за што станува збор. Додека се ...

Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во ...

Прес конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, сметаат дека доколку глумат жртви тоа ќе им донесе политички поен повеќе. Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на опозиционерите, само дијаспората да може да ...

Лето создадено од приказни Од денес, „Матица македонска“ ја почнува летната акција „Со книга на плажа“, годинава под слоганот „Лето создадено од приказни“. Акцијата ќе се одвива во книжарниците на „Матица македонска“ и онлајн, преку „Клуб Матица“, со специјални летни цени за внимателно избран избор на книги. Во годината кога „Матица македонска“ одбележува 35 години постоење, „Со книга на плажа“ е уште една покана до читателите летото да го ...

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор: Со Мицкоски и ВМРО за две години животниот стандард на граѓаните е целосно урнисан. Платите се најниски во Европа – граѓаните осиромашуваат, народот живее многу полошо од пред 2 години. Податоците на УЈП за 2025 година покажуваат дека дури 73% од граѓаните имаат плата под месечниот просек, односно под просечната плата во земјата. Дури половина, 50% од вработените земале ...

До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде утре и во деновите од викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 31 степен. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Прогноза за 18.07.2026 Минимална температура: 13°C до 23°C Максимална температура: 33°C до 39°C Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 13 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 30 до 39 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните делови од земјата. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од ...

Прес конференција на Емилија Ангелова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Образованието повторно е приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. По години на хаос, доцнења и неизвесност, денес системот функционира навремено и во интерес на учениците и наставниците. Втора година по ред, учебниците за сите одделенија ги дочекаа учениците уште на првиот училишен ден. За разлика од претходните седум години, кога имаше учебни години без отпечатени учебници, ...

Мобилен тим од Одделението за оперативни работи спречи обид за криумчарење на две илјади парчиња вијали со медицински раствор „Гадонанс“, кои косовски државјанин, возач на товарно моторно возило, сакал да ги криумчари криејќи ги во кабината на возилото. Со оваа акција Царинската управа јасно ги покажува своите напори кон заштита на здравјето на граѓаните, спречувајќи небезбедни медицински препарати да стигнат до нив. Вијалите се запленети, а ...

Соопштение на Левица: Со истекот на рокот за донесување на новиот Изборен законик, власта повторно ја убедува јавноста дека Македонија изгубила околу 4 милиони евра европски средства поради Левица. Но, целосно се премолчува една многу поважна последица од пропаѓањето на реформата. Со тоа што останува во сила постојниот Изборен законик, повторно останува и системот на платено политичко рекламирање, преку кој најголемите политички партии ќе ...

На 15.07.2026 во 15:20 часот во с. Форино, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода, лице (38) и лице (43), двајцата од с.Семениште, општина Сарај. При преглед во патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое се наоѓале лицата, пронајдена е кеса со бела прашкаста материја. Возилото е одземено, а по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. На 15.07.2026 во 15:20 часот ...

На 15.07.2026 околу 22:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на ул. „Јадранска магистрала“ во Скопје, го лишија од слобода косовскиот државјанин Р.Е. (24). Претходно, на Граничниот премин Блаце, додека царински службеник вршел преглед на неговото патничко возило „бмв“ со косовски регистарски ознаки, Р.Е. го стартувал возилото, го оттурнал и го влечел неколку метри царинскиот службеник со возилото, ...

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвиненија против вкупно шест лица за повеќе дејствија на продолжени кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, Злоупотреба на лични податоци од член 149 и Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик. Против вкупно 33 лица е поднесен Предлог за издавање казнен налог до надлежен суд за кривично дело – Компјутерска измама од член 251-б став 1 во ...

Невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер има северно од Штип, Гостивар и Македонски Брод! Правецот на движење е од север кон југ. Претходно, беше објавено за во планинските предели северозападно од Скопје проследена со пороен дожд и грмежи! Нестабилност има и во Полошкиот регион, Овче Поле и западно од Струга. Невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер има северно од Штип, Гостивар и Македонски Брод! Правецот ...

Санацијата на свлечиштето на патот за “Tефериџ” во Кисела Вода го презема Министерството и очекувам следната недела да распишеме тендер за санација и стабилизација, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. “ Toa e еден голем, исклучително сериозен проблем, имајќи предвид дека се работи за сериозно свлечиште. Гледате дека со автопатите, особено на Охрид – Кичево, стекнавме едно такво искуство. ...

Прес конференција на Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Во тек е јавниот повик на Владата за „Поддршка за креирање на нови работни места“, кој е насочен кон македонските компании кои сакаат да го прошират и развијат бизнисот, преку отворање нови работни места. Првата подмерка од овој повик е „Вработување и раст на правни субјекти“ преку која финансиски ќе се поддржат компании за вработување на вкупно 1385 лица со по 160.000 до 250.000 ...

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор: Има ли поголем доказ за она што СДСМ го говори со месеци за смислената партизација, за постепено, чекор по чекор преземање контрола од страна на власта. Има ли поголем доказ зошто не се спроведувата реформи во правосудството? Се потврди сѐ. Зад игрите со предметот „Талир 2“ стои сценарио за да се спречи конфискацијата на криминално стекнатиот имот на ВМРО и ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Калај

46.54