Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
По иницијатива на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата, денеска започна надзорната расправа за примената на Законот за употреба на македонскиот јазик, со цел да се утврдат причините за неговото нефункционирање и институционалните пропусти во неговата имплементација. Пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната прес-конференција посочи дека иницијативата беше поднесена уште на 23 март, но поради одолговлекување од ...
Соопштение на СДСМ: Мицкоски го најави денешното поскапување на горивата, ама не најави никакви мерки со кои ќе ги заштити граѓаните од новиот ценовен удар. Исто како што кажа дека има пазари и компании кои работат со „повисоки маржи“, но рече дека „имињата засега нема да ги открие“. Тоа се тие се двајца Мицкоски – едниот признава дека има проблем, другиот со лаги и манипулации се обидува да дефокусира од проблемот. Додека граѓаните живеат ...
– Ми претставува голема чест и задоволство што денеска можеме да отпочнеме еден проект којшто со децении, би рекол, беше најавуван. А за мене како претседател на Владата претставува големо задоволство што наскоро на целата територија на државата ќе се развиваат 6 автопатски делници. Покрај оваа, којашто треба да го поврзе главниот град со границата со Косово, односно Блаце, тука се и делницата којашто треба да ги поврзе Тетово и Гостивар, ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Апасиев повторно го погази зборот, алчни само за пари Левица го блокираат Изборниот законик. Левица и Димитар Апасиев докажаа дека нивните зборови не вредат ништо кога ќе дојде време да се преземе одговорност. Иако со консенсуз од сите политички партии беше прифатено она што Димитар Апасиев и Левица го бараа, а тоа е повеќе пари за финансирање на кампањата од Буџетот, квази левичарите денес тој договор го ...
Предложениот ребаланс на Буџетот е признание дека Владата потфрли во планирањето и повторно ги товари граѓаните со поголем дефицит, нови задолжувања и неизвесност, обвини пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет. „Овој ребаланс ја открива главната слабост, Владата сака да ја задржи реториката на стабилност, но бара инструмент на нестабилност. Поголем дефицит. Не може истовремено да ...
По завршувањето на координацијата со координаторите на пратеничките групи, претседателот на Собранието, Африм Гаши, одржа неформален брифинг со претставниците на медиумите, на кој ги информираше за планираните активности на Собранието во текот на месец јули. Во своето обраќање, претседателот Гаши информираше дека амандманската расправа по Предлогот за ребаланс на Буџетот ќе започне на 8 јули. Поднесени се вкупно 224 амандмани. Посочи дека на ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ: Мицкоски и ВМРО немаат намера да се откажат од обидите за манипулација и злоупотреби со над 200.000 гласови од дијаспората. Откако сфати дека не може да го протнешверцерскиот начин за електронско гласање на дијаспората без никака контрола, сега се обидува со некакво гласање по пошта. И повторно без никаква контрола и гаранција за почитување на слободната волја ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Врвен приоритет на владата на ВМРО ДПМНЕ се младите за кои се создаваат услови да ја градат својата иднина дома. Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво -ИНОВА воспоставуваат стратешка соработка која ќе донесе нов пристап во развојот на општините преку активното учество на младите. Во текот на август и септември започнува програмата „Месеци на ...
На 05.07.2026 околу 08:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на општинскиот пат од с.Радуша кон с.Дворце, на местото викано „Сува река“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(20) од с.Дворце, скопско, велосипед управуван од К.Ш.(68) од Скопје и велосипед управуван од А.Г.(61) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Ш., констатирани во ...
На 05.07.2026 година во 23:35 часот во СВР Тетово, С.А. (41) и неговиот брат А.С. (42), двајцата од село Пршовце, пријавиле дека околу 21:00 часот додека С.А. престојувал во угостителски објект, телефонски му се јавило лицето Д.И. и му побарало пари во износ од 100.000 евра упатувајќи му закани. Потоа, С.А. и пријавениот се сретнале на улица „120“ пред маркет, каде Д.И. дошол со мотор и започнал со вербална расправија и закани. По кратка ...
Прес конференција на Конески од ВМРО ДПМНЕ: Програмата „Месеци на практикантство“ ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети. Преку оваа програма студентите ќе добијат можност своето академско знаење да го применат во пракса, работејќи директно во општините. Со реализацијата на овие активности спроведуваме една од мерките предвидени во Стратегијата за регионален развој на Република Македонија ...
На 05.07.2026 година во 09:45 часот во Тетово, на улица „Илинденска“, полициски службеници од СВР Тетово при вршење на сообраќајна контрола запреле патничко моторно возило „Ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од лице (26) од село Брвеница. По извршеното алкотестирање, кај лицето било констатирано присуство на 1.68 промили алкохол во крвта. Во 10:00 часот лицето е лишено од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од ...
На 05.07.2026 година во 21:24 часот, во СВР Тетово, од Клиничка болница Тетово пријавиле дека за укажување лекарска помош биле донесени две лица повредени во сообраќајна незгода. Полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово извршиле проверки и утврдиле дека на патот кај село Лисец, четирицикл управуван од Ф.М. (20) од село Пирок, на кој сопатник бил неговиот соселанец А.Х. (19), излетал од коловозот. Во ...
Во масивен руски напад со проектили и дронови врз Киев и неговата околина синоќа загинаа најмалку осум лица, а 34 беа повредени. Нападот се случи само неколку часа откако претседателот Володимир Зеленски предупреди дека е неизбежен уште еден голем напад врз главниот град, објавува „Киев Индепендент“. Последици од нападот во Киев и неговата околина Според официјалните извештаи, најмалку седум лица се убиени во самиот Киев, а 24 се повредени. ...
Украинските војници го нападнаа рускиот град Јарослав синоќа, наводно целејќи ја рафинеријата за нафта во градот, објавија руските канали на Телеграм. Локалните жители објавија фотографии и видеа на социјалните мрежи, наводно прикажувајќи чад како се издига над рафинеријата, објави „Киев Индепендент“. Обемот на штетата сè уште не е познат. Иако не беше веднаш јасно какво оружје е употребено, украинските сили обично користат дронови со долг ...
Супертајфунот Бави ги погоди Маријанските Острови, стратешки одбранбен центар на САД во западниот Тихи Океан, погодувајќи ги Гуам, Тиниан и Сајпан и удирајќи ја Рота со „катастрофално деструктивни“ ветрови, соопшти американската метеоролошка служба. Жителите беа предупредени да побараат засолниште од бурата од категорија 5 што го погоди архипелагот 2.400 километри источно од Филипините и 6.116 километри западно од Хаваи, кој вклучува две ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Турција за време на самитот на НАТО, за да се обиде уште еднаш да се заложи за прекин на војната во Украина, изјави денес висок американски функционер. Се очекува Трамп да пристигне на самитот утре. Неговиот прв состанок ќе биде со домаќинот на самитот, турскиот претседател Таип Ердоган. Трамп, исто така, ќе се сретне со сирискиот претседател ...
Најмалку шест лица, меѓу кои пет деца, загинаа вчера откако неколку згради се урнаа во источните предградија на Мумбаи поради обилни дождови, предизвикувајќи прекини во сообраќајот и принудувајќи затворање на училиштата во градот. Пет деца и една жена загинаа при уривањето на неколку високи згради во источен Мумбаи, соопштија градските власти. Дождовите предизвикаа лизгање на земјиштето што го затвори автопатот Мумбаи-Пуна, предизвикувајќи ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека некои христијански села во јужен Либан побарале припојување со Израел за да се заштитат од милитантите на Хезболах. Тврдењето, кое веднаш беше демантирано од локалните либански претставници, дојде во време на војната што ја зафати земјата од 2 март. „Христијанските села во Либан, некои од нив навистина побараа припојување со Израел затоа што ги заштитуваме од Хезболах, од фанатиците на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја нападна италијанската премиерка Џорџа Мелони на социјалните мрежи објавувајќи ја нејзината фотографија со коментар дека „е неопходна забрана за пристап“. За време на состанокот на Г7 во француската бања Евиан во јуни, Трамп и Мелони беа фотографирани како разговараат, но по тој разговор Трамп во интервју за „ТВ Ла 7“ рече дека премиерката на Италија го замолила да се фотографира. „Ме замоли ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави на вонредниот самит на лидерите на Европската Унија во Брисел дека Европа повеќе не може да смета на враќање на стариот модел на односи со Соединетите Американски Држави, пишува „Волстрит џурнал“, осврнувајќи се на учесниците на состанокот и нивните високи соработници. Според американскиот весник, во јануари, во атмосфера на продлабочување на недовербата меѓу Брисел и Вашингтон, Макрон оценил дека ...
Британскиот министер за одбрана, Ден Џарвис, го посети Исланд во услови на „растечки руски закани“, додека НАТО за прв пат спроведува операции за воздушна одбрана од европски носач на авиони. Џарвис ги посети британските сили на бродот „Prince of Wales“ на Кралската морнарица. Бродот е распореден во близина на Исланд под команда на НАТО, а авионите Ф-35 за прв пат спроведуваат операции за воздушна одбрана од носачот. Министерството за одбрана ...
Шумски пожари беснеат низ јужна Европа, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат од своите домови и поттикнувајќи ги службениците да им забранат на гледачите пристап до етапата од познатата велосипедска трка Тур де Франс. Стотици пожарникари се борат со пожарите што уништија повеќе од 19.000 хектари земја низ Португалија, Шпанија, Франција и Грција. Температурите повторно се зголемуваат, а се предвидува дека ќе достигнат 40 степени ...
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, од денеска ги продолжува своите редовни работни активности и обврски. – И во периодот на неговото отсуство, Општина Карпош функционираше организирано, професионално и непречено, согласно воспоставените процедури, надлежности и редовната динамика на општинската администрација. Тековните проекти, услугите кон граѓаните и секојдневните активности на општинските служби се реализираа ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги ...
Вчера (05.07.2026), полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во содејство со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад и инспектори од Капетанија на пристаништа Охрид, реализираа координирани акциски контроли кон пловните објекти во водите на Охридското Езеро. Мерките беа преземени согласно одредбите од Законот за внатрешна пловидба, при што е извршена контрола на вкупно 63 ...
Делегацијата на Собранието во состав: Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ, Никола Мицевски и Бобан Карапејовски, членови на Делегацијата, учествува на 33. Годишна сесија на ПС на ОБСЕ, што се одржува од 4 до 8 јули 2026 година во Хаг, Холандија. Главна тема за дискусија на Годишната сесија, на која учествуваат повеќе од 250 парламентарци од земјите учеснички во ОБСЕ, е: „Меѓународното право и заедничките ...
На 05.07.2026 година во 13:20 часот во Тетово, на улица „Илинденска“, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 16 годишен малолетник од Тетово, поради сомневање за претходно пријавени кривични дела „Кражби“ и ,,Тешки кражби“ извршени во текот на изминатиот месец во црквата во с.Брвеница и во неколку џамии во градското тетовско подрачје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 05.07.2026 година ...
На 04.07.2026 во 15:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода лице (21) од Скопје. Истиот ден во 13:20 часот, жена од Скопје пријави дека на 03.07.2026 на подрачјето на Шуто Оризари, приведениот се обидел да изврши обљуба врз нејзината 16-годишна ќерка, а пред шест месеци, пријавениот извршил обљуба врз малолетничката, а негов пријател снимал со мобилен телефон. По целосно документирање на случајот, ќе ...
На 04.07.2026 полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена наредба од Основен суд Гостивар, извршија претрес во објект на С.Б. (63) во с. Здуње, гостиварско. При претресот, во дворот е пронајдена кеса со околу 116 грама хашиш. С.Б. е лишен од слобода и по целосно документирање на ...