Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, се наведува во соопштението од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до15 степени. Во Скопје претежно облачно со повремени ...

Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржи в недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори. Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кој ќе трае до завршувањето на изборите. Од понеделник 20 октомври ќе почне кампања за оние ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Вашингтон. Висока украинска делегација веќе е во Вашингтон за да го подготви теренот за средбата на Зеленски со претседателот на САД, Доналд Трамп, која е закажана за утре. Нивното пристигнување следеше по низа состаноци во последните денови, а тоа се случува во време кога Трамп најавува и разговори меѓу американски и руски советници следната недела. Шефот на претседателскиот кабинет Андриј ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва ќе се сретне со своите најблиски советници за да разговараат за можните одговори на она што израелските власти го нарекуваат прекршување на договорот за примирје од страна на Хамас, со оглед на тоа што групата сè уште не ги вратила телата на 19 заложници, изјави владин извор. Хамас тврди дека досега ги предал сите тела што можел да ги најде, но висок израелски функционер рече дека Израел не го ...

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вечерва се сретна со граѓаните на Шуто Оризари, каде што порача дека оваа општина е симбол на различност, но и на заедништво и солидарност. ,,Без разлика на вера, пол или националност сите сме еднакви и мора во овој град да има можности подеднакво за сите”. порача Шукова Таа нагласи дека визијата „Скопје за сите“ значи град без поделби и нееднаквости: „Сакаме Скопје во кое нема ...

Кога ќе кажат „се гледаме“, тие навистина мислат така. Со нив нема непредвидливи откажувања, ниту заборавени средби – тие доаѓаат точно на време, подготвени и со искрена намера да го испочитуваат договорот. Овие хороскопски знаци не знаат поинаку – нивниот збор е закон, а договорот – светиња. Бик Бикот е синоним за сигурност и стабилност. Кога нешто ќе ветат, можете мирно да се опуштите – тоа ќе биде исполнето. Кај нив нема празни зборови или ...

Жената која помина часови со Кејт Мидлтон откри што се случува кога принцезата не е набљудувана Кралската коментаторка Кејти Николс, која помина часови со Кејт Мидлтон откри што се случува кога принцезата не е набљудувана Новинарите кои го следат кралското семејство поминуваат многу време на јавни настани со нив, а еден коментатор, кој напиша биографија за идната кралица, забележал нешто интересно во однесувањето на принцот Вилијам и неговата ...

Американскиот претседател Доналд Трамп попладнево објави дека го завршил телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, на кој, меѓу другото, се разговарало за состанок меѓу двајцата претседатели во Будимпешта, Унгарија каде би се дискутирале можностите за крај на војната меѓу Русија и Украина. -Се согласивме дека следната недела ќе има состанок на нашите советници на високо ниво. Првичните состаноци на Соединетите Американски ...

Доналд Трамп се закани дека САД ќе „убијат“ членови на Хамас ако групата продолжи да убива цивили во Газа, објави американскиот претседател на социјалната мрежа „Truth Social“. -Ако Хамас продолжи да убива луѓе во Газа, што не беше дел од договорот, нема да имаме друг избор освен да влеземе и да ги убиеме, напиша Трамп. Пораката доаѓа по извештаите за судири меѓу борците на Хамас и милициите во Газа откако израелските сили делумно се повлекоа, и ...

Италија наскоро ќе има своја кибер армија, изјави италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето, цитиран од италијанските медиуми. -Италија ќе има кибер армија за да го брани својот суверенитет во дигиталната сфера на исто ниво со копното, морето, воздухот и вселената, рече Кросето во видео обраќање емитувано на технолошки настан. „Мора да се создаде почетна структура што може да смета на 1.200-1.500 лица, од кои повеќето ќе бидат оперативни, ...

Рускиот претседател Владимир Путин го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во денешниот телефонски разговор дека испраќањето крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина ќе го загрози мировниот процес и ќе им наштети на односите меѓу САД и Русија. Кремљ ја потврди веста во официјално соопштение. Според Кремљ, Путин изразил загриженост за можноста напредното американско оружје во рацете на украинските сили да доведе до понатамошна ...

Прекини на електричната енергија се воведени низ цела Украина втор ден по ред поради штети предизвикани од руските напади врз инфраструктурата на земјата, соопшти вечерва операторот на електричната мрежа. „Поради тешката ситуација за енергетскиот систем, воведени се итни прекини на електричната енергија во сите региони на Украина“, соопшти Укренерго преку Телеграм. Ограничувања на потрошувачката на енергија за индустриските потрошувачи веќе се ...

Поранешниот албански претседател и лидер на опозициската, Партија на слободата, Илир Мета, останува во затворски притвор, откако денеска Врховниот суд го отфрли барањето за изрекување поблаги мерки. Ова не е првпат Мета да бара поблаги мерки, но сите судски инстанци, вклучително, сега и Врховниот суд, ги отфрлија барањата. Тој има поднесено жалба и до Уставниот суд за поблага мерка за безбедност и наводите за прекршувања на законот во процесот ...

Црвените пиперки извезени во Хрватска кај кои беше утврдено присуство на пестицидот метомил не се вратени во Македонија, а дали се македонски оставам да проверат службите, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Трипуновски е дециден дека нашите фитосанитарни служби заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), прават контроли во текот на целата година. Државата, како што напомена, има ...

„После година и пол од Владата на ВМРО–ДПМНЕ, граѓаните не видоа ниту една реформа, а немаат и ниту еден конкретен бенефит“, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во „Тема на денот“, на телевизија Сител. „Што видовме, која реформа е направена? Каков бенефит видоа граѓаните од било што од оваа влада -нема една работа“, рече Филипче. Тој нагласи дека ВМРО‑ДПМНЕ нема политики ...

„На овие избори изберете пред сè луѓе кои сакате да ве претставуваат. Изберете ги оние кои се докажани, чесни, кои ќе го исполнат ветеното и кои ќе ви служат пред сè вам, граѓаните,“ порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, од трибината во Бутел. Тој истакна дека најголемата сила на СДСМ на овие избори се луѓето што ги предлага, кандидати и кандидатки со интегритет и кредибилитет. „Јас знам дека Оливера за Бутел и Каја за Скопје се ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во „Тема на денот“, на телевизија Сител, посочи дека инструментите за ресет на било кој систем се во рацете на владата и на премиерот, а премиерот Мицкоски ништо нема да направено по тој основ. „Што направи премиерот за да го направи така наречениот ресет и што за него подразбира ресет во системот. Како и во секоја сфера? Има и чесни ...

Деновиве во организација на ЗСРРК МРЕНА Крива Паланка а по повод празникот на градот на езерото Гого Монд се одржа традиционалниот Куп натпревар во риболов на пливка за 2025 година. На истиот покрај екипи од нашата држава учество зедоа и натпреварувачи од соседните земји. Во екипно натпреварување првото место го освои екипата на Оскар од Кавадарци, втора беше екипата на Мрена – ветерани,а трето место го зазема екипата на Кркушка од Велес. Ова ...

Британските гранични службеници првпат се распоредени на територијата на Балканот во рамки на нова иницијатива за разбивање на криминалните мрежи кои криумчарат мигранти кон Велика Британија, објави Гардијан. Службениците од Обединетото Кралство ќе работат заедно со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс), со цел да развијат нови модели на соработка и да идентификуваат и уапсат лица вклучени во криумчарење на мигранти по ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ од Чучер Сандево испрати порака дека на изборите се враќа силата на народот, преку одлука која гарантира напредок и сигурна иднина, се враќа и СДСМ. „Ситно броиме до нова победа во Чучер Сандево! За три дена, обединети во борбата за нашиот дом, во надежта за подобра иднина и љубовта кон татковината да испратиме јасна порака: Се враќа силата на народот, ...

„Граѓаните пред 4 години поверуваа во лажниот маркетинг за подобар живот. Очекуваа подобар живот, а добија влада што живее во луксуз и во лажен маркетинг, далеку од народот. “, рече вечерва од Чучер Сандево претседателот на СДСМ Венко Филипче. Тој на граѓанската трибина „Се боиме за нашиот дом“ рече дека наместо граѓаните да имаат повисоки плати и повеќе удобности тие бројат денови до следната плата. „Пензионерите ги излажаа со формули и ...

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вечерва одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека Скопје мора да се гради со дела, а не со празни зборови. „Вечерва не сум тука само како кандидатка за градоначалничка на Скопје. Тука сум, пред сè, како човек што верува во овој град и во луѓето што го прават Бутел дом,“ изјави Шукова. Таа се осврна на реалните проблеми со кои се соочува општината запуштеното корито на ...

„Во недела излезете масовно на гласање и осигурајте се дека иднината на општините, на државата, е сигурна, со луѓето што работат чесно, се грижат за секого и градат за сите и во секое населено место“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од трибината во општина Чучер Сандево. Тој истакна дека борбата на СДСМ е многу повеќе од политичка, тоа е борба за достоинство, правда и за враќање на државата во рацете на народот. „Тоа што вечерва сме ...

Две руски ракети утрово погодија полигон за обука во Украина, предизвикувајќи жртви, соопшти Јужната оперативна команда на украинските сили. Точната локација и бројот на жртви сè уште не се објавени, објавуваат украинските медиуми. Командата соопшти дека базата се наоѓала „во задниот и релативно мирен дел“ на Украина. Потврди дека, и покрај преземените мерки на претпазливост, жртвите не можеле целосно да се избегнат. -Поради непријателскиот ...

Американските сенатори работат на забрзување на процесот на гласање за нов пакет санкции против Русија, додека се чекаат детали од разговорите меѓу американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин. Водечкиот републиканец во Сенатот, Џон Тун, им рече на новинарите дека „дојде време“ да се гласа за законот на кој се работи веќе некое време. „Мислам дека времето е вистинско… мора да се движиме“, рече Тун. Тој додаде дека некои ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната меѓу Русија и Украина „сериозно го задушува“ европскиот економски развој, но дека ако војната заврши, економскиот раст во Европа би можел да се тројно зголеми за „многу кратко време“. Тој нагласи дека украинскиот отпор на фронтот е „херојски успех“, но дека Украина сè уште губи територија и нејзината економија зависи од европската помош. Орбан тврди дека Европа носи голем товар за финансирање ...

Околу 13,7 милиони луѓе во земји, вклучувајќи ги Авганистан, ДР Конго, Хаити, Сомалија, Јужен Судан и Судан, се соочуваат со сериозен глад, предупреди Светската програма за храна (ВФП) на Обединетите нации, велејќи дека намалувањата на меѓународната хуманитарна помош сериозно ја компромитирале способноста на агенцијата да одговори на растечките потреби. Според извештајот на ВФП, остриот пад на финансирањето од донаторите би можел да турне ...

Турција ќе се придружи на потрагата по тела закопани под урнатините во Појасот Газа, испраќајќи тим експерти, соопштија денеска извори од Министерството за одбрана. Пребарувањето го спроведуваат спасувачите на АФАД, турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби. „Тимот на АФАД ќе биде задолжен за потрага по тела“, изјави турски функционер. Тој рече дека 81 член на АФАД веќе се во Газа под координација на Министерството за ...

Албанскиот премиер Еди Рама остро реагираше на изјавата на движењето „Самоопределување“, на Албум Курти, по најавата за протестот што ќе се одржи утре во Тирана, во поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово, кои се во Хаг. Движењето му порачало на Рама дека треба да реагира и да го крене гласот во повисоките тела како што се Советот на Европа и ОН за ова прашање, наместо да организира протести во Тирана. Во својата ...

Законот, кој им овозможува на работодавците да воведат 13-часовен работен ден, поголем од сегашните осум, има за цел да го направи пазарот на трудот пофлексибилен и поефикасен, соопшти владата на Грција Грчкиот парламент усвои закон со кој им се дозволува на работодавците од приватниот сектор да го продолжат работното време, и покрај протестите на работниците кои веќе се борат да се справат со високите трошоци за живот. Законот, кој им ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Белград

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
82%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
0.51
88%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
0.0
93%
1031
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.65
80%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.41
97%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
0.89
83%
1029
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1029
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1029
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.68
87%
1028
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
1.34
97%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Сребро

2128.87

Алуминиум

2.90

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Цинк

3.03

Паладиум

52470.02

Бакар

10.93

Калај

42.35

Платина

61733.50

Родиум

258009.74

Злато

139470.53