
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Пејачката Анастасија Ражнатовиќ изненади со нова комбинација на облека – цветен фустан и чанта вредна 2.500 евра, а целиот стајлинг особено го воодушеви нејзиниот сопруг Немања Гудељ. Пејачката Анастасија Ражнатовиќ е позната по вниманието што го посветува на модните комбинации. Овој пат таа блесна во летен стил во боја на јоргован за време на вечерно излегување, кое го сподели на Инстаграм и ги воодушеви сите свои следбеници. Анастасија избра ...
Директорот на „Гранд“ продукција, Горан Шљивиќ, им се заблагодари на жирито на „Звездите на Гранд“, а потоа истакна дека нè очекува силна сезона со нови музички таленти. Смртта на Саша Поповиќ емотивно го погоди целиот регион, особено оние вработени во продукцијата, но тој остави зад себе добро координиран тим луѓе. Горан Шљивиќ сега откри каква иднина го очекува „Гранд“. – Сè во Гранд функционира совршено, таму се сериозни професионалци, тоа е ...
Властите на Сардинија го затворија воздушниот простор над градот Олбија поради голем пожар што избувна во близина на аеродромот „Олбија Коста Смералда“. И покрај тоа, аеродромот остана отворен, а многу авиони полетаа дури и по избувнувањето на пожарот, бидејќи вонредната состојба ја се однесува само внатрешноста, односно подрачјето каде што слетуваат авионите. Компанијата „Геасар“, која управува со аеродромот, наведува дека дојдовните летови се ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека би бил задоволен доколку Италија инвестира во одбраната на неговата земја од Русија, додавајќи дека фокусот на Киев во моментов е на набавка на системи за противвоздушна одбрана (ПВО) и дронови. Тој ѝ се заблагодари на италијанската премиерка Џорџа Мелони за организирањето на Конференцијата за обнова и реконструкција на Украина во Рим, истакнувајќи дека „заедно ја зајакнуваме ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата и институциите на Република Северна Македонија од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, дадени во текот на денешното гостување во утринската програма на телевизијата БТВ. Како што соопшти МНРиНТ, во врска со ова, Министерството денеска го ...
За снимката со врзано дете во струмичко Ново Село, јавен обвинител од ОЈО Струмица нареди отворање истражна постапка против таткото на девојчето за кривично дело-Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, соопштија од Обвинителството. Оттаму додаваат дека детето, преку Центарот за социјални работи, е сместено во згрижувачко семејство, а за осомничениот ќе бидат предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на ...
На граничниот премин Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти попладнево Автомото сојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Активни се девет пожари на отворен простор заклучно со 18:30 часот, од вкупно 29 во текот на денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се четири пожари, а 16 се изгаснати. ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Чучер Сандево помеѓу с.Блаце и с.Горњани, м.в.Рамна шума каде гори шумски пожар, во Општина Прилеп кај с.Бешиште, м.в.Бешишки Рид приземен во мешана шума, во Општина Македонски Брод помеѓу ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку својот Фејсбук профил информира дека денеска во текот на попладневните часови, дел од граѓаните добиле СМС порака со содржината: „Ве известуваме дека има прогласена кризна состојба во врска со пожарите и ве информираме дека на сила е забрана за движење во шумите“. Посочуваат дека ова е тест порака со цел да се проверат можностите за праќање вакви масовни пораки, кои во иднина треба да бидат дел од ...
Кого лаже Пецаков – четири години ВМРО ДПМНЕ нема направено ништо за заштита на Охрид Кого лаже Пецаков? Вистината не може да се сокрие, четири години како локална власт ВМРО ДПМНЕ и Пецаков не направија ништо за заштита на Охрид, туку напротив. Во време на СДСМ беше донесен Планот за управување, Стратегијата за рехабилитација, а Комисијата за управување со светското наследство, која постоеше само на хартија од 2012, започна со работа дури во ...
Европската комисија во извештајот за состојбата со владеење на правото во нашата земја констатира напредок во истрагите и поднесените обвиненија за кривични дела од областа на корупцијата, додавајќи дека долгите судски постапки и недоволните ресурси го отежнуваат гонењето на висока корупција. Во извештајот, како што соопшти Јавното обвинителство, се нагласува упатството за давање приоритет на предметите од областа на корупцијата што го донесе ...
На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е забележан црн дим (чад), при што затекнати се две лица кои имаа запалено кабли во близина на сува трева и ѓубре (дива депонија). Со брза реакција пожарот е спречен да се прошири и истиот е изгаснат. Утврдено е дека станува збор за лицето И.Б.(39) од Куманово и А.Б.(31). ...
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција најави дека СДСМ и коалицијата ќе ги повлечат сите преостанати амандмани на предложениот ребаланс на буџетот и ќе поднесат два нови – целосно насочени кон справување со последиците од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани и тековните пожари низ државата. „Прво, еден комисиски амандман, ќе побараме Комисијата за финансирани буџет да го прифати, ...
Уште една шанса за корекција доби Охрид и регионот од Унеско. Комитетот одлучи на оваа сесија да не го премести на листата наследства во опасност со задача до властите до февруари да достават нов извештај со напредок во исполнување на препораките. Министерот за култура Љутков вели идниот период ќе се работи многу поинтензивно на зачувување на светското природно и културно наследство. Оваа одлука е политичка, сметаат дел од екологистите кои и ...
Електричните приклучоци и прекинувачи често се занемаруваат при чистењето на домот, иако со текот на времето можат да пожолтат и да акумулираат нечистотија. Важно е внимателно да се пристапи кон нивно чистење за да се избегнат безбедносни ризици. Во ова упатство, ќе презентираме безбедни и ефикасни методи за чистење на жолти и валкани електрични приклучоци, користејќи едноставни состојки за домаќинството. Прво: Безбедноста е на прво место Пред ...
Во првите шест месеци од оваа година, бројот на нелегални влегувања или обиди за влез во земјите од Европската Унија се намали за една петтина во споредба со истиот период минатата година, а најголем пад на бројот на нелегални миграции кон ЕУ е забележан на рутата на Западен Балкан, објави денеска Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс). Според прелиминарните податоци од Фронтекс, вкупниот број на нелегални влегувања преку ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање упати остра критика до актуелната Влада поради неспособноста за справување со пожарите, посочувајќи дека институциите ниту превентивно дејствуваат, ниту соодветно реагираат. „Мислам дека не се справуваат никако. Еве, навлегуваат во некои тези дека станува збор за смислена акција за подметнување на пожари, што укажува на тоа дека двојно не се ...
Со предлог Законот за внатрешни работи не нудиме козметички измени ниту пак крпење на дупки, туку имаме единствена цел да изградиме функционален, ефикасен и фер систем. Со овој закон ги поставуваме новите темели на кадровската и организациска структура на Министерството, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој денеска пред пратениците од Комисијата за одбрана и безбедност образложувајќи го Предлог законот за внатрешни работи ...
Тоа е како кога глушецот го задева лавот, вака денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја квалификува изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев дека е „северномакедонски премиер“. Мицкоски порача на Георгиев да не му се обрнува внимание зашто „одработува“ и зашто тој што го раководи во позадина му дал задача „да се закача“. – Тоа момче е пратено да привлече мое внимание. Мислам дека не треба да му дадеме ...
Вчера беа изгаснати 66 пожари на отворено, а во моментов во земјава активни се пет пожари и пет пожари се ставени под контрола, изјави на прес – конференција Стојанче Ангелов, раководител на националниот Штаб за цивилна заштита и директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Во изјава за медиумите, Ангелов истакна дека дел од пожарите се подметнати и поднесени се прекршочни пријави. – Имаме сериозни индиции и основано сомнение дека дел од ...
Министерството за внатрешни работи интензивно продолжува со процесите на дигитализација и со тоа приближување на своите услуги до граѓаните. Од денес на националниот портал uslugi.gov.mk достапна електронски е една од најбараните услуги на граѓаните на шалтерите на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење. Граѓаните можат да ја пронајдат услугата директно на следниот линк: ...
Денеска СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.Ч.(57) од село Ново Село, општина Ново Село, поради постоење на сомневање за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201а од КЗ. На 08.07.2025 во дворното место од куќата на пријавениот во село Ново Село, тој насилно се однесувал кон неговата 11- годишна ќерка, која живеела со пријавениот, кој по разводот со неговата сопруга, односно со ...
По 14 години работа на Балканот, се гаси регионалниот телевизиски проект „Ал Џезира Балканс“, потврди сараевскиот портал Кликс. Станува збор за филијала на катарскиот медиумски концерн чие седиште е во Сараево од 2011 година. „Ал Џезира Балканс“ го покриваше регионалниот пазар со канцеларии во Белград, Загреб, Подгорица, Скопјe, Љубљана и Приштина. Телевизијата беше препознатлива по своите документарни емисии, а емитуваше програма на јазик кој ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Париз на денешната расправа донесе одлука да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност. Охрид и државата добија уште една година да исполнат низа задолженија и да постапат по препораките нотирани во претходните извештаи на Реактивните мониторинг мисии, за што ќе треба до УНЕСКО да достават извештај до 1 февруари наредната година. ...
Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, поведе итна постапка против две лица – маж и жена за кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Постапката е поведена бидејќи двајцата физички нападнале екипа – новинар и снимател на ТВ Алсат М и ги спречиле во извршување на нивните службени задачи, односно да ...
Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција, соопшти денеска СВР Куманово. Оттаму информираат дека полициските службеници го пронашле починатото лице е вчера, а бил извршен увид и од јавен обвините. Полицијата информираше и за две пријави за пожари во кумановско, во село Четирце кој настанал во 14.49 часот, при што биле зафатени стрништа, необработени ниви, поголема површина со лозови ...
За жал пожарите на депониите, а особено на дивите депонии, каде што не го знаете ниту составот на отпадот на материјалот, којшто е депониран, се многу опасни, бидејќи емитираат состојки, кои во кратко време се со високи концентрации на многу токсични компоненти и се шират во близината на местото, каде што настанал пожарот и тоа е една од причините, коишто дополнително го загадува воздухот. Ова е ставот на ректорот на Универзитетот „Гоце ...
По преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ наследи стабилна и јасна позиција во евроинтегративниот процес со загарантиран македонски јазик во Европската Унија и јасен пат за напредок, посочи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги оствари ниту едно од ветувањата за подобра преговарачка позиција. „Ветуваа и лажеа дека можат подобро. Дека ...
„Она што е прво и најважно да се каже е дека извештајот не е извештај за постоењето на македонската нација, македонскиот јазик или македонскиот идентитет. Македонскиот јазик и идентитет се јасно дефинирани и заштитени. Никој не може да ги допре или да им наштети. На македонски се преведува во ЕУ, на македонски се потпишуваат договорите меѓу ЕУ и Северна Македонија, на македонски се говори во Унијата. Ова го гарантира Преговарачката рамка,“ рече ...
Филипче ја осуди изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи кој го нарече Мицкоски „северномакедонски“ премиер, истакнувајќи дека такви изјави не се во духот на демократијата и добрососедството. „Ја осудувам изјавата, затоа што сметам дека не е во духот на демократските вредности, не е во духот на цивилизациските вредности, ако сакате. Не може ниту еден политичар од Бугарија да ги навредува нашите институции. И тоа воопшто не е во ...