
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Граѓаните на Крива Паланка се заложници на едно семејство несовесни одгледувачи на добиток, лица кои се претставуваат како „чесни земјоделци“, а во позадина вршат тортура и на животните и на населението. И сето тоа од лична, материјална корист, изјави градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски на денешната прес-конференција, одржана по вчерашното појавување на семејството одгледувачи на една од националните телевизии. -Лицата се ...
Нејасно е како Владата еднострано одлучи да се изземе од трипартитниот социјален дијалог. Загрижува што не оставија во арената да се тепаме со работодавачите, знаејќи од претходно дека едниот ќе биде победник. Капиталот е далеку помоќен од работниците кога седиме на маса, нивната одлука тежи далеку повеќе од одлуката на работниците. Но, за да го вратиме балансот, излегуваме на улица, а тоа значи дека доаѓаме со капитал на маса колку капиталот на ...
Во Штип се одвива голема акција на Шумската полиција против дивата сеча, објави на својот Фејсбук профил, заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој напиша дека акцијата се спроведува од раните утрински часови. -Со акцијата лично раководеше Митко Костадиновски, началникот на Шумската полиција на Македонија. Во оваа акција учествуваа шумски полицајци од ШПС Гевгелија, ШПС Валандово, ШПС Велес и ШПС Радовиш. Во акцијата на лице ...
Агенцијата Франс прес оценува дека во Србија расте тензијата пред новиот протест кој во сабота може да донесе десетици илјади демонстранти во Белград, кои српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвинува однапред дека подготвуваат насилство, повикувајќи ги своите приврзаници да излезат на улица. Полицијата, која досега беше дискретна или отсутна од протестните маршеви, сега е видлива, со шлемови и опрема за да ги разбие демонстрациите, кои, ...
Истакнатиот хрватски адвокат Анте Нобило, член на тимот на одбраната на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во судскиот процес против него во Сараево „поради непочитување на одлуката на Кристијан Шмит“, најави дека ќе поднесе жалба на пресудата од 26 февруари иако судот во БиХ е прогласена за ненадлежен на територијата на Република Српска. Нобило во изјава за Фена објасни дека, имајќи предвид дека Судот на Босна и Херцеговина донел ...
Еврокомесарката за проширување и соседска политика, Марта Кос, денеска престојува во Албанија, што е нејзина прва посета на оваа земја по изборот на функцијата, а покрај средбите ќе присуствува и на конференцијата за проширување на Европската унија што ќе се одржи на Европскиот Колеџ. По средбта со премиерот Еди Рама одржаа заедничка прес-конференција на која порача дека патувањето на земјата кон ЕУ, е сигурно и вистинито и оти Албанија ...
Папата Франциск одбележува 12 години како водач на 1,4 милијарди католици во светот, во услови на сè попозитивна медицинска прогноза по четири недели негово болничко лекување поради пневмонија на двете белодробни крила. Папата, кој беше примен во римската болница „Агостино Џемели“ на 14 февруари, помина уште една мирна ноќ, објави Ватикан во денешното кусо соопштение. Рендгенската снимка на градниот кош потврди подобрувања, соопшти вчера ...
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, СДСМ денеска објавува нов скандал поврзан со тендерските мрежи на ДПМНЕ поткрепен со докази и факти. Граѓаните ќе сведочат на уште еден случај, како омилените фирми на власта добиваат милионски суми преку тендерите и колку е проширена пајажината од овие мрежи низ општините и институциите. Шемата е идентична. Една иста фирма, во општините кои ги водат градоначалниците на ДПМНЕ но и во институциите добиваат ...
ДПМНЕ подобро е да молчи кога станува збор за Пуцко Петров и за Ратко Капушевски. Јавноста знае дека тоа е бизнис изроден во времето кога ДПМНЕ и ДУИ беа коалиција. СДСМ веќе и соопшти дека институциите и општините кои се раководени од ДПМНЕ имаат склучено 170 договори токму со Пуцко Петров, ова се тие документи. За тоа одговор треба да даде ДПМНЕ. СДСМ секако дека ја поддржува истрагата и очекува целосно расветлување на случајот но ДПМНЕ треба ...
Со жалење констатираме дека нашиот сосед повторно се обидува одговорноста за неисполнувањето на нивните меѓународните обврски да ја префрли врз нашата држава, нагласува македонското Министерствот за надворешни работи во одговорот на вчерашната реакција на бугарското МНР за изјави на премиерот Христијан Мицкоски. – Истакнуваме дека почитувањето и спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) не се билатерални прашања, туку ...
Многу внимателно ги следиме процедурите во Собранието и изјавите во врска изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет, посочи денеска амбасадорката на САД Анџела Агелер во Центарот за обука на МВР во Идризово на свеченоста по повод предавање на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на директори на полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ). Во одговор на новинарско прашање во врска со тоа како ги коментира ...
Основниот Кривичен суд Скопје го осуди на доживотен затвор Елвин Куртовиќ, по признание на вина за убиството позади трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје на 20 август минатата година. Судијката Моника Бахчовановска, пред објавата на пресудата прочита вештачење од психијатар на обвинетиот, во кое се оценува дека е психички здрава личност со нормална интелигенција. – Вештачењето покажува дека од увидот во казнената евиденција од 16 години е ...
Владата на ДПМНЕ за само девет месеци предизвика економска катастрофа и сериозно влошување на условите за живот. По 9 месеци власт и расипничкото владеење на Мицкоски и ДПМНЕ, контекстот во кој живееме е контекст во кој цените растат со галопирачка брзина, а власта не покажува волја да им помогне на граѓаните. И додека за народот стана луксуз да јаде леб и сирење, Мицковски и свитата во владата јадат егзотично овошје и скапи морски плодови. Ама ...
Јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги отфрлаат сите информации што кружат во јавноста за наводни притисоци врз нив во врска со предметите по кои постапуваат и јавно ги осудуваат ваквите изјави што задираат во нивниот интегритет, се вели во реакција објавена од Службата за односи со јавноста на Јавно обвинителство на Република Северна Македонија. -Во досегашното работење на сите ...
Светскиот рекет број 3, Карлос Алкараз, откри како сака да го поминува времето надвор од теренот во Индијан Велс, САД. – Ми се допаѓа овде затоа што имам можност да поминувам време со тимот, со моето семејство, а исто така да трошам време на себе. Сакам да играм голф, овде е рај за овој спорт. Се обидувам да најдам време да играм голф за да си ја разбистрам главата. Многу ми помага да играм добар тенис, изјави Алкараз за „Tennis.com“. Во ...
Адвокатот на Џеј Зи, Алекс Спиро проговори за последната тужба на американскиот рапер. Пред една недела Џеј Зи поднесе противтужба кон неименувана жена која претходно го обвини дека ја силувал. – Вистината мораше да излезе целосно во јавноста. Оваа личност не може да се крие од реалноста, бидејќи тоа обвинение е лажно, истакна Спиро во интервју. На 4 март, Шон Кори Картер, со уметничко име Џеј Зи, ја тужеше жената која го обвини дека, заедно со ...
Има зборови со коишто родителите навистина може да му наштетат на детето, или – на односот со децата. Но, има и зборови што може да ублажат одредена состојба, на пр. нешто што го загрижува детето во мигот, или нешто што треба да го смири за да може понатаму да зборува за тоа. „Методот 1-2-3“ за воспитување, според порталот „Сајколоџи тудеј“ (Psychology Today), е особено делотворен за „непослушните деца“, т.е. за оние нетрпеливите. Психологот ...
Украинскиот експерт за меѓународни односи Максим Камењецки вели дека прекинот на огнот во Украина ќе биде постигнат, но верува дека тоа нема да биде толку брзо. Тој појасни и зошто рускиот претседател Владимир Путин е во војничка униформа. -Дефинитивно ќе има 30-дневен прекин на огнот, но прашањето е кога? Мислам дека нема да биде брзо, со оглед на тоа што руската страна најверојатно ќе постави услови кои се неприфатливи за украинската страна. ...
Извршниот директор на германскиот производител на оружје Рајнметал, Армин Папергер, изјави дека компанијата е преоптоварена со нарачки за оружје, толку многу што итно треба да го прошири својот капацитет. На годишното генерално собрание на групацијата Рајнметал, Папергер рече дека нарачките доаѓаат од сите страни и дека „тој никогаш не доживеал вакво нешто во неговите 35 години во Рајнметал“, објави денеска Дојче веле. Само за време на ...
Поголемиот дел од Американците веруваат дека претседателот Доналд Трамп е премногу „нечесен“ во неговите обиди да ја разниша американската економија, покажа новата анкета на Ројтерс/Ипсос. Анкетата опфати 1.422 возрасни лица низ САД и имаше маргина на грешка за сите испитаници од три процентни поени. Околу 57 отсто од испитаниците, вклучително и секој трет републиканец, сметаат дека потезите на Трамп за економијата се премногу нестабилни. ...
Општинската организација на Црвен крст Велес веќе неколку недели во своите простории обучува 15 граѓани кои се на различна возраст и постари од 18 години, кои ја сочинуваат новата група која ја следи обуката за личен асистент за издавање на услуги на лица со попречености како што се придружба до училиште, до работно место, помош во домот и други потреби. Нив ги обучува тим од лекар, медицинска сестра, специјален едукатор или дефектолог и ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го обжали решението за куќен притвор за Асмир Јахоски во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. -Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го разгледа Решението со кое не се прифати предлогот на Обвинителството за определување на мерка притвор и на осомничен му беше определена мерка куќен притвор и мерка на претпазливост ...
44 години постоење на Специјалната антитерористичка единица Тигар: Непрекинат напредок и успех во гарантирањето на безбедноста и редот во нашата земја. Специјалната антитерористичка единица Тигар е симбол на професионализам, обученост и одлучност, подготвени секојдневно да се соочат со најголемите предизвици во борбата против тероризмот и криминалот. Низ овие четири децении, САЕ Тигар не само што ја зацврсти својата позиција како клучен елемент ...
„Спејс-Икс“ во последен миг го откажа лансирањето на ракетата за замена на посадата на Меѓународната вселенска станица, што требаше да го почне и долгоочекуваното враќање на американските астронаути Буч Вилмор и Сани Вилијамс. Вилмор и Вилијамс се заглавени на МВС девет месеци по пристигнувањето со нефункционалниот „Боинг Старлајнер“. Воздухоплловно-вселенската компанија „Спејс-Икс“ вчера го откажа летот поради технички дефект и проблеми со ...
Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да ја објави пресудата за убиството позади трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје на 20 август минатата година. Основното јавно обвинителство Скопје во декември минатата година поднесе Обвинителен акт против едно лице за убиство, убиство во обид и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи. Како што соопшти ОЈО Скопје, обвинетиот, на 20 август, позади ...
Во контејнер со банани, со потекло од Еквадор и крајна дестинација атинското пристаниште Пиреас, со помош на куче душкач, биле откриени и запленети 54 килограми кокаин во рамки на заедничката акција на инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција и од Секторот за борба против финансиски криминал, јави дописничката на МИА од Атина. Поконкретно, како што соопштија од Независната управа за јавни приходи, при рендгенски преглед на ...
Германскиот победнички конзервативен блок денеска треба да ги започне коалициските разговори со централно-левичарските социјалдемократи (СПД) на канцеларот во заминување Олаф Шолц, во обид да ја формираат следната германска Влада, јави ДПА. Откако обезбедија јасна победа на парламентарните избори во февруари Демохристијанската унија (ЦДУ) и нивната баварска сестринска партија Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) во прелиминарните разговори со ...
Марк Карни утре ќе положи заклетва како следен канадски премиер, одбележувајќи го последниот ден на Џастин Трудо на власт по повеќе од девет години. Генералната гувернерка, Мери Сајмон, утре претпладне, во 11 часот, ќе ја води церемонијата на полагање заклетва на Карни и неговите министри, се наведува во соопштението од нејзиниот кабинет. Карни, поранешен банкар кој ја водеше Централната банка на Канада и Обединетото Кралство, во неделата беше ...
Рускиот претседател Владимир Путин вчера го посети западниот руски регион Курск за првпат откако украинските сили зазедоа дел од територијата во регионот. Путин, облечен во воена униформа, го посети контролниот центар во областа Курск што го користат руските сили, објави руската државна телевизија. – За волја на вистината, во најкус можен рок треба конечно да го победиме непријателот кој е вкоренет во Курската област и се уште спроведува ...
Веројатниот нов премиер на данската автономна област Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, ја отфрли идејата на американскиот претседател Доналд Трамп за американско преземање на огромниот остров во Арктичкиот круг, велејќи дека Гренланѓаните треба да одлучат за нивната иднина. Гренланд сака да се отцепи од Данска, но победниците на изборите, Демократската партија, сакаат тоа да се случи полека и постепено. Демократит, партија наклонета на бизнис ...