
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Американскиот претседател Доналд Трамп беше критикуван од водечките американски муслимански граѓански организации за користење на терминот „Палестинец“ како навреда на лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Чак Шумер, велејќи му дека „повеќе не е Евреин, туку Палестинец“. „Употребата на терминот ‘Палестинец’ како расна навреда е под достоинството на канцеларијата на Трамп. Тој треба да им се извини на Палестинците и на американскиот ...
Народното собрание на Република Српска синоќа усвои предлог-одлука за пристапување кон усвојување нов Устав на Република Српска, јави РТРС. За одлуката гласаа 50 пратеници, седум беа против, а двајца пратеници беа воздржани. Претседателот на Собранието на РС, Ненад Стевандиќ, најави дека денеска во 10 часот ќе започне следната, 20-та посебна седница на Собранието и предложи на дневен ред по итна постапка, да се најдат Нацрт Уставот, како и ...
Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика САД да пренесат нуклеарно оружје на полска територија како средство за одвраќање од идна руска агресија, објави утрово Фајненшл тајмс. Дуда изјави дека неодамна разговарал за оваа можност со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог. -Границите на НАТО се поместија на исток во 1999 година, така што 26 години подоцна инфраструктурата на НАТО треба да ...
Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица – ТИГАР. Делегации на Владата и МВР ќе положат цвеќе и ќе оддадат почит на спомен плочата на загинатите припадници на „САЕ- ТИГАР“. На 13 март 1981 година по првпат во Министерството за внатрешни работи беше формирана во рамките на тогашниот републички секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија Единицата за специјални ...
Во Домот на АРМ денеска ќе биде организирана трибина „Пет години членство на Република Северна Македонија во НАТО: Постигнувања, перспективи и предизвици“. Организатори се Дипломатскиот клуб – Скопје и Здружението на ветераните и резервистите од областа на одбраната и безбедноста. Планирани се две сесии во рамки на трибината. Според најавата, во првата сесија поздравни обраќања ќе имаат Јован Теговски, претседател на Дипломатскиот клуб – Скопје, ...
Морална одговорност и напуштање на позициите очекува премиерот Христијан Мицкоски од петмината членови на Судскиот Совет, на кои им беше изгласана недоверба во Собранието. Заменик министерот за правда Ален Деребан, пак, го повика Судскиот совет итно да закаже седница и да расправа за заклучоците на Собранието, а членовите опфатени со интерпелациите да си поднесат оставки. Собранието на седницата во вторникот изгласа недоверба на петмината ...
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата. На дневен ред се утврдување предлог – одлуки за именување на претседател и членови на Државната комисија за жалби по јавни набавки, за разрешување на членовите на Агенцијата за пошти, за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Предлог за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија и утврдување Предлог – ...
Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет за судир на интереси, непотизам и корупција во врска со тендерите во Министерството на Стефан Андоновски. Првиот чекор на ДКСК е во вистинска насока, но сега е потребна завршница на предметот и вклучување на Јавното обвинителство. Правда мора да има! Доказите се кристално јасни: фирмата на сопругот на Клинчарова, која е Државен секретар во министерството на Андоновски, добила два ...
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово 15 l/m2, а најмалку 1 литар на метар квадратен во Претор, Струмица, Гевгелија, Берово, Тополчани. Според УХМР, 14 l/m2 наврнале во Лазарополе, 13 Маврови Анови, 11 Крушево, 10 Крива Паланка, Тетово, Пожаране, 8 Скопје-Петрове, Попова Шапка, 5 Велес, 4 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, и 2 во Битола, Штип и Виница. Времето денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. ...
Подобро е ДПМНЕ да молчи и да не го повикува СДСМ за било што поврзано со Пуцко Петрол и Ратко Капушевски, бизнис изроден како резултат на коалицијата ДПМНЕ и ДУИ. Капушевски е долгогодишен поддржувач и „дете на Груевски“, ДПМНЕ точно знае дека за овој случај е одговорен човек кој излегол од нивните структури. Пуцко Петрол е компанија која израсна во времето на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ и е главен бизнис партнер на сите градоначачници на ДПМНЕ ама и ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни претпладне во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 л/м2), силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ...
Пред Меѓународниот ден на жените, „Внимание“ ги праша студентките: „Ќе правите ли фризура, ќе одите ли во кафана за 8-ми март, или пак на протест?“ Ги прашавме и студентите: „Дали ќе купувате цвеќе и бајадера за 8-ми март?“ – „Не, мислам дека не треба веќе цвеќе и бајадера да се купува, треба да се излезе на протест и да се поддржат женски права“, вели еден студент. На прашањето дали ќе се приклучат на најавениот протест, дел од студентките ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе одговорат на реципрочните царини што денеска ги воведе Европската Унија за американскиот челик и алуминиум. – Имаме огромен трговски дефицит со многу земји, но ќе го изедначиме тоа, изјави Трамп на средбата со ирскиот премиер Мајкл Мартин во Белата куќа, пренесе Скај Њуз. Трамп ја обвини Ирска дека со нејзината даночна политика привлекува фармацевтски и други компании од САД. – Имаме ...
Барањата за одземање на замрзнатите руски средства во Европска Унија се разгледуваат со меѓународните партнери, Европска комисија останува отворена за тоа, сè додека постојат правни можности, изјави еврокомесарот за земјоделство Кристоф Хансен. Тој, во дебатата во Европски парламент во Стразбур, наведе дека во ЕУ има 210 милијарди евра замрзнати руски средства, при што дел и припаѓа на руската држава, а остатокот е приватна сопственост. Хасен ...
Власта не прави никакви реформи, тоа што се случуваше во Собранието со интерпелацијата на дел од Судскиот совет за СДСМ и за целата демократска јавност претставува упад во правната држава и комплетно кршење на Уставот, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска во вестите на Сител. Каранфилова Пановска нагласи дека ваквата постапка на извршната власт и на владеачкото мнозинство во Собранието, не претставува ништо друго, ...
Капетанот на товарниот брод „Солонг“, кој во понеделникот наутро се судри со американскиот танкер „Стена Имакјулет“ во Северното Море, е уапсен, потврди сопственикот на бродот. Поморската и крајбрежна агенција на Велика Британија (MCA) соопшти дека пожарите на „Солонг“ значително се намалиле,јави ДПА. Компанијата „Ернст Рус“, сопственик на товарниот брод, изјави дека капетанот е руски државјанин. Вчера, полицијата во Хамберсајд го уапси ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, пред средбата со ирскиот премиер во Белата куќа, рече дека САД добиле „некои позитивни пораки“ за прекин на огнот со Украина, по вчерашните разговори во Саудиска Арабија. – Се надевам дека ќе постигнеме прекин на огнот, им рече Трамп на новинарите, додавајќи дека „сега зависи од Русија“. – Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов, додаде американскиот претседател. – Можеме да извршиме притисок врз ...
Министерот за финансии Петрит Малај попладнево преку објава на социјалните мрежи соопшти дека со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е потпишан договор за долгорочен заем во вредност од 45,7 милиони евра, со многу поволни услови. Договорот го потпишаа потпретседателот на ЕБОР Матео Патроне, кој престојуваше во Тирана и директорката на електродистрибуција, Енеа Каракачи, во рамките на Проектот за одржливост на компанијата. „Наша цел е да ...
Забрана за палење на земјоделски култури и стрништа во цела Грција било одлучено на вонредниот состанок во Министерството за климатски кризи и цивилна заштита, поради зголемениот број пожари во изминатите денови, а само вчера биле регистрирани над 70, главно предизвикани од палење на остатоци од културите, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството соопштија дека забраната за палење, како и соодветните казни веќе се во сила, а мерката ...
Мицкоски и Таравари беа фатени во обид за сериозен криминал со паркингот на Клиничкиот центар, рече на прес-конференција Симона Цветаноски членка на ИО на СДСМ. Под притисок на СДСМ, на јавноста тие се повлекоа, Таравари најави дека ќе го поништи спорниот тендер со албанската компанија Ѓока констракшн. Но, јавноста и граѓаните веќе знаат дека постои основано сомнение целиот дил бил предвреме договорен и затоа мора да има одговорност. ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по информациите што се пренесуваат во одредени медиуми, ја информира јавноста дека за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино со сомнителен квалитет, Основниот кривичен суд Скопје ги достави решенијата на судијата на претходна постапка со кои за четворица осомничени е прифатен предлогот на обвинителството и им е определена мерка притвор. За едно лице осомничено за кривично дело ...
Корисниците од делови од улиците „Богомилски поход“, „Благоја Мучето“, „Тодор Чангов“ и „Ѓорѓе Андреевиќ Кун“ во Општина Аеродром утре од 8 до 15 часот ќе немаат струја поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа. Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека утре од 8:30 до 14 часот без електрична енергија ќе останат и корисниците од дел од ул. „Беласица“ и дел од ул. ...
Познатиот американски глумец Роберт Редфорд по шест години ѝ се врати на глумата, со помала улога во ТВ-серијата „Мрачни ветришпта“ (Dark Winds). Легендарниот актер е и извршен продуцент на проектот, заедно со Џорџ Р.Р. Мартин. Редфорд (денес 88-годишен) и Мартин глумат затвореници кои играат шах, покрај главниот лик – навахо полицаецот Џо Лифорн (Зан Мекларнон), кој немаше ништо друго освен пофалби за нив. – Роберт и Џорџ се прекрасни човечки ...
Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии за руски, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. – Нема да признаеме ниту една од териториите окупирани од Русија. Тоа е факт. Нашиот народ се бореше за ова, нашите херои ги дадоа своите животи. Толку луѓе беа повредени, толку многу страдања издржавме. Затоа никој нема да заборави. Кога велам дека никој нема да заборави, тоа се нашите основни црвени линии, посочи ...
Канада од утре воведува царини на одредени американски производи, како одговор на „неоправданите и неразумните“ царини воведени од американскиот претседател Доналд Трамп на челикот и алуминиумот. – Царини од 25 отсто ќе бидат воведени за американски увоз во висина од 29,8 милијарди канадски долари, изјави канадскиот министер за финансии Доминик Лебланк. Тоа посебно се однесува на компјутерите, спортската опрема и производите од леано железо. ...
Температурите во Турција за време на викендот ќе достигнат до 30 степени, а следната недела зимата ќе се врати во многу делови од земјата, пренесе турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк, повикувајќи се на Метеоролошката служба. Во меѓувреме, пустинската прашина од Сахара ќе покрие многу области во земјата. Пустинска прашина покри делови од метрополата Истанбул, а во текот на викендот се очекува пустинска прашина да има и над главниот град Анкара, ...
Грчката полиција разбила две криминални групи во Солун и Атина, кои на бензински пумпи инсталирале специјален софтвер со кој се точела помала количина на гориво, со што краделе бензин од граѓаните и дополнително го продавале, а според медиумите во Грција, уапсени се над 55 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду за телевизијата „Опен“ рече дека во предметите за двете криминални организации ...
На стартот на бербата пролетната зелка во струмичко се откупува за рекордни 60 до 65 денари за килограм. Толку висока откупна цена на почетокот на откупот не паметат ниту трговците, ниту производителите. Според нив, тоа се должи на зголемената побарувачка, но и немањето доволни количини пролетна зелка во соседните земји. Според трговецот Блажо Витанов од компанијата „Империјал фруит“, ваквите високи откупни цени се должат на зголемената ...
Оваа влада има пари за луксуз, за привилегии, за богатите, но не и за народот. Работниците, кои се темелот на секое општество, се нападнати затоа што бараат само едно – фер и достојна плата. ВМРО-ДПМНЕ отворено застана против работниците, правејќи сè за да ги замолчи оние кои бараат подобар живот. Наместо да ги зголеми платите, оваа власт води валкана кампања, со лаги и притисоци, за да ги уништи сите организации кои се независни и го креваат ...
Во текот на сведочењето Велибор Манев, обвинет за убиство на Вања и Панче, денеска пред Судот изјави дека претрпел тортура при испитувањето од службените лица. Тој истакна дека рекол оти Палевски и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, се слушнале, само за да престанат да вршат тортура врз него, дополнувајќи дека Ѓорчевски е трето лице кое воопшто не било вмешано во случајот. -За во Скопје за да почнам да зборувам побарав адвокат, тие не сакаа ...