
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Американската војска мора да работи на обезбедување опции за да се осигура дека САД имаат целосен пристап до Панамскиот канал, потврдија двајца американски претставници. Според нив, Белата куќа и наредила на американската војска да развие опции за зголемување на присуството на американските сили во Панама. Американскиот претседател Доналд Трамп постојано изјавува дека сака да го „врати“ Панамскиот канал, кој се наоѓа на најтесниот дел меѓу ...
Првото појавување на поранешниот филипински претседател Родриго Дутерте пред Меѓународниот кривичен суд (МКС) за да одговара за наводните злосторства за време на неговата „војна против дрогата“ е закажано за денеска. -Судскиот совет смета дека е соодветно првото појавување на Дутерте да се одржи в петок во 14 часот, се вели во соопштението на МКС со седиште во Хаг. Дутерте во средата беше предаден на МКС, откако беше издаден налог за негово ...
Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) ги повика „сите кои на кој било начин се вклучени во актуелните настани во Србија“ да ги прекинат поделбите и да иницираат братски дијалог. -Црквата ги повикува сите оние кои на кој било начин се вклучени во актуелните настани, да размислат за сопствените гревови и да ги покажат плодовите на покајанието за време на Велигденскиот пост, време на покајание и простување, за секој од нас ...
Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, денеска изјави дека би бил шокиран доколку претседателот Доналд Трамп поддржи распоредување нуклеарно оружје понатаму на истокот на Европа. Британските медиуми пренесуваат дека Венс одговараше за барањето на полскиот претседател Анджеј Дуда, САД да го префрлат нуклеарното оружје на полска територија како дел од стратегијата за одвраќање од потенцијални идни руски напади. -Не сум разговарал со ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во интервју за подкастот на Доналд Трамп помладиот изјави дека Србија е земја која доживеа голем економски развој во последните години, држава со независен и суверен пристап кон меѓународната политика, но и земја која се соочува со протести и во која е во тек обид за „обоена револуција“ со многу пари вложени однадвор. Во интервјуто за подкастот „Triggered“ на платформата „Rumble“, чиј автор е синот на ...
Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во денешниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста од брзо завршување на војната во Украина и изрази подготвеност да придонесе за нормализирање на односите меѓу Русија и САД, соопшти Кремљ. Бин Салман ја истакна важноста од наскоро склучување договор за прекин на огнот во Украина, а Путин ги пофали посредничките напори на Ријад, каде минатиот месец се одржаа ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со тарифи од 200 отсто за алкохолот од земјите од Европската унија (ЕУ) доколку не ја укинат „царината од 50 отсто за вискито“. Ако не биде укината „веднаш“, додаде тој, контратарифата ќе биде насочена кон сите вина, шампањи и алкохолни производи кои доаѓаат од Франција и другите земји на ЕУ. -Тоа ќе биде одлично за работните места за производство на вино и шампањ во САД, рече американскиот ...
Амбасадата на САД во Белград издаде безбедносно предупредување за американските граѓани во врска со утрешниот протест на кој може да се соберат стотици илјади луѓе во Белград и ги повика да избегнуваат толпи и места за масовни собири, пренесе Н1. „Во Белград се очекуваат големи протестни акции со вкупен број учесници кој може да достигне стотици илјади. Протестите би можеле да се прошират во поголем дел од центарот на Белград, особено во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ја гледа Турција како партнер во безбедносните гаранции за Украина и додаде дека Киев е подготвен да го ратификува договорот за слободна трговија меѓу двете земји. Тој вчера во Киев се сретна со турскиот министер за одбрана Омер Болат и министерот за земјоделство Ибрахим Јумакли и со нив разговараше за билатералните односи, соработката во производството на беспилотни летала, како и ...
Постојаните претставници на владите на земјите членки на ЕУ во Брисел до доцна синоќа не успеаја да постигнат компромис за ново шестмесечно продолжување на пакетот санкции воведени поради руската агресија врз Украина. Доколку договорот за продолжување на санкциите кон Русија не биде постигнат во следново деноноќие, тие ќе престанат да важат утре вечер на полноќ. Според најавите од Советот на ЕУ, амбасадорите на земјите членки ќе се сретна одново ...
Повеќе од половина од Американците, вклучително и секој четврти републиканец, веруваат дека претседателот Доналд Трамп е „премногу блиску“ до Русија бидејќи радикално ја менува надворешната политика на САД, покажува новата анкета на Ројтерс/Ипсос, пренесе БТА. Истражувањето, завршено во средата, исто така покажа дека експанзионистичката агенда на Трамп, која говореше за стекнување на Гренланд, Канада и Панамскиот канал, не добива силна поддршка. ...
Економско-социјалниот совет до крајот на месецов треба да одржи седница на која би се разговарало за минималната плата и за колку таа би била зголемена. Според законското решение, зголемувањето би било околу 1.800 денари, а Сојузот на синдикати бара зголемување за 6.000 денари со оглед на трошоците на живот, а придонесите за разликата до 30.000 денари, колку што би изнесувала минималната плата, една година да ги субвенционира Владата. Од Владата ...
Темата на годинашниов „Ring the Bell for Gender Equality“, односно „Заѕвони го ѕвончето за родова еднаквост“ беше „Поддршка за правата на жените, еднаквост и инклузија“, а овој пат ѕвончето го заѕвонија неизвршните членови на Одборот на директори на Берзата Ивана Гажиќ од Загребска берза и Нина Неданоска од Шпаркасе Банка АД Скопје, заедно со Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза. Симболиката на ѕвонење на берзанското ѕвоно ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени. Според ...
СДСМ јавно прашува: До кога Јавното обвинителство ќе молчи за тендерските шеми и скандали на ДПМНЕ? Случаите со милионските зделки на општините и институциите под нивна контрола, како и договорите склучени само со едни исти омилени форми, кои најчесто ги добиваат тендерите и се јавуваат како единствени понудувачи е основен сомнеж за корупција. СДСМ објави документи и факти дека една фирма, преку неколку општини и институции во последните 3 ...
Здружението на инженери на Република Македонија упати претставка до Регулаторната комисија за енергетика со барање за измена на Правилата за снабдување со електрична енергија со конкретни решенија за До: Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад Врз основа на член 3 и 4, а во врска со член 2 од Законот за постапување по претставки и предлози („Службен весник на РМ“ 6р. 82/08) ја поднесуваме ...
Мицкоски не може да избега од оговорноста за високите сметки за струја кои се покачени и до 30%. Високите сметки за струјата не се поради лошото читање на броилата туку поради лошото менаџирање од страна на владата. Тоа е клучниот проблем, неспособноста на власта која купува скапа струја на пазарот затоа што нема доволно домашно производство, а тоа го плаќаат граѓаните. Минатата година околу 240 000 мегават часови помалку нашиот домашен систем а ...
Без разлика дали уживате во филм дома, се дружите со пријателите или во кино, ретко кој може да одолее на мирисот на свежо испуканите пуканки. Иако на почетокот не изгледа логично, пуканките всушност се богати со хранливи материи, а во зависност од тоа како се приготвуваат, можат да бидат здрава ужина во текот на денот. Прашање кое често се поставува е – дали пуканките дебелеат и дали можат да бидат дел од здрава исхрана? Пченката е, по ...
Слободан Боба Живојиновиќ, сопруг на пејачката Лепа Брена, беше сослушан во Третото основно јавно обвинителство и му беше одземен телефонот. – Во врска со измамата поврзана со купопродажба на пловен објект – јахта од марката „Першинг 54“, за што е оштетено правното лице „Харвинтер д.о.о“ поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство во Белград по трет основ, јавниот обвинител во истражната постапка ги испрашал осомничените С.Ж. , Н.Р. и А.П. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека рускиот претседател Владимир Путин дал „многу ветувачка изјава, но не целосна“ и нагласи дека е подготвен да разговара со него за да обезбеди прекин на огнот во Украина. – Се надевам дека Русија ќе го направи вистинскиот чекор, потенцираше Трамп на заедничката прес конференцијата со генералниот секретар на НАТО Марк Руте во Белата куќа. – Ќе обезбедиме Русија да не ги нападне сојузниците на САД, ...
Европската Унија со внимание ги проследи резултатите од анкетата која покажа зголемен интерес на канадските граѓани за пристапување кон ЕУ, но нагласи дека тоа е невозможно. Истражувањето на агенцијата Abacus Data, спроведено кон крајот на февруари, откри дека 44 отсто од испитаниците во Канада сметаат дека нивната земја треба да стане членка на ЕУ, додека 34 проценти се против. Порталот „Политико“ објави дека резултатите ја изненадиле ...
Рускиот претседател Владимир Путин вечерва ќе одржи средба во затворен формат со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп – Стив Виткоф. Ова го соопшти советникот на Путин, Јуриј Ушаков, во изјава за весникот Известија, пренесува ТАСС. Авионoт со американскиот претставник пристигна на московскиот аеродром „Внуково 2“ денеска околу 12:30 часот по локално време. .Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објави дека ...
Бугарскиот Уставен суд го прогласи за незаконски изборот на 16 народни пратеници. Одлуката на судот е објавена на веб-страницата на институцијата, јави БТА. Со оваа одлука, незаконски е прогласен изборот на Павлин Јотов, Александар Ненков, Теменужка Петкова и Никола Џамбазов (ГЕРБ-СДС), при што Џамбазов беше избран на местото на Петкова за времето додека таа ја извршува функцијата министер. Судот го прогласи за незаконски и изборот на Ивајло ...
Русија значително го прошири списокот на претставници и институции од Европската Унија на кои им е забранет влез во земјата, како одговор на 16-от пакет санкции воведен од ЕУ, соопшти руското Министерство за надворешни работи. „Како одговор на овие непријателски дејства, руската страна значително го прошири списокот на претставници на европските институции и земјите-членки на ЕУ, на кои, согласно законот ‘За редот на излегување и влегување во ...
Справувањето со здравствените и економските последици од употребата на тутунот, е навистина голем предизвик за сите земји од регионот, вклучително и во мојата земја, во која има поразителни статистики и во однос на процентот на корисници на тутунот, и на бројот на загубени живот како последица на оваа зависност, како и штетите на годишно ниво кои се изразени во милијарди денари, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на ...
Граѓаните цреши и банани не јадат (рече лапаат) овде во Карпош. Имаат ум. Кој зборува за згради. Зборуваме за суспензија на зградите. Јас за тоа зборувам. Зборувам да им се реши проблемот. Бидејќи не сте ме виделе, изгледа не одиме на исти места, ама ќе треба да одите за избори, тешко дека ќе ве примат, порача советникот од СДСМ Владимир Бислимовски. Оние, онде, одзади, се ваши членови. Чекаат легализација за којашто не гласате, да им се решат ...
Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија Томас Вајц во пишана изјава до медиумите реагираше на, како што се посочува, „притисокот на владината коалиција членовите на Судскиот совет да поднесат оставки или да бидат разрешени поради нивната наводна политичка припадност“. -Овој повик од страна на Владата е загрижувачки знак за политичко мешање во судството. Независноста на судскиот систем е клучна за владеењето на правото и ...
Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж од Скопје пријавил дека неговата 15 – годишна ќерка подолго од една година била во врска со лицето Ј.„Н“, кој без нејзино знаење снимил видео материјал од нивен полов однос. Според пријавеното, откако таа го известила дека сака да ја прекине врската, лицето ѝ упатувало закани и ја уценувало да не ја прекинува врската доколку сака видеото да не го објави на социјални мрежи. Се преземаат мерки за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја нападна Европската унија откако Брисел донесе одлука да воведе 50% царина на американскиот виски. Според Трамп, оваа мерка е уште еден доказ дека глобалните трговски односи се неправедни кон САД, а Вашингтон е на губитничка страна. „САД немаат слободна трговија. Имаме ‘глупава трговија’. Целиот свет нè ограбува!“ – напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“, нагласувајќи дека американската ...
Просечните цени на земјоделските производи во Европската унија (ЕУ) се зголемени за 2,2 отсто во четвртиот квартал од 2024 година во однос на истиот период од 2023 година, објави Евростат. Спротивно на тоа, просечната цена на услугите и стоките што се користат во производството, како што се енергијата, ѓубривата или добиточната храна, е намалена за 2,7 отсто во однос на четвртиот квартал од 2023 година. Ова е најмал пад на цената во однос на ...