
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја ќе преземе чекори за да овозможи средба меѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин. Како што пренесе Би-Би-Си, Ердоган изразил надеж дека двајцата лидери ќе се согласат да се сретнат „во Истанбул или Анкара“, а би им се придружил и американскиот претседател Доналд Трамп. – Доколку прифатат, би сакал да се состанам со нив на оваа средба и со тоа да го претвориме Истанбул во центар ...
Генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев не очекува да има промена на цената по која компанијата му ја продава електричната енергија на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Како што истакна Узунчев на денешната средба со новинарите во Министерството за енергетика, во првиот квартал од годинава успеале да ја намалат производната цена на електричната енергија на 98,9 евра за мегават час при што производната цена во РЕК Битола која лани беше 128 ...
Демократскиот сојуз и Либерално Демократската Партија ги поднесоа предлог измените до собранието за една изборна единица. Со измените се предлага зад секој пратеник да стојат ист број на гласачи, а не како досега во зависност од изборните единици. Од Демократскиот Сојуз велат: – Предлагаме да остане пропорционалниот модел, без изборен праг, а пратениците да се пресметуваат по Донтовиот модел. Ваквите измени ќе значат силен поттик за ...
Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, за кого Судот има определено мерки за претпазливост во рамки на истрагата за злоупотреби со мазутот за ТЕЦ Неготино, надвор од државата патувал со исправа со ограничен рок на важење, информираат за МИА од МВР. Излез од држвата Јахоски остварил на Граничниот премин Богородица во петокот на 30 мај и се вратил во државата преку истиот граничен премин денеска на 2 јуни. – Лицето за кое ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека во Србија се случил организиран обид за „вистински државен удар“, бидејќи биле вклучени речиси сите државни институции – од јавниот медиумски сервис до полицијата, најавувајќи дека „некои избори во 2026 и 2027 година ќе бидат неизвесни“. – Војската учествува во пучот и мора да има насилство, а пучот е преку институциите, рече Вучиќ во разговор со студенти кои се во Пионирски парк. ...
По уривањето на дел од кратерот на Етна, вулканот почна да исфрла лава и пепел, а туристите избегаа. Облак од пепел се издига го 6,5 километри во висина, но лавата се задржува на падините на вулканот. Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) издаде црвен аларм за воздушен сообраќај поради облакот што се издига над вулканот. Етна е највисокиот активен вулкан (3324 метри) во континентална Европа. И покрај честите ...
Сведоци сме на континуирано незадоволство на здравствените работници и соработници, кои со право реагираат на повеќегодишното одложување на процесот за нивно вработување. Оваа состојба не само што негативно влијае врз моралот и мотивацијата на здравствените работници, туку сериозно го нарушува и функционирањето на јавниот здравствен систем. Бесмислената и понижувачка игра меѓу Владата, поранешниот министер за здравство и директорот на Клиничката ...
Членовите на Комисијата одлучија да биде поднесе иницијатива за кривично гонење до Основното јавно обвинителство. Антикорупционерите на денешната седница, разгледаа и пријава против директор на Казнено поправен дом со наводи за злоупотреба на службената положба и овластувања, која беше затворена, поради немање елементи за понатамошно постапување. Како што посочи членот на ДКСК Зоран Богоевски, според пријавата директорот на одредени лица им ...
Автобус полн со ученици од oсновното училиште „Никодије Стојановиќ Татко“ од Прокупље се запали денеска во близина на Бољевац, 210 км јужно од Белград. Нема повредени деца, а автобусот целосно изгорел. Децата успеале навреме да излезат од автобусот. Станува збор за ученици од седмо одделение кои отишле на екскурзија во Сокобања. Несреќата се случила околу 10:50 часот утрово. View this post on Instagram A post shared by 192.RS (@192_rs) Според ...
Медицинскиот персонал од Клиничка болница Тетово кои работат со договори на дело и денес протестираа собирајќи се пред Ургентниот центар. Велат дека секој ден ќе ја прекинуваат работата на кратко за јавно да го изразат својот револт од тоа што немаат нови договори и ветените решенија за вработување на неопределено време, како и две неисплатени плати. Ивона Неделковска пред медиумите посочи дека како медицински персонал, и покрај овие услови се ...
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Еден од најсериозните урбани скандали во последната деценија, над 150 дивоградби во Чаир е без никаква институционална реакција. И наместо овој скандал да биде предмет на итна истрага, санкции и одговорност – власта ја штити урбаната мафија. Се издавале фалсификат решенија, се правеле згради каде што требало да има улици, со еден збор тотален хаос. И наместо акција на институциите, Мицкоски зборува за ...
Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, претпладнево се пријавил во Кривичниот суд Скопје, со што ја исполнил обврската за редовно пријавување во судот во рамки на истрагата за злоупотреби со мазутот за ТЕЦ Неготино, потврдија од Кривичен за МИА. Јахоски, како што соопшти денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ, бил на патување надвор од државата. Во соопштението се наведува дека Јахоски, кој го оштети Буџетот на државата за 167 ...
Почитувани, здравството се распаѓа пред очите на граѓните, а ВМРО-ДПМНЕ и Клековски зборуват за зголемување на придонеси. Во само 11 месеци, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ го турнаа Фондот за здравство во бездна. Болниците не функционираат, фондот е празен, а системот е на колена. Во Кочани – нема ниту завои, ниту инфузии, ниту лекови. Луѓе легнуваат по ходници, се чека со месеци за терапија, а владините партнеру уште не може да се договорат кој ќе ...
Ден за високи гости беше реализиран денеска на армискиот полигон Криволак, во рамките на меѓународната воена вежба „Брз одговор 2025“. Учествуваат припадници од армиите на Република Северна Македонија, САД, Република Албанија, Грција, Италија, Црна Гора, ОК, Австрија и Косово. Меѓународната вежба е дел од најголемата НАТО – вежба оваа година на тлото на Европа, „Defender 25“. Во вежбовната активност на армискиот полигон „Криволак“ учествуваат ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,429 ден/кг и сега ќе изнесува 37,862 ден/кг. Од ноќеска на полноќ новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 74,50 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 денари/литар, ...
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев изјави дека годинава се очекуваат два нови повици од ИПАРД 3 програмата. Како ја преземавме должноста ИПАРД 3 распишавме еден јавен повик по мерка 1, уште еден јавен повик за мерка 7, го завршуваме јавниот повик од мерка 3, планираме во септември да се распише нов јавен повик од мерка 3 и уште еден јавен повик во 2025 за мерка 7 – изјави Стоилев ...
Летово се очекува да биде значително потопло и посушно од многугодишните просечни вредности. Во државата постои многу голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности. Надминувањето на температурите може да достигне и до 3°C речиси на целата територија. Најголемо позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува да биде во јули. Како што информира ...
Ако Христијан Мицкоски мисли дека со игнорирање на жртвите во трагедијата во Кочани и нивните семејства Македонија ќе заборави, мораме да му порачаме дека се лаже. СДСМ нема да дозволи да останат неказнети оние кои дозволија на Македонија да и се случи најголемата трагедија во поновата историја! Доволно време помина, институциите не си ја завршија својата работа, институциите на прогонот се заложници на на Христијан Мицкоски кој од првиот ден ја ...
Нападот на американскиот државен секретар Марко Рубио врз кинеските студенти, заедно со ветувањето за „агресивно откажување“ на нивните визи, е најновиот чекор во интензивирањето на тензиите меѓу двете најголеми економии во светот. И покрај привременото царинско примирје постигнато претходно овој месец, разликите меѓу Вашингтон и Пекинг остануваат големи, со неодамнешни судири околу високото образование, чиповите за вештачка интелигенција (ВИ) и ...
Секогаш кога Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат фатени во криминал, одговорот е ист – зборуваат за „дестабилизација“. Наместо конкретни одговори, наместо постапки, јавноста добива излитени фрази и сценарија за страв и хаос. Тоа е истиот рецепт на неговиот ментор Груевски “А војна да направиме” – кој се слушаше во „бомбите“, кога се обидуваа да прикријат криминал со криза. Мицкоски зборува за дестабилизација, додека негови функционери и ...
Шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис заедно со претставници од Министерствата за надворешни работи, образование и култура в среда ќе го посети Каиро и ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Египет Бадр Абделати, а главната тема се очекува да бидат случувањата што се однесуваат на Синајскиот манастир Света Катерина, по неодамнешната одлука на египетскиот суд, јави дописничката на МИА од Атина. Заменик-министерот за ...
За да се справи со предизвиците што ги носи летната сезона и зголемениот ризик од пожари, Владата преку Оперативниот план за 2025 година, ќе ангажира 400 нови пожарникари во општините со најголеми потреби. Целта на оваа мерка е да се обезбеди брз и ефикасен одговор за спречување на ширењето на пожарите, особено во текот на жешките летни месеци. Пожарникарите се херои на првата линија во борбата против пожарите, ризикувајќи ги своите животи за да ...
Повеќето луѓе се шокирани кога ќе дознаат дека Библијата со која пораснале не е преведена директно од оригиналните арамејски текстови, туку од грчки верзии кои биле преведени на англиски. Арамејската англиска Новозаветна Библија доаѓа директно од арамејскиот, истиот јазик што го зборувале Исус и неговите ученици. Арамејскиот англиски Нов завет, или AENT, е најдефинитивниот англиски Нов завет во последните речиси 2.000 години. Матеј 19:23 и 24 ...
Претставници од Украина и Русија треба денеска повторно да се сретнат во Истанбул за разговори за можни начини за завршување на војната, јави ДПА. Почетокот на средбата е закажан за 12 часот (10:00 часот по Гринич) во палатата Чираган во Истанбул, соопшти турското Министерство за надворешни работи. Москва ја предложи оваа рунда разговори. Кон средината на мај, завојуваните страни се состанаа на директни разговори за прв пат од 2022 година. ...
Во 2024 година, 19,5 милиони деца во Европската Унија биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост. Оваа бројка претставува 24,2 проценти од децата под 18 години, што е намалување за 0,6 процентни поени од 2023 година (24,8%), објави Евростат. На ниво на земја, во 2024 година, највисоки вредности се пријавени во Бугарија (35,1%), Шпанија (34,6%) и Романија (33,8%). Спротивно на тоа, Словенија (11,8%), Кипар (14,8%) и Чешка ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени. Во наредните денови ...
Откако на собраниската седница за пратенички прашања во четвртокот премиерот Христијан Мицкоски ја повика опозицијата да поддржи измени на Изборниот законик за една изборна единица, но и да се озвозможи и дијаспората да гласа, Либерално-демократската партија и Демократскиот сојуз најавија дека до Собранието ќе достават свои предлози за измени на Изборниот законик со цел воведување на една изборна единица. Од ЛДП најавија дека денеска ќе поднесат ...
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата. На дневен ред се повеќе предлог одлуки за изменување на одлуки за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието. Измени се предвидени во составот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, во Националниот совет за евроинтеграции, во Комитетот за односи меѓу заедниците, во Советот на ...
Партијата на пензионери, изразува огромна загриженост и воедно им укажува на банките за високите надоместоци и провизии за основните банкарски услуги, кои се дефинитивно највисоки во регионот. Токму затоа Партијата на пензионери апелира до Владата и Собранието за донесување на закон за олеснување на граѓаните на пристап до основните банкарски услуги, односно ослободување на граѓаните од плаќање провизии за основните банкарски услуги, како што се ...
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 02.06.2025 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат делови од општините Ѓорче Петров и Карпош. Како што соопшти РЦУК – Скопје по добиено известување од ЕВН Македонија АД, од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улиците: Крсте Гермов – Шакир, (бреви 30-34) и Тодор Ципоски – Мерџан, (броеви 53-57) во Општина Ѓорче Петров, а од 11:00 до 15:00 ...