
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Две лица повредени во пожарот во дискотеката во Кочани утринава се пренесени на лекување на Клиниката за трауматологија во Клиничкиот болнички центар „Сестре милосрднице“ во Загреб, додека транспортот на уште двајца пациенти се очекува денеска. Тихана Магдиќ Турковиќ, началник на Одделот за анестезиологија и интензивно лекување на Клиниката за трауматологија, КБЦ, во изјава за ХРТ посочува дека кај нив биле донесени две момчиња, од кои едното е ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека се идентификувани и е завршена обдукцијата на сите 59 починати лица од трагичниот настан во Кочани. При пожарот, како што посочи, со повреди се здобиле 196 лица, од кои 20 се деца. -Во однос на 59 починати лица, сакам да истакнам дека сите се идентификувани, и на 18.03.2025 година е завршена обдукцијата за сите. При пожарот, со повреди се здобиле 196 лица, од кои 20 деца, рече ...
За случајот со пожарот во дискотеката во Кочани досега приведени се 18, а задржани се 16 лица. Вкупно се извршени разговори со 71 лице, од кои 42 во Скопје и 29 лица во Кочани. За 14 лица е изречена мерка притвор во траење од 48 часа, информираше денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. На 11 лица им е одредена мерка притвор за постоење на основано сомнение за сторени „тешки дела против општата сигурност“, додека на три лица име ...
Началниците на ОВР Кочани и СВР Штип се разрешени со цел да се обезбеди целосно независна и ефикасна истрага и ваквата одлука не прејудицира никаква вина, изјави денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. – Со цел да се обезбеди целосно независна и ефикасна истрага, донесов одлука за разрешување на раководни лица во локалната полиција во ОВР Кочани и СВР Штип и нивно заменување со полициски службеници кои не се ...
Студентите од Универзитетот во Ниш ги повикаа граѓаните да се соберат на градскиот плоштад вечерва во 20 часот за да оддадат почит на 75-те лица кои загинаа во падот на бетонската настрешни во Нови Сад и пожарот во Кочани во неделата, јави МИА. Тој собир е во знак на поддршка и за студентите од Нови Сад кои, како што рекоа, синоќа врз нив била употребена физичка сила од полицијата при блокирањето на влезовите во Собранието на Нови Сад. ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека во близина на дискотеката во Кочани имало резервоар за нафта, но дека тој бил празен и дека според првичните информации не е поврзан со сопственичката структура на дискотеката. – Според информациите што ги добив точно е дека постоела бензинска пумпа и одреден резервоар во земја којшто по првичните информации бил празен и не бил во допир со настанатиот пожар. Сопственичката структура не ...
Направивме навистина една навремена евакуација на настрадните, би рекол повеќето деца, и тие беа сместени во бугарски медицински установи пред да почне евакуацијата на другите повредени, изјави министерот за здравство на Бугарија, Силви Кирилов. Тој денеска заедно со македонскиот министер за здравство Арбен Таравари и министрите за надворешни работи на земјите Георг Георгиев и Тимчо Муцунски, ја посетија Универзитетската мултипрофилна болница за ...
Откако двајца пациенти со изгореници пристигнаа синоќа на лекување во Загреб од Северна Македонија, хеликоптерот ХВ денеска ќе превезе уште три или четворица од нив, а Хрватска е подготвена да прими уште повредени на лекување, изјави министерката за здравство Ирена Хрстиќ. „Првично дојдоа двајца пациенти, денеска тројца и најверојатно четврти пациент и подготвени сме да примиме уште пациенти“, изјави Хрстиќ по состанокот на парламентарното ...
Русија гледа големи можности за соработка со Соединетите Американски Држави, вклучувајќи го и вселенскиот сектор, и очекува наскоро да одржи разговори со Илон Маск за плановите за летови на Марс, изјави денеска Кирил Дмитриев, специјален претставник на претседателот Владимир Путин за меѓународна економска и инвестициска соработка. Илон Маск, основачот на SpaceX, одамна е познат по своите амбициозни планови за истражување на Марс. Во септември ...
Луксембург спроведе медицински евакуации по пожарот во ноќен клуб во Северна Македонија, јави РТЛ. Луксембург ја поддржа меѓународната медицинска евакуација на жртвите од пожарот во ноќен клуб во Северна Македонија, координирајќи летови до Унгарија и Хрватска преку својот систем за итна помош. Најмалку 59 лица загинаа, а над 150 беа повредени во пожарот, што предизвика меѓународен итен одговор. Од 140 хоспитализирани жртви, 51 беа префрлени во ...
Министерството за внатрешни работи денеска информира дека овие денови има зголемено присуство на полициски службеници на територија на цела држава, особено во градот Кочани и околу општинската зграда. – Зголемениот број на полициски службеници е поради извршување на службени активности и обезбедување на документација од општината, а не заради попречување на граѓаните во нивното загарантирано со Устав право на собирање и одржување на протест, се ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради трагедијата во дискотеката во Кочани одлучи да бидат разрешени началници, помошници и командири во Штип и Кочани, потврдија за МИА од МВР. Разрешение се : 1. Началник на Сектор за внатрешни работи Штип 2. Помошник началник на СВР Штип 3. Началник на Одделение за полиција Штип 4. Началник на Одделение за криминалистичка полиција Штип 5. Началник на Одделение за внатрешни работи Кочани 6. ...
Склад за гориво имало во близина на дискотеката „Пулс“ каде во неделата рано сабајле во пожар загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Резервоарот за нафта бил на друг објект, а бил откриен од страна на крим техника. Од Противпожарната бригада на Кочани за МИА потврдија дека во близина на дискотеката има резервоар за нафта, но дека тој бил на друг објект. Оттаму не знаат точно дали и колку нафта имало во резервоарот. Информацијата ја потврдија и ...
Тројцата повредени, кои во текот на ноќта од Скопје со авион C-27 на грчкото воздухопловство беа префрлени во Атина и хоспитализирани во Општата воена болница 401, според информациите на дописничката на МИА од Атина, се во релативно добра состојба. Според истите информации, станува збор за млади лица на возраст од 22 до 24 години, кои во пожарот се здобиле со изгореници, во атинската воена болница превентивно се на Одделот за интензивна нега, ...
Здравјето на повредените во пожарот во Кочани да е врвен приоритет, апелираат попладнево од Лекарската комора на Република Северна Македонија, преку соопштение до јавноста. – Лекарската комора ја поздравува навремената реакција на надлежните институции во нашата земја, како и срдечната помош и поддршка што ја даваат другите држави со згрижување на најтешко болните пациенти повредени во пожарот во Кочани. Овој начин на организација е клучeн зa ...
Состојбата на 14-те повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна, соопшти бугарското Министерство за здравство на својата Фејсбук страница. Осумте пациенти хоспитализирани во Универзитетската болница и медицинскиот центар Н.И.Пирогов се на механичка вентилација и остануваат на интензивна нега. Според информациите од болницата во Варна, тројцата пациенти кои се кај нив се во тешка состојба, двајца се на механичка ...
Во стабилна состојба е пациентот донесен од пожарот од Кочани кој е лекува во кумановската болница, информираа денеска надлежните. – Пациентот има полесни опекотини на лицето и рацете, набиеници на десното рамо. Стабилен е контактибилен и прима соодветна терапија, изјави директорот на кумановската болница, д-р Стефан Трајановски. Кумановската болница веднаш ги удвои службите на неколку клучни одделенија, хирургија, анестезија, трансфузиологија и ...
Утре изутрина ќе биде ведро и студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени. Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 14 степени. Следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок ...
Во Босна и Херцеговина денеска е Ден на жалост поради трагедијата во Кочани, Северна Македонија, поради што знамињата на зградата на Претседателството на БиХ и други институции ќе бидат спуштени на половина копје. Владата на Федерација БиХ на вчерашната итна седница го прогласи 18 март за Ден на жалост. Ден на жалост прогласи и Република Српска и властите во дистриктот Брчко. Одлуката е донесена поради изразување сочувство до семејствата на ...
Владата преку соопштение апелира да не се пласираат дезинформации за бројот на загинати во пожарот во Кочани. – Ова се моменти на тага и солидарност, кога сите мора да покажеме одговорност и почит кон жртвите. Во јавноста се пласираат шпекулации и дезинформации во врска со бројот на загинатите. Владата со целосна одговорност потврдува дека бројот на жртви е 59. Сите други тврдења за 100 или 120 загинати се неточни и неосновани. Ваквите лажни ...
Се поголем број граѓани од странство нудат бесплатно сместување и превоз за семејствата на повредените од пожарот во Кочани. На социјалните мрежи секојдневно има објави со контакт телефони за бесплатно сместување и превоз до болниците во Србија, Грција, Хрватска, Австрија, Бугарија… Денеска на седница на Влада треба да биде донесена и одлука за покривање на трошоците за превоз и сместување за семејствата на повредените кои се хоспитализирани во ...
Релативно стабилна е состојбата на повредените во дискотеката, но не може да се каже каква ќе биде состојбата понатаму, бидејќи се уште е рано, рече денеска заменик министерот за здравство Јовица Андовски, во изјава за медиумите. Во „пластика“ имало хоспитализирано 17 пациенти, на Токсикологија 13, на Торакална 4, Траума 2, Детска хирургија 4, Карил 14, Стара градска 12, градска општа болница „8 Септември“ 18, Штип 3, Пулмологија 2, или вкупно ...
Две лица тешко повредени во пожарот во Кочани пристигнаа во Хрватска и се на лекување на Клиниката за трауматологија на болницата „Сестри на милосрдието“ во Загреб, соопшти денеска хрватската Влада. Се очекува денеска и утре хеликоптер на хрватската армија да превезе уште четири повредени лица кои ќе бидат згрижени во хрватските болници. Повикувајќи се на податоци од загрепската болница, хрватските медиуми јавуваат дека пациентите имаат ...
Во пожар предизвикан од пиротехнички средства во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 млади лица, а 155 се повредени. Пожарот избувна во неделата во раните утрински часови за време на концертот на ДНК. Вкупно 155 лица се со различен степен на изгореници и повреди, а дел од повредените се пренесени на лекување во Бугарија, Грција, Турција, Србија и други земји. По повод трагедијата Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора денеска ...
Бројката на хоспитализирани лица кои изгореа во пожарот во дискотеката во Кочани надминува 160 – 170 заедно со 16-те примени во приватните болници. Во најкус рок, за 24 часа, сите се згрижени и кон сите е постапено соодветно, а над 70 пациенти се успешно транспортирани надвор од земјава. Со оглед дека се исполнети капацитетите во соседството, од денеска пациенти ќе се испраќаат и во Италија, Холандија и Белгија. Лекарски тимови од Чешка и Израел ...
Во моментот во зградата на Општина Кочани се влезени претставници од надлежните институции кои треба да ја подигнат потребната документација во врска со надлежностите на општинската администрација околу дозволите и работењето на дискотеката „Пулс“. Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата, но од Обвинителството засега нема официјална информација дали нивни обвинители се влезени во општинската зграда. Во дискотеката ...
Двете девојки и момчето на возраст од 19, 25 и 26 години, кои од неделата се хоспитализирани во болницата Папаниколау во Солун се во критична состојба и сè уште не може да се каже дека се вон животна опасност, според директорката на Одделот за изгореници на солунската болница Софија Пападопулу, јави дописничката на МИА од Атина. По посетата на министрите Муцунски и Таравари на болницата, доктор Пападопулу во изјави за грчките медиуми објасни ...
Клиника „Жан Митрев“денеска соопшти дека дава целосна поддршка и максимална посветеност за повредените од трагичниот настан во Кочани. Досега вкупно девет пациенти беа згрижени во Клиниката, од кои тројца пациенти кои беа во животна опасност и беа итно интубирани, се пренесени на лекување во соседните земји. Останатите шест пациенти добија соодветен третман, при што тројца од нив веќе се во стабилна состојба и ќе бидат пуштени на домашно ...
Почна глава расправа на повторното судење за модуларната болница во Тетово кој досега четири пати беше одложуван. Тогашните директори Флорин Бесими и Артан Етеми кои се обвинети за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, се изјаснија дека не се чувствуваат како виновни. Исто така и застапник на правно лице ЈЗУ Клиничка болница за делото „предизвикување општа опасност“ истакна дека не чувствуваат одговорност. По изјаснувањето новиот ...
Претседателот на Турција, Реџеп Тајипо Ердоган се обидува да организира средба со американскиот претседател Доналд Трамп кон крајот на април, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани турски извори. – Ердоган верува дека поблиските односи меѓу Турција и САД се клучни за стабилноста во регионот, особено затоа што Анкара се обидува да игра поголема улога во посредувањето во конфликтите од Украина до Сирија, навредува Блумберг. Турција и САД ...