
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



До 12:30 часот вкупно 14 пожари на отворен простор се евидентирани на територијата на државава, од кои четири се активни, шест се под контрола, два се локализирани и два се изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во село Николиќ во општина Дојран, каде што гори нискостеблеста шума, под Солунска Глава во општина Чашка – помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка. Таму се работи за шумски ...
По околу две недели под контрола е ставен пожарот кај Бешиште, Мариово до грчката граница. Заменик-командирот во прилепската противпожарна единица, Виктор Стојчески истакна дека овие денови гори мешана шума и оти се правеле пристапни патишта за да се локализира пожарот. На теренот се екипи од ЈП „Национални шуми“ од Прилеп, Кавадарци и Битола. -Пожарот кај месноста Жерлезна Врата, близу до границата со Грција во Мариово е ставен под контрола, ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, најостро го осудува нападот врз официјални лица од Градот Скопје. Овој брутален напад е последица на атмосферата на страв и беззаконие што ја создава оваа власт. Овој напад е уште еден доказ дека кога се зборува за криминал, кога се откриваат злоупотреби, институциите не ве штитат — туку ве оставаат на милост и немилост на насилниците. Со недели наназад, јавноста гледаше како во Скопје се откриваат ...
По околу две недели под контрола е ставен пожарот кај Бешиште, Мариово до грчката граница. Заменик-командирот во прилепската противпожарна единица, Виктор Стојчески истакна дека овие денови гори мешана шума и оти се правеле пристапни патишта за да се локализира пожарот. На теренот се екипи од ЈП „Национални шуми“ од Прилеп, Кавадарци и Битола. -Пожарот кај месноста Жерлезна Врата, близу до границата со Грција во Мариово е ставен под контрола, ...
Припадник на Армијата е лицето кое смртно е застрелано утрово во скопското село Батинци. Лицето со иницијали А.М. од скопското село Батинци, кое по трагичниот настан денеска им подлегнал на повредите, беше припадник на Армијата. Изразуваме длабока жалост до семејството на починатиот, велат од Министерството за одбрана. Од таму додаваат дека за време на трагичниот настан лицето не било на служба во Армијата, односно било на користење слободен ...
Во рамки на меѓународната оперативна полициска соработка на македонската полиција за идентификување жртви или потенцијални жртви на трговија со луѓе/деца, како и за идентификување лица припадници на организирани криминални групи кои ги извршуваат кривичните дела – „трговија со луѓе” и „трговија со дете” по пат на сексуална или трудова експлоатација, присилни бракови, питачење, присилување на вршење други кривични дела биле откриени вкупно девет ...
Во денешното пукање на влезот во селото Батинци убен е припадник на АРМ. Според пријава до СВР Скопје, денеска (11 јули) околу 10:15 часот, М.Џ. пукал со огнено оружје кон патничко возило „Киа“ што било во движење. Во нападот, А.М. (50), кој бил во возилото, се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош и веднаш бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за лекарска помош. Во 11 часот лекар констатирал смрт. Сè уште не се познати ...
Судскиот процес против четворица лекари онколози, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за несовесно лекување на пациенти, во предметот „Онкологија“, се одложи за 5 септември поради отсуство на второобвинетата Мери Пешевска. Во Основниот кривичен суд Скопје денеска на обвинителна клупа седна првообвинетиот Никола Васев и двајца обвинети онколози Симонида Црвенковска и Драган Јакимовски, додека за Пешевска ...
Од денеска попладне до недела во Галичник ќе се одржува традиционалната Галичка свадба на која годинава младенци се Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски. Нивната венчавка во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник, со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди, ќе биде в недела, 13 јули, што е и централен настан на манифестацијата. Организаторот на Галичката свадба – Месната заедница Галичник, најави богата тридневна програма, ...
Ако ви треба брз, едноставен и сочен десерт, овој колач со вишни е идеален избор. Се подготвува за само неколку минути, а резултатот е вкусен и освежителен колач кој ќе го обожавате. Состојки: 100 мл. масло 100 грама шеќер 1 ванилин шеќер 2 јајца 100 мл. јогурт 120 грама брашно 50 грама мелени бадеми ½ кесичка прашок за печиво 180 грама вишни (ако се замрзнати, одмрзнати и исцедени) шеќер во прав за одозгора Подготовка: Загрејте ја рерната на ...
Народното собрание на Бугарија денеска ќе гласа за нацрт-резолуцијата за гласање недоверба на Советот на министри со премиерот Росен Жељазков поради „неуспех во секторот за животна средина и вода“. Точката е прва на дневен ред за денеска, според програмата за работа на парламентот, објавена на веб-страницата на институцијата. Гласањето за недоверба го поднесе парламентарната група „Величина“ со поддршка на пратениците од групите „Морал, ...
Токио останува цврст во својата позиција за трговијата откако американскиот претседател Доналд Трамп најави царини од 25 отсто на сите јапонски увози, при што премиерот Шигеру Ишиба вети дека ќе го направи она што е најдобро за неговата земја, наместо да попушти пред притисокот од Вашингтон. Во говор во префектурата Чиба во средата, Ишиба изјави: „Ова е битка за нашите национални интереси. Нема да дозволиме да бидеме искористени. Дури и ако ...
Два случаи на антракс и еден на маларија се потврдени во Романија. Националниот институт за воено-медицински истражувања и развој „Кантакузино“ синоќа ја потврди дијагнозата на антракс кај две лица примени во Националниот институт за заразни болести „Д-р Матеи Балс“ во Букурешт. Министерството за здравство информираше дека двајцата пациенти се во стабилна состојба и под медицински надзор. Едниот пациент има лесна форма на болеста, а неговиот син ...
Русија активно учествува во задушувањето на студентските и граѓанските протести во Србија, исто како што интервенираше безброј пати за да ја зачува власта во Белград, објави денеска полската приватна телевизија Полсат. -Обидите на српската полиција насилно да ги разбие протестите резултираа со нивно прелевање од Белград во 30 други градови. Протестите беа поврзани само со внатрешната ситуација во земјата сè додека Русија неочекувано не ...
Комесарката за проширување на Европска Унија, Марта Кос денеска преку видео-порака објавена на Икс им одаде почит на жртвите на геноцидот во Сребреница, истакнувајќи оти тоа е „длабока рана во европската историја“ и оти „мора да кажеме не на омразата и величањето на воените злосторници“. – Денеска сум во Сребреница за да им оддадам почит на жртвите од геноцидот извршен во оваа област пред 30 години, наведе Кос. Таа посочи дека 8.372 Бошњаци биле ...
До 7:30 часот има вкупно 38 пожари на отворен простор низ државава, од кои седум се активни, четири се под контрола и изгаснати се 27 пожари. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во: Општина Чучер Сандево – помеѓу селата. Блаце и Горњани, место викано Рамна шума (шумски пожар); Општина Прилеп – село Бешиште, место викано Бешишки Рид (приземен во мешана шума); Општина Македонски Брод – помеѓу селата Црешнево ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска упати порака по повод 30 години од геноцидот во Сребреница, во која оддаде почит на жртвите и истакна дека ова злосторство засекогаш ќе остане опомена за светот. „Денеска се навршуваат 30 години од ужасното злосторство во Сребреница, кога во јули 1995 година, над 8.000 невини луѓе беа убиени во еден од најголемите геноциди во историјата на Европа по Втората светска војна,“ порача Филипче. Тој истакна ...
Почитувани граѓани, за една година Владата на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски, спорот го претворија во жртва на нивниот хаос, корупција и неспособност. За ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, спортот не е важен. Единствената преостаната надеж за младите, за достоинството и меѓународниот имиџ на Македонија – спортот, тие го деградираа, го запоставија и го свртеа против спортистите. Наместо поддршка, спортот од власта доби игнорирање. Наместо инвестиции, доби ...
Од почетокот на 2025 година, Русија изгубила 100.000 војници во војната против Украина, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио по средбата со неговиот руски колега Сергеј Лавров. .Според него, загубите на украинската војска се помали, но сепак значителни. Рубио нагласи дека главниот приоритет на американскиот претседател Доналд Трамп е да се запре губењето животи и уништувањето што се случуваат секојдневно. – Од почетокот на годинава, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа за Ен-Би-Си Њуз изјави дека в понеделник ќе даде „голема изјава“ за Русија, без да даде детали за тоа каква ќе биде таа. Во последните денови, Трамп изрази разочарување од својот руски колега Владимир Путин во врска со војната во Украина. -Мислам дека ќе дадам голема изјава в понеделник за Русија, изјави американскиот претседател. Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ...
Во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари денеска се одбележува 30-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од српските сили во јули 1995 година. На комеморацијата ќе бидат погребани посмртните останки на седум жртви од Сребреница, пронајдени на различни локации, меѓу кои и две 19-годишни момчиња, најмладите меѓу денешните погребани. На настанот се очекува присуство на лидери од повеќе земји, а според медиумите од Сараево, ...
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандманската расправа по ребалансот на Буџетот. Според информациите објавени на веб-страницата на законодавниот дом, седницата треба да почне во 12:30 часот. На седницата на Комисијата вчера, пратеничките групи на СДСМ и коалицијата ВРЕДИ ги повлекоа поднесените амандмани по ребалансот на Буџетот, така што од над 200 поднесени амандмани, остануваат уште 30. Повлекувањето на ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 32 степени. Како што соопшти УХМР, во наредните денови следува период на ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Автомотосојузот на Македонија информира дека на граничниот премин „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ...
Во Основен кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и тројца лекари онколози за несовесно лекување на пациенти. Првиот обвинет, Васев како директор на Клиниката, во соизвршителство со друг лекар на истот оддел, се товари дека извршил продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни“. Во обвинителниот акт стои дека со медицинските вештачења е ...
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, дел од корисниците од ул. „516“ во населба Керамидница во Општина Гази Баба денеска од 7 до 12 часот ќе немаат електрична енергија. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија АД, од 9 до 10:30 часот без струја ќе останат и корисниците од дел од населба Долно Нерези во Општина Карпош, а од 9 до 14.30 часот – ...
„Во време кога гори цела држава, а 3.000 луѓе со дијабетес чекаат инсулински пумпи и сензори за мерење на шеќер, Владата останува глува за најважните потреби. Пожарникарите немаат основни услови за работа, ниту пристојна плата, а со само малку волја, може да добијат по 100.000 денари месечно за својата пожртвуваност. Наместо тоа, гледаме расфрлање со ребалансот на Буџетот без јасна визија и без чувство за приоритет. А веќе имаме два изгубени ...
Усвојувањето на извештајот во Европскиот парламент, каде што се иззема македонскиот јазик, е дефиниција за пораз на нашата дипломатија, истакна организациониот секретар на СДСМ Мартин Костовски, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител телевизија. Костовски додаде дека и во минатото, во време на владеење на СДСМ имало плеада и канонада на напади од страна на држави на македонското прашање, меѓутоа со добра државничка дипломатија македонскиот ...
Организациониот секретар на СДСМ Мартин Костовски во гостувањето на „Тема на денот“ на Сител телевизија истакна дека добро ги познава состојбите во Куманово и се нафаќа да биде градоначалник на Куманово и да ги брани социјалдемократските вредности во најголемата општина во Македонија. “Наша интенција е да се профилираме како една сериозна опција којашто ќе го порази Максим Димитриевски, човекот кој што осум години Куманово го направи една ...
Полната Месечина нè очекува во земјениот знак Јарец на 10 јули и ќе има влијание врз сите знаци, но Јарците, Овните, Раковите и Вагите ќе го почувствуваат посилно. Нејзиниот ефект ќе трае две недели и претставува крај на еден животен циклус. Полната Месечина во Јарец носи време на соочување со реалноста, одговорностите и долгорочните цели. Јарецот како знак симболизира структура, дисциплина, амбиција и градење темели за иднината. Длабоки чувства ...