Сите членови на Сојузот на синдикатите на Македонија, работниците, членовите и на другите синдикати чии лидери не се борат за вашите плати, да ни се придружите во сабота во 12 часот и 5 минути од пред Работничкиот дом за да упатиме нова порака дека платите, минималната плата, мора да се зголемат на сите, повика денеска на прес-конференција претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. Тој истакна дека работниците мора сами да се борат за своите ...

Во изминатите 10 дена регистрирани се 6.264 сообраќајни прекршоци, а приведени се 151 лице за безобѕирно управување на возило, соопшти МВР. Во периодот од 01.03.2026 до 10.03.2026, од вкупно 6.264 издадени платни налози, 1.800 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Од приведените 151 лице, 32 се за возење под дејство на алкохол, еден за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, ...

Прес конференцијата на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка ВМРО за се лаже. Погледнете ја оваа вест зад мене. Кога ВМРО беше опозиција бараа, ветуваа намалување на акцизите за горивата. Ја добија довербата од граѓаните, и ги излажаа граѓаните. Денеска кога се власт, кога можат да ја намалат акцизата, да ги намалт цените, одбиваат. Иако на светските берзи цената на нафтата се намалува граѓаните на Македонија плаќаат поскапо гориво. Сите земји ...

Сеќавањето е наша морална должност, а борбата против омразата наша историска одговорност. Затоа, не смееме да се свртиме од минатото и не смееме да се плашиме од најтемните поглавја од историјата, туку да ги признаеме ужасните извесности, како и празнините, неизвесностите и прашањата што остануваат без јасни одговори до ден денес. Не смее да се дозволи заборавот да ги проголта македонските Евреи. Може да има многу политички мотивирани ...

Во овој момент нема таков предизвик што би го загрозил нормалното функционирање на системот. Состојбата во државата е апсолутно нормална, ја следиме ситуацијата и ќе реагираме соодветно на предизвиците, нема да чекаме тие да се случат па потоа да преземаме мерки, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Според Мицкоски, тоа што го предлага опозицијата е дел и од размислувањето на Владата, но освен тоа, има и други мерки што ќе бидат ...

Уставниот суд ги отфрли сите иницијативи на денешната 7. седница со кои се оспоруваше уставноста на законските измени од Законот за прекршоци за системот „Безбеден град“. Уставните судии одлучија дека измените во Законот за прекршоци не се во спротивност со Уставот и ги отфрлија иницијативите поднесени од двете крила на Алијансата за Албанците, предводени од Зијадин Села и од Арбен Таравари и од студентот Или Пачуку со кои се бараше Уставниот ...

Во последните неколку години, ферментираните производи стануваат сè попопуларни. Редовното консумирање на сок од кисел зеленчук може да биде природна поддршка за телото, особено за постарите лица кои се поподложни на пад на имунитетот, проблеми со варењето или недостаток на витамини и минерали. Порталот health.com пишува дека сокот од кисели краставички има одредени придобивки, како што се хидратација пред и по тренинг и олеснување на ...

Лишен од слобода наставник во Скопје, вознемирувал ученичка На 09.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека ќе биде погоден „дваесет пати посилно“ доколку Техеран го запре протокот на нафта низ Ормускиот Теснец, пишува Дојче Веле. Во објава на Трут соушал, Трамп напиша дека таков потег би довел до напади кои би направиле Иран да биде „речиси невозможно“ повторно да се изгради. „Смрт, оган и бес ќе се струполат врз нив“, објави американскиот претседател, додавајќи дека се надева ова да ...

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека секоја арапска или европска земја што ќе ги протера амбасадорите на САД и Израел од својата територија ќе може слободно да поминува низ Ормускиот Теснец. Кризата на Блискиот Исток го наруши поморскиот сообраќај и извозот на енергенси преку Ормускиот Теснец – клучна поморска рута низ која минува околу една петтина од глобалните испораки на нафта и природен гас. Стотици бродови остануваат закотвени од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната со Иран започнала откако Техеран почнал да работи на нов објект за производство на материјали за нуклеарно оружје. Трамп рече дека новиот објект требало да ги замени постројките што САД ги бомбардирале минатата година. – Но тие почнаа да работат на друг објект – поинаков објект, различен тип објект, заштитен со гранит – изјави тој. Според Трамп, Техеран се обидувал да ја искористи ...

Иранското Министерство за надворешни работи побара безбедносни гаранции во случај на евентуален прекин на огнот со САД и Израел, јави ДПА. „Ако треба да се воспостави прекин на огнот или да заврши војната, мора да постои гаранција дека агресивните дејства против Иран нема да се повторат“, изјави заменик-министерот за надворешни работи Казем Гарибабади, цитиран од весникот „Шарг“. Тој предупреди дека без такви гаранции прекинот на огнот би бил ...

Турското Министерство за одбрана соопшти дека американски систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ е распореден во југоисточната провинција Малатија како дел од мерките на НАТО за зајакнување на противвоздушната одбрана на сојузниците поради ракетните закани поврзани со војната во Иран. Радарската база на НАТО Куречик, која обезбедува клучни податоци за алијансата и помогнала во идентификацијата на две ирански балистички ракети насочени кон ...

Израел ги постигна своите цели во Иран пред предвиденото, изјави денеска израелскиот амбасадор во Франција, Јехошуа Зарка. Зарка го наведе слабеењето на иранскиот режим како една од целите, за да може иранскиот народ да ја земе својата судбина во свои раце. Во Либан, либанската влада сè уште не успеа да го разоружа (либанското шиитско движење) Хезболах, изјави израелскиот амбасадор во интервју за француската телевизија БФМ ТВ. МИА Израел ги ...

Германија не гледа причина да ги олабави санкциите против Русија, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц, нагласувајќи дека солидарноста со Украина мора да има предност и покрај притисокот од глобалните енергетски пазари. „Доколку американско-израелската војна во Иран заврши брзо, ќе видиме и релативно брзо враќање кон нормализација на пазарите на нафта и енергија. Затоа, нема причина да се размислува за ублажување на санкциите ...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Русија се обидува да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од меѓународните санкции и да обезбеди дополнителни ресурси благодарение на флуктуирачките цени на нафтата и гасот. „Детално ги анализираме достапните податоци за намерите на руското раководство да ја искористи ситуацијата околу Иран и евентуалното продолжување на американската воена операција. Всушност, ...

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, изјави дека денеска ќе бидат извршени „најинтензивните американски напади внатре во Иран досега“. Хегсет рече дека бројките покажуваат дека американските напади напредуваат така што ја исцрпуваат иранската одбрана и неговата способност да ги напаѓа своите соседи и американските сили. Тој изјави дека „во последните 24 часа Иран го истрелал најмалиот број ракети досега“. – Тоа е силен доказ за ...

Американските сили погодија 10 ирански бродови кои се обидуваа да постават поморски мини, информира претседателот на САД Доналд Трамп на социјалните мрежи. „Со задоволство известувам дека во последните неколку часа погодивме и целосно уништивме 10 неактивни бродови и/или бродови за поставување мини, а ќе следат уште“, напиша тој на „Трут Соушл“. Трамп, исто така, ја смени својата претходна објава за иранските напори за поставување мини во ...

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, откако претрпе двојна пневмонија, поради која беше ставен на механичка вентилација, денес е отпуштен од Клиничкиот центар. Тој накратко им се обрати на собраните новинари, заблагодарувајќи им се на сите што се грижеа за неговото здравје, исто така, порачувајќи на сите дека треба да се грижат за своето здравје. „По речиси две недели хоспитализација, министерот е отпуштен од болницата и е во стабилна ...

Соопштение за јавност на СДСМ По падот на цените на светските берзи власта веднаш да ги намали цените на горивата во Македонија. Цените на светските берзии паднаа а во Македонија од денеска се зголемени цените на горивата. Зошто граѓаните да плаќаат поскапо? Или владата намерно им зема повеќе пари на граѓаните. Просечната дневна потрошувачка на дизел гориво во Македонија се движи меѓу 1.800 тони дневно а на бензин околу 260 тони. Во ситуации ...

Премиерот Христијан Мицкоски, денес изјави дека македонските граѓани и економијата се обезбедени со доволно количини на нафта и нафтени деривати, и покрај притисокот од поскапувањето на горивата во соседните земји. Тој посочи дека цената на дизелот и бензинот во земјава останува меѓу најниските во регионот. „ДПИ е континуиран на терен, нема прекини во снабдувањето. Но ако се има предвид, ако е кај нас, после нивелирањето на цената вчера од ...

Ако сега бараат 600 евра минимална плата, за некое време и 800 евра ќе бараат, можеби и 1 000, а ние како влада тука сме немоќни. Треба бипартитниот договор меѓу работниците и работодавачите да заврши, така што адресата пред Владата е погрешна адреса“, вели премиерот Премиерот Христијан Мицкоски најави дека на владина седница ќе биде потврден заклучокот од последниот Економско-социјален совет, според кој минималната плата ќе се зголеми на над ...

Светските берзи би можеле да се соочат со „катастрофални последици“ доколку војната во Иран продолжи да влијае на пристапот до Ормускиот теснец, една од најважните поморски рути за транспорт на енергенси во светот, предупреди саудискиот нафтен гигант „Арамко“. Од компанијата посочуваат дека продолжените прекини во сообраќајот низ теснецот не само што го нарушуваат поморскиот транспорт, туку ќе предизвикаат пошироки економски последици и врз ...

Министрите за енергетика на земјите од Г7 денеска се откажаа од непосредна одлука за ослободување на стратешките нафтени резерви и побараа од Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) да ја процени ситуацијата пред да преземе понатамошни чекори. ИЕА најави вонреден состанок на своите членки за да обезбеди детална процена на можните сценарија. – Сите се подготвени да преземат мерки за стабилизација на пазарот – изјави францускиот министер за ...

Владата денеска донесе одлука за одземање лиценци на уште шест фирми кои одгледуваат марихуана, истакна владината портпаролка Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција. Митева посочи дека станува збор за законски пропусти при извршена проверка од страна на Комисијата која што е надлежна да ги провери сите услови што треба да ги поседуваат. Со тоа, бројот на фирми што останаа без лиценца за производство на ...

Според последните податоци на CNBC цената на WTI суровата нафта падна на 81 долар за барел, додека Brent суровата нафта се спушти на 84 долари за барел. Ова, според CBNC се случува по најавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната е речиси завршена. Во текот на претходниот ден, цената ан нафтата достигна и до 119 долари по барел, а последен пат тоа се случи по руската инвазија на Украина. Според CBNC сега ситуацијата бргу се ...

Денес времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -3 до 3 степени, додека максималните ќе достигнат од 12 до 18 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисток. Утринската температура ќе се спушти до околу 0 степени, а ...

Во текот на денешната посета на Општина Чучер Сандево и увидот на градежните активности во изградбата на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, претседателот на Владата Христијан Мицкоски беше запрашан од новинарите за изборот на новиот државен јавен обвинител. Премиерот посочи дека во текот на денешниот ден Владата на владина седница ќе одлучи и предлогот ќе го достави до Собранието. „Денес ќе имаме владина седница и на ...

Евакуациската мисија на МНР продолжува и утре со лет од Саудиска Арабија. Вкупно 153 патници од Ријад, Бахреин, Катар и Кувајт веќе се пријавени за летот кој ќе полета од меѓународниот аеродром „King Khaled“. Поради технички причини (немање договор за воздушен сообраќај со Саудиска Арабија), авионот ќе слета на аеродромот во Приштина, од каде МНР организира превоз до Скопје Околу 200 македонски државјани решиле засега да останат во ОАЕ, иако ...

Од 17 март Северна Македонија и Словачка ќе се поврзат со нов директен лет меѓу Охрид и Братислава. -Отворањето на директната авио-линија е уште еден чекор напред кон зајакнување на контактите меѓу нашите две држави, пред се во туризмот и во бизнисот. Веруваме дека тоа ќе придонесе за натамошно јакнење на соработката и пријателските односи меѓу Словачка и Северна Македонија, се наведува во објавата на Фексбук на Амбасадата на Словачка во ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
67%
1008
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
3.09
57%
1003
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
87%
1001
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
62%
1009
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.11
74%
1007
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
97%
1001
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
6.17
61%
1008
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
72%
1008
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
88%
1007
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
2.24
61%
1007
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
1.03
69%
1001
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
77%
1009
Currency

61.6417

Currency

52.9053

Currency

70.7501

Currency

38.0585

Currency

38.4874

Currency

67.3773

Currency

7.79601

Currency

0.72213

Currency

0.33373

Currency

0.52486

Currency

1.16149

Currency

0.55145

Злато

151413.64

Калај

55.99

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.64

Платина

68577.54

Паладиум

47550.95

Сребро

2812.48

Цинк

0.00

Родиум

320703.70

Кобалт

45.39

Бакар

13.22

Иридиум

253540.09