Формирана е работна група за мониторинг на напредокот на пациентите, составена од лекари од различни клиники кои учествувале во приемот на повредените и знаат во која состојба биле примени повредените и можат да направат најсоодветна проценка, информираше директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски на денешната трибина „Кочани е нашиот приоритет“. Клековски нагласи дека ова е процес кој нема да има крај и ќе се одвива циклично ...

„Верувам во нашата држава, верувам во институциите на системот, верувам во правосудните органи дека правилно ќе ги согледаат аргументите и сите останати, да кажам, посебни моменти од тој случај“, изјави денеска Салиу, кој е еден од осомничените во истрагата за пожарот што ја потресе целата држава Прашан како тогаш ја коментира истрагата, тој рече дека максимално ја почитува, но и оти се води од општото начело на презумција на невиност Лично, со ...

Во периодот од 01.05.2025 до 31.05.2025 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи за време на спроведување на сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. При контролата ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз Србија и други балкански држави да примат мигранти депортирани од САД, јави Блумберг, повикувајќи се на извори запознати со преговорите, пренесоа српските медиуми. Барањата до балканските држави да прифатат протерани мигранти од САД се во тек и се дел од поширока стратегија за наоѓање странски влади што се подготвени да прифатат мигранти, вклучително и оние кои влегле ...

Заечар и Косјериќ,се мали градови во Србија, но во државата во моментов се голем епицентар на политички превирања пред изборите за локална власт што треба да се одржат викендот, јави дописникот на МИА од Белград. За тие избори каде атмосферата е како да се одржуваат парламентарни избори, се смета дека се тест за движењето предводено од студентите во блокада против владејачката Српска напредна странка. Студентите поддржуваат нова независна ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец Мај 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 Јуни 2025 година. Со цел ...

Почитувани, СДСМ денеска алармира за сериозни злоупотреби и скандалозно однесување во Министерството за култура и туризам, под раководство на Зоран Љутков. Прво, својот шофер го унапредил во кабинетски службеник, само за да зема 30% повисока плата. Потоа, вработена од неговиот кабинет ја поставил како претседател на Управен одбор во Опера и балет,што е очигледен конфликт на интереси. Министерот Љутков потрошил над 50.000 евра за патувања само во ...

Добро е што сите вклучени во менаџирањето на кризата по пожарот во Кочани застанаа зад инцијативата хуманитарната помош за повредените да се акумулира на едно место и да се дистрибура согласно потребите, истакна генералниот секретар на македонскиот Црвен крст, Саит Саити на панел дискусијата „Кочани е нашиот приоритет“. Нагласи дека од вкупно собраните средства досега се исплатени над 107,4 милиони денари, а на единствената солидарна сметка за ...

Христијан Мицкоски, Панче Тошковски и Коцевски и натаму ги штитат полициските службеници кои имаат директна вина за најголемата трагедија во историјата на Македонија, пожарот во дискотеката Пулс во кој животот го загубија 62-ца млади луѓе, а 200 беа повредени. Мицкоски и Тошковски прават се за да ги прикријат трагите и непосредната одговорност на оние кои кобната вечер донеле одлука да се затворат вратите на дискотеката што непосредно придонеле ...

По повод Светскиот ден на животната средина, Јавната установа Национален парк Шар Планина почна акција за поставување електрични огради за заштита од големи месојади како мечки и волци. Од вчера се почнати овие активности на имоти во селата Бозовце, Вешала, Вејце и Шипковица, при што таква опрема е поставена кај пет сопственици на фарма и пчелари. Од НП Шар Планина велат дека електричните огради се докажана превентивна мерка во ЕУ за заштита на ...

ЈСП – Скопје информира дека по повод верските празници Духовден и Курбан Бајрам, за време на трите дена од продолжениот викенд, 6, 7 и 8 јуни, ќе се работи по неделен возен ред. Во сабота билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време. Во петок и недела, дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот. Жичницата ќе функционира вообичаено за време ...

Со голем гнев и разочараност ја следиме најавата дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе организира трибина за Кочани. Какво лицемерие, каква нечовечност, каква ароганција! Кочани не е приоритет за Владата. Владата го одби Законот за помош на семејствата на жртвите и повредените од трагедијата. Буквално одби финансиски да им помогне додека родители даваат откази од работа за да се грижат за повредените деца. Пратениците на ДПМНЕ се скрија во канцелариите ...

СДСМ нема да ја поддржи интерпелацијата на Претседателот на Уставниот Суд. Претседателот не го избира Собранието, туку се бира од страна на уставните судии, оттаму ниту правно формално оваа иницијатива не е издржана. Покрај ова, сметаме дека таа може да се искористи исклучиво за дневно политички цели од страна на оние кои ја иницираат. Уставниот суд треба да работи согласно уставот и да ги спроведува сите иницијатви согласно законите. СДСМ: ...

Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул улема ефенди Шаќир Фетаи упати порака по повод утрешниот празник Курбан Бајрам. Фетаи во пораката вели дека Курбан Бајрам е голем и благословен празник кој ги содржи божествените настани, кои се извор на инспирација за подигнување на свеста на верникот за љубовта и посветеноста кон Семоќниот Алах. Поглаварот на ИВЗ во пораката нагласува дека големината на овој празник се состои во фактот дека во ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска на седница го донела Правилникот за формата и содржината на пријавата за упис во регистарот на издавачи на онлајн медиуми-интернет портали и апелира тие до Агенцијата да поднесат Пријава за упис во Регистарот. -На својата 23 седница, одржана на 05.06.2025 година, Агенцијата го донесе Правилникот за формата и содржината на пријавата за упис во регистарот на издавачи на онлајн ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес донесе официјална одлука за неодиграниот втор финален натпревар од Европскиот куп помеѓу тимовите на Алкалоид и АЕК Атина во Скопје. Според одлуката, ЕХФ смета дека тимот на АЕК, со одбивањето да го одигра финалниот меч во Скопје, ги прекршил релевантните прописи. „Резултатот од вториот финален меч од Европскиот куп на ЕХФ 2024/2025 помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина е 10:0 во голови и 2:0 во поени. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп побара Белата куќа да истражи дали сојузниците на поранешниот претседател Џо Бајден го прикривале наводното влошување на неговите ментални способности и незаконски користеле уред за потпишување (autopen) во име на Бајден за потпишување документи. Бајден, кој се бори со рак на простатата, одговори дека тој ги донесувал одлуките за време на неговото владеење и рече дека одлуката на Трамп има за цел да го ...

За најголемата несреќа во поновата историја на нашата држава, на семејстата, жртвите, на граѓаните, државата им ја должи целосната вистина, им должи правда и одговорност на виновниците. Од прв до последен. Но, наместо истрага која ќе ги опфати сите актуелни функционери и полициски службеници, наместо правда – гледаме селективност и заштита на виновниците. Наместо институционално расчистување – се случува организирано прикривање од страна на ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доцна синоќа го победи Германецот Александар Зверев во четвртфиналето на Ролан Гарос со 4:6, 6:3, 6:2, 6:4. Натпреварот траеше 3 часа и 20 минути. Триесет и осумгодишниот Србин сервираше шест пати асови и и реализира 4 од 8 брејк топки. Неговиот противник имаше 4 асови, 1 двојна грешка и 1 конвертирана брејк топка (од 3). Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Италијанецот Јаник Синер. Другото полуфинале го ...

Репрезентацијата на Португалија синоќа ја победи Германија со 2:1 во полуфиналето на Лигата на нации. Натпреварот се одигра на „Алијанц Арена“ во Минхен. Домаќините го отворија резултатот преку Флоријан Вирц во 48. минута. Франциско Консеисао погоди за гостите во 63. минута, а Кристијано Роналдо пет минути подоцна го постигна голот вреден финале. Португалија во финалето на Лигата на нации ќе се соочи со победникот од вечерашниот натпревар ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои сомнение дека како соизвршители се обиделе да сторат кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Како што соопшти денеска Обвинителството, осомничените, од кои двајца браќа и нивен познаник, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице и го довеле во ...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера се сретна со секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу, на кого му вети безусловна поддршка за рускиот став кон Украина и други меѓународни прашања, јави денеска КЦНА. – Ким Џонг Ун потврди дека владата на Демократска Народна Република Кореја и во иднина безусловно ќе го поддржува ставот на Русија и нејзината надворешна политика, се наведува во извештајот. Ким, наводно, рекол дека Северна ...

САД блокираа нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН, со која се бара итен, безусловен и траен прекин на огнот во Газа меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, како и непречена дистрибуција на хуманитарна помош низ енклавата. – Ставот на САД е јасен, не можеме да поддржиме никакви мерки доколку во нив нема осуда на Хамас и ако не биде повикан да се разоружа и да ја напушти Газа, изјави пред гласањето вршителката на должност ...

По повод Светскиот ден на животната средина, денеска во Скопје ќе се одржи првата годишна конференција насловена „Заедно за одржлива животна средина“, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање. На отворањето на конференцијата ќе се обратат првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изeт Меџити и претставничката на УНИЦЕФ во РСМ, Лесли Милер. Настанот ќе вклучи два ...

Министерството за економија и труд во наредниот период ќе организира информативни денови во поголем број општини, на кои пред јавноста ќе се презентираат мерките од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, како и за останатите мерки предвидени со Програмите за работа на Министерството. Првиот информативен ден, како што информираат од Министерството, ќе се одржи денеска во салата ...

Амбасадорот на Европската унија во земјава Михалос Рокас, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан и градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, Светскиот ден на животната средина ќе го одбележат со започнување на работи финансирани од ЕУ во висина од 7 милиони евра, за мрежи за собирање отпадни води и постројки за нивен третман во селата во Претор, Стење, Крани, Долно Дупени, Брајчино и Сливница. Претпладнево на прес – конференција во ...

Во организација на Противпожарниот сојуз на Град Скопје денеска ќе се одржи кампања за заштита од пожар на шумите и други површини. Како што информираат од Противпожарниот сојуз на Град Скопје, кампањата ќе се одржи на плоштад „Македонија од 11:30 до 12:30 часот. На кампањата ќе учествуваат и претставници од Дирекцијата за заштита и спасување и Национални шуми. Кампањата е традиционална со едукативно-превентивен карактер и претставува голем ...

Вицешампионот на Англија, Арсенал, објави список од 20 играчи со кои се разделува. Меѓу играчите се оние од првиот сениорски машки тим, но и играчи од академијата на тимот, како и играчи од женскиот сениорски тим. Меѓу попознатите имиња со кои „топџиите“ ги прекинуваат своите врски се напаѓачот Рахим Стерлинг, играчот од средниот ред Жоржињо, дефанзивецот Киран Тиерни и голманите Нето и Брајан Оконкво. Некои од нив беа во клубот на позајмица, ...

На сите им е добро познато дека основачот на „Гранд“ и шоумен Саша Поповиќ беше голем љубител на автомобили и дека имал најдобар и најскап возен парк во регионот. По неговата смрт, во медиумите се шпекулираше дека вдовицата на Саша, Сузана Јовановиќ, продала дел од автомобилите што ги поседува семејството, а сепак според Гранд нова.рс тоа не е вистина. Гранд ексклузивно открива каде се наоѓаат автомобилите на Саша Поповиќ, кои по неговата смрт ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија е уверена дека Србија е целосно свесна за ризиците поврзани со пад на нејзините воено-индустриски производи во рацете на режимот во Киев. Захарова нагласи дека Москва ги забележала неодамнешните коментари на српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со производите на наменската индустрија, кога тој се осврна на изјавата на Руската служба за ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
27%
1013
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
2.57
30%
1013
weather icon

Загреб

28ᴼ / 27ᴼ
2.57
35%
1012
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
23%
1014
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.87
20%
1013
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.54
50%
1013
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
5.14
37%
1012
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
5.14
45%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
23%
1014
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
3.6
34%
1014
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
4.63
32%
1013
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
9.26
45%
1013
Currency

61.525

Currency

52.6172

Currency

71.0159

Currency

34.5931

Currency

38.4564

Currency

66.0651

Currency

7.33176

Currency

0.67447

Currency

0.35703

Currency

0.52532

Currency

1.30951

Currency

0.61305

Алуминиум

2.60

Иридиум

145587.08

Кобалт

42.99

Никел

14955.00

Рутениум

25334.79

Калај

33.66

Сребро

1235.37

Злато

107889.86

Бакар

11.22

Паладиум

39095.31

Платина

46919.37

Родиум

183259.26

Цинк

2.74