Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги потсетува медиумите, при информирањето за погребите на жртвите во трагичниот пожар во Кочани, да се придржуваат до највисоките професионални и етички стандарди. – Известувањето треба да биде без сензационализам, задолжително треба да се почитува личната болка и жалост на семејствата, роднините и најблиските на загинатите и да се води сметка да не се придонесува за дополнително ...

Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката за пожарот во Кочани на кои оваа мерка им истекува во текот на денот, соопшти ЈОРМС. Вчера им е изречен краткотраен притвор уште на две лица. Од Обвинителството појаснуваат дека краткотрајниот притвор е продолжен затоа што се уште траат обемните дејствија на прибирање ...

Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе се одржи утре. Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во Облешево. Останатите погреби ќе се одржат исто така во текот на утрешниот ден во различни временски периоди. – Свештениците од локалните цркви ќе ги контактираат сите ужалени семејства со детали околу погребот, информираат од Центарот за управување со кризи. Оттаму ги замолуваат сите граѓани на ...

На 16 март, во трагедија без преседан, така наречената дискотека „Пулс“ на Бел Рид во Кочани однесе 59 млади животи и остави зад себе бројни семејства во неизмерна болка. Македонија тагува, граѓаните сочувствуваат со настраданите, додека властите најавуваат целосна истрага и санкции за сите инволвирани. Како дојде до оваа катастрофа и ерозија на системот? Кој се е виновен за трагедијата, зошто институциите не го затвориле нелегалното кабаре, кој ...

Состојбата на повредените пациенти од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани сместени во ГОБ „8 Септември“ во Скопје е стабилна однос на виталните параметри. Заедно со тимовите од специјализираните центри од странство се изведуваат операции за отстранување на изумреното ткиво оштетено од изгорениците и давање простор тие рани полека да почнат да зацелуваат, информира директорот на ГОБ „8 Септември“ Синиша Стојановски. На денешната прес-конференција ...

Штип утре ќе се прости од петмината загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. Во пожарот загинаа Дамјан Таневски, Филип Ивановски, Филип Стевановски, Александар Коларов и Александар Ефремов. Граѓаните ќе можат да се простат со Дамјан Таневски и Филип Ивановски во Соборниот храм „Свети Никола“, со Филип Стевановски и Александар Коларов во црквата „Успение на Превета Богородица“ во штипско Ново Село, а со Александар Ефремов во црквата „Света ...

На три објекти со важечка лиценца за кабаре, ноќен клуб или дискотека ќе им биде забрането да работат и ќе ја загубат лиценцата затоа што не исполнуваат минимум технички услови за вршење дејност. Од 22-та вакви објекта за кои вчера беше соопштено дека имаат активни лиценци, инспекцијата кај 12 ги проверувала техничките услови при што е утврдено дека трите објекти не ги исполнуваат. Продолжува теренската контрола на Пазарниот инспекторат за ...

Во моментов на Клиниката за пластична хирургија во Скопје се прават плановите во која фаза колку пациенти треба да бидат опфатени со хируршка интервенција за реконструкција на изгореното ткиво од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, информира денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски. -Такви зафати и во минатото се правени на Клиниката од каде ќе не информираат за темпото и во согласност со тоа ќе почнеме да работиме. ...

Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донел наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници. Според дејствијата опишани во наредбата, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело тешки дела против ...

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) будно ја следи состојбата по трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, Северна Македонија. Многу пациенти со повреди од изгореници се префрлени во болниците низ земјите-членки на ЕУ и соседните земји за итна медицинска помош. ЕЦДЦ го истакнува ризикот од инфекции кај пациенти со изгореници од пожарот во Северна Македонија предизвикани од бактерии отпорни на карбапенеми, група ...

Српското Собрание денеска на седница ја констатираше оставката на премиерот Милош Вучевиќ, поднесена од него во крајот на јануари, јави дописникот на МИА од Белград. Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка на 28 јануари, по напад врз студентите во блокада во Нови Сад. Со констатирање на оставка на премиерот, владата станува техничка, а почнува рок од 30 дена за избор на нова влада. Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ му се ...

Црвениот крст соопшти дека од донации досега се собрани вкупно 20.932.654,00 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани. Црвениот крст упатува голема благодарност на сите кои досега донираа и се дел од оваа хуманитарна операција за поддршка на настраданото население. Посочува дека продолжуваат и понатаму со сите механизми за прибирање хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка ...

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој денеска одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети. Манев истакна дека причината за убиството на Вања и Панче е прашање кое треба да се упати на обвинетиот Љупчо Палевски. Одговарајќи на прашањето на бранителот на Кешишев, Манев потврди дека на 23 ноември 2023 година, патот до хотелот „Романтик“ ...

Американски федерален судија синоќа ги блокираше милијардерот Илон Маск и Одделот за владина ефикасност (DOGE) да направат дополнителни кратења на американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД), велејќи дека нивните напори за затворање на агенцијата за странска помош веројатно го прекршуваат Уставот на САД. Во привремената пресуда, американскиот окружен судија Теодор Чуанг во Мериленд му нареди на Маск, советник на претседателот Доналд ...

Утринава во сервисен центар на „Тесла“ во Лас Вегас изгореле или се оштетени повеќе возила, а ФБИ не ја исклучува можноста за тероризам, пишува Фокс Њуз. Во инцидентот оштетени се пет возила, а две се опожарени. Спенсер Еванс, специјален агент на ФБИ во Лас Вегас, за новинарите изјави дека инцидентот има карактеристики на терористички напад, но сè уште е рано да се направи конечна проценка. Заедничкиот антитерористички тим на ФБИ моментално го ...

Српската Влада испратила синоќа барање до ФБИ и до Руската служба за безбедност (ФСБ) да спроведат независни истраги дали на протестот на 15 март во Белград бил употребен звучен топ, јави дописникот на МИА од Белград. Потврдата за тоа беше изнесена денеска откако српскиот премиер Милош Вучевиќ нагласи за белградски медиуми дека по разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ потпишал официјални документи и преку Министерството за ...

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан повикува на сплотеност и молитва по ужасната трагедија во Кочани во која животите ги загубија 59 невини млади луѓе, а над стотина се здобија со тешки повреди. Народната сплотеност и единство, нагласува архиепископот Охридски и Македонски, најмногу се огледуваат и се најпотребни во вакви злокобни неприлики. – Светата Македонска Православна Црква постојано се моли за спасение на невино настраданите, служејќи помени ...

На уште едно лице му е определен краткотраен притвор од 48 часа во врска со трагедијата во Кочани со што вкупниот број на лица опфатени со оваа мерка се искачи на 17 лица. На дел од оние кои им е изречена оваа мерка, вечерва им истекуваат 48-те часа. Јавниот обвинител Љупчо Коцевски вчера изјави дека покрај 16-те лица, на уште едно лице ќе му биде определен 48-часовен притвор. Најави брза и ефикасна истрага која ќе биде најпрофесионално ...

Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека денеска е последниот транспорт на пациенти кои ќе се лакуваат во странство, од трагедијата во Кочани. Како што посочи, во 11:30 часот за Шведска денеска ќе бидат пренесени двајца пациенти, а после пладне уште тројца пациенти. Тој напомена дека може да се очекува во текот на следните денови и враќање на одредени пациенти кои се лекуваат надвор од државата. -Последниот транспорт на пациенти е ...

По преземени мерки и активности, а во рамки на најавените контроли во ноќните клубови и кабареа, полициски службеници од СВР Куманово го затекнале кумановецот Т.В.(58), сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот. Како што соопшти денеска МВР, веднаш потоа полициски службеници извршиле контрола во објектот каде биле пронајдени и одземени пиротехнички ...

Адвокатот Маријан Витановски го откажа полномошното за бранење на Љупчо Палевски Палчо, обвинет за убиството на Вања и Панче. Судијата Ивица Стефановски пред почетокот на денешната расправа ја прочита одлуката на адвокатот од Куманово. Палевски продолжува да го брани адвокатот Јовица Страшевски. Денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Според најавеното, по ...

По прекинот што настана за третман на пациентите од пожарот во Кочани на хируршките килини во Скопје од денеска ќе продолжат операциите за онколошки пациенти, а се очекува од утре клиниките да работат со целосно планираните програми, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари – Од денеска хируршките клиники ќе почнат да функционираат не со полн капацитет, туку само за онколошки пацинети, а од утре по состанокот на кризниот штаб се ...

По наредба на американскиот претседател Доналд Трамп беа декласифицирани материјалите поврзани со атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди во 1963 година. -Тоа се многу информации, а вие сами ќе донесете одлука, им рече Трамп на новинарите во понеделникот, велејќи дека ќе бидат објавени 80.000 страници. Трамп потпиша наредба непосредно по преземањето на функцијата во јануари поврзана со ослободувањето, што доведе Федералното истражно ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во северните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и студено време. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени. Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 14 степени. ...

Во храмовите на Македонската православна црква – ОА денеска и во петок по литургијата на претходно осветени дарови, ќе биде отслужен парастос за жртвите во трагедијата во Кочани, а потоа и молитва за исцеление на повредените. – Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан повелува утре, среда, 19.3.2025 и в петок, 21.3.2025 г. по Претходноосветената Литургија да се отслужи Парастос за невино настраданите во трагедијата во ...

Во повеќе градови низ државава синоќа се одржаа собири во спомен на жртвите од трагичниот пожар во дискотека „Пулс“ во Кочани. Граѓаните изразија сочувство и поддршка кон семејствата на загинатите и повредените, барајќи одговорност од институциите. Во меѓувреме истрагата за несреќата продолжува, при што за случајот досега се приведени 18, а задржани 16 лица. Погребите на настраданите се закажани за четврток. Во Скопје, собирот на граѓани го ...

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека нема да се организираат големи собири, како што првично беше најавено, а активностите за искажување почит кон загинатите во Кочани ќе се организираат на ниво на факултети. – Со цел да не се создаваат поголеми гужви во моменти кога медицинската помош и полицијата се најпотребни на други локации, големи собири по кампуси нема да се организираат, ...

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) изразуваат загриженост поради повикувањето на информативен разговор на новинари, меѓу кои и претставници на меѓународни медиуми, по синоќешниот протест во Скопје. Според достапните информации, забраната за користење на дронови беше официјално објавена пред 20 часот, речиси два часа откако протестот веќе започна. Дополнително, во ...

Сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани изрази Комитетот за национални малцинства на Албанија, а на повредените им посакува побрзо закрепнување. – Комитетот за национални малцинства изразува длабоко и искрено сочувство до семејствата на жртвите и до сите граѓани во земјата. Ги упатуваме нашите најискрени молитви и најдобри желби за брзо и целосно закрепнување на повредените, стои во објавата. Комитетот за национални ...

Во повеќе делови од Скопје денеска ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода, според известувањата од ЕВН Македонија и ЈП Водовод и Канализација. Без струја ќе бидат делови од Рашче, Кисела Вода и Зелениково, а вода ќе нема на повеќе улици во Центар и Карпош. Од ЕВН Македонија соопштуваат дека без електрична енергија во периодот од 08:30 до 11:00 часот, ќе останат дел од корисниците на село Рашче на влезот и кај долната ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
56%
1013
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
0.56
62%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 17ᴼ
3.09
59%
1010
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
48%
1014
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.4
54%
1012
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
69%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.58
46%
1010
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
45%
1011
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
56%
1011
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 22ᴼ
2.24
47%
1011
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
1.79
58%
1009
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52