Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Во првите девет месеци од оваа година има дополнително зголемување на бројот на регистрации на електрични возила, покажува истражувањето на консултантската фирма „PricewaterhouseCoopers“, која ги опфаќа главните глобални пазари. Од јануари до септември оваа година, регистрирани се приближно 11 милиони целосно електрични возила, што претставува зголемување од 12 проценти во однос на претходната година. Истражувањето, објавено пред неколку ...
Цените на нафтата се намалија денеска откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е многу малку веројатно да нареди нови напади врз Иран додека напредуваат разговорите за прекин на конфликтот. Но, новите напади врз бродови во Ормуската Теснина продолжија да предизвикуваат загриженост во врска со понудата, јавија британски медиуми. Нафтата Брент падна за 1,27 проценти на 96,94 долари за барел утрово додека американската лесна ...
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на септември, изнесува 0,4 проценти, додека на годишно ниво, во споредба со октомври минатата година, трошоците на животот бележат зголемување од 3,3 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во октомври, во однос на претходниот месец, најголемо зголемување на трошоците на животот е забележано во групата алкохолни пијалаци, ...
Реалниот раст на нискоградбата во вториот квартал од 2026 година достигнува 48,9%, додека градежниот сектор во целина бележи раст од 21,9%, наведе пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Бојан Стојаноски. Тој ги поврзува овие показатели со засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти. Според пресметката што ја претставува врз основа на податоците на Државниот завод за статистика, просечната реална годишна стапка кај ...
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 7 денари за литар, а цената на дизелот се намалува за 5,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,51 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 86 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се ...
Отворени се шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, кои работат од 6 ноември. На шалтерите во трите града, клиентите кои немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари. Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и согласно утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имало краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што ...
Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што носи додадена вредност и придонесува за економскиот развој на државата – порача премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид, каде што присуствуваше на церемонијата на поставување камен-темелник на нов производствен капацитет на компанијата АСП-ПАК. Мицкоски изрази задоволство што инвеститорот, во соработка со Владата, одлучил да инвестира во нов производствен погон за ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а ...
Трајко Славески призна дека Мицкоски вршел притисок за дозволата на Aлта банка. Сега има уште многу малку време да го пријави. Обвинителот Савески работи на повик. По наредби од собраниската говорница, по барања упатени од телевизија. Не работи самостојно. Чека повик од Мицкоски. Ако сега Славески не го направи тоа, потоа ќе биде касно. Во Европа имаше санкции и суспензии за Алта банка. Во Црна Гора регулаторот ја одби Алта Банка и ги потврди ...
Судското рочиште за предметот „Онкологија“, што се води пред Основниот кривичен суд Скопје, денеска, беше одложено поради отсуство на судијката Снежана Марковска од здравствени причини. Од Судот информираат дека следното рочиште ќе се одржи на 25 ноември, по претходно закажаните термини. На последното рочиште, одржано на 5 октомври, Обвинителството ги оспори заклучоците на вештакот на одбраната Владимир Даниловски за терапијата применувана ...
Вистината за Алта банка е на виделина. Јавното обвинителство и Ненад Савески нема што повеќе да чекаат, мора веднаш да постапат. Во Србија на Алта банка ѝ е одземена дозволата. Отворен е стечај. Уапсен е сопственикот Давор Мацура. Има истрагата за 380 милиони евра. Во Македонија нема никаква реакција од Обвинителството. Народот не може да дојде до своите пари а тие што ја донесоа Алта банка во Македонија, уште договараат и нов сопственик. ...
Братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен како осомничен за трговија со луѓе, објави денеска на Фејсбук унгарскиот премиер Петер Маѓар. „Според извештаите во печатот, братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе. NVVH и Националното биро за истраги ја продолжуваат истрагата“, напиша Маѓарт на својата страница на Фејсбук. Според информациите објавени од порталот Портфолио, утрово Националната канцеларија ...
Православната црква и нејзините верници го празнуваат споменот на светиот маченик Нестор – млад страдалник чија вера се покажа посилна од мечот, а чија бестрашност ја надмина моќта на еден император. Како духовен син и посветен ученик на големиот заштитник на Солун, свети Димитриј, Нестор храбро излезе пред суровиот гладијатор Лиеј – миленик на императорот Максимијан, кој немилосрдно ги убивал христијаните. Со благослов на својот учител, ...
Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажале најновите извештаи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што попладнево соопштија од претпријатието, денеска од страна на секторот Санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, земени биле 44 примероци од водоводната мрежа на град Скопје, од кои еден примерок од бунарскиот потег Нерези. – Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од ...
Продолжува исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, кои имаат платежни сметки во банката, но не располагаат со платежни картички. Од денеска, покрај во Битола, исплатата се врши и на шалтерите во Тетово и Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари. Според информациите од Народната банка, во текот на денешниот ден, во трите града биле реализирани вкупно 750 исплати. Процесот се одвива непречено, со ...
Поранешниот британски стендап комичар и актер Расел Бренд (51) е осуден на 10,5 години затвор за силување на една жена и сексуални напади врз други три жени. Судијата Џоел Бенатан, при денешното изрекување на пресудата, изјави дека Бренд покажал „лежерно и арогантно непочитување“ кон секоја жена која би му рекла не. – Пред околу 20 години, Расел Бренд, ти стануваше славен. Беше интелигентен и во очите на многу луѓе забавен и харизматичен. Но, ...
Повеќе од 1.000 грла крупен добиток неконтролирано се движат низ Крива Паланка, уништуваат земјоделски насади и приватен имот и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот. Градоначалникот Сашко Митовски побара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба и да обезбеди ресурси за трајно решавање на проблемот. На прес-конференција, Митовски посочи дека барањето произлегува од заклучоците на Општинскиот кризен штаб, според кои надлежните ...
Во војната во Украина загинале повеќе од 450.000 Руси, покажуваат податоците што протекоа од руската државна статистичка агенција „Росстат“ по кибернапад, со што војната стана четврта најчеста причина за смрт во Русија, објави „Москов тајмс“. Иако Русија официјално ги нема објавено своите загуби на бојното поле од септември 2022 година и редовно ги отфрла независните процени, податоците на „Росстат“ потврдуваат дека ова е најсмртоносниот ...
– Станува збор за куќи, индивидуални. Опожарен е кров на една двокатна куќа, од којашто поради близина на објектите има зафатено делови од уште две куќи. Пожарот позади пазарот е целосно ставен под контрола, сега се работи на расчистување. Интервенирано е со девет возила, со 22 пожарникари – изјави Томески. Тој додаде дека висината на штетата допрва ќе се утврдува. Пожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ...
Времето до сабота ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север, в недела ќе има заладување и стабилизирање. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во наредните денови по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, а в петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец. Минималните (утринските) температури оваа ...
На прв поглед, тие можат да изгледаат сосема поинаку отколку што навистина се, и затоа е важно малку подобро да се запознаат овие хороскопски знаци. Шкорпија Шкорпиите често оставаат впечаток на сериозни и донекаде затворени луѓе. Тие не се отвораат пред секого и внимателно ги избираат луѓето на кои им веруваат. Но, кога навистина ќе ги запознаете, ќе откриете дека имаат топла, лојална и забавна страна. Зад сериозниот изглед често се крие ...
Тројцата луѓе чии тела беа пронајдени во домот на 24-годишниот напаѓач кој вчера отвори оган на главниот плоштад во Краков се неговите родители (53 и 52 г.) и сестра (20), објави полската радио-станица РМФ ФМ, повикувајќи се на портпаролот на полицијата, Анджеј Фјолек. Тој прецизираше дека жртвите се убиени од огнено оружје. Телата беа пронајдени за време на синоќешната полициска операција во домот на напаѓачот, во градот Островјец ...
Хрватска во изминатите 13 учебни години остана без 63.918 ученици во основните и во средните училишта, односно за 12,5 отсто од вкупниот број, а најтешко е погодена Вуковарско-сремската жупанија, каде што бројот на ученици е намален за повеќе од една третина. Пораст на бројот на ученици во овој период бележат единствено Градот Загреб и Истарската жупанија, покажуваат податоците од Училишниот електронски регистар (ШеР) на министерството за ...
Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во Украина, извршени во текот на ноќта, оставија стотици илјади потрошувачи без електрична енергија во Дњепропетровската и во Харковската област, соопштија украинските власти и енергетските компании. Во централната Дњепропетровска област повеќе од 600.000 жители останаа без електрична енергија по ноќните напади врз важни енергетски објекти, објави украинскиот оператор ДТЕК на Телеграм, ...
Обвинителството во Краков денеска отвори истрага против 24-годишниот Михал Окшински за убиство на шест лица врз кои пукал со автоматско оружје на главниот плоштад во тој град, како и за убиство на три лица во семејниот стан во градот Островјец Швјентокшиски, соопшти полскиот министер за правда и главен обвинител Валдемар Журек. – Истрагата се однесува на две кривични дела. Првото е убиство на шест лица со огнено оружје и обид за убиство на ...
Октомври 2026 година беше најтоплиот октомври досега регистриран во мерењата на глобалните температури и е трет последователен месец во кој е надминат прагот на затоплување утврден со Парискиот договор, соопшти „Коперник“, главната програма на Европската Унија за набљудување на Земјата. Според европската програма, 2026 година е втората најтопла година досега, со 20 отсто веројатност да го изедначи или надмине температурниот рекорд од 2024 ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изрази денеска жалење и неверување по нападот во Краков, наведувајќи дека знамињата на Европската Унија се спуштени на половина копје во знак на сеќавање на жртвите и оддавање почит на припадниците на службите за вонредни ситуации кои реагираа за време на нападот. „Тие го претставуваат европското единство и солидарност. Посилни од омразата. Посилни од екстремизмот“, наведе Фон дер ...
Каталонската полиција уапси 50 лица во провинцијата Барселона под сомнение дека учествувале во криминална група која остварила повеќе од 3,2 милиони евра приходи со организирање илегален влез на пакистански државјани во Шпанија и со овозможување незаконско регулирање на нивниот престој, објави шпанската радио-телевизија РТВЕ. Меѓу уапсените се 43 претприемачи кои, според полицијата, соработувале со криминалната група обезбедувајќи фиктивни ...
Соединетите Американски Држави нудат награда до 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма, објави американската влада на својата интернет-страница. „Програмата ’Награди за правда‘ нуди награда до 20 милиони долари и можност за преселување за информации за иранската нуклеарна програма, вклучувајќи ги нејзините постројки, опрема и поврзаниот персонал, како што се научниците, како и за преместување на која било од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Министерството за правда да ги истражи демократите поради, како што тврди, „заканување на многу луѓе“ со импичмент и други казни, оквалификувајќи ги нивните постапки како „кривично дело“, но без да приложи докази. Наредбата доаѓа откако демократите остварија убедлива победа над републиканците на меѓуизборите во вторникот и во јануари ќе ја преземат контролата врз Конгресот. Партиските лидери ...