Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Најмалку 300 училишта во Италија беа евакуирани денеска откако добија иста е-пошта во врска со закана со бомба, која содржеше и закана упатена до италијанската премиерка Џорџа Мелони, а полицајците во моментов вршат безбедносни проверки на објектите, објави италијанскиот министер за образование Џузепе Валдитара. Тој рече дека бројот на училишта што добиле заканувачки пораки може да се зголеми, објави Анса. Во нова порака испратена до ...
Невработеноста кај граѓаните со високо образование во Германија достигна рекордно ниво, особено кај младите, соопшти Федералната агенција за вработување, и според неа – 372.000 високообразовани граѓани беа без работа во август, што значи дека трендот на раст на невработеноста во таа група продолжи петта година по ред. Постои особено голем број невработени лица со универзитетска диплома во возрасната група до 30 години. Дипломата сè уште носи ...
Американскиот специјален претставник Џаред Кушнер по завршувањето на трилатералните преговори во Абу Даби изјави дека е постигнат договор за размена на голем број воени заробеници. Според него договорено е „најголемо хуманитарно ослободување на затвореници“ и оти нивната бројка ќе биде позната утре. И шефовите на руската и украинската делегација Владимир Медински и Рустем Умеров потврдија дека е планирана размена на воени заробеници. Кушнер ...
Високиот руски дипломат Алексеј Дробинин, на денешната безбедносната конференција во Москва, истакна дека Русија би можела да склучи договори за ненапаѓање со земјите членки на НАТО, како дел од новата безбедносна архитектура што се дискутира во мировните преговори за војната во Украина. Тој наведе дека има три опции, а првата е колективен одбранбен сојуз или билатерални договори за меѓусебна помош како оние што Русија ги има со Белорусија и ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека Европа треба да има место на масата за преговори за завршување на војната помеѓу Русија и Украина. – Приоритет на Украина е што поскоро да заврши војната, со достоинствен мир. Веруваме дека Европа треба да биде претставена во секоја фаза од вистинската дипломатија, објави Зеленски на платформата Икс. Во меѓувреме, главниот преговарач на Русија Владимир Медински наведе дека ...
Австриската Влада денеска објави планови за проширување на правната дефиниција за шпионажа и зголемување на максималната казна за тоа кривично дело за да ја промени долгогодишната репутација на Виена како „легло на шпиони“, а овој потег доаѓа по протерувањето на неколкумина руски дипломати. Во австрискиот главен град денес се сместени меѓународни организации како Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) и тела на Обединетите ...
Косовската полиција приведе германски државјанин во близина на Гнилане, откако при проверка на неговиот автомобил биле пронајдени 43 парчиња автоматски долгоцевни оружја. На приведениот германски државјанин одреден му е притвор од 48 часа, под обвинение за учество во организирана криминална група, како и незаконски транспорт и трговија со оружје и експлозивни направи. Истрагата треба да утврди од каде потекнува запленетото оружје. МИА ...
Тренинг центар за производство на квалитетно и безбедно млеко и месо ќе се отвори во селото Амзабегово во општина Свети Николе. Универзитетскиот професор Димитар Наков од Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип појасни дека овој тренинг центар е значаен за практичната настава на студенти, а ќе почне да функционира до крајот на годината. Тој посочи дека она што ќе се произведе нема да се продава, туку ќе има модерни мини ...
Американскиот пазар на акции бележи пад на вредноста на акциите откако извештај покажа дека инфлацијата во САД минатиот месец била повисока од очекувањата на економистите. Индексот S&P 500 на Волстрит падна за 0,4%, откажувајќи се од дел од добивките остварени за време на силниот раст претходниот ден. Индексот Dow Jones падна за 157 поени, или 0,3%, додека индексот Nasdaq се намали за 0,7%. Трошоците за живот – вклучувајќи ги цените на ...
Податоците во третиот квартал од 2026 година покажуваат дека пазарот на недвижности во нашата држава и понатаму бележи значителна економска активност, но со намалена динамика кај купопродажбите. Во овој период се регистрирани 7.679 трансакции, што претставува намалување од 8,2 % во споредба со претходниот квартал. Забележан е пад на бројот на купопродажби од 12,1 % во однос на претходниот квартал, додека кај бројот на закупи има раст од 2,8 ...
Со изведување докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На претходното рочиште Јавното обвинителство истакна сериозни забелешки на трите вештачења и на директното и на вкрстеното сослушување на градежниот вештак Петре Русески, кој го има изработено градежното вештачење за првообвинетиот Дејан ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе одржи надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во „АЛТА банка“ АД Битола, постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност. На надзорната расправа, како што соопшти собраниската прес-служба, се поканети овластени претставници на Владата и органите на државната управа, како и други лица кои можат да дадат информации за прашањето што е предмет на ...
Сите кои биле вклучени во процесот за влез на Алта банка во Македонија и имаат политичка или формална одговорност ќе бидат повикани да дадат одговори на собраниската надзорна расправа, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија. Филипче посочи дека списокот опфаќа триесетина лица, меѓу кои премиерот, претседателката на државата, министерката за финансии, гувернерот и вицегувернерите, ...
Компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да продолжат со исплата на платите на вработените, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси. Ова го овозможува најновата измена на Решението за администрација на Народната банка, со која постепено се олеснуваат ограничувањата за клиентите на Банката. Можноста се однесува на компаниите за кои исплатата на плати преку платежните ...
Проектите за водоснабдување, канализација и наводнување ја нагласуваат важноста на вложувањата што одговараат на основните потреби на граѓаните и земјоделците. Завршениот зафат во Моклиште и проектите во валандовскиот регион, Кисела Вода и Гевгелија даваат конкретна содржина на поддршката за водната инфраструктура. Во Моклиште, Кавадарци, водоводната и канализациската мрежа има должина од околу 6,4 километри. Во јули 2026 е пренесена објава ...
Претседателот на Здружението „16 март“ и родител на една од жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“, Александар Наунов, во врска со денешното судско рочиште изјави дека семејствата на настраданите нема да дозволат одговорноста да биде релативизирана преку спорни вештачења прашувајќи дали корупцијата и привилегиите ќе продолжат да ја газат вистината. Наунов посочи дека на денешното рочиште градежните експерти ги оспориле наодите на вештото ...
Премиерот денеска на надзорната расправа иснесе брутална лага дека Владата на СДСМ донела одлука да влезе Алта банка, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Прв сведок на надзорната расправа беше Христијан Мицкоски, а кога нема одговор, спинува и лаже. Премиерот денеска на надзорната расправа иснесе брутална лага дека Владата на СДСМ донела одлука да влезе во деловни односи со Алта банка Србија“, рече ...
Со испитување на вештото лице д-р Анита Поповска, по професија економист, денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој обвинети се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами и уште шест лица. Прашама дали таа целосно останува на изготвениот вешт наод и мислење, Поповска одговори потврдно. -Предмет на ова вештачење е набавка на видео ...
На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров изречена им е мерка упатување во воспитно поправен дом. Од Кривичниот суд Скопје информираат дека две од малолетничките ќе бидат упатени на по една година, а две на по осум месеци. – За предметот со насилство со малолетничка од Ѓорче Петров, со оглед дека се работи за малолетници деца и постапката е тајна, можам да ви потврдам дека ...
Владата веќе изготвила законско решение за полагање на правосудниот испит и го доставила до Венециската комисија за мислење. Решението предвидува секој оној што стекнал право да заврши високо образование – правен факултет во Македонија на јазик што се разликува од македонскиот, му се дава можност усмениот или таканаречен теоретски дел, на кој се полагаат предмети од додипломските студии, да ги полага на јазикот на кој го оформил своето високо ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две физички лица – сопственик и управител на правно лице, едно ополномоштено лице како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Првопријавениот Т.П., во својство на ополномоштено лице во соработка со ...
Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од директорот на Управата за финансиско разузнавање да објасни кога Народната банка побарала проверки за Алта банка Белград, што утврдиле тие проверки и какво мислење било доставено за потеклото на капиталот и за лицата кои управуваат со него. Спасовски посочи дека гувернерот Трајко Славески во своето сведочење се повикал на добиени ...
Јавното обвинителство постапува во секоја ситуација кога ќе утврди постоење на кривично-правен настан, порача денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески, но нагласи дека не може да открива дали во случајот со Алта банка е отворена предистражна постапка, бидејќи, како што рече, тоа е тајна согласно закон. Одговарајќи на прашања на пратениците на надзорната расправа во Собранието посветена на Алта банка, Савески рече дека без оглед кој ...
Агенцијата за разузнавање во периодот на влез на Алта банка во државата не располагала со разузнавачки сознанија што би укажувале на безбедносни закани или ризици што би наложиле известување на државниот врв – истакна директорката на Агенцијата за разузнавање Габриела Јаковлева на надзорната расправа во Собранието посветена на работењето на Алта банка. Одговарајќи на прашања на пратениците, Јаковлева нагласи дека пред секоја информација да ...
Бекот на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, и плејмејкерот на Њујорк никс, Џејлен Брансон, се прогласени за играчи на неделата во НБА, објави прес-службата на лигата. Дончиќ ја доби наградата во Западната конференција. Минатата недела, Словенецот им помогна на Лејкерси да победат во четири од четири натпревари, со просек од 45 поени, седум скока и 8,3 асистенции по натпревар. Претходно, Дончиќ постави историска пресвртница станувајќи првиот ...
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка синоќа ја победи Чехињата Каролина Мухова во натпревар од групната фаза на финалето на ВТА (7:6 (7:2), 7:5). Дваесет и осумгодишната Сабаленка стана тенисерка со најмногу победи, вкупно 13 во натпреварите на финалето на ВТА меѓу оние кои никогаш не го освоиле турнирот. Таа се израмни со Французинката Мери Пирс. Ова е шести последователен настап на белоруската тенисерка на главниот настан, завршниот турнир ...
Холивудската ѕвезда родена во Австрија, Арнолд Шварценегер организира „потрага по богатство“ во Виена под наслов „Најди ја торбата на Арнолд!“, која вклучува пронаоѓање скриени торби полни со подароци на три точки низ градот. Настанот е организиран од неговата фондација за животна средина, „Климатска иницијатива на Шварценегер“ (Schwarzenegger Climate Initiative), како дел од кампањата за заштита на животната средина наречена „Pump for the ...
Во свет обележан со воени конфликти, економска неизвесност и чувство на општ хаос, виралната порака на кинеско-канадскиот едукатор и аналитичар Џианг Сјуечин (познат како професор Џианг) предизвика огромно внимание на социјалните мрежи. На прашањето кој е неговиот најдобар совет за просечниот човек во вакво опкружување, Џианг даде неочекувано директен, личен и духовен одговор: Да верува во Бог! „Најдобриот совет што можам да му го дадам на ...
Лесен и брз рецепт за ќофтиња со тиквички Состојки: 300 грама тиквички 80 грама туна од конзерва 70 грама рендано сирење 1 јајце 100 грама лебни трошки 1 лажица брашно 1 лажиче сув зеленчук бибер сецкан магдонос Подготовка: Излупените тиквички исецкајте ги на коцки и згответе ги, по можност на пареа. Во изладените тиквички додајте исцедена туна, ситно изрендано сирење, лебни трошки, брашно, јајце, сецкан магдонос, сув зеленчук и бибер и сè ...
Без разлика дали станува збор за привлечноста на видеоигрите и стрим-апликациите, или за притисокот од училишните обврски како причина, адолесцентите ширум светот сè повеќе ја занемаруваат физичката активност и играта на отворено; еден од четворица признава дека, во текот на последната седмица, не практикувал „најмалку 60 минути физичка активност во ниту еден ден“, посочува ново истражување. Според испитувањето спроведено од научници од ...