Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ги повика компаниите кои реализирале инвестиции и ги исполнуваат законските услови, да ја искористат можноста за државна поддршка и навреме да аплицираат. Крајниот рок за поднесување на барањата, потсети, е 15 јуни. -Законот за финансиска поддршка на инвестиции е една од најзначајните алатки преку кои државата ги поддржува компаниите што инвестираат, отвораат нови работни места и ја ...
Се очекува Европската централна банка (ЕЦБ) денеска да ги зголеми клучните каматни стапки за првпат по 2023 година, во услови на остриот пораст на потрошувачките цени низ еврозоната. Како што пренесе ДПА, Централната банка треба да ја објави својата одлука денеска во 14:15 часот (12:15 GMT). Стапката на депозити, која е важна за штедачите и банките, изнесува 2 проценти од средината на 2025 година. Шокот со цената на нафтата што произлезе од ...
Без струја денеска од 7:30 до 15 часот ќе останат корисниците од улицата Покриена чаршија и дел од улицата Ковачка во Стара скопска шаршија. Како што соопшти Регионалнит центар за кризи на Град Скопје, без електрична енергија од 8 до 14 часот ќе останат корисниците од село Рашче, Хлорна станица Рашче, село Бојане, село Копаница, дел од село Кондово и од 8 до 16 часот селата Добрино, Гумалево, Кадина Река, Смесница, Зелениково, Страхојадица, ...
Брзата интервенција на пожарникарите од Територијалната Противпожарна единица и на доброволците пожарникари од Доброволното Противпожарно друштво-Штип ја запре огнената стихија, која се доближуваше до првите куќи во штипската населба Кадидаре. МИА информираше дека попладнево од гром се запали сува трева и грмушки, но поради ветерот брзо се ширеше кон ридовите Клисебаир и Кумлак. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов вечерва на ...
Изминатата година поставена е нова насока – здравствен систем што планира, мери, дигитализира и одговара, се наведува министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиумите по повод една година од преземањето на министерската функција. – Пред една година ја презедов одговорноста да го водам Министерството за здравство. Не беше лесен период, ниту систем во кој проблемите можат да се решат преку ноќ. Здравството е еден од најсложените и ...
Од прес-конференцијата беше упатен силен и недвосмислен апел до пратениците да кажат „НЕ“ на ова законско решение, кое беше оценето како деструктивно и штетно за егзистенцијата на илјадници семејства. Пред претставниците на медиумите се обрати претседателот на АСОМ, Васко Илијевски, кој нагласи дека државата со овој чекор свесно води една целосно легална дејност кон банкрот. „Со носењето на овој закон, повеќе од 10.000 директно вработени ќе ...
исплати поради пропусти во системот за остварување и исплата на права од социјална заштита, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР). Како што информира, слабостите во системските контроли и размената на податоци меѓу институциите и недоволната ажурност и проверка на податоците за корисниците, придонеле да се исплаќаат социјални права без целосно исполнување на законските услови при што е нанесена штета на државниот Буџет. Според ДЗР, од ...
Судија за извршување на санкции при Основниот кривичен суд Скопје му издаде упатен акт на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, за издржување на едногодишната казна затвор. Како што соопштуваат од Кривичен суд, осудениот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година. Претходно, Апелацискиот суд Скопје делумно ја потврди првостепената пресуда во предметот за изградбата на општинската зграда во Карпош и ја потврди ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе ги почне разговорите за најавената реконструкција на Владата, која, потенцира денеска во изјава за медиуми, влегува во втората половина на мандатот и политички умно е да биде подготвена на секакви сценарија, како што се и предвремени парламентарни избори. – За брзо време веќе сме во втората половина на нашиот мандат, ќе имаме парламентарни избори, па граѓаните нека одлучат. Дали ...
Утре започнуваат уписите во јавните средни училишта во учебната 2026-2027 година. Пријавување како и во изминатите години е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со веќе постоечките кориснички сметки на schools.mk, потсетува Министерството за образование и наука. Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши од 12 до 15 јуни, а доставувањето на потребната ...
Обвинителството на судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, денеска во судницата во „Идризово“ презентираше докази за Агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити солушнс“, кои се однесуваа на околности поврзани со обезбедувањето на објектот во кој се наоѓала дискотеката „Пулс”, планот за надзор и обезбедувње, дозвола за работа, листа на вработени, како и доказен материјал обезбеден ...
Денеска во попладневните часови на бројот 112 е пријавена повторна појава на пожар на отворено во близина на локацијата Кадидере во Штип, каде што ноќеска беше изгаснат претходниот пожар, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК, посочуваат дека ТППЕ Штип првично интервенирала со екипа од 3 пожарникари и едно противпожарно возило, а поради влошување на состојбата, во 15:20 часот на терен биле ангажирани вкупно 20 пожарникари и ...
Повторно се активираше пожарот над штипската населба Кадидаре. Во моментов горат лозја во викенд населбата Кумлак. Има изгорено и една викенд куќа, а повреден е и сопственикот кој веднаш е пренесен во Штипската клиничка болница. На терен се пожарникарите од Територијалната противпожарна екипа од Штип, членови на Доброволното друштов ДПД Штип, како и екиупи на штипски јавни перторијатија кои со помош на градежна механизација прават пресеци и ...
Министерството за внатрешни работи ги финализираше сите неопходни формално правни и технички предуслови за да се започне со имплементација на законските измени кои се однесуваат на управување на мотоцикл до 125cm³ и информира дека од утре граѓаните ќе можат да го користат правото за обука за управување на мотоцикл до 125cm³ во автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија. – Во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до ...
Во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“при Медицинскиот факултет во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ во Скопје беше добиен и поставен демо роботски хируршки систем EdGe Medical на кој успешно е изведена првата робот-асистирана уролошка операција во Македонија, а според достапните информации и прва од ваков тип во поширокиот регион. Станува збор за уролошка операција кај пациент со карцином на простата, изведена со примена на ...
Објавена е програмата за годинашното издание на Ohrid Wine Festival Vol. 5, кое од 25 до 27 јуни ќе се одржи на Кеј Македонија, пред хотел Палас во Охрид. Петтото издание на фестивалот носи три вечери со музичка програма, винска и гастро понуда и содржини што ќе го раздвижат кејот во еден од најпосетените периоди од летото. Во пресрет на фестивалот, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати повик до охриѓани, туристите, посетителите и ...
Бразилецот Вилтон Сампајо е назначен од ФИФА да го суди првиот натпревар од Светското првенство, кој ќе се игра в четврток. Во Мексико Сити ќе се соочат кодомаќинот на Мундијалот Мексико и Јужна Африка. Колумбиецот Николас Гало ќе биде ВАР судија. Вилтон има 44 години, тој е на листата на ФИФА од 2013 година. Тој беше ВАР судија на Светското првенство во 2018 година, а судеше на Арапскиот куп во 2021 година и на Светското првенство во Катар ...
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, потврди дека Лионел Меси ќе игра на последниот пријателски натпревар пред настапот на Светското првенство 2026 против Исланд. – Меси ќе игра, само не знам колку минути. Сè уште треба да разговарам со него на денешниот тренинг, па ќе видиме колку минути ќе игра за да избегнеме какви било ризици. Ќе одлучиме, но во принцип, тој ќе игра, изјави Скалони за „ESPN“. Меси беше на клупата, но не играше на ...
Поголема количина на пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Против лицето К.Б, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење. Осомничениот е возач на автобусот вработен во компанија која врши меѓународен патен превоз. Како што информираат од ...
Полицијата приведе петмина државјани на Турција на територијата на општина Аеродром поради нерегулиран престој во државата, соопштува Министерството за внатрешни работи. Акцијата била спроведена во периодот од 09:00 до 12:00 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје, согласно планот за активности на пријавно-одјавната служба за месец јуни. Како што информираат од МВР, приведени се лицата М.Е.С. (19), П.С. (23), Ј.С. (19), Д.Г. ...
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно седум пријави за семејно насилство, додека две лица се лишени од слобода. Утринава во 03:10 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека на 09.06.2026 околу 23:00 часот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.Ц.(45) со кого биле во бракоразводна постапка. Завчреа во 20:04 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж ...
Европската комисија предложи мобилизирање на 500 милиони евра за поддршка на земјоделците кои се соочуваат со повисоки трошоци за вештачки ѓубрива, со предупредување дека растот на цените може да го одложи садењето и да претставува ризик за производството на храна. Предлогот предвидува користење на земјоделската резерва во рамките на Заедничката земјоделска политика на ЕУ, која во моментов изнесува околу 200 милиони евра. Комисијата исто така ...
Јордан и Кувајт денеска соопштија дека биле цел на ирански ракети и оти нивната противвоздушна одбрана ги елиминирала заканите, додека иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека цел на нивните напади во текот на изминатата ноќ била и американската Петта флота во Бахреин. Јорданската војска соопшти дека нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале и собориле пет ракети лансирани од Иран кон подрачјето Ал ...
Поранешен пилот управувал со комерцијални авиони речиси 17 години без да поседува соодветна лиценца, извршувајќи повеќе од 900 домашни и меѓународни летови, соопшти вчера полицијата од Онтарио. Истрага за измама и фалсификување откри дека пилот на авиокомпанијата, кој во текот на својата кариера од 1998 до 2025 година летал за Ер Канада, фалсификувал лиценца што му била неопходна кога во 2009 година бил унапреден во капетан, се наведува во ...
Владата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина, изјави денеска премиерот Румен Радев, јави БТА. – Како што веќе знаете, владата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина – изјави Радев на почетокот на редовната владина седница. – Веќе дадовме доволно, нашата земја продолжува да трпи социјално-економски штети од оваа крвава војна. Убедени сме дека постигнувањето мирно решение ...
Големиот шумски пожар што изби во областа Уелва во шпанската автономната заедница Андалузија сè уште беснее, откако досега уништи повеќе од 3.600 хектари земјиште, поради што во операцијата за справување со стихијата е вклучена и Воената единица за вонредни состојби (УМЕ). Регионалната влада на Андалузија го подигна нивото на тревога на втор степен, а шпанскиот весник „Паис“ пренесува дека се очекува дополнително влошување на состојбата ...
Мај 2026 година беше вториот најтопол месец мај на глобално ниво откако постојат записи, соопшти Службата за климатски промени „Коперникус“ на Европската Унија. Европа доживеа брза промена од температури под просекот до еден од најинтензивните топлотни бранови на почетокот на сезоната некогаш регистрирани во западните делови на континентот, покажаа податоците собрани од мониторингот. Топлотниот бран доведе до бројни нови температурни рекорди ...
Цените во САД минатиот месец пораснаа со најбрзо темпо во изминатите три години, соопшти Бирото за статистика на трудот. Стапката на инфлација во мај достигна 4,2 проценти, што е највисоко ниво на индексот на потрошувачки цени од април 2023 година. Повисоките цени на нафтата и гасот, по американско-израелските напади врз Иран придонесоа за зголемувањето на цените. Цените на енергенсите нагло се зголемија поради блокадата на Ормуска Теснина и ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, одговарајќи на новинарско прашање да ја објасни претходната изјава дека Иран „мора да ја плати цената“, истакна: – Па, ќе ги нападнеме, ќе ги нападнеме многу силно, посочи Трамп. Тој на прашањето дали тоа значи продолжување на бомбардирањето истакна: Да, па, со оглед на хеликоптерот, претпоставува, дека имам право на тоа“. Трамп претходно го обвини Иран дека со дрон соборил американски хеликоптер „Апачи“ во ...
Италијанскиот астронаут од Европската вселенска агенција (ЕСА), Лука Пармитано ќе биде првиот Европеец што ќе учествува во програмата „Артемис“ на НАСА, објави вчера раководителот на американската Национална воздухопловно-вселенска администрација, Џаред Ајзекмен. Се очекува лансирањето да се случи во 2027 година. Но, не се очекува вселенското летало да слета на Месечината, туку само во орбитата на Земјата заради тестови. Посадата ќе ги ...