Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Владата на денешната седница ја усвои потребата од добивање итно мислење од Венециската комисија за предложениот модел за полагање на правосудниот испит, со цел да се обезбеди независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на решението со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди. Во рамките на постапката, како што соопшти Министерството за правда, известителите на Венециската комисија ќе остварат средби со ...
Бројот на загинати во сообраќајни несреќи е намален за околу 29 проценти во споредба со претходните две години, а Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден град“ го освои првото место во категоријата „Извонредност во сообраќајната безбедност“ на Светскиот полициски самит во Дубаи, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Презентирајќи ги резултатите од проектот, Тошковски истакна дека во периодот ...
Мобилни камери ќе се поставуваат и на сообраќајните црни точки, а системот „Безбеден град“ треба да биде проширен на целата територија на државата до февруари – најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес-конференција. – Постојните полициски возила ќе бидат опремени со камери што ќе може да ја мерат брзината на другите возила и да детектираат прекршоци додека се во движење. Министерството за внатрешни работи ...
Министерскиот совет на Бугарија утре, 11 ноември, го прогласи ден на жалост во спомен на загинатите во двете верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“ – изјави премиерот Румен Радев пред новинарите на местото на несреќите, пренесува БТА. Две тешки верижни сообраќајни несреќи се случија денеска при густа магла на автопатот „Тракија“, во близина на патниот јазол „Зимница“, недалеку од Јамбол. Најмалку 12 лица загинаа, а речиси 50 се ...
Со 67 гласови за, 15 против и ниту еден воздржан Собранието попладнево го усвои вториот ребаланс на буџетот за 2026 година. За збор се јавија само двајца пратеници, Јованка Тренчевска од СДСМ, која го квалификува ребалансот како комплетен фискален пораз, како и Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ, кој ѝ реплицираше напоменувајќи дека Владата е одговорна и се грижи за стопанството и стандардот на граѓаните. – Носењето втор ребаланс во ноември, само ...
Цената на нафтата од типот Брент, која претставува референтен меѓународен стандард, денес падна под 90 долари за барел, додека само пред една недела, на 3 ноември, беше околу 103 долари. Цената на Брент денес падна за малку повеќе од три проценти и моментално изнесува 89,3 долари за барел. Вредноста на нафтата на светскиот пазар опаѓа од почетокот на минатата недела, а тој тренд продолжи и оваа недела, откако цената на нафтата вчера падна за ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител телевизија посочи дека власта добро знаела кој е Давор Мацура и додаде дека влезот на Алта банка во Македонија е дел од политичките концесии кон режимот на Александар Вучиќ од страна на Христијан Мицкоски. „Едно е да не знаете, а друго е да сте дел од целата таа игранка и шема и да ги знаете многу добро тие луѓе“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ нагласи ...
Мицкоски дозволи влез на криминалната Алта банка и тоа е клучната негова одговорност, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервјуто во „Тема на денот“ на телевизија Сител. Филипче појасни дека политичката одговорност на Мицкоски не е само во неговото учество во процесот на продажба на Алта банка, туку пред сè во тоа што дозволил таква банка, со сериозни сомнежи за криминално потекло на капиталот, да влезе на македонскиот ...
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја казни Француската фудбалска федерација (ФФФ) со 10.000 евра за одложување на почетокот на нивниот натпревар од Лигата на нации против Белгија (1:0), објави „Л’Екип“. Инцидентот се случи на 28 септември во Брисел. Почетокот на натпреварот беше одложен за неколку минути поради проблеми со опремата кај француските играчи. Нивните чорапи имаа погрешна лента во боја, која мораше да се замени пред да ...
Шефот на стручниот штаб на мадридски Реал Жозе Мурињо денеска е прогласен за најдобар тренер на шпанската првенство во октомври. Мурињо го предводеше Кралскиот клуб до победа во сите четири натпревари од Ла Лига, одиграни минатиот месец, триумфирајќи над Виљареал (1:0), Севиља (4:1), Барселона (2:1) и Расинг Сантандер (3:0). Веднаш зад португалскиот стратег во гласањето за тренер на месецот се најдоа Пелегрино Матарацо од Реал Сосиедад и ...
Ламин Јамал ќе го пропушти првиот натпревар на Шпанија. Фудбалерот на Барселона поради проблем со коленото нема да биде дел од репрезентацијата на следниот меч. Според „COPE“, крилниот напаѓач на Барселона почувствувал непријатност во десното колено по вчерашниот натпревар од Ла Лига против Атлетико Мадрид (2:1). По прегледите, беше одлучено дека Јамал ќе остане во клубот за да продолжи со закрепнувањето. на Реал Сосиедад, Микел Ојарзабал, ...
Кремаста, ароматична и полна со вкус на зеленчук, оваа посна чорба е вистински избор за топол и вкусен оброк. Маринираните шампињони ѝ даваат посебна нота и одлично се вклопуваат со нежната текстура на зеленчукот. Потребни состојки: 1 кг компири 4 моркови 1 поголем праз 1 помало парче целер 1 парче пашканат 2 супени лажици вегета 2 супени лажици сол Црн бибер по вкус 300 г маринирани шампињони Подготовка: Празот исечкајте го на ситни парчиња, ...
Маж од Северна Каролина поднел тужба против компанијата „Опен-АИ“ тврдејќи дека „Чет-ГПТ“ ѝ помогнал на сопругата да испланира какод а го убие. Според првичните информации објавени од платформата „Unilad“, по преживеаниот обид за труење, Џејмс Гејтс бара одговорност од компанијата и нејзиниот извршен директор Сем Алтман. Шерил Гејтс, која работела како училишна терапевтка, била обвинета дека во соковите и енергетските пијалаци на сопругот ...
Подготовката е многу едноставна: само замесете го тестото и испржете ги мекиците. Можат да се јадат во секое време од денот, а најдобри се за појадок или вечера. Можете да ги послужите со слатки или солени намази, а денес ви претставуваме рецепт за посни мекици без квасец, кои сигурно ќе ви успеат. Состојки: 400 г брашно 1 лажичка сол 1 лажица шеќер 2 лажици масло 220 мл топла вода Рецепт за посни мекици без квасец: Во сад измешајте ги ...
Полското регулаторно тело, Националниот совет за радио и телевизија, денеска покрена постапка против опозициската десничарска телевизија „Република“, по повеќе пријави и лавина реакции на социјалните мрежи дека медиумот ширел паника, лаги и дезинформации, обвинувајќи ја владата на премиерот Доналд Туск дека во Краков немало полиција по пукањето во саботата, иако напаѓачот бил уапсен за само неколку минути. „Во врска со пријавите што ...
По 11 години преговори за отстранување на фитосанитарните пречки што досега не дозволуваа извоз на грчките цреши на кинескиот пазар, Грција и Кина постигнаа договор, а официјалниот протокол што ќе го потпишат двете земји се очекува да отвори нови перспективи за грчките производители и извозници – информираа од министерствата за надворешни работи и за земјоделство и храна на Грција – јави дописничката на МИА од Атина. Двете министерства преку ...
Оваа година веројатно ќе биде една од четирите најтопли години досега, со температури поттикнати од силниот Ел Нињо и континуираното глобално затоплување, покажа извештај на ОН. Нов состанок на климатскиот формат на ОН, се одржува во Турција од 9 до 20 ноември, а извештајот на Светската метеоролошка организација (WMO) за состојбата на климата ќе ги обезбеди најновите достапни податоци на состанокот. Во него се наведува дека помеѓу јануари и ...
Шефицата на канадската дипломатија Анита Ананд, на маргините на средбата на Г-7 во Париз, истакна дека Канада одлучила да воведе дополнителни санкции врз Русија „за дополнително да ја зголеми економската цена на војната“ што Москва ја води против Украина. Во соопштението на канадското Министерство за надворешни работи се наведува дека „на списокот на санкции се додадени 38 субјекти и 24 поединци, со цел дополнително да се ограничат воените ...
Шпанското Министерство за млади и деца побара од државното обвинителство отворање итна истрага за содржини што прикажуваат сексуална злоупотреба на деца на платформата „ТикТок“, посочувајќи можност за целосна суспензија на нејзините услуги во земјата. Барањето доаѓа по истрагата на шпанската непрофитна организација „Малдита.ес“ (Maldita.es), која за период од 35 дена документирала 1.182 јавни објави со експлицитни материјали за сексуална ...
Владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) на премиерот Андреј Пленковиќ забележа најнизок рејтинг во неговите три мандати на власт со 24,9 проценти поддршка, а најголем скок на негативната листа на политичари забележа неговиот партнер во сегашната влада, лидерот на Татковинското движење, Иван Пенава, од 2,4 на 8,4, што го донесе на третото место меѓу најнегативните политичари. Ова го покажа најновото истражување на CRO Demoskop, ...
Обединетите нации и Палестинската самоуправа предупредија дека во претстојната зима би можела да ја ескалира хуманитарната криза во Појасот Газа, каде што стотици илјади луѓе сè уште живеат во шатори и привремени засолништа по израелското бомбардирање. Повеќе од два милиони луѓе зависат од засолниште и помош, изјавија официјалните лица денеска на прес-конференција во градот Рамала на Западниот Брег. Самех Хамад, министер за социјален развој ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази сомнеж во интегритетот на минатонеделните избори за Конгресот, речиси една недела откако го призна поразот на неговата Републиканска партија и им честиташе на демократите. „Дали некој навистина верува дека овие ’Избори‘ беа чесни. Како можеа анкетите да бидат толку погрешни???“, напиша тој денеска на својата платформа „Трут соушл“. Трамп исто така сугерираше дека гласачките машини влијаеле врз ...
Кина од вторник ќе ја продолжи за уште два месеца суспензијата на дополнителната царина од 24 отсто за увозот од САД, додека царината од 10 проценти ќе остане во сила, соопшти денеска кинеската влада. Кина ја продолжува суспензијата со цел да ги спроведе „резултатите и консензусот постигнати на средбата меѓу лидерите на Кина и САД во Вашингтон“, се наведува во соопштението на Царинската комисија при Државниот совет на Кина. По септемвриската ...
Франција ја обвини Револуционерната гарда на Иран за кибернападите врз разладните системи во супермаркетите и го повика иранскиот амбасадор, во знак на протест, изјави денеска министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро. Нападите погодија околу 700 француски супермаркети во ноќта меѓу 11 и 12 октомври оштетувајќи големи количини стока и предизвикувајќи пожари, рече Баро. Тој ја опиша операцијата како сериозно кршење на француските ...
Светските лидери од Самитот за климата (КОП31), што денеска почна во Анталија, Турција, го повикаа светот да ја забрза борбата против глобалното затоплување. Двонеделната конференција на ОН почна со повик до владите да се фокусираат на климата, дури и кога другите меѓународни кризи, од војни до растечката инфлација и ризиците од вештачката интелигенција, го преокупираат нивното внимание. Итноста на моментот мора да нè води напред, истакна ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, по повод 37-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, повика на заштита на демократијата и слободата. Тој на Икс објави дека во историјата на Германија има три важни настани што се случиле на 9 ноември – прогласувањето на Вајмарската Република во 1918 година по абдикацијата на германскиот цар Вилхелм II, Кристалната ноќ во 1938 година, што го означува почетокот на нацистичките погроми на Евреите и падот на ...
Европската Унија ќе има свои претставници на претстојниот состанок за Украина, што ќе се одржи во Абу Даби во текот на неделата, потврди портпаролот на Европската комисија. Тој наведе дека во Абу Даби ќе присуствуваат европски специјалисти во областа на внатрешната безбедност, а некои од нив ќе присуствуваат во име на Советот на ЕУ. Портпаролот на ЕК потенцира дека неделава ќе се одржи и неформален состанок на Европскиот совет во Даблин, што ...
При акциска контрола за брзо возење, за шест часа констатирани биле 708 прекршоци, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Вчера во периодот од 11 до 17 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола насочена кон откривање и санкционирање на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. При спроведената контрола ...
Полицијата и Вишото јавно обвинителство во Ужице продолжуваат да работат на расветлување на околностите околу смртта на руската државјанка, чие тело утрово било пронајдено на платото пред станбена зграда на Златибор. Телото на руска државјанка, на возраст од околу 20 години, е пронајдено на земја пред зградата во која престојувала во изнајмен стан. Истражителите работат на утврдување на идентитетот на лицата кои престојувале во станот на ...
По истрагата и проверките спроведени од припадниците на Крајбрежната служба на Грција, со помош на куче за откривање експлозивни направи, не беше пронајдено ништо сомнително, откога попладнево беше пријавено дека е поставен експлозивен механизам на траектот „Blue Star 1“, на атинското пристаниште Пиреас, со 875 патници и 83 членови на екипажот, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираа од крајбрежната служба на Грција, за време ...