Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) Никола Мемов учествуваше на тркалезната маса – работна сесија – „Недостигот на работна сила: Од предизвик до можност преку активно стареење и искористување на позитивни искуства“ во организација на Комората на Северна Македонија за приватно обезбедување, наведува Фондот на ПИОМ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. Целта на настанот, како што беше речено, е ...

Јавното претпријатие ЖРСМ Инфраструктура информира дека поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје – Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот „Градски воз“, привремено од 22 јуни 2026 до 1 јули 2026 година, нема да сообраќаат следниве патнички возови: На релација Скопје – Гевгелија: 611 (06.20) и 631 (16.55); На релација Гевгелија – Скопје: 630 (04.30) и 632 (17.02); На ...

Безживотното тело на 75-годишна македонска државјанка било извлечено од морскиот дел во Неа Каликратија на Халкидики, со возило на брза помош жената била пренесена во здравствен центар, каде што била констатирана смрт, јави МИА. Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека во попладневните часови вчера, крајбрежната управа на Неа Муданија била информирана дека „75-годишна странска државјанка (државјанка на Република Северна Македонија) ...

Репрезентацијата на Аргентина ноќеска во Канзас го победи Алжир со 3:0 во натпреварот од групната фаза на Светското фудбалско првенството 2026. Трите гола го постигна Лионел Меси. Капитенот на Аргентинците погоди во 17-та, 60-та и 76. минута. Триесет и осумгодишниот Аргентинец Меси израмни рекордот на Мирослав Клозе од 16 голови на Светските првенства. Аргентина освои три бода и се искачи на првото место во Групата Ј. Алжир е на последното ...

Фудбалерот на Франција Килијан Мбапе им се обрати на оние кои ја критикуваат неговата игра. Мбапе синоќа постигна два гола во победата од 3:1 над Сенегал во првото коло од Светското првенство 2026. Дваесет и седумгодишниот Французин стана најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата. – Видовме од другите тимови дека е тешко да се започне Светско првенство со победа. Денес беше тежок натпревар, но знаеме дека можеме да постигнеме гол во ...

Македонскиот фудбалски шампион Вардар го дозна и потенцијалниот ривал за второто квалификациско коло од Лигата на шампионите се разбира доколку успее да го елиминира првакот на Финска КуПС. Победникот од овој дуел во втората рунда ќе игра со поуспешниот од двомечот меѓу Сабах (Азербејџан) и ТНС (Велс). Првиот натпревар би се играл на гостински терен, а реваншот на домашен терен. Термините за одигрување на натпреварите се 21/22.јули односно ...

Меко, воздушесто и неодоливо вкусно млечно печиво кое совршено се комбинира со појадок, кафе или чај. Благодарение на млекото и путерестиот вкус, ова печиво останува меко и свежо долго време. Потребни состојки: 370 грама брашно 150 мл топло млеко 100 грама путер/маргарин 1 лажичка сол 1 лажичка шеќер 1 кесичка сув квасец 1 жолчка За премачкување 1 јајце сусам за наросување Подготовка: Во длабок сад измешајте ги брашното, солта, шеќерот и ...

Американскиот глумец Том Холанд потврди дека е во брак со Зендеја по месеци исполнети со гласини дека тие двајца се венчале, поткрепени со лажни слики од вештачката интелигенција. Ѕвездите од новите филмови „Спајдермен“ се заедно речиси 10 години, а глумицата пред неколку месеци беше видена како носи „нешто што изгледа како златен венчален прстен“, пишуваа западни медиуми. Оттогаш, двојката – која и вообичаено ретко коментира за својата ...

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ во авторство на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска, објавена на феминистичката платформа meduza.mk е меѓу сториите наградени со „Гласник на невидливите“ што ја доделува Македонската платформа против сиромаштијата. -Наследувањето на имот од страна на жените во нашата држава е толку ретко, што низ времето се проткајува како народна пракса која речиси и да не се доведува под знак прашалник. Како и повеќето ...

Пријава за починато лице на место викано „Пољана“ во кривопаланечкото село Огут од јавната здравствена установа во Крива Паланка била евидентирана вчера во 13 часот во полиција. Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека по преземени мерки било констатирано дека се работи за С.Ј., 52-годишник од Крива Паланка, вработен во „ЕВН“, кој починал додека извршувал работни задачи. – Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен ...

Јужна Кореја ќе ја помести линијата за цивилна контрола што се протега паралелно со воената граница со Северна Кореја, со што ќе ја намали зоната што е под режим на ограничен пристап за цивили. Како што соопшти јужнокорејскиот министер за одбрана, Ан Гју-бак, таканаречената линија за цивилна контрола во моментов се наоѓа на околу десет километри јужно од демаркациската гранична линија, воспоставена по завршувањето на Корејската војна ...

Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, го оцени како дипломатска победа на Иран рамковниот договор со САД што в петок треба да биде потпишан во Швајцарија. „Не смееме да ја пропуштиме оваа можност, што може да и помогне на земјата да излезе од сегашната состојба“, изјави Пезешкијан, додавајќи дека станува збор за ретка шанса што можеби никогаш повеќе нема да се повтори. Пезешкијан, кој важи за политичар со умерени ставови, повеќепати се ...

Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Лав XIV, го поздрави привремениот договор меѓу САД и Иран за прекин на воените дејствија на Блискиот Исток. Папата, кој е роден во САД, изрази надеж дека договорот што е предвидено да биде потпишан в петок, ќе стави траен крај на конфликтот. Тој претходно упати критики за војната против Иран, што предизвика реакции од американскиот претседател Доналд Трамп. „Се уште има неколку прашања што треба да ...

Рускиот претседател, Владимир Путин, ќе биде домаќин на дводневниот самит Русија-АСЕАН што од денеска се одржува во рускиот град Казан, на кој е најавено учество на повеќе лидери на држави од Југоисточна Азија. Самитот се случува во време кога Москва се обидува да ги зајакне врските со другите региони во светот по влошувањето на односите со Западот поради војната во Украина, истовремено кога во Франција се состануваат лидерите на Групата Г-7. ...

Бразилскиот суд го осуди Едуардо Болсонаро, син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, заради лобирање кај американските власти во периодот додека траел судскиот процес покренат против неговиот татко. Според обвинението, Едуардо Болсонаро (41) минатата година лобирал во САД да му помогнат на поранешниот претседател во судскиот процес, со воведување царини или санкции против Бразил. Поранешниот бразилски конгресмен се пресели во САД во ...

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Помладиот, ја посети јаболковата градина „Кантри мил фармс“ во Мичиген, од каде упати остар апел до Американците драстично да ја намалат преработената храна и да се свртат кон свежи, локално одгледани намирници како месо, овошје, зеленчук и цели зрна. Овој настан, организиран од иницијативата „Здрава Америка“ (Healthy America) на институтот „Америка фирст полиси“ (America ...

Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека испукувањето предупредувачки истрели од руска фрегата во Ламанш со цел да биде оттурната британска цивилна јахта во близина на британските територијални води било непромислено и длабоко загрижувачко. Инцидентот се случил вчера, според соопштенијата на министерствата за одбрана на Велика Британија и на Русија. Според Москва, целта на истрелите била да се спречи судир, откако пропаднале ...

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа. На прес-конференцијата по повод утрешниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата во Брисел, Руте појасни дека САД во моментов го преиспитуваат својот придонес во силите на НАТО, пред сè во однос на распределбата на одговорностите за спроведување на одбранбените планови. – САД јасно ...

САД и европските земји членки на Групата седум (Г-7) ќе произведуваат ракети со долг дострел и системи за противвоздушна одбрана по лиценца во Украина, пренесува Франс прес, повикувајќи се на дипломат кој учествува на самитот на Г-7 во францускиот град Евијан, јави БТА. „По лиценца ќе произведуваме не само системи за противвоздушна одбрана, туку и капацитети за долгодострелни напади, односно ракети со долг дострел“, изјавил неименуваниот ...

Европските сојузници го зголемуваат својот придонес со дополнителни сили кои можат да му бидат ставени на располагање на НАТО во случај на воена криза, а откако САД го намалија своето учество, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте. Минатиот месец Вашингтон ги информираше сојузниците за одлуката да го намали обемот на американските воени капацитети и сили што би биле достапни во случај на криза. Оваа одлука ги отвори ...

Вооружените сили на Украина го погодија танкерот „ФИНА А“ во Црно Море, кој е во составот на руската „флота во сенка“, објави Генералштабот на украинската армија. Целта е успешно погодена, а во моментот се проценува обемот на штета, објави украинскиот Генералштаб на Телеграм. Во објавата се наведува и дека украинските сили погодиле мост преку Северниот Кримски канал во близина на селото Ставки, како и мост во близина на Војнка во окупираниот ...

На барање на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), судот ја изрече мерката „затворски притвор“ против десет албански државјани, кои се сметаат за меѓународна група шверцери на дрога кои во Европа носеле со тони кокаин. Групата ја предводел Шпетим, или Салвадор Алиу, додека важна улога одиграл и Дритан Ѓика, кој во последните години станал познат инвеститор. На списокот на осомничени, кои се сметаат за ...

Известителот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека тој секогаш бил достапен за сите политички актери во Србија, но дека нивниот став кон него зборува многу за „(не)постоењето“ политичка волја за одредени опции државата да комуницира со ЕП за сите отворени прашања важни за членството. Во интервју објавено денес за Демостат, Пицула вели дека соработката со парламентот во Србија не е онаква каква што треба да биде и дека ...

Пратениците во бугарското Народно собрание ги замрзнаа своите примања на нивото од март 2026 година. Народните избраници едногласно, со 193 гласа „за“, усвоија одлука за изменување и дополнување на Деловникот за организација и работа на Народното собрание, јави БТА. Според измените, пратениците ќе добиваат основна месечна плата во висина на три просечни месечни плати на вработените по работен и службен однос во јавниот сектор, согласно ...

Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК) во Министерството за финансии на САД ја продолжи лиценцата за работа на српската нафтена компанија НИС, како и лиценцата за преговори на унгарската компанија МОЛ до 1 јули 2026 година. Од НИС соопштија дека продолжената лиценца ѝ овозможува на компанијата да продолжи со работењето и да учествува во договори што се однесуваат на неа или на нејзините оперативни друштва. Ова го вклучува и ...

Цените на сировата нафта на светските берзи бележат остар пад по информациите дека иранската нафта наскоро би можела повторно да се појави на глобалните пазари, што поттикна очекувања за намалување на инфлацискиот притисок и доведе до пад на приносите на обврзниците. Фјучерсите за сировата нафта „Брент“ паднаа под 80 долари за барел и се намалени за повеќе од една третина од највисоките нивоа, по извештаите дека САД би можеле да ги укинат ...

СВР Скопје во целост го расчисти случајот во врска со кривичното дело „предизвикување општа опасност“, извршено на 15 јуни кога беа опожарени две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, соопшти денеска прес-службата на Министерството за внатрешни работи. Како што информираат, Одделението за криминалистички работи – Центар и Бит Пазар вчера поднесе кривична пријава по итна постапка против И.Д.С.(44) од ...

Во малото грчко село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското езеро на територијата на Грција, пред осум години, на 17 јуни 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот билатерален спор меѓу двете земји, Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија, Грција призна македонски јазик и македонски идентитет, нашата земја стана членка на НАТО, а се интензивираше и ...

Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур треба да гласа за конечната верзија на извештајот за напредокот на Северна Македонија на патот кон Европската Унија на известувачот за нашата земја, европратеникот Томас Вајц. Европратениците треба да се изјаснат и за извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. Известувачите на Европскиот парламент за петте земји од Западен Балкан вчера ги презентираа извештаите ...

Сите знаат зошто ЗНАМ влезе во тендер-коалицијата со организирана криминална група ВМРО. Тоа го знаат и граѓаните. Заради лични и бизнис интереси. Максим Димитриевски прво ја предаде сопствената партија, а потоа и своите гласачи. Откако партијата почна да се распаѓа, еден по еден почнаа да ја напуштаат и пратеници и советници. Остана само Максо да го „одработи“ авансот што го доби од Мицкоски. ЗНАМ не е политичка партија. ЗНАМ е сте сателит ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.2
42%
1018
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
0.77
62%
1016
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.43
62%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.17
63%
1019
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.99
50%
1016
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.95
76%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
41%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.91
42%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
3.32
42%
1017
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
0.45
61%
1016
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
1.79
31%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 23ᴼ
3.28
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Алуминиум

3.11

Сребро

1862.96

Паладиум

38355.84

Иридиум

233896.68

Родиум

249168.29

Рутениум

49029.89

Кобалт

56.29

Злато

129060.56

Цинк

0.00

Платина

50476.67

Бакар

12.22

Калај

50.54