Вашингтон се обидува да отвори нов канал за индиректни разговори со Техеран, додека блокадата околу Ормускиот Теснец продолжува да ја притиска глобалната економија. Белата куќа испраќа пратеници во Пакистан во обид да се отворат нови разговори со ирански претставници за ставање крај на осумнеделната војна што ја потресе глобалната економија. Американскиот претседател Доналд Трамп ги испраќа специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, ...

Секретарот одбрана на САД Пит Хегсет изјави дека американската армија заслужува да добива Нобелова награда за мир секоја година. – Единствената институција што треба да ја добива Нобеловата награда за мир секоја година е американската војска, бидејќи ние сме гарант за безбедноста и заштитата не само на нашата земја, туку и на многу луѓе во овој свет, рече Хегсет на прес-конференција во Пентагон. Со тоа, Хегсет дополнително го нагласи ...

Временските прилики денеска во државата ќе бидат претежно сончеви, проследени со мала до умерена локална облачност. Според синоптичарите, утринските температури ќе се движат во интервалот од 0 до 7 степени, додека максималните дневни ќе достигнат пријатни вредности помеѓу 17 и 25 степени. Низ целата земја ќе дува слаб до умерен ветер, главно од северен правец. Слична временска слика се очекува и во главниот град. Во Скопје денеска ќе биде ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека управува со државата по истиот модел што, според него, се применувал во времето на Никола Груевски, оценувајќи дека нема суштинска разлика во начинот на владеење. Изјавата ја даде во емисијата „Трилинг“ на телевизија 24, а ја пренесе Скопје1. Во настапот, Филипче рече дека сегашната власт ја продолжува истата политичка парадигма и ја обвини дека буџетот се користи за доделување ...

Делови од Скопје и околината ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, според најавата што ја пренесоа скопските медиуми врз основа на информациите од ЕВН и Регионалниот центар за управување со кризи. Во најавата се наведува дека исклучувањата се планирани за сабота, 25 април, и ќе погодат корисници во општините Студеничани, Карпош и Центар. Најдолгиот прекин е најавен за дел од селото Морани ...

Во Основниот кривичен суд во Скопје започна судската постапка против девет полициски службеници, обвинети за злоупотреба на службената положба во врска со издавањето лиценца за работа на дискотеката „Пулс“ во Кочани. Случајот се однесува на институционалните проверки што, според обвинението, не биле спроведени целосно пред објектот да добие дозвола за работа. На обвинителна клупа се Димче Аврамов, Јане Трајчев, Александар Атанасов, Влатко ...

Доктор Ненад Лазаров објави дека Ивана ги поздравува сите хумани граѓани од болница, каде денеска ѝ се поставуваат сонди до бубрезите како подготовка за патувањето кое е планирано за наредната недела. Во јавноста беше споделено и писмо од нејзината 7-годишна ќерка, која упати емотивен повик за помош. „Од дното на срцето ви благодарам на сите добри луѓе што донираат и ни даваат надеж! Вашата помош значи живот за мојата мама… значи уште еден ...

Согласно заклучок од седница на Владата, Министерството за здравство ја објави јавната набавка за 100 нови амбулантни возила со надградена медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата. Вкупната вредност на инвестицијата е 461.250.000 денари. Во моментот е во тек законскиот рок за поднесување понуди. – Набавката на 100 нови амбулантни возила значително ќе го унапреди капацитетот на здравствениот систем за одговор при итни ...

Полицаец и доставувач земале пари за да „средат“ ослободителна пресуда Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори истрага против двајца вработени во Основниот кривичен суд Скопје. Станува збор за судски полицаец и доставувач, кои се сомничат дека примале мито лажно ветувајќи дека ќе издејствуваат ослободителна пресуда преку свои врски во повисоките судови. Ветувале влијание во Апелација и ...

По истрагата под назив „Чисто лице“, Скопскиот кривичен суд за шест лица определи ефективен, а за четворица куќен притвор. Осомничените се под истрага поврзана со нелегален увоз и употреба на ботокс и филери. Дел од нив се лекари од јавното здравство но и сопственици на приватни ординации. Првичните наоди на истрагата се алармантни – препаратите преку нелегални канали, на пазарот завршувале на црно. Според истрагата, станува збор за ...

Соопштение на ВРЕДИ (ВЛЕН) „Реформата во високото образование не се прави со политичка ароганција ниту со наметнати одлуки. Таа се прави со слушање на студентите, професорите и институциите кои секојдневно се соочуваат со предизвиците на високото образование. Токму затоа, ВЛЕН го избра патот на консултација. Ги слушнавме академската заедница и албанските универзитети. Затоа денес можеме да кажеме дека најголемиот дел од нивните предлози се ...

Загинатиот во несреќата што се случи вчера на градилиште во Кисела Вода е 34-годишник од Крива Паланка,татко на две малолетни деца. – Вчера во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на ул. „Козјак“ во Скопје, при ископ на темели, со земја биле затрупани работници. Тројца работници се извадени и пренесени со возило на Итна медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека еден работник е пронајден починат, а смрт ...

Ракометарите на македонскиот преставник во ЕХФ Европскиот Куп ГРК Охрид со максимален учинок стигнаа до полуфиналето на европското натпреварување. Охриѓани на осумте дуели постигнаа осум победи. Но ривалот во полуфиналето е име за респект поранешен европски шампион Цеље Пивоварна Лашко. – Се истрошувме во Купот и во финалето против Вардар, но немавме многу време за тага. Мора да мислиме на следниот ривал и дуелот со Цеље на гостински терен. ...

Кошаркарите на Денвер се наоѓаат во негатива по ноќешниот пораз од Минесота, која сега води со 2:1 во победи во плеј офот. Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ имаше лош натпревар со слаб процент на шут. – Сме успевале да се вратиме многу пати во плеј оф натпревари. Најважен е следниот натпревар. Мораш да го победиш и потоа да мислиш што понатаму. Но, мора да играме подобро. Тие се исклучителни добри во одбрана, а тоа го покажаа во првата ...

Турската патека „Истанбул Парк Сиркуит“ ќе се врати во календарот на Формула 1 од 2027 година најмалку до 2032, соопшти денеска турското претседателство. Патеката на азиската страна од најнаселениот град во Турција е популарна кај возачите и навивачите, но последен пат беше домаќин на трка во 2021 година како замена за време на пандемијата на Ковид 19. Истанбул парк, исто така, беше домаќин на Гран При трки помеѓу 2005 и 2011 година, како и ...

Следното дело на јапонскиот писател Харуки Мураками, кое во Јапонија ќе биде објавено во јули, за првпат ќе има женски главен лик, соопшти неговата издавачка куќа Шинчоша. Во книгата „Приказна за Кахо“, главен лик е авторката на книги за деца Кахо. Таа еден ден среќава непознат човек кој ѝ вели: „Да бидам искрен, никогаш не сум видел некој што е толку грд како вас.“ Според синопсисот, Кахо (26), која не е ниту неверојатно убава ниту ...

Членовите на жирито на Меѓународната уметничка изложба на Венециското биенале изјавија дека нема да ги земат предвид уметниците од земјите чии лидери се соочуваат со обвиненија во Меѓународниот кривичен суд, очигледно алудирајќи на Русија и Израел. Петте члена на жирито, кои ќе ги изберат добитниците на Златниот и Сребрениот лав од 110 пријавени, изјавија дека се чувствуваат обврзани да се посветат „на одбраната на човековите права“ како дел ...

Стриминг сервисот Спотифај (Spotify) одбележува 20 години постоење, а по тој повод за првпат објави листи на најслушаните содржини во својата историја. Листите откриваат кои изведувачи, албуми, песни, подкасти и аудио-книги биле најпопуларни на глобално ниво во изминатите две децении. Податоците се составени врз основа на слушањето на стотици милиони корисници ширум светот, а заклучно со април 2026 година. Најголемите рекордери се: Најслушан ...

Брокулата, крцкавата сланина, сувото грозје и семките од сончоглед се храна што совршено се комбинираат, а со парче леб имаме одличен оброк. Состојки: 1 главица брокула 1 црвен кромид 200 грама сланина (пржена) 100 грама суво грозје Дресинг: 500 грама кисела павлака 3 лажици балсамико 1 лажица мед Подготовка Исечете ја брокулата на мали парчиња и малку обарете ја во солена вода. Исцедете ја брокулата и додадете исецкан црвен кромид, пржена ...

Каролина Флорес Гомез (27), поранешна победничка на избор на убавина, минатата недела била пронајдена мртва во својот луксузен стан во Мексико Сити. Гомез била застрелана во главата, а мексиканските власти соопштија дека истрагата е насочена кон нејзината свекрва, Ерика Марија. Според пишувањето на мексиканските медиуми, обвинителството случајот го води како убиство. Се верува дека Гомез, која во 2017 година ја освои титулата „Miss Teen ...

Голема трагедија се случи утринава во скопската населба Кисела Вода, во која најмалку двајца градежни работници се затрупани со градежен материјал при ископ и подготовка на теренот за изградба на нова зграда. Според неофицијални информации на Нетпрес, еден од работниците е изваден, а други се длабоко затрупани, така што спасувачката акција е во тек. Немилиот настан се случил зад кафулето „Фејс“, во близина на паркот „Македонија“. На местото ...

Во близина на граничната линија со Грција, во атарот на селото Богородица, вчера, околу 2.30 часот, полициски службеници од ПС за ГП и ГН Богородица го лишија од слобода У. Ш. (48) од Скопје поради сомнение дека со патничко возило „тојота корола“, со италијански национални ознаки, превезувал пет лица мигранти, сите од Виетнам. Како што соопшти МВР, по наредба на јавен обвинител, У. Ш. е задржан во полициска станица и против него ќе биде ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја исклучи можноста за употреба на нуклеарно оружје во војната против Иран, пренесе ДПА. – Зошто би користел нуклеарно оружје? Ние целосно, на многу конвенционален начин, ги десеткувавме и без тоа – им изјави Трамп на новинарите во Белата куќа. – Не, не би го користел. Никогаш не треба да му се дозволи на никого да користи нуклеарно оружје – додаде тој. На прашањето за изгледите за долгорочен мировен ...

Норвешката влада денеска соопшти дека ќе предложи забрана за користење на социјалните мрежи за деца помлади од 16 години и дека технолошките компании ќе бидат одговорни за проверка на возраста на младите корисници. – Го воведуваме овој закон затоа што сакаме детство во кое децата можат да бидат деца. Игрите, пријателствата и секојдневниот живот не смеат да бидат преземени од алгоритмите и екраните – изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стјоре ...

Дури и ако војната на Блискиот Исток заврши утре, европските авиокомпании и патници се подготвуваат за турбулентно лето. Цените на авионските билети ќе останат високи, а профитот на авиокомпаниите е под притисок, бидејќи континуираните прекини во испораката на гориво од земјите од Заливот преку Ормуската Теснина ги зголемуваат трошоците и го зголемуваат ризикот од недостиг токму кога започнува шпицот на сезоната на патувања. ЕУ не произведува ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави продолжување на примирјето меѓу Израел и Либан за три недели синоќа. Одлуката за продолжување на „примирјето“ меѓу Израел и милитантната група Хезболах во Либан беше донесена за време на состанокот одржан во Белата куќа од страна на израелскиот и либанскиот амбасадор во САД. Тоа беше втор состанок меѓу претставници на двете земји од минатата недела. Оригиналниот 10-дневен прекин на огнот со кој се ...

Цените на нафтата утрово забележаа благ раст на светските берзи, и покрај вестите за продолжување на примирјето меѓу Израел и Либан. Северноморската нафта „Brent“ поскапе за 0,7 проценти и достигна речиси 105,8 долари за барел, додека цената на американската сирова нафта порасна за 0,6 отсто на 96,5 долари за барел. Забележителна е загриженост на берзите дека продолжените борби меѓу Израел и Либан би можеле да го нарушат кревкото примирје ...

Јапонскиот парламент денеска ги усвои измените на законот за пасоши, намалувајќи ги таксите за поднесување барање за издавање патна исправа со цел да се зголеми бројот на сопственици на пасоши и да се поттикнат патувањата во странство, особено меѓу младите луѓе, пренесуваат јапонските медиуми. Според ревидираниот закон, таксата за пасош со важност од 10 години за подносителите на возраст од 18 и повеќе години ќе падне од сегашните 16.300 јени ...

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас изјави дека Европската унија продолжува со зајакнување на поддршката за Украина преку нови финансиски и санкциони мерки. Калас по пристигнувањето на специјалниот состанок на Европскиот совет наведе дека е одобрен заем од 90 милијарди евра и усвоен 20-ти пакет санкции, со порака дека државите членки сакаат и подготовка на 21-ви пакет санкции, како би се ...

Враќањето на климатскиот феномен Ел Нињо се очекува веќе од мај оваа година, што потенцијално може да влијае на глобалните температури и обрасците на врнежи, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (ВМО). Според податоците на ВМО, Ел Нињо е периодично загревање на температурата на површината на морето во централниот и источниот Тихи Океан кое обично трае помеѓу девет и дванаесет месеци. Јасна промена е забележана во ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
33%
1004
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
2.06
34%
1003
weather icon

Загреб

17ᴼ / 16ᴼ
2.06
52%
1002
weather icon

Софија

20ᴼ / 18ᴼ
3.09
29%
1007
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.02
43%
1006
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
95%
1002
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.02
49%
1003
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
56%
1006
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
40%
1005
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
1.54
42%
1006
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
6.69
31%
1002
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
5.14
51%
1005
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Калај

55.99

Кобалт

45.39

Паладиум

47550.95

Злато

151413.64

Рутениум

51376.89

Родиум

320703.70

Платина

68577.54

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Бакар

13.22

Сребро

2812.48

Алуминиум

3.64