Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирала на два пожара на отворен простор. Првата интервенција била во селото Ваксинце, каде од 15:15 до 23:40 часот со едно противпожарно возило и четворица пожарникари гаснеле опожарена борова и ниска дабова шума, соопшти денеска РЦУК Куманово. Од Шумско стопанство Куманово информираат дека од 13:20 часот нивни екипи со четворица шумари биле ангажирани на ...

Обдукцијата на 59 жртви на пожарот во дискотеката “Пулс” во Кочани покажува дека нивната смрт е насилна и настапила како резултат од труење со јаглероден моноксид. Кај пет од жртвите, обдукциското мислење од Институтот за судска медицина, исто така, констатира насилна смрт, но која настапила од задушување од притисок врз градниот кош или како резултат на недостиг на воздух и кислород во околната средина. Обдукцијата на три од жртвите кои ...

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека Пулс, Дејан Јованов Деко, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот, во судницата во „Идризово“ до судот достави дополнителна медицинска документација за нарушената здравствена состојба и побара замена на притворот со куќен притвор. На ваквото барање од одбраната со негодување реагираа родителите на жртвите кои го следат процесот во судницата. ...

Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно е дека не може. Вели дека не знае за изјавите на известувачот и европратеник Вајц и дека Извештајот е „комплетен антипод“ на она што навистина се случува. Вајц експлицитно вели дека не гледа сериозна посветеност на Владата за реформите, особено во владеење на правото, со директна оценка дека „во последната година не видовме никаков напредок во ...

Со завршни зборови на странките, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето против Стојанче Јовановски, на кое Обвинителството побара максимална казна за обвинетиот, оценувајќи дека во постапката е докажан континуитет на физичко, психичко и економско насилство врз Ивана Јовановска, кое, според обвинението, кулминирало со трагедијата на 2 март годинава, кога таа и нејзината шестгодишна ќерка Катја го загубија животот. ...

Денеска и утре времето ќе биде топло, наместа со појава на пороен дожд и услови за ретки грмежи. Во четврток под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, од 15 до 20 литри на метар квадратен. Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Како што информираат од УХМР, од петок до крајот на неделава ќе се задржи ...

Младите масовно се иселуваат од земјата затоа што не гледаат перспектива на чело со премиерот Мицкоски, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче укажа дека додека сите земји од регионот одат напред, Македонија стои во место бидејќи Мицкски свесно го блокира европскиот пат на државата. „Додека регионот оди напред кон ЕУ, ние тапкаме во место. Веќе е формирана комисија која го пишува договорот за ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, повтори дека пратеничката група на СДСМ ја напушта само работата во работната група за Изборниот закон, образложувајќи дека ќе се искористат сите демократски методи за да не се укине техничката влада. „Ние ја напуштаме само работата во работната група за Изборниот закон, поради тоа што новиот Закон за влада, кој што се носи на овој начин, е нешто што значи сузбивање и на ...

Пратениот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во гостување во емисијата „24 анализа“ остро ја критикуваше економската состојба во државата, наведувајќи дека официјалните бројки покажуваат раст на инфлацијата, зголемени цени и зголемена потрошувачка кошничка, како и зголемен јавен долг и буџетски дефицит. Тој истакна дека за разлика од тврдењата на власта за подобрување на животниот стандард, реалноста е поинаква. „Јас обично ги гледам бројките. Можеме да ...

Денеска пристигна официјално известување од Европската комисија, Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој, дека средствата од ИПАРД-програмата се повторно достапни за македонските земјоделци. Во согласност со навреме преземените активности, направената целосна и детална контрола за користење на ИПАРД-средствата, утврдено е дека нема неправилности во постапките. Тоа значи дека системот функционира, институциите постапуваат ...

Тимот на Хјустон рокетс утринава ги победи Лос Анџелес лејкерс со 115:96 (26:21, 30:26, 34:18, 25:31)во четвртиот натпревар од осминафиналето на НБА плејофот. Натпреварот се одржа во „Тојота Центар“ во Хјустон. Предводник во победата за тимот од Тексас беше Амен Томпсон кој постигна 23 поени. Лејкерси водат во серијата прд до четири победи со 3:1. Следниот натпревар екипите ќе го имаат во Лос Анџелес на 30 април. На вториот дуел одигран ноќта ...

Фудбалерот на Сантос, Нејмар, не учествуваше на тренинг-сесијата на тимот во тренинг-центарот „Реј Пеле“, објави „ESPN“. Играчот требаше да работи со групата играчи кои беа изоставени од натпреварот од националното првенство против Баија (2:2), но не се појави и не ја наведе причината за неговото отсуство. Клубот го контактираше Нејмар и неговите застапници за да ја разјасни ситуацијата, но ниту Сантос ниту претставниците на играчот не ...

Наградниот фонд за Светското првенство во 2026 година ќе биде зголемен откако некои национални асоцијации изразија загриженост за високите оперативни трошоци за финалниот турнир. Неколку европски репрезентации изразија загриженост дека учеството на турнирот во Северна Америка може да резултира со загуби, бидејќи се очекува трошоците да бидат значително повисоки отколку во Катар пред четири години. По ова, Светската фудбалска асоцијација ...

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, е казнет со 50.000 долари за учество во тепачката на крајот од четвртиот натпревар од плејоф серијата во првото коло на НБА против Минесота тимбервулвс. Натпреварот заврши со победа на Минесота со 112:96. Инцидентот се случи на 2,1 секунди до крајот, кога Џејден МекДениелс постигна кош со неговиот тим поведе со 14 поени разлика. По инцидентот, на Јокиќ и Џулиус Рендл им беа изречени технички грешки и ...

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, веројатно ќе ги пропушти преостанатите натпревари на тимот во сезоната 2025/2026 поради повреда, објави телевизијата „Ел Чирингито“. Повредата е посериозна отколку што првично се очекуваше. Официјалното соопштение на клубот за состојбата на играчот се очекува да биде објавено во текот на денов. Претходно беше соопштено дека на Французинот му е дијагностицирано истегнување на тетивата на левата нога. ...

Големите љубители на ќофтиња нема да можат да одолеат на фантастичниот вкус, а сливите им даваат посебен вкус.. Состојки: 400 грама мешано мелено месо 1 парче леб 4 лажици лебни трошки 1 дл млеко 1 јајце 10 суви сливи 2 главици кромид и 2 чешниња лук 100 грама ориз 1 лажичка мелена пиперка, бибер и сол 6 дл говедска супа 40 грама пармезан сирење 2 дл сок од домати 5 лажици масло Подготовка: Потопете го лебот во млеко, исцедете го и издробете ...

Европската унија треба да научи да живее „сама“ и повеќе да не се потпира врз Соединетите Американски Држави, дури и по заминувањето на Доналд Трамп од власт, изјави поранешниот француски претседател Франсоа Оланд. Оланд се заложи за брза изградба на засилени европски одбранбени сили, фокусирани околу неколку земји кои се подготвени да го спроведат тоа. „Ќе мораме да живееме сами, Европа сама. За Германците и Британците е многу тешко да ...

Трошоците за вооружување во светот минатата година достигнале 2.887 милијарди долари, што претставува реален раст од 2,9 отсто во однос на 2024 година, се наведува во извештајот на Стокхолмски меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ). Според извештајот, воените трошоци се намалиле во Соединетите Американски Држави, но пораснале за 14 отсто во Европа и за 8,1 отсто во Азија и Океанија. Трите најголеми потрошувачи – САД, Кина и ...

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денеска патува за Њујорк за да учествува на состанок на Советот за безбедност на ОН, кој веројатно ќе се фокусира на ситуацијата во Ормуската Теснина. На заминување, Вадефул ги повика членовите на советот да ја исполнат својата улога во најмоќното тело на ОН кога станува збор за справување со војната во Иран. „Ако Советот за безбедност ја преземе одговорноста сега, тоа ќе го зајакне и ...

Соединетите Американски Држави се „понижени“ од Иран, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска, предупредувајќи дека конфликтот веројатно нема да заврши наскоро. „Иранците се очигледно посилни од очекуваното, а Американците очигледно немаат навистина убедлива стратегија во преговорите“, рече Мерц за време на посетата на училиште во Марсберг, град во неговиот роден регион Зауерланд. „Проблемот со ваквите конфликти е секогаш: не мора ...

Израелската војска соопшти дека денеска во Либан извршила нови напади врз цели кои му припаѓаат на Хезболах, поддржан од Иран, и покрај тоа што примирјето формално останува во сила. Израел соопшти дека погодил инфраструктура поврзана со групата во јужен Либан, како и во долината Бека на исток, област која Израел не ја гаѓаше откако примирјето стапи во сила. Либански безбедносни извори наведоа дека израелските сили погодиле локации кои се ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека можеби ќе биде неопходно Киев да прифати загуба на некои од своите територии во иден мировен договор со Русија, посочувајќи дека таквите отстапки би можеле да бидат предуслов за членство на Украина во Европската Унија. – Во одредена фаза, Украина ќе мора да потпише договор за прекин на огнот, а се надеваме и подоцнежен мировен договор со Русија. Тогаш можеби ќе биде неопходно некои ...

Рокот што Уставниот суд во Приштина му го одреди на Собранието за избор на претседател на државата истекува утре, и во моментов нема договор меѓу партиите за тоа прашање. Според одлуката на Уставниот суд, доколку претседателот на Косово не биде избран до 28 април, собранието автоматски ќе се распушти, а предвремени избори мора да се одржат во рок од 45 дена. Движењето „Самоопределување“ што има најмногу пратеници во Собранието, но не доволно ...

Дојави за бомби изутринава повторно биле испратени до неколку гимназии во Загреб, по што се спроведуваат нови евакуации на основни и средни училишта во западниот дел од градот. Дојавите за поставени бомби биле испратени и на адреси на медиуми. Хрватска минатата недела се соочи со серија лажни дојави за бомби, поради што наставата во многу училишта низ земјата беше прекината. Освен училишта, закани добиле и градинки, како и некои трговски ...

Обвинителот од Врховниот суд на Грција Константинос Ѕавелас одлучи да не го отвори повторно случајот со телефонските прислушувања, откако пред два месеци судот во Атина, при прогласувањето на виновни на четворица бизнисмени побара и дополнителна истрага за можни други кривични дела, јави дописничката на МИА од Атина. Ѕавелас, преку соопштение денеска информираше дека нема основа предметот да се извади од архивата на обвинителството при ...

Во Специјалниот првостепен суд за корупција и организиран криминал (GJKKO) се одржа првото рочиште во главната постапка, против поранешниот албански претседател Илир Мета, кој во затворски притвор е од 21 октомври 2024 година. На рочиштето присуствуваше и Мета, кој за првпат се појави во јавноста откако беше уапсен. Тој претходно побара од Специјалниот суд да се обезбеди директен пренос на целиот процес, барање за кое судот сè уште нема ...

Грант во износ од 500 илјади евра за реализација на проект „Паметна обука во преработката на производи од млеко и месо“ на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и средното општинско училиште „Кочо Рацин“ од Свети Николе, заедно со шест претпријатија ќе биде доделен денеска во рамки на четвртиот национален настан за доделување грантови во Македонија од страна Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), кој е организиран во ...

Малопродажната цена на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за 2,50 денари за литар, а на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат за 2,00 денари за литар. Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство на се намалува за 1,00 денар за литар – соопшти РКЕ. Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува за 0,368 ден./кг и сега ќе изнесува 46,656 денари за килограм. – Од 28 април од 00.01 часот ...

Бизнисот очекува продлабочување на кризата и ако има потреба, од Владата ќе побара таргетирани мерки. Како што рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, засега ситуацијата е под контрола. Тргетирани мерки, како што истакна Азески, би требало да се преземат согласно развојот на ситуацијата. -Ако се погодени определени сектори, ако се погодени определени значајни гранки на стопанството без кои македонската економија не ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне во крајните југозападни региони ќе има услови за слаб дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
35%
1005
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
3.13
41%
1005
weather icon

Загреб

16ᴼ / 14ᴼ
4.12
52%
1003
weather icon

Софија

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
30%
1008
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.15
48%
1007
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
90%
1003
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
4.92
45%
1004
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
52%
1007
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
43%
1006
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
2.06
41%
1007
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
5.66
38%
1004
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.69
63%
1006
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Калај

55.99

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Платина

68577.54

Иридиум

253540.09

Паладиум

47550.95

Сребро

2812.48

Бакар

13.22

Алуминиум

3.64

Родиум

320703.70

Злато

151413.64

Цинк

0.00