Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Граѓаните се соочуваат со здравствени последици од труење со вода, со небезбедна вода во над 50 населени места, со загадени реки а сега и со епидемија од западно нилска треска. Што прави премиерот и министрите во Владата? Прмеиерот Мицкоски е на екскурзија. Министерот за полиција Панче Тошковски, беше задолжен за хиперхлокирање на водата во Гостивар и чистење на цевките. Сега Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи се занимава со ...
Деновиве слушаме: трета економија сме во Европа, први во туризмот, најдобри во авио-сообраќајот, најбрзо растечки плати и пензии. Фактите се поинакви. Потрошувачката кошница изнесува 70.000 денари. Минималната плата е 26.000 денари. Просечната плата е околу 49.000 денари. На млад човек што нема стан му требаат околу 90.000 денари само за основни трошоци за живот. И сега народот „не разбира“. Мицкоски ќе ни нацрта на табла – па ќе ни стане ...
Министерството за внатрешни работи продолжува да повикува на информативен разговор лица од чии профили вчера се повикуваше да не се пие водата во Скопје поради присуство на бактерија, што попладнето беше демантирано од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ЈП Водовод и канализација и Министерството за здравство. – Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки и активности, се утврдуваат ...
Во вторник и среда (18 и 19 август 2026) е првиот рок за пријавување кандидати за студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за идни студенти во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...
Не го разбирам мотивот и потребата да се шират (дез) информации дека водата за пиење која ја користат граѓаните на Скопје е загадена со бактеријата Еширихија коли. Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување, наведува токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при УКИМ д-р Андон Чибишев во објавата на неговиот Фејсбук-профил, по вчерашната паника околу исправноста на водата за пиење во Скопје. Вели дека ако во ...
СДСМ бара итна и системска реакција од институциите по прогласувањето на епидемијата на западно-нилска треска. Наместо задоцнето гасење на пожарот, потребни се конкретни мерки, навремена превенција и јасна одговорност, порача Кети Штерјова од СДСМ, на денешната прес-конференција. „Доста беше играње со здравјето на луѓето. СДСМ бара веднаш Формирање Национален оперативен штаб со јасна одговорност, Национална GIS карта на епидемијата и ризикот. ...
Поминаа пет недели – граѓаните на Гостивар се уште немаат чиста вода. Резултати за водата не се објавени, власта секојдневно излегува со различни информации. Прво, велеа водата може да се користи како „техничка“, па потоа Клековски призна дека во водата има бактерии, не една туку повеќе. Никогаш не објавија извештај и резултати за водата, кој одобрил да се користи, кој потпишал. И додека Мицкоски и неговата власт, во која сите Тошковски е ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно осум лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик. За првообвинетиот, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Државна лотарија“, кој се уште е во бегство, јавниот обвинител побарал да биде определена мерка притвор од пронаоѓање во траење од 30 ...
Бидејќи Панче Тошковски не е тука, на екскурзија е, сега Тимчо ја води полицијата и лаже а потоа најавува кој ќе биде повикан на разговор поради ширење паника. Секако, Панче е задолжен за хиперхлорирањето. Тимчо Муцунски денеска тврди: „Тајни разговори или ‘разговори под радарот’ нема. Никогаш не сум кажал такво нешто и тоа лесно може да се провери.“ Лесно се проверува. На 3 август 2026 година, повеќе медиуми објавија негови изјави: • „Има ...
Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, излегува од притвор откако Судот, по позитивно мислење дадено од Обвинителството, ја прифатил гаранцијата од имот во вредност од 508.000 евра и му определил му се мерки на претпазливост – јавување во суд и одземена патна исправа. Од Основниот кривичен суд Скопје, информираат дека притворот е укинат и за уште две лица и заменет со гарација и мерки. За ...
Пораки од бројот 112 за итни случаи за евакуација на Сивири и Фурка, кон Касандрија, односно кон Скиони, на првиот крак на Халкидики, беше испратена до сите оние кои се наоѓаат во двете места, поради пожарот што избувна околу 14 часот по локално време и брзо се прошири, јави дописничката на МИА од Атина. Противпожарните сили беа дополнително зајакнати и интервенираат 125 пожарникари со три пешадиски тима и 42 возила, меѓу кои 12 пожарникари ...
По повеќе од три децении најави и застои, железничкото поврзување на Македонија со Бугарија влегува во фаза во која проектот добива и конкретна финансиска конструкција и јасен план за реализација. Третата делница од Коридорот 8, од Крива Паланка до бугарската граница, е еден од најзначајните инфраструктурни проекти што треба да ја промени позицијата на земјата во регионалниот транспорт. Делницата е долга 22 километри, но нејзината изградба ...
Екипите на Пари Сен-Жермен и на Астон вила вечер ќе се борат за Суперкупот. Натпреварот ќе се одржи во Салцбург, Австрија со почеток во 21 часот. ПСЖ ќе игра за трофејот како победник на Лигата на шампионите во 2025/26 година, додека Астон вила ќе игра како победник на Лигата на Европа. Парижаните се исто така актуелни носители на Суперкупот на УЕФА, откако го победија Тотенхем на пенали во 2025 година. МИА Екипите на Пари Сен-Жермен и на ...
Познати се сите парови за последната рунда од плејофот за пласман во главната фаза на фудбалската Лига на шампиони. По синоќешните реванши од третото квалификациско коло, двојките за баражот се: Фенербахче (Турција) – Лион (Франција) НЕЦ Нијмеген (Холандија) – Бодо-Глимт (Норвешка) Хапоел Бер Шева, Израел – Сабах (Азербејџан) Слован (Словачка) – Целје (Словенија) Селтик (Шкотска) – ЛАСК (Австрија) Динамо Загреб, Хрватска – Викинг (Норвешка) ...
Рома попладнево го објави трансферот на аргентинскиот дефанзивец Нахуел Молина од Атлетико Мадрид. Дваесет и осумгодишниот дефанзивец ќе го носи дресот со број 20 за италијанскиот тим. Фудбалерот беше во мадридскиот клуб од јули 2022 година. Неговиот договор со Атлетико имаше важност до 2027 година. Претходно, Молина играше за Удинезе, Бока Јуниорс, а помина време на позајмица во Дефенса и Хустисија и Росарио Централ. За Атлетико Мадрид и ...
Големата фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез. Четириесет и едногодишниот Португалец објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледаат неговите и рацете на Родригез, на кои се венчални прстени. Роналдо и Родригез се во врска од 2016 година. Двојката има две ќерки заедно, Алана Мартина и Бела Есмералда. Тие ги одгледуваат и трите деца на Роналдо: Кристијано Џуниор, Ева и ...
Овие вкусни и лесни плескавици од тиквички и туна се одличен избор за лесен летен ручек или вечера. Едноставни се за подготовка, сочни и меки однатре, а убаво запечени и крцкави однадвор. Состојки: 300 г тиквички 80 г туна од конзерва 70 г рендано сирење 1 јајце 100 г лебни трошки 1 лажица брашно сув зачин бибер свеж магдонос масло за пржење Начин на подготовка: Тиквичките излупете ги, исечете ги на коцки и сварете ги, по можност на пареа. ...
Жителите на северната хемисфера на Земјата денеска ќе можат да проследат редок астрономски настан – помрачување на Сонцето. Во некои региони ќе има целосно затемнување, а во други само делумно. Овој астрономски феномен се случува кога Месечината поминува помеѓу Земјата и Сонцето, блокирајќи ја сончевата светлина целосно или делумно. Целосно помрачување на Сонцето ќе биде видливо на Гренланд, Исланд, на северот од Русија, во Атлантскиот Океан, ...
Полициските службеници во текот на изминатите два дена (10 и 11 август), констатирале вкупно 1.322 сообраќајни прекршоци во рамки на редовните контроли на патиштата низ државата, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од вкупниот број прекршоци, 400 се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Во истиот период, 32 лица биле лишени од слобода поради безобѕирно управување со возило. Од нив, три лица возеле ...
Специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар вчера во 13:15 часот од Преспанското Езеро, кај туристичката населба Претор, го извлекла телото на 71-годишниот М.М. од Скопје, откако тој три дена претходно исчезнал во водите. МВР денеска соопшти дека на 8 август околу 12:20 часот во СВР Битола било пријавено дека М.М., кај ресенското село Сливница, скокнал од чамец во езерото по веслата кои му паднале. Увид извршила екипа на СВР Битола – ОВР ...
Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување биле изречени на територија на цела држава, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Во текот на вчерашниот ден во периодот од 16 до 21 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, спроведе акциска контрола за санкционирање на возила што непрописно престигнуваат на територијата на целата држава, при што санкционирани се 115 возачи. Од нив, 35 ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина им предала на американските преговарачи предлози за план за завршување на војната со Русија. Изјавата на Зеленски за новите предлози за мировни преговори доаѓа во услови на најави од Москва и Киев дека американските преговарачи наскоро би можеле да ги посетат двете земји. „Ги предадовме нашите предлози на американската страна. Но, Соединетите Американски Држави можат да помогнат ...
Палестинскиот претседател Махмуд Абас е во посета на Турција на покана на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавија турските медиуми. Махмуд Абас ќе остане во Турција до 13 август. За денеска е закажана билатерална средба со турскиот претседател на која ќе бидат разгледани најновите случувања во палестинските територии, а ќе се разговара за билатерални и регионални прашања. Абас последен пат ја посети Анкара во август 2024 година, кога ...
Бројот на загинатите во силниот земјотрес што ја потресе Колумбија достигна најмалку 254 лица, додека спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по преживеани под урнатините. Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени во понеделникот рано изутрината ја потресе западниот дел на Колумбија, а најпогоден е главниот регион за производство на кафе во земјата. Станува збор за најразорниот земјотрес во Колумбија од почетокот на векот. Станбени згради, ...
Во 2026 година, Албанија ја зголеми површината на своите јавни плажи за над 300.000 квадратни метри, што претставува раст од над 10 проценти на годишно ниво, јави АТА, повикувајќи се на изјава на албанскиот министер за туризам, култура и спорт, Бленди Гонџја. Според него, во текот на тековната летна сезона, површината на јавните плажи во Албанија достигна 3,18 милиони квадратни метри, што претставува зголемување од 10,5 проценти (или нешто ...
Многу компании во Германија очекуваат платите да се намалат во следните пет години како резултат на употребата на вештачка интелигенција, според најновата студија на Институтот Ифо со седиште во Минхен. Се очекува работниците со помалку од пет години професионално искуство да бидат особено погодени, при што околу половина од компаниите веќе користат ВИ очекуваат нивните плати да се намалат. Меѓу вработените со најмалку пет години ...
Состојбата со пожарите на подрачјето на Коњиц во Босна и Херцеговина се влошува, а поради ширењето на огнот кон населени места и неможноста локалните сили сами да ги стават пожарите под контрола, побарана е и меѓународна помош. Голем шумски пожар во текот на вчерашниот ден се проширил на атарот на селото Џепи, а огнот зафатил и уништил неколку, за среќа напуштени, објекти, потврдија од Професионалната противпожарна единица на Коњиц. Во текот ...
Девет дојави за бомби преку и-мејл беа примени утрово во разни институции и градинка во Софија, јави Бугарското национално радио. Во пораките пишува за закани за експлозии. Една од примените закани се однесува на Националната канцеларија за ревизија. Утрово беше примена закана за бомба во зградата на Нова Бродадинг Груп. Компанијата веднаш ја активираше стандардната постапка за справување со вакви ситуации, без да го прекине телевизиското и ...
Долготрајната суша предизвикува се повеќе проблеми со темелите на куќите во Холандија, а властите веќе добија двојно повеќе пријави оваа година отколку лани. Сопствениците пријавуваат пукнатини во ѕидовите, заглавени врати и прозорци и деформирани фасади, објави денес „NL Times“. Површините со глина и тресет се најмногу изложени на ризик, бидејќи таквата почва се собира кога нивото на подземните води се намалува, предизвикувајќи куќите да ...
Москва ќе возврати доколку западните земји запленат руски трговски бродови – изјави рускиот претседател Владимир Путин, пренесе новинската агенција ТАСС. – Ако овие планови бидат спроведени, ќе мораме да возвратиме на ист начин – рече Путин, реагирајќи на мерките што ги одобри Европската Унија, а кои им овозможуваат на земјите-членки да го конфискуваат и продадат товарот од руските бродови од т.н. „флота во сенка“ кои ги прекршуваат санкциите ...