Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до нашите државјани кои се наоѓаат во подрачја зафатени со пожари во Грција и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001. -Воедно, ги потсетуваме ...
За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година ...
По речиси еден месец, Гостивар сè уште чека чиста вода за пиење. Денеска или ттре можеби ќе има одговор. Можеби и не. Мицкоски денеска треба да се врати од екскурзијата во Брисел. Ќе видиме каква боја добил – дали поцрвенел. Клековски е на екскурзија. Нема време за резултати од водата, ќе ги објави дури на 20-ти. Цел месец работи како министер, се уморил. Панче Тошковски се уморил од испитување вода и хиперхлорирање, па и тој замина. Сега ...
Водата во Гостивар конечно е безбедна за пиење, соопштија денеска од Главниот штаб за управување со кризи. Гостиварци по речиси еден месец конечно добија вода за пиење. Последните добиени резултати дека водата е миркобилошки и бактериолошки исправна. Со тоа се исполнети условите водата повторно да се користи за пиење, изјави попладнево директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство. На граѓаните им се порачува пред да ја користат водата за ...
Втор смртен случај од западнонилска треска има во државава, станува збор за скопјанец на возраст од 72 години, информираше денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. – Поради транспарентност и коректно информирање на јавноста, сакам да информирам дека, за жал, кај пациент на 72-годишна возраст со лабораториски потврдена инфекција со West Nile вирус и тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, настапи смртен исход – ...
ПСЖ ја победи Астон Вила со 2:1 во Суперкупот на УЕФА. Натпреварот се одигра вечерва на „Ред Бул Арена“ во Салцбург. Хвича Кварацхелија им донесе водство на парижаните во 20. минута. Брајан Маџо постигна гол за тимот од Бирмингем кон крајот на првото полувреме. Седумнаесетгодишниот напаѓач стана најмладиот стрелец во историјата на Суперкупот на УЕФА. Во 61. минута Дезир Дуаи го постигна победничкиот гол за Пари Сен-Жермен вреден трофеј. ПСЖ ...
Напаѓачот на белгиската репрезентација, Ромелу Лукаку, го коментираше својот трансфер од Наполи во Фенербахче. – Чест и привилегија е да се приклучам на овој клуб. 100 проценти сум подготвен да започнам ново поглавје. Ова е емотивен момент. По многу години, се враќам во Турција – земјата каде што живеев како дете и каде што од мојот татко бев запознаен со професионалниот фудбал уште на рана возраст, рече Лукаку во порака до навивачите на ...
Рататуј е традиционално француско јадење од зеленчук, збогатено со ароматични зачини од Прованса. Лесно, миризливо и одлично како прилог или како самостоен оброк. Состојки: 1 тиквичка 1 модар патлиџан 1 црвен кромид 1 жолта пиперка 1 црвена пиперка 2 домати 2 чешниња лук 5 домати, исчистени од семките и лушпата и ситно исечкани 1 зачинал малку црн пипер прстофат оригано 1 лажица ситно сечкана мајчина душица 1 лажица ситно сечкан рузмарин 6 ...
Евровизија од идната година воведува нови правила што не налагаат загарантирано домаќинство доколку државата е вмешана во каков било конфликт. Во тој случај, Управниот одбор на фестивалот има право да избере друг домаќин. „Доколку моменталната ситуација влијае врз фестивалот, државата нема да може да е домаќин и покрај победата“, се наведува во соопштението. Новите правила се воведуваат откако годинава повеќето држави, меѓу кои Ирска и ...
Бургас ќе биде домаќин на „Евровизија“ в година. Според одлуката, двете полуфиналиња во градот на брегот на Црното Море ќе е одржат на 11. и 13 мај, а финалето ќе биде на 15 мај. Ова е објавено денеска на заедничка прес-конференција на Бугарската национална телевизија (БНТ) и Европската радиодифузна унија (ЕБУ). На почетокот на јуни, БНТ објави дека Софија, Пловдив, Варна и Бургас ја продолжуваат трката за домаќин на натпреварот „Евросонг“. ...
Долгогодишниот директор на ТВ Алсат, Лирим Хајредини, е пронајден починат во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава порталот „4news.mk“. Местото го обезбедувало полиција, а телото ќе биде предадено на обдукција. Повеќе од 16 години Хајредини беше оперативен директор на првата национална телевизизија на албански јазик Алсат. Тој имаше видлива улога и во пошироката медиумска индустрија. Во јавни настапи и анализи тој зборувал за ...
Турист од Грузија вчера се удавил во водите на Охридското Езеро кај Пештани, соопшти денеска СВР Охрид. Според информациите, вчера во 14:32 часот во СВР Охрид било пријавено дека од видите на езерото кај Пештани било извлечено машко лице. Екипа на Итната медицинска помош се обидела да го реанимира, но набргу констатирала дека лицето починало. Според инфомрациите, немало видливи повреди. Првичната истрага покажала дека се работи за ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска го посети островот Итуруп во Курилскиот архипелаг, што е предмет на територијален спор меѓу Русија и Јапонија, објавија руските медиуми. Тоа е негова прва посета на Курилските Острови. Путин пристигна во Итуруп од Јужно-Сахалинск, каде вчера присуствуваше на последната фаза од вежбите на Тихоокеанската флота од гардискиот ракетен крстосувач „Варјаг“, водечкиот брод на руската Тихоокеанска флота. МИА ...
Десетици професори, академици, уметници, интелектуалци и претставници на граѓанското општество денеска побараа формирање на новите косовски институции по изборите одржани на 7 јуни годинава. Во јавниот повик тие бараат заштита на уставниот поредок, нагласувајќи дека „Републиката не може да биде држена како заложник“. Во писмото што денеска го објави поранешниот пратеник Илир Деда, тие изразуваат длабока загриженост поради продолжувањето на ...
Демократскиот сенатор од Конектикат, Ричард Блументал, побара од американскиот министер за одбрана Пит Хегсет и од вршителот на должноста секретар на морнарицата, Хунг Цао, одговори за условите на носачот на авиони „Ју-Ес-Ес Абрахам Линколн“, што е на море повеќе од 250 дена. Блументал објави на „Икс“ дека е потребно итно внимание поради извештаите за недостиг на залихи, проблеми со водоводот и влошување на менталното здравје кај морнарите ...
Бројот на Хрвати кои не планираат летен одмор е зголемен во споредба со лани, при што финансиските ограничувања се најчеста причина за останување дома, според анкета на Alma Career Croatia, компанијата што го води порталот за барање работа МојПосао. Од речиси 500 испитаници, 32% рекле дека не планираат летен одмор, во споредба со 27% минатата година. Меѓу нив, 60% го навеле недостатиг на средства како главна причина, во споредба со 56% во ...
Во изминатата седмица во Грција биле регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што бројот на заразени од почетокот на летото се зголеми на 110, а регистрирани се и три нови смртни случаи, според податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ соопштија дека заклучно со вчера претпладне, од вкупно 110 заразени, 81 пациент е со симптоми на централниот ...
Повеќе од 200 златни статуетки со ликот на австрискиот композитор Волфганг Амадеус Моцарт исчезнаа од неговиот роден град Салцбург, соопштија официјални лица. Ова ја остава изложбата посветена на 270-годишнината од неговото раѓање значително попразна, пренесува „Хафпост“ (HuffPost). Фондацијата „Моцартеум“ на 15 јули откри вкупно 320 статуетки – секоја висока околу 50 см, на коишто е прикажан Моцарт со неговото куче. За само две недели, ...
Романската нуклеарна централа „Чернавода“ утрово започна постапка за контролирано исклучување на вториот реактор поради континуираниот и значителен пад на нивото на водата во реката Дунав. Како што е соопштено од компанијата „Нуклеарелектрика“, се очекува централата околу 11 часот по локално време да престане да испорачува електрична енергија во националниот електроенергетски систем. „Одлуката за контролирано исклучување на втората единица е ...
Властите на Гренланд принудија американска нафтена компанија поврзана со Доналд Трамп да го одложи планираното дупчење на арктичката територија. Со тоа, тие директно се спротивставија на најавите на претставникот на Трамп, кој тврдеше дека екстракцијата на сурова нафта би можела да започне веќе следната година, пишува „Гардијан“. Тензиите на источниот брег на Гренланд се зголемуваат во контекст на најавите на Трамп за преземање на ...
Мета денеска соопшти дека отстранила помеѓу декември и јуни повеќе од 750.000 сметки на Инстаграм и Фејсбук за кои се сомнева дека им припаѓаат на корисници во Австралија под 16 години, пред и по стапувањето во сила на забраната за социјалните медиуми во Австралија за таа возрасна група. Мета соопшти дека деактивирала 462.000 сомнителни сметки на Инстаграм и 294.000 сметки на Фејсбук. Во јануари, компанијата соопшти дека дотогаш отстранила ...
Коосновачката на стартапот „Фиа“ (Phia), Фиби Гејтс, ќерка на милијардерот Бил Гејтс, е обвинета за користење софтвер што ѝ овозможувал на компанијата да собира провизии од онлајн продажба дури и кога клиентите не ги користеле нејзините услуги, објавија американските медиуми. Според медиумите, Фиа поставила таканаречени колачиња за следење на компјутерите на корисниците дури и кога тие не кликнале на понудите на компанијата. На тој начин, на ...
Русија и Украина денеска ги разменија телата на загинатите војници, што претставува прва ваква размена меѓу двете земји од минатиот месец. Пратеникот во руската Државна дума Шамсаил Саралиев за медиумот РБК изјави дека Москва ги предала телата на 261 украински војник, додека Киев ги предал телата на 24 загинати руски војници. Украинскиот Координативен штаб за третман навоените заробеници подоцна ја потврди размената, наведувајќи во соопштение ...
Јапонскиот министер за надворешни работи Тошимицу Мотеги денеска го повика рускиот амбасадор во Токио, Николај Ноздрев, за да му изрази категоричен протест поради посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Курилските Острови, врз кои право полага и Јапонија. „Откако дознавме дека рускиот претседател Владимир Путин го посетил островот Итуруп на 13 август, го повикавме рускиот амбасадор Николај Ноздрев во Министерството за надворешни ...
Нов топлотен бран го зафати европскиот континент, при што максимални температури над 30 степени Целзиусови се очекува денеска да почувствуваат речиси три од пет жители на Европа (без Турција), односно околу 340 милиони луѓе. Истовремено, области во Европа во кои живеат вкупно повеќе од 135 милиони луѓе – главно во Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија – денеска се очекува во одредени периоди од денот да бидат погодени од температури ...
Ерупцијата на вулканот Етна и сериозните нарушувања во воздушниот сообраќај предизвикаа загуби од околу 24 милиони евра за туристичкиот сектор на Сицилија, покажуваат проценките на трговското здружение „Асоезерченти“ (Assoesercenti). Аеродромот „Катанија-Фонтанароса“ останува затворен до 2 часот во петок поради наталожениот вулкански пепел. Од петокот до вторникот, вклучувајќи го и 12 август, беа откажани околу 700 летови, додека повеќе од ...
Повеќе од сериозна е состојбата со пожарите во Албанија, посебно во предградието на Тирана, потоа кај Круја и Националниот парк “Лура”, кои се вон контрола. Пламените јазици од планинската падина се проширија кон Лундра во Тирана приближувајќи се кон домовите и хеликоптерската база во Фарка. Поради неможноста да се интервенира од воздух, во текот на ноќта, ангажирани се оперативни сили за спречување на понатамошното ширење на пожарот. ...
Претседателот на вјадејачката Српска напредна партија, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека верува оти Србија е на помалку од 100 дена од изборите и ги повика сите политички актери да се подготват за изборите и да ги прифатат резултатите. Вучевиќ изјави за РТС дека сите учесници на изборите треба да дадат одговорна изјава дека ќе ја прифатат волјата на граѓаните. Тој додаде дека сите оние кои имаат намера да учествуваат на изборите треба да се ...
Повеќе од половина од семејствата во Албанија не можат да си дозволат еднонеделен одмор далеку од дома, во текот на годината, што ја рангира државата меѓу земјите со највисоко ниво на економска сиромаштија во Европа. -Според податоците на Евростат, кои за Европа се однесуваат за 2025 година, околу 53 отсто од семејствата во Албанија не можат да си дозволат еднонеделен одмор. Албанија е на второ место, по Романија, каде што овој процент ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до ...