Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Барселона денес го победи Виљареал со 3:2 во 13. коло од Ла Лига. Жерар Мартин постигна гол за домаќините во 57. минута, а Фермин Лопез во 61. минута. Дефанзивецот на Виљареал, Пау Наваро, постигна автогол во 67. минута. Ламин Јамал промаши пенал во 23. минута. Головите за гостите ги постигнаа Тејон Бјукенан (5. минута) и Тани Олувасеји (7. минута). Каталонците имаат 36 бода и се водат на табелата во Шпанското фудбалско првенство, додека ...
Додека уживаме во пријателските седенки, важно е да знаеме колку алкохолот навистина влијае на нашето тело. Иако понекогаш се чини дека можеме да „држиме темпо“, телото има свои граници – а црниот дроб е клучен. Д-р Брајан Хофлингер, неврохирург кој има повеќе од 170.000 следбеници на својот YouTube канал и едуцира за здрав живот, објаснува дека брзината со која се преработува алкохолот е многу побавна отколку што мислат повеќето луѓе. Во ...
Осум лица се лишени од слобода вчера и рано утрово по пријави за физички напади, закани, агресивно однесување и непочитување судски мерки за заштита од семејно насилство, информираат од Министерството за внатрешни работи. Полицијата поднела и две кривични пријави за одделни случаи во Кочани и Делчевско, како и извршила службен разговор по пријава за напад врз партнерка во Скопје. Во Кочани, полицијата утрово во 2:30 часот го лишила од слобода ...
Најмалку три лица го загубија животот, четворица се повредени, а 39 се водат како исчезнати во пожар во фабрика за слатки во западниот дел од островот Јава во Индонезија. Пожарот избувна синоќа, а операцијата за пребарување и спасување продолжува денеска. Петнаесет лица се спасени, од кои четворица се пренесени во здравствени установи. Фабриката е во сопственост на кондиторската компанија „Фонуа Агунг Мулија“, која се наоѓа на околу 50 ...
Скратената работна недела не е организирана на ист начин насекаде. Некои земји им овозможиле на вработените да го распоредат своето полно работно време во текот на четири дена, додека други тестирале вистинско намалување на бројот на работни часови, притоа задржувајќи ја истата плата Исланд е меѓу земјите што спроведоа едни од најпознатите експерименти со пократко работно време. Во периодот од 2015 до 2019 година беа организирани два големи ...
За купувачите во Хрватска нови правила во продавниците. Покрај тековната цена на производот, трговците ќе мора да ја истакнат и претходната, таканаречена „основна цена“, за граѓаните веднаш да можат да видат колку одреден производ поскапел или поевтинил. Промените се однесуваат и на давателите на услуги, а целта е да им се олесни на потрошувачите споредувањето на цените и следењето на нивното движење. Како што пренесува Dnevno.hr, новите ...
Седумнаесет од 22 главни американски федерални агенции не ги имплементирале целосно клучните упатства за кибер безбедноста, што го зголемува ризикот од нови такви напади и нарушувања на владините системи, предупреди денеска Канцеларијата за одговорност на владата на САД (GAO) во својот извештај. Извештајот, меѓу другите, ги вклучува Министерството за внатрешна безбедност, Министерството за правда,Стејт департментот, Министерството за финансии ...
Речиси сите летови во Белгија ќе бидат откажани утре, 23 ноември, поради генерален штрајк на кој се придружија контролорите на летање. Штрајкот е насочен против мерките за штедење на владата на премиерот Барт де Вевер, која се обидува да го намали буџетскиот дефицит. Белгиската компанија за контрола на летање „Скиес“, како што пренесува Индекс.хр објави дека нема да може да обезбедува редовни услуги за контрола на летови во понеделник од 7 до ...
Украинскиот министер за одбрана Јевхени Хмара и неговиот британски колега Вес Стритинг финализираа нови договори за производство на украински ударни дронови со среден и голем дострел во Британија за да се задоволат потребите на украинските одбранбени сили, објави украинското Министерство за одбрана на социјалните мрежи. На тој начин, Киев ќе има корист од „производствениот капацитет на Велика Британија за забрзување на развојот на системи кои ...
Над 92 проценти од децата на возраст меѓу 6 и 17 години во Турција користат интернет, а повеќе од 60 проценти од адолесцентите на возраст меѓу 11 и 17 години користат генеративна вештачка интелигенција. Во исто време, речиси половина од децата читаат помалку книги поради времето што го поминуваат пред екраните, според резултатите од студијата на Турскиот институт за статистика (Туркстат). Според студијата, 92,7 проценти од децата на возраст ...
По релативно топлиот викенд, од понеделник пристигнува постуден воздух од север. Температурите ќе се намалат, на планините дождот ќе премине во снег, а од вторник ќе преовладува стабилно, но постудено време По деновите со температури кои достигнуваа и до 20 степени, Македонија следната недела ја очекува значително заладување. Уште во понеделник ќе има локални врнежи од дожд, а со продорот на постуден воздух од север, попладне на планините тие ...
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено, по наместа влажни коловози, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Возачите се предупредуваат на зголемена внимателност на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава ...
Премиерот Христијан Мицкоски, на заедничкиот настан со албанскиот премиер Еди Рама, по повод воспоставувањето на системот „One Stop Shop“ на граничниот премин меѓу двете земји, истакна дека новиот начин на гранично функционирање ќе го олесни транспортот на патници и дополнително ќе ги зајакне врските меѓу граѓаните. Мицкоски посочи дека неколку милиони патници годишно поминуваат низ овој граничен премин, оценувајќи дека новиот систем ќе ...
Албанскиот премиер Еди Рама, на настанот по повод воспоставувањето на системот „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан меѓу Македонија и Албанија, истакна дека новиот начин на функционирање ќе значи поедноставување на граничните процедури и поголема доверба меѓу двете земји. Рама, обраќајќи се на настанот, направи споредба со досегашниот начин на контрола на границата, посочувајќи дека новиот систем треба да донесе поинаков пристап. -Ние ...
Припадниците на Баталјонот на специјални сили (БСС) успешно реализираа сложена спасувачка акција за евакуација на тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија. За време на изведувањето на редовна напредна обука за планински операции, припадниците на БСС беа алармирани за несреќа што се случила во непосредна близина, при која цивилно лице – алпинист, во текот на качувањето по карпи, паднало на исклучително стрмен и ...
Инструктор од Србија паднал од стаза за алпинизам кај Демир Капија, се здобил со тешки телесни повреди, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 13:35 часот, во ОВР – Неготино било пријавено дека во реон на старите тунели кај Демир Капија, од стаза за алпинизам паднал С.Ж., на возраст од 61 година од Република Србија. Според пријавеното, С.Ж., кој бил главен инструктор во планинарско спортско друштво „Стена“ од ...
Придобивките од „One stop“ се веќе видливи, потенцираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговата Фејсбук-страница, по денешното промовирање на системот на граничниот премин „Ќафасан“. – Денеска на ГП „Ќафасан“, во присуство на премиерите Христијан Мицкоски и Еди Рама, го промовиравме системот „One stop“ за заедничка гранична контрола меѓу Македонија и Албанија. Со ова го заокружуваме процесот на воспоставување на системот ...
Албанскиот премиер Еди Рама појасни дека неговите изјави во врска со уставните измени и вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав биле извадени од контекст, нагласувајќи дека Албанија никогаш нема да го попречува европскиот пат на Македонија. На заедничкиот настан со премиерот Христијан Мицкоски, по повод промоцијата на системот „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан, Рама рече дека Македонија мора да го исполни условот за уставни ...
Лишени од слобода се шест лица, евидентирани 14 сообраќајни прекршоци при синоќешната акциска контрола до раните утрински часови во Скопје, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Во периодот од 20 часот синоќа до 6 утрово, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје спровеле акциска контрола, по претходно изготвен план за преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба ...
а граѓаните на Македонија веќе не станува збор за нормално живеење, туку за секојдневна борба за преживување. Со кои пари да се купи храна, а истовремено да се платат и сметки. Народот живее тешко, едвај врзвува крај со крај. Синдикалната кошничка достигна 71.000 денари. Со кирија за стан, трошокот е речиси 90.000 денари месечно. Ниту три плати не се доволни да се покријат месечните трошоци. Само за храна и пијалаци се потребни речиси 26.000 ...
Скандал на повидок – со законски измени, власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб, пишува во денешното соопштение – прес-конференција на Маја Серафимовска – Борозан, што МИА го пренесува интегрално. Скандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот ...
Ваучерите се најпопуларниот божиќен подарок во Австрија во 2026 година, при што 34 проценти од потрошувачите планираат да ги подарат, според студијата на консултантската компанија „Делоит Австрија“. Следат играчките со 27 проценти. За да ги покријат трошоците за подароци, храна и декорации, 47 проценти штедат во текот на годината. Кај генерацијата З, овој удел достигнува 65 проценти. Еден од пет испитаници користи и опции за финансирање преку ...
Дожд се очекува во вечерните часови, но и во текот на утрешниот ден, синоптичарите најавуваат заладување. Како што информираа попладнево од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска од вечерните часови, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, што поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува засилен, а во текот на ноќта повремено силен ветер, што на ...
Рускиот тенисер Данил Медведев (АТП – 5) го совлада синоќа Американецот Франсис Тиафо (АТП – 8) со 6-3, 6-4 во последниот натпревар од групната фаза на АТП финалето во Торино, со што обезбеди место во полуфиналето на завршниот турнир во кое негов противник ќе биде најдобриот тенисер во светот оваа година, Германецот Александар Зверев. Полуфиналната програма денеска ќе биде отворена во 14:30 часот, кога за место во финалето ќе играат Шпанецот ...
Претседателот на Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ), Патрис Мотсепе, ја повтори денеска поддршката на Џани Инфантино за реизбор за претседателското место во ФИФА, откако првиот човек на светскиот фудбал потврди значително зголемување на финансиската поддршка за секоја од своите членки. Обраќајќи се на редовното генерално собрание на организацијата во нигерискиот град Абуџа, Мотсепе рече дека ЦАФ го поддржува Инфантино за уште еден ...
Во близина на с. Смилковци, скопско, пронајдено е безживотно тело на маж – соопшти Министерството за внатрешни работи. -На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско – информира МВР. ...
Австриското Министерство за надворешни работи соопшти дека нивната веб-страница била хакирана минатата недела и дека биле украдени контакт-податоци на вработените. „Помеѓу 12 и 13 ноември, веб-страницата на Министерството за надворешни работи, која ја управува надворешен давател на услуги, беше предмет на неовластен пристап“, се вели во соопштението на министерството, додавајќи дека тоа се случило за време на глобалниот прекин на Mајкрософт. ...
ФБИ истражува можен хакерски напад врз национална база на податоци што ја користат полицијата и другите безбедносни агенции низ САД за споделување информации за кривични дела и осомничени, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори од истрагата. Станува збор за база на податоци на Националниот информативен центар за криминал (NCIC), еден од клучните информациски системи на американските безбедносни служби. Доколку упадот е потврден, тоа ќе биде ...
Денеска се навршуваат 31 година од парафирањето во воената база Рајт-Петерсон во близина на Дејтон, во американската држава Охајо, на Општиот рамковен договор за мир во Босна и Херцеговина, со кој заврши четиригодишната војна во таа земја. Спогодбата ја парафираа тогашниот претседател на Претседателството на Република БиХ, Алија Изетбеговиќ, претседателот на Србија, Слободан Милошевиќ и претседателот на Хрватска, Фрањо Туѓман. За време на ...
Танкер што пловел кон излезот од Ормуската Теснина бил погоден од проектил во задниот дел на бродот, на околу 11 наутички милји северно од оманскиот град Хасаб, соопшти деенска Британската поморска трговска организација (УКМТО). УКМТО подоцна соопшти за уште еден инцидент во кој танкер беше погоден од непознат проектил во машинската соба, 17 наутички милји источно од Хасаб. Во инцидентите нема повредени, а се уште не е познат степенот на ...