Складиштето на Светската здравствена организација во Дњепропетровск, што содржеше итни медицински материјали наменети за здравствените установи на првата линија на фронтот, е погодено три пати за неколку дена, уништувајќи ги сите залихи, објави денеска СЗО. Складиштето првпат беше погодено на 3 август, по што СЗО го оцени како небезбедно и почна да ги преместува залихите. Складиштето беше повторно погодено на 7 август, веднаш откако вработен ...

Непочитувањето на правилата за минимална плата во Германија предизвикало економски загуби проценети на 64 милијарди евра (74 милијарди долари) откако во 2015 година беше воведена законската минимална плата, соопшти Конфедерацијата на германските синдикати (ДГБ). Според анализата на ДГБ, до која дојде германската новинска агенција ДПА, во просек околу два милиони работници годишно биле недоволно платени од 2015 година наваму. Тие добивале меѓу ...

Во масовен украински напад со дронови врз градот Нижнекамск во руската Република Татарстан загина најмалку 13 лица, соопштија денеска локалните власти. Шефот на Република Татарстан, Рустам Миниханов, прогласи период на жалост по нападот. Неговата влада, со седиште во градот Казањ, соопшти дека уште 48 лица се повредени, пренесе ДПА. Градоначалникот на Нижнекамск, Радмир Бељаев, пријави голем напад со украински дронови врз индустриски ...

Повеќе илјади жители на шпанската ексклава Сеута на северот од Африка протестираа барајќи поголема помош од централната власт во Мадрид и построга контрола на границата со Мароко, откако кон крајот на јули во градот влегоа повеќе од 70.000 мигранти, од кои мнозинството набрзо се вратија во Мароко, јавуваат денеска шпанските медиуми. „Сеута не е на продажба. Сеута е Шпанија“, извикуваа демонстрантите собрани на Плоштадот на Уставот, исполнет ...

Регионална средба на превозниците од регионов ќе се одржи утре во Скопје за изнаоѓање решение за проблемот со којшто се соочуваат превозниците од Западен Балкан во однос на престојот во Шенген зоната. Ваква средба првпат се одржува во земјава, а на неа е најавено учество на раководствата на превозниците од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. – Проблемот се уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата на ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...

На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме. Срамно и понижувачки. Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба. Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно. Го погрешија македонското знаме. Тие знаат само за тендери, проценти, провизии, кога е државноста во ...

Цел град Гостивар беше отруен со загадена вода, над 4.700 граѓани завршија во болница. А бројот на одговорни до власта – нула. Ова е билансот на здравствената катастрофа во Гостивар под власта на Мицкоски. Мицкоски лично ги убедуваше граѓаните дека водата е „технички исправна“ и дека може да се користи. Сега Клековски признава дека во водата имало „многу различни бактерии и вируси“. Ако во водата имало многу различни бактерии и вируси, врз ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 4 денари по литар, а цената на дизелот се намалува за 8 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто. Новата максимална малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 87 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се ...

Многу топло време со температури до 40 степени се најавуваат во следните два дена. Високи ќе бидат и утринските температури кои ќе се движат од 12 до 23 степени. Од четврток се најавува нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а тремпературите ќе опаднат за неколку степени. МИА Многу топло време со температури до 40 степени се најавуваат во следните два дена. Високи ќе ...

СДСМ дава целосна поддршка на струмичките земјоделци производители на црвена пиперка. Даваме целосна поодршка на македонскиот земјоделец кој од утро до мрак е на нива, за да произведе храна за цела држава. Барањата на струмичките земјоделци се оправдани. Тие не протестираат за милост – бараат достоинствени откупни цени и вреднување на трудот. Бараат да можат да живеат од сопственото производство. Луѓето со месеци работат, вложуваат, ...

Македонскиот туризам влегува во период на забрзан раст. Податоците за првите пет месеци од годината покажуваат зголемување на бројот на странски туристи за 23,6 проценти, додека бројот на реализирани ноќевања е зголемен за 18,7 проценти во споредба со истиот период минатата година. Овие два показатели се особено значајни бидејќи покажуваат дека растот не се сведува само на поголем број пристигнувања. Зголемувањето на ноќевањата упатува на ...

Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица го поминале граничниот премин Евзони за влез во Грција, од јуни годинава до сега, додека пак во истиот период земјата ја напуштиле 940.000 посетители, покажуваат податоците што денеска ги објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Зголемениот број возила на граничниот премин Евзони и неколкучасовните чекања за влез во земјата, во изминатите денови се сè почеста ...

Според најновиот преглед на Македонскиот информациски систем за шумски пожари – МКФФИС, од денеска, во 12 часот и 45 минути, речиси целата територија на државава со исклучок на повисоките делови на Шара, е со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари. Директорот на ЦУК Мухамет Али, во пишаната изјава наведува дека иако во моментов нема области со многу висок метеоролошки индекс за опасност од пожари, сепак постои ризик од појава на ...

Помина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. Речиси 5.000 граѓани завршија во болница. Здравствена катастрофа и тотален распад на институциите. Одговорност од власта, од здравствените институции досега нема. Од никого. А нема ниту чиста вода во Гостивар. Четири недели власта на Мицкоски си поигрува со најскапото нешто – здравјето на луѓето. Јавното обвинителство молчи, ги игнорира повиците да преземе конкретни ...

Здружението на новинари на Македонија алармира за директни закани по живот кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов. Во коментари се повикува на негово физичко елиминирање. Се бара „јунак“ што ќе „расчисти“ со него. Се бара да биде „решен на експресен начин“. Ова не е обичен интернет-инцидент. Ова е директна последица од политиката што ја води Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО. Политика на поделби. Политика на сеење ...

Ако надвор е 39 степени, клима уредите да бидат на околу 25, за да може да се прилагоди организмот ако излезете надвор на отворено, препорача доктор Давид Здравески, раководител на Одделот за здравствена промоција и следење на болести при Институтот за јавно здравје, во изјава за медиумите говорејќи за јавно – здравствените препораки за заштита од топлото време. – Меѓу општите јавно-здравствени препораки што треба секој да ги почитува, ...

Уште еден случај на затруено дете е евидентиран во Куманово. Вчера во 14:28 часот во СВР Куманово лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив било донесено двегодишно дете кое било затруено со лекови. Од кумановската полиција информираат дека преземаат мерки за расчистување на случајот. Од Општа болница Куманово потврдуваат дека детето вчера било примено на Одделението за педијатрија, каде му била укажана медицинска помош, по што ...

Водата од кумановскиот водоводен систем е безбедна за пиење, покажуваат досегашните анализи од Центарот за јавно здравје, лабораторијата на филтер-станицата и Институтот за јавно здравје, информира Тони Јовчевски, раководител на Филтер-станицата Куманово. Во услови на летни горештини, од водоснабдувањето велат дека засега нема поголеми нарушувања, но зголемената и нерационална потрошувачка може да предизвика намален притисок во повисоките ...

Во селото Себиште административната единица Стеблево, кое едно од 22 села во областа Голо Брдо во Албанија, населени главно со Македонци, се наоѓа едно ретко природно богатство кое привлекува внимание со својата убавина и геолошка вредност. -Станува збор за Пештерата во Себиште, природна формација која била откриена случајно и во својата внатрешност крие фасцинантен свет од сталактити и сталагмити, создадени во текот на илјадници години, ...

Едно лице починало од повреди здобиени во судар на две возила на магистралниот пат Гостивар – Кичево. Возачот на другиот автомобил е тешко повреден. Според полицискиот портпарол, Фатмир Реџепи, околу 17:10 часот, во Полициската станица Гостивар e пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на угостителски објект, се случила тешка сообраќајна несреќа. – Во несреќата учествувале две патнички моторни возила, „пежо“ со ...

Основното јавно обвинителство Скопје во скратена постапка гони 46-годишник осомничен за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ според член 300 срав 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1, како и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ од член 301 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, осомничениот, на 7 август околу пладне, управувал автомобил „сеат алтеа“ по улицата ...

Оман соопшти дека преговорите за условите за пловењето во Ормуската теснина се одвиваат во „позитивна и конструктивна атмосфера“, објави ДПА. Министерството за надворешни работи на Оман во кратко соопштение објавено синоќа не прецизира кои земји учествуваат во разговорите. Оман, кој заедно со Иран граничи со Ормуската теснина повика на избегнување на какви било дејствија што би можеле да влијаат на „овие преговори и постигнатиот напредок, кој ...

Поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бака ја прифати номинацијата за претседател на Унгарија на владејачката партија Тиса, соопшти унгарскиот премиер Петер Маѓар. Маѓар објави на Фејсбук дека Бака ја прифатил номинацијата од желба да ѝ служи на нацијата и да работи за единството на унгарскиот народ и создавањето демократска, европска Унгарија. Унгарскиот премиер објави фотографија направена за време на средбата со Бака, кога лично ...

Пентагон бара од американската одбранбена индустрија брзо да го зголеми производството и испораката на оружје, особено муниција која во голема мерка е исцрпена од војната со Иран, покажува допис кој заменик-министерот за одбрана на САД, Стив Фајнберг го испратил до директорите на компаниите во одбранбената индустрија. Во дописот во кој увид имал „Вашингтон пост“, Фајнберг навел дека одбранбените компании немаат повеќе од 21 ден да поднесат ...

Пожари од широки размери го зафатија подрачјето над градовите Круја и Ѓирокастро, во чие локализирање и во текот на ноќта ангажирани беа голем број оперативни сили. -Операциите за изолирање и контрола на пожарот на над Круја, кој поради ветерот брзо се ширеше, продолжија со интензивен интензитет, со непрекинато ангажирање во текот на целата ноќ на структурите за цивилни вонредни состојби и вооружените сили, изјави албанскиот министер за ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска изјави дека посредниците и натаму „се обидуваат да најдат начини за повторно рестартирање на преговорите“ со САД, но дека во моментов нема можност за нивно продолжување. „Додека не се прекинат прекршувањата на меморандумот за разбирање од страна на САД и додека САД не го надоместат она што го прекршиле, според наше мислење, нема можност за продолжување на преговорите“, рече Аракчи на ...

Поминавме тешки десет дена, во кои преовладуваа силни ветрови и многу тешки и неповолни услови и се соочивме со над 400 пожари, истакна министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Евангелос Турнас во интервју за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Турнас се осврна на големите пожари на островот Парос, во јужниот дел на островот Крит и во областа Виотија во централна Грција, кои последователно избувнаа ...

Иранската новинска агенција Мехр објави видео во кое, според неа, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се појави во јавноста за прв пат. Во кратко видео објавено од агенцијата Мехр на Телеграм, Моџтаба Хамнеи може да се види во профил како седи во соба опкружена со луѓе и разговара со нив, иако иранската агенција не кажа кога или каде е снимена сцената. Десната половина од лицето на Хамнеи не може да се види на видеото. ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
37%
1010
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
3.6
54%
1013
weather icon

Загреб

26ᴼ / 25ᴼ
2.06
51%
1013
weather icon

Софија

28ᴼ / 26ᴼ
6.69
39%
1011
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
10.49
38%
1009
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 22ᴼ
1.0
67%
1014
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
4.12
57%
1009
weather icon

Тирана

33ᴼ / 30ᴼ
3.09
50%
1010
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.03
37%
1009
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
4.63
28%
1006
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
8.75
48%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
73%
1010
Currency

61.5217

Currency

53.0864

Currency

71.9465

Currency

37.7669

Currency

38.2893

Currency

65.4487

Currency

7.88035

Currency

0.62494

Currency

0.33285

Currency

0.52358

Currency

1.10852

Currency

0.55531

Родиум

282926.57

Цинк

0.00

Бакар

13.19

Злато

141161.07

Паладиум

41828.12

Сребро

2096.79

Калај

56.46

Алуминиум

3.26

Платина

56231.66

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29