Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Грција бележи значителен напредок во дигиталната трансформација, при што 89,5 отсто од домаќинствата имаат пристап до интернет од својот дом; 75,4 проценти користи електронските јавни услуги, а шест од десет лица веќе користат алатки за вештачка интелигенција, покажуваат податоците на Грчката служба за статистика (ЕЛСТАТ), јави дописничката на МИА од Атина. Истражувањето се однесува на употребата на информатичките и комуникациските технологии ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) излезе во пресрет на барањата на ветеринарните друштва, изнесени на неодамна одржаниот мирен протест, за продолжување на дијагностичките испитувања за бруцелоза кај говедата. Од понеделник, 23 ноември, Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, ќе продолжи со спроведување на испитувањата, со што ќе се реализираат предвидените мерки со Програмата за здравствена заштита на животните за годинава. Како ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец ноември 2026 година изнесува 70.827 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2026, која изнесува 70.358 денари е зголемена за 469 денари – соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница изнесува 86.202 денари, од кои за станарина, вода, електрична енергија и греење се потребни ...
Владата продолжува со финансиската поддршка за домашните компании. Нови 45,2 милиони денари се префрлени од Централниот буџет кон Развојната банка, наменети за реализација на инвестиции во приватниот сектор. Со најновото префрлање на средствата, вкупната поддршка што досега ја реализираше Владата преку оваа мерка достигна 14,9 милијарди денари, односно околу 242 милиони евра. Програмата е насочена кон поттикнување на инвестицискиот циклус и ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесувала 49.141 денар и бележи зголемување од 8,1 проценти во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемувањето на просечната нето-плата, како што наведуваат од ДЗС, пред сè се должи на повисоките исплатени плати во секторот Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, каде ...
Бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз во третото тримесечје од 2026 година изнесувал 8.091.000 и е намален за 8,4 проценти во споредба со истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Според податоците на ДЗС, најголемо намалување на бројот на превезени патници е забележано во градскиот превоз, за 12,1 процент. Во приградскиот превоз бројот на патници е намален за 5,7 проценти, во меѓуградскиот за 0,5 проценти, а ...
На владина седница ќе се разговара за евентуално воведување мерки во однос на цените на основните прехранбени производи доколку секторот што е надлежен за овој сегмент достави таков предлог. Една од мерките би била ограничување на маржите – рече денеска министерот за економија, Бесар Дурмиши. На брифинг со новинарите Дурмиши истакна дека ситуацијата со цените секојдневно се следи и постојано се вршат инспекциски контроли на терен. – Ако ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември 2026 година изнесува 70.827 денари во споредба со вредноста на синдикалната минимална кошница за октомври 2026, која изнесува 70.358 денари, и е зголемена за 469 денари – соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница изнесува 86.202 денари, од кои за станарина, вода, електрична енергија и греење се потребни 21.754 ...
Времето денеска во утринските часови ќе биде врнежливо, а во текот на денот ќе се разведри. Претпладне ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови од земјата повремено силен ветер од западен правец (над 80 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени. Во Скопје во утринските часови со услови за врнежи од дожд, потоа претежно сончево. Ќе дува слаб до ...
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почнува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година. На седницата, која треба да почне во 11:30 часот, поднесени се над 300 амандмани. Во текот на општата расправа изминатите денови, пратениците од власта со оценка дека Предлог-буџетот претставува рамка за одговорно управување со јавните финансии, зачувување на макроекономската и финансиската стабилност, навремено ...
Министерството за внатрешни работи упатува апел до родителите, старателите, наставниците и пошироката јавност за зголемена внимателност во однос на појавата позната како „764“ – насилна онлајн заедница чии членови таргетираат деца, малолетници и други ранливи лица, со цел нивно манипулирање, заплашување и принудување на опасни и насилни дејствија. Како што информира МВР, за сериозноста на оваа појава предупредуваат и меѓународните безбедносни ...
Заклучно со 31 октомври, 51 милион евра од пензиските придонеси на граѓаните криминалната власт на Мицкоски не ги непрефрлила во вториот пензиски столб. Тоа се пари што работниците секој месец ги издвојуваат од своите плати за сигурна и достоинствена пензија. Арамиската власт на Мицкоски ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани. Институциите, Фондот на ПИОМ имаат законска обврска да ги префрлат придонесите во ...
Нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз, е спречен од страна на царински службеници од Царинска испостава Скопје 3. Како што соопшти Царинската управа, случајот е откриен при контрола на стока декларирана како индустриска сол за која, од страна на увозникот, производител на храна, била обезбедена изјава дека ќе се користи за индустриски цели. При контролата е констатирано дека станува збор за нејодирана сол, а не за ...
Во текот на 46-тата недела од годинава (од 9 ноември до 15 ноември), пријавени се 154 случаи на грип во државава, што е зголемување од 37,5 отсто (n=112) во однос на претходната 45-та недела. За споредба, во 46-тата недела од минатата сезона, регистрирани беа 117 заболени лица, што претставува зголемување од 31,6 отсто, а во однос на моделот за последните 16 сезони (n=89), се регистрира зголемување од 73,2 отсто, се наведува во извештај ...
Пожар избувнал во внатрешна просторија во Градската општа болница „8 Септември“. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, пожарот е локализиран и нема опасност од ширење. – Преку Е 112 е добиено известување за пожар на вториот кат во ГОБ „8 Септември“ во Скопје по што веднаш се известени Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје (БППЗ) – наведуваат од ЦУК. Од страна на БППЗ потврдено е дека станува збор за пожар во внатрешна ...
Со испитување на вештото лице во областа на криминалистиката, Атанас Козарев, во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судскиот процес против апелацискиот судија Ѓоко Ристов. Според вештакот, при обезбедувањето на доказниот материјал не биле применети стандардните процедури и постоела реална можност за внесување или пренос на туѓа ДНК. Како што изјави вештакот, предмет на неговата стручна анализа биле начинот на постапување на овластените ...
СДСМ и коалицијата со амандмани на Предлог-буџетот за 2027 година бараат поголема минимална плата од 600 евра, повеќе пари за граѓаните и за младите. Студентскиот оброк да се зголеми за 2.500 денари месечно, а студентските стипендии од 6.050 на 8.000 денари. Предлозите ги претстави пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на прес-конференција по повод почетокот на амандманската расправа. „Во образованието ...
Додека Обвинителството молчи и нема отворено истрага за Алта банка вистината излегува на виделина. Народна банка го крие решението за тоа како Славески го проценил ризикот за влез на Алта банка во Македонија. Медиумите го побарале решението на Извршниот одбор на НБРМ, кој се состои од гувернерот и вицегувернерите. Посочиле дека го бараат без евентуалните класифицирани и чувствителни информации. Ама не го добиле. Ова е потврда на се што СДСМ ...
Човечки фактор е причината за пожарот што денеска избувна на вториот кат во Градската општа болница „8 Септември“. Директорот на болницата д-р Синиша Стојаноски потврди дека догорче од цигара е причина за пожарот. Веднаш била спроведена евакуација на пациентите и на медицинскиот персонал откако од прозорците почнал да излегува чад, а била повикана и Противпожарната бригада. Поврдени во пожарот нема. Командирот на Бригадата за противпожарна ...
Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ денеска организираше блокада пред Владата против фемицидот, насилството и институционалната неодговорност. Блокадата следи по случајот со насилство врз 21-годишна девојка од Битола, која минатата недела во полиција пријавила дека била давена и задушувана со голи раце од момчето со кого била во врска и од кого според пријавата – година и половина трпела тепање, закани за убиство и психичко ...
Специјалното одделение на Обвинителството на Федерацијата на Босна и Херцеговина (ФБиХ) за борба против корупцијата и криминалот (ПОСКОК) поднесе обвинение против голем број функционери на тој ентитет. Според сараевски медиуми, обвинети се поранешниот директор на Полициската управа на Федерацијата на Босна и Херцеговина (ФУП) Вахидин Муњиќ, премиерот на Федерацијата Нермин Никшиќ, министерот за внатрешни работи Рамо Исак, функционерот на ФУП ...
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ја разгледа можноста за правно оспорување на правото на Џани Инфантино да се кандидира за нов мандат како претседател на ФИФА, објави „BBC“. Според британскиот медиум, оспорувањето било околу тоа дали неговиот прв мандат, од 2016 до 2019 година, треба да се смета како целосен. Инфантино воведе ограничување од три мандати, но Советот на ФИФА во 2022 година пресуди дека тој прв период е остатокот од ...
Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, во интервју за Фудбалската федерација на Македонија говори за одличните односи со ФФМ и претседателот Масар Омерагиќ, инвестициите во фудбалската инфраструктура, солидарноста во европскиот фудбал и рамноправната позиција на сите национални федерации во УЕФА. Чеферин, кој престојуваше во нашата земја на покана на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и го следеше ...
Францускиот репрезентативец Орелиен Чуамени го продолжи договорот со мадридски Реал до 30 јуни 2032 година, објави денеска Кралскиот клуб. Чуамени дојде во мадридскиот клуб во 2022 година и во текот на пет сезони одигра 205 натпревари и освои осум трофеи. Французинот во дресот на Реал ја освои Лигата на шампиони, два интерконтинентални купа и две титули на светското клупско првенство, два Суперкупа на УЕФА, една титула во шпанското првенство, ...
Спортскиот директор на Барселона, Деко, изјави дека клубот нема планови да го продаде дефанзивецот Алехандро Балде, кој го бараат Манчестер јунајтед и Ливерпул. – Дали планираме да го продадеме Балде? Не. Тој ја освои лигата со Чави и останува фантастичен играч. На крајот на краиштата, станува збор за динамика и моменти, а тоа не значи дека не може повторно да игра утре. Играчите можат да се менуваат, особено кога сте млади. Тој покажа што е ...
Кремасто предјадење кое ќе ја украси секоја трпеза. Состојки: 4 тврдо варени јајца 1 пилешка паштета 1 лажица мајонез 3 лажици павлака 25 грама сушени домати во масло 1 лажица сецкан магдонос перца од свежо кромитче Подготовка: Јајцата сварете ги тврдо и излупете ги. Сварените јајца пресечете ги на пола, а потоа внимателно извадете ги жолчките. Ставете ги жолчките во сад, додадете паштета, мајонез, павлака, сецкан магдонос и ситно сецкано ...
Качувањето по повеќе од пет ката скали дневно може да го намали ризикот од срцеви заболувања за дури 20 насто, според истражување на Универзитетот на Тулејн во коешто учествувале речиси 460.000 возрасни лица. Истражувачи од американскиот Универзитет анализирале податоци за 458.860 возрасни лица – на возраст од 38 до 73 години, преземени од базата на податоци „УК биобанк“ (UK Biobank). На почетокот на испитувањата, како и пет години подоцна, ...
Портокаловите плодови на јапонското јаболко, деновиве ги полнат пазарите и полиците во продавниците. Покрај слаткиот вкус, се вели, тоа е богато со растителни влакна, витамини А и Ц, како и антиоксиданси, но постојат неколку правила за тоа како треба да се јаде. Јапонското јаболко созрева доцна наесен, кога повеќето други овошја веќе не се во сезона. Според Американското здружение за срце (AХA), ова овошје е најдобро во периодот од септември ...
По пријава од две негови поранешни вработени, Националниот суд на Шпанија ја прифати тужбата против познатиот шпански пејач Хулио Иглесијас поради наводно нанесување телесни повреди и понижувачко однесување. По ова, судијата Антонио Пиња започнал истрага против пејачот, наредувајќи лично да се појави пред судот на трети февруари. Според него, Националниот суд е должен да постапува според тужбата. Минатиот месец, Националниот суд и Шпанското ...
Актерката и принцеза од Монако, Грејс Кели, ги избегнувала слатките, а иако ретко јадела месо и риба, повремено сакала да јаде чизбургери. Холивудската актерка Грејс Кели беше една од најубавите жени што некогаш чекореле на оваа земја, многу пред да стане принцеза од Монако по бракот со принцот Рение III. Сите сакаа да ги дознаат тајните на нејзината убавина, да го копираат нејзиниот стил, но и да дознаат како се храни и како го постигнува ...