Денес, среда, 9 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 23 степени. Утре, четврток, 10 октомври, во Битола времето ќе биде наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот сончево и ...

Се известуваат граѓаните дека поради започнување со изградбата на патниот Коридор 10Д, на делница Прилеп – Битола од денеска (08.10.2024) во 13.15 часот, од страна на изведувачот “Бехтел Енка“, согласно сообраќајниот проект за времено одвивање на сообраќајот при изградба на Коридор 10 Д, се воведе посебен сообраќаен режим на сообраќај и тоа пренасочување на цел сообраќај од Магистралниот пат А3 ќе биде пренасочен на Регионалниот пат Р1101, ...

Утре вечер во Битола во спорстката сала “Боро Чурлевски“ македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ги продолжува натпреварите во Лигата на шамионите. “Пелистерци“ утре во рамките на 4. коло го пречекуваат Спортинг Лисабон од Потругалија. Левото крило Цветан Кузманоски на официјалниот прес рече дека португалскиот првак е во одлична форма, но посакува први бодови во елитната конкуренција. -Спортинг игра во страшна форма, тоа го покажаа и на домашен ...

КУД “Стив Наумов“ Битола продолжува да ја испишува историјата на хорското пеење во Битола. Талентираните хористи кои долги години ја негуваат љубовта кон музиката, овој пат, настапија на деветтиот интернационален хорски фестивал во Хергец Нови. Имено, деновиве година, во Херцег Нови, КУД “Стив Наумов“ со свои композиции настапија на ревијалната и натпреварувачка вечер на интернационалниот фестивал.Во конкуренција од 11 хорови од различни земји, ...

На 07.10.2024 во 21.30 часот на ул. „Трајче Магловски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 26 и 30 години од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава. На 07.10.2024 во 12.20часот во СВР Битола, П.Ј. (74) од Битола пријавил дека во село Српци, битолско, бил ...

Денес, вторник, 8 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Температурата во Битола до 23 степени. Утре, среда, 9 октомври, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. ...

Топ Гол – Ас Јунајтед 2:0 (1:0) Во рамките на 7. коло од ПМФЛ жени екипата на Топ гол во Битола издвојува победа над фаворитот Ас Јунајтед. Во натпреварот кој се одигра на Фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола, битолчанки со голови на Стефановска во 2. минута и Талевска во 84. минута издвојуваа голема победа над струшката екипа и прокнижија три нови бода на нивното бодовно салдо. -Честитки за остварената победа, особено пофални зборови ...

На 4 октомври во Белград, Србија се одржа Европското првенство за групи и формации во спортски латино танци.Во категоријата Јуниори 2 (14 и 15 години) и дисциплината Choreographic Latin Snall Team, Mini Stars убедливо застанаа највисоко на пиедесталот, станаа Европски прваци за оваа година. Со сигурен и прецизен настап го потврдија квалитетот што го поседуваат и кој е резултат на долги години напорна работа.Радоста и среќата ја надополнија и ...

Иднината на македонската атлетика Младата членка на Атлетскиот клуб Олимп од Битола, Дарија Крстевска, оствари уште еден значаен успех на годинешниот Скопски маратон. Со само 17 години, таа го освои второто место на трката од 5 километри, постигнувајќи импресивно време од 19:38. Крстевска, која со гордост ги носи боите на Олимп Битола, уште еднаш ја покажа својата извонредна форма и упорност, кои ја вбројуваат меѓу најперспективните македонски ...

Денес, понеделник, 7 октомври, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура во Битола ќе биде до 23 степени. Утре, вторник, 8 октомври, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 23 ...

Кога надвор температурите се намалуваат, време е дома да направиме топла атмосфера со еден едноставен чекор – печење на колач со мирис на ванила и Gardenia малина. Повелете едноставен рецепт: 200 гр. малини 4 јајца 2,5 шолји брашно 2 шолји шеќер 1 шолја кисело млеко 1 прашок за пециво 1 шолја масло Подготовка: Се матат 4 белки со шеќер, се додаваат потоа жолчките, кисело млеко, масло, брашно и прашок за пециво. Се става тестото во плех и се ...

-Со комичната опера во два чина на В.А Моцарт ““Така прават сите“, во режија на Цветан Стојановски, а под диригентство на Саша Николовски – Ѓумар, во изведба на Македонската опера и балет, во преполната сала на Народниот театар во Битола, свечено беше отворено 23. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест 2014“, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Фестивалот ...

Тиквеш – Пелистер 96:84 Кошаркарите на Пелистер од Битола со лесна победа ја почнаа новата сезона во Првата лига и како гости рутински го победија Тиквеш со резултат 84:96, со што актуелниот вицешампион ја оправда фаворитската улога и на паркетот во “Јасмин“ во Кавадарци. По рамноправниот старт на натпреварот Пелистер направи серија од шет поени за водство од 7:10, и плус влегоа во шутерски ритам, па со тројките на Ташовки и на Мишковиќ стигнаа ...

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Монилност“ од Битола, Демир Хисар и Ресен, денес по Широк сокак одржа дефиле кое годинава се одвива под мотото “Се движам, значи постојам“, со единствен мотив да го свртат вниманието на надлежните за нивните проблеми. Дефилето на лицата со телесен ивалидитет започна во 10 часот од пред плоштадот „Магнолија“ и се одвиваше по Широк сокак и и заврши со литетартурно читање кое го организираат членови на ...

-Пелистер новата сезона во прволигашката конкуренција ја почнува со денешното гостување во Кавадарци против тимот на Тиквеш, сала “Јасмин“ во 18 часот, вака ја најавија новата кошаркарска сезона од КК Пелистер од Битола, во која како потенцираа, имаат желба да го освојат пехарот. Александар Петровиќ тренерот Пелистер за високите амбиции во новата сезона вели: -Од самиот почеток не криеме дека наша желба е да освоиме барем еден трофеј, тоа е ...

Екипата на Народен театар Битола за време на своето гостување во Полска, беше пречеканa од македонскиот амбасадор во Полска г-дин. Јасмин Ќахил. Во една пријатна атмосфера се разговараше за соработката помеѓу двете држави на културно поле, како и за тоа дека овие гостувања придонесуваат кон истата. Имено претставата “Хамлет-денот на убиствата“ од Бернар Мари -Колтес во режија на Марјан Неќак, ќе се прикаже вечер на Интернационалниот Фестивал ...

Викендов во Софија, Бугарија се одржа “Bulgarian Open 2024 BJJ Championship“ на кој настапија и каратисти од Битола . На ова реномирано отворено првенство на Бугарија на кое учествуваа повеќе од 400 натпреварувачи, битолчаните од Ninjutsu клубот Битола настаија во сениорска и детска дивизија.Младите битолчани од Ninjutsu клубот Битола, кој е претставник за “Pound for pound team za Makeodnija“, настапија под водство на нивниот тренер Сашо ...

-Како да се препознае и каде да се пријави корупција? Колку е важен личниот интегритет за справување со коруптивните влијанија? Дали обвинителите се соочуваат со притисоци и закани кога постапуваат? Ова се дел од прашањата кои што ги поставуваа средношколците и студентите на панел дискусијата “Младите против корупцијата“ која се одржа во кино “Манаки“ во Битола.Панел дискусијата “Младите против корупцијата – градење на култура на интегритет и ...

Денес, недела, 6 октомври, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура во Битола ќе биде до 23 степени. Утре, понеделник, 7 октомври, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 23 степени. ...

На 04.10.2024 во 19.12 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул„Генерал Васко Карангелевски“ во Битола патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 53 годишник удрило во велосипед управуван од малолетник, двајцата од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констаирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола. На 04.10.2024 во 22.25 часот на ул. „4 ...

Еурофарм Пелистер 2 – Мулти Есенс 41:24 (23:11) Еурофарм Пелистер 2 вечерва во Битола ја победи екипата на Мулти Есенс убедливо со резултат 41:24, полувреме 23:11, во натпревар во кој домаќините го имаа под контрола целиот натпревар. Екипата на Александар Зарков по почетните 1:1, а потоа и 1:2, направија серија од 6:0 и дојдо до 7:2. Разликата од +5 се одржуваше и на средина на полувремето имаа 12:7. На пет минути пред крајот на првиот дел ...

Куманово – Еурофарм Пелистер 22:35 (12:17) Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола вечерва го одигра гостискиот натпревар против Куманови во Куманово, ова е втора победа по ред, во натпревар кој беше само тренинг пред натпреварот од Лигата на Шампиони против Спортинг во Битола. Во 6. коло од македонскиот шампионат “пелистерци“ забележаа убедлива победа од 22:35. полувреме 12:17. Во првиот дел Куманово само поведе со 2:0 и тоа беше се што ...

Пелистер Волеј – Јанта Волеј 0:2 (23:25; 19:25) Во супердраматично финале, особено во првиот сет, во кој екипата на Пелистер Волеј од Битола беше рамноправен противник во дуелот со скопската екипа, а целиот натпревар го одиграа во супер рита, кој покажува дека тимот оди во нагорна форма, пред срартот на одбојкарската сезона. -Презадоволни сме од денешните два натпревари, со една преубава победа против екипата на Врање СД 1093 со 2:1 и со еден ...

Пелистер – Тиквеш 0:0 Екипите на Пелистер и Тиквеш попладнево во Битола под Тумбекафе, на градскиот стадион “Петар Милошевски“ игра реми без голови и поделија по еден бод, во рамките од 9. коло од Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот започна со одмерување на силите и со многу грешки, но при “влегоа“ во прилика за гол домашните. Од прекин Георгиев одлично центрираше, до топката дојде Спиркоски, биеше со глава, но не ја погоди рамката на ...

5 Октомври, е прогласен за Светски ден на учителите. Секој воспитувач, учител, наставник, професор, е значајна личност во растот и развојот на децата и младите. Времињата се менуваат, па така и тие. Освен класичниот воспитно-образовен процес кој го применуваат, користат техники за поддршка, личен развој и поттик на индивидуалноста на секое дете. Овој ден е за нив, и секој следен, затоа што заслужуваат високо да ги вреднуваме и почитуваме за она ...

Низ разговори со д-р Васил Чипуровски информираме за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне на улогата на хеликобактер пилори инфекцијата за настанување на хроничен атрофичен гастритис, улкусна ...

4-ти октомври е Светскиот ден за заштита на животните, кој годинава се одбележува под мотото „Светот е заеднички дом за сите“. Овој ден се совпадна со периодот кога отпочнуваме со хуман третман на животните во Општина Битола и со отпочнување на работа на прифатилиштето Хачико.Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, заедно со директорот на ЈП „Комуналец“ Горан Степановски, го посетија прифатилиштето, во присуство на учениците од ...

Публиката во Битола вечерва ја исполни до последно место Големата сала во Центар за култура за стенд-ап шоуто на Сашко Коцев “Широк дијафазон“, а претходно актерот ги распродаде влезниците за неколку часа.Пред почетокот на шоуто директорката на Центар за култура во Битола, Маја Андоновска – Илиевски ја најави новата сезона во октомври во јубилејната година, а ќе биде исполнета со концерт, балет и други значајни настани.-Со настанте кои се веќе ...

Секретарот на општина Битола Борче Димитровски, заедно со претставници на општинската администрација, денес извршија увид во завршните активности од реализацијата на првиот дел од оваа важна сообраќајница, која поминува низ некогашната индустриска зона на Битола и претставува значајно сообраќајно поврзување со соседна Грција.Реализацијата на овој проект произлезе од разговорите со претставниците на Стопанската комора, кои посочија дека токму во ...

“Тaftherapy“ терапијата е техника која делува позитивно кај следниве дијагнози: спондилоза, дископатија, дискусхернија, дископатија, ишијалгија, лордоза, кифоза, сколиоза, мигрена, деформитети, повреди, остеопороза. “Тaftherapy“ терапија потекнува од Тајланд и се применува од 18 век, како алтернативна медицина и техника, а во 19 век веке се користи и во централно стативна медицина. Својот успех во излечени пациенти го бележи како во Азија така ...

Али и Мали

40 минути - Frontline
weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.57
27%
1012
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
48%
1011
weather icon

Загреб

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
89%
1007
weather icon

Софија

32ᴼ / 30ᴼ
2.57
36%
1014
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.76
28%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
98%
1006
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
4.12
37%
1015
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
45%
1015
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
3.6
42%
1015
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
7.2
49%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
60%
1011
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
4.12
100%
1016
Currency

61.54

Currency

52.6113

Currency

71.1425

Currency

34.7556

Currency

37.9725

Currency

65.9533

Currency

7.38768

Currency

0.62047

Currency

0.35675

Currency

0.52533

Currency

1.27435

Currency

0.59388