
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Со решение на министерот за здравстство, д-р Арбен Таравари за вршител на должноста директор е именуван д-р Крсте Граматковски. Граматковскии е стоматолог, а на местото в.д. директор на јавната здравствена установа здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола доаѓа од психијатриската болница во Демир Хисар, како стоматолог, и има работен стаж од 23 години. Д-р Крсте Граматковски е кадар на Движењето ЗНАМ, коалициониот партнер во Владата. ...
-Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ ја организираше тринаесетата меѓународна манифестација „Битолски книжевни паметења“ која се одржа од 9-ти до 11-ти август 2024 година. Манифестацијата беше реализирана во рамки на годинешното Битолско културно лето „БИТ ФЕСТ“.Отворањето на манифестацијата се одвиваше во ЈОУ Културен и информативен центар – Битола, во свечената кристална сала на Офицерски дом, каде беа доделени традиционалните ...
Денес, вторник, 13 август, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Битола температурата до 37 степени. UV=9. Утре, среда, 14 август, во Битола времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. ...
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола започнува претпродажбата на сезонските билети за натпреварите кои ќе се играат во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола . Во пресрет на отпочнувањето на новата ракометна сезона 2024/25 дозволете да ве известиме за деталите поврзани со билетите за натпреварите на нашите две екипи во домашното првенство и Лигата на шампионите. Во следните шест дена им даваме приоритет на сезонските претплатници од ...
Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски АНТЕВО ПЕРО, како организатор на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“, изразува голема и искрена благодарност до сите учесници што зедоа учество на Конкурсот а седмото доделување на наградата „Антево перо“, за најдобра необјавена стихозбирка на македонски јазик. На конкурсот пристигнаа 75 поетски збирки кои имаат разноликост, креативност и особена ...
ЈКП “Водовод“ Битола ги известува граѓаните на Општина Битола, дека поради топлотниот бран што го зафати нашиот регион, зголемена е потрошувачката на вода што доведува до намалување на протокот на вода за пиење во одредени места во градот. Апелираме да не се користи питката вода за наводнување на поголеми површини, туку рационално да се користи за основните потреби. Екипите на ЈКП “Водовод“ Битола покрај редовните теренски проверки и работни ...
На 11.08.2024 во СВР Битола, А.М.(25) од Битола пријави дека на улица „Караорман“ во Битола бил физички нападнат од од две лица, двајцата од Битола. По целосно документирање на случајот против лицат ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 12.08.2024 во СВР Битола, С.М. (53.) од Битола пријавил дека ноќта помеѓу 11.08. и 12.08.2024 од паркинг простор на ул.„Кочо Рацин“ му било одземено неговото патничко возило марка „тојота рав 4“ со битолски ...
“Виното се пие цела година“ мото на “Slow wine 2024“ винскиот салон кој оваа година се одржа 5. пат во Пацио на НУ Музеј Битола. Може да се каже дека станува традиција во боемската Битола. Концептот е да создава конекција помеѓу винарите и конзументите. Иницијатор и организатор е Национлната органзиција на “Slow Food Слоу Фуд Македонија“ и “Slow food“ од Битола. Винскиот салон се одржа во рамки на Бит Фест, а логистичка и техничка поддршка ...
-Зошто се грижиме за тоа што другите мислат за нас, дали имаме повеќе доверба во нивното мислење, одколку во нашето? – Бригам Јонг Не можеме секогаш да се одбраниме од мислењето на другите. Мислењето на другите може да ни биде важно и кога свесно не го сакаме тоа, било да е за личниот или за професионалниот живот. За некои личности мислењето на другите најважно, иако тоа често не се признава, а треба да се призне бидејќи тоа може да доведува ...
Денес, понеделник, 12 август, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 37 степени. УВ=9. Утре, вторник, 13 август, во Битола времето ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 38 степени. ...
Пелистер – Гостивар 1:1 (1:1) Екипата на Пелистер од Битола одигра реми (1:1) против амбициозната екипа на Гостивар и со тоа оствари добар прволигашки старт и на домашен терен. “Пелистерци“ одлично се држеа во текот на целиот натпревар и успеаа прво да израмнат, а потоа и да го одржат резултатот против екипата која го има најплатениот фудбалер во Македонија и има големи амбиции.Љубителите на фудбалот од Битола кои попладнево беа на стадионот ...
-Секојдневно црната хроника во сите медуми се споменуваат сообраќајки по патиштата кои одземаат се поголем број на животи, посебно млади. Во таа насока сакам да се навратам на една сообраќајка која предизвика големо внимание и загриженост кај битолчани, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Сообраќајката се скучи во овој период од годината на патот Битола – Демир Хисар кај месноста Бели ...
На 09.08.2024 година во 20.30 часот во СВР Битола А.Д. (50) од Битола, пријавил дека неговата мајка на возраст од 74 години од Битола при пад во автобус на ул. „Прилепска” (Пелагонка 1) во Битола се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. По насока на јавен Обвинител, од страна на полициски службеници од СВР Битола ќе се вршат дополнителни проверки и преземаат мерки за расчистување на настанот. На 10.09.2024 ...
Фудбалерите на Пелистер од Битола по две години повторно ќе игра во Првата македонска фудбалска лига. Битолчани со скоро нов тим ќе играат за што е можно подобар пласман, а прв натпревар ќе биде денес во 17 часот против екипата на Гостивар. Борче Маневски кој оваа сезона има друга улога, помошник тренер во Пелистерза првиот прволигашки натпревар во Битола рече: -По две години сме пак во Првата лига и сме во исчекување на првото коло. Битола ...
Старата чаршија во Битола било местото на еснафот на градот, местото каде што денес во Битола е спојот на ориенталното и градското живеење во единствениот, местото каде само во Битола делумно сочуван дух на 16 и 17 август ќе се одржи 7. фестивал на Староградска музика. Одлична староградска музика, малку Македонски шлагери ќе бидат приоритет за сите, заедно да го вратиме духот на битолската чаршија, каде е историско наследство, каде се многуте ...
Во четвртокот вечерта, уникатен состав на музичари ја пренесе Битола во Њу Јорк.Концертот New York во Битола беше организиран од Ротари клубот Битола.Познати мелодии беа изведени на посебен начин од реномирани музичари на креирајќи магија во Пациото во НУ Завод и Музеј на Битола.Публиката која уживаше во звуците на Гершвин, Бернштајн, Бојаџиев, Пјацола… донираше со цел: “За Зелена БИТОЛА“.На тој начин даде поддршка и придонес кон иницијативата ...
Синоќа во свечената сала на КИЦ Офицерски дом Битола се одржа концерт насловен „Balkan Nuevo“ со врвни музичари од регионот. Горан Бојчевски (Македонија), Матија Дедиќ ( Хрватска) виртуоз на пијано, Јака Крушиќ, контрабас и Грего Хорват тапани од Слповенија.Маестро Горан Бојчевски потекнува од Битола живее во Словенија, според критичарите е еден од најдобрите кларинетисти во светот, музичар кој ги вткајува богатите ритмови на македонската ...
-Првиот допир со музика и сцена го имaв на 7 години, 2004 година, тоа беше настап на Детскиот фестивал “Тра,ла, ла“ во Битола и малку чудно за сите, но славам свој јубилеј 20 години од мојот прв настап на сцена. Настапив со детската песна „Сестричка“и тоа беше моментот дека сакам да сум на сцена. Така започнав.Вака го започнавме разговорот со младата пејачка Тамара Стојковска, а повод неодамна промовираната песна „Подобро заслужувам“ која само ...
На 10.08.2024 во 01.55 часот додека двајца полициски службеници од СВР Битола, постапувале по претходна пријава за семејно насилство во село Магарево, битолско од страна на едни лице биле попречувани во извршување на своите задачи, при што истиот агресивно се однесувал и се обидел физички да ги нападне. Лицето е приведено во полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. На 09.08.2024 во 18.00 часот во СВР ...
Општина Битола известува дека продолжува со работните активности и реализација на започнатите проекти на повеќе локации, ова се само дел од локациите на кои денес се работи.Детската градинка во поранешниот Дом за доенчиња и мали деца. Поради надминување и решавање на проблемите поврзани со зголемување на капацитетот на детските градинки, долгогодишен проблем поврзан со недоволно места за згрижување на деца – Општина Битола во соработка со ...
Жанета Ристевска -Македонската музика буди посебни чувства, насекаде каде настапувам во светот ја чувствуваат без оглед на раса, нација… ќе кажам една случка од многубројните настапи низ светот. Кога во еден кафе бар во Париз пред концерт во Нотр дам со групата “Тера Фолк“ спонтано ја засвирив на кларинет “Елено, ќерко Елено“ , со очи затворени. Кога ги отворив, видов еден жена црнкиња со дете во раце седеше одспротива мене, слушајќи ја ...
Денеска, 9 август 2024, надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Македонски Брод до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Д.Т. (57) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, казниво по член 227 став 5 од Кривичниот законик. Пријавениот во повеќе наврати, на 15.07.2024, на 30.07.2024, 02.08.2024, на 05.08.2024 и на 07.08.2024 во атарите на ...
ФК Пелистер со известување дека од денес, после 16 часот, ги пушта во продажба сезонските и поединечните билети за сите домашни натпревари. Цената на билетите од сите категории изнесува: – 2.000 денари за сезонска влезница. – 1.000 денари за сезонска влезница за студенти (со документ за идентификација). – 700 денари за сезонска влезница за ученици (со документ за идентификација). – 150 денари за поединечна влезница. Билетите од секоја ...
Денес, петок, 9 август, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне, можност за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 34 степени. UV=7. Утре, сабота, 10 август, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Со рачна терапија “taftherapy“ може да се подобри здраствената состојба кај пациентите кои имаа хронични болки во грбот. Од направените истражувања на светска здраствена организација (СЗО) околу 78% од население се соочува со здраствени проблеми, кај некој од луѓе тоа е физички проблем, настанат поради дегенеративни промени на самото тело, кај останатите е внатрешно небалансирано работоње како на организмот така и на органите. Дел од ...
Денес во 10 часот, како и што беше најавено, “BLISS“ го отвори својот “RETAIL PARK“ во Битола како вовед во она што есенва не очекува во овој капитален објект, а тоа е големото отворање на “BLISS MALL“. “RETAIL PARK“ се наоѓа кај кружниот тек кај Дулието во Битола, и во преубавиот уреден простор се брендовите, подготвени со своите продажни простори. Бројните ексклузивни продавници на светските и домашните брендови, како и многу други забавни ...
Денес, четврток, 8 август, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 35 степени. UV=8. Утре, петок, 9 август, во Битола времето ќе биде претпладне сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне со можност за пороен дожд, грмежи и засилен ...
Бразилецот Лукас Кардозо, познато име за љубителите на фудбалот во Битола повторно ќе игра во Битола. Кардозо потпиша договор со кој се обврза на соработка со Пелистер и ќе биде дел од екипата која во новата сезона ќе биде дел од Првата македонска фудбалска лига. 30-годишниот Кардозо од 2016 до 2018 година беше дел од “пелистерци“, а под Тумекафе ќе игра на левата крилна позиција, но истовремено може да ги покрива и сите три позиции во нападот. ...
Жанета Ристевка Никола Симоновски – Јошката од Битола кој живее и работи во Перт, Австралија, со пријателите естрадни уметници: Наум Петрески, Благоја Груевски, Дарко Филиповиќ, Даниела Темелковска, Гордана Костовска, Чуле – Дрим Тим, Димитар Митревски на хармоника, група Инструментал, “Солза и смеа“ настапија синоќа пред повеќе од 2000 публика.На овој несекојдневен начин, Јошката со пријателите, естрадни уметници го одбележа својот јубилеј 30 ...
На денешната седница на Управниот одбор на јавното претпријатие “Стрежево“ од Битола за вршител на должноста директор ја избра м-р Вера Бешлиевска, а за в.д заменик на директорот Сирија Рашиди. -Благодарност за дадената доверба од страна на Владата и Управниот одбор. Ќе дадам максимум од себе, да ја оправдам довербата и професионално да одговорам на овој голем предизвик, кој што е особена чест за мене, рече директорката Бешлиевска и додаде: ...