
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Еуролинк осигурување одбележува 20 години успешна работа на македонскиот пазар со 212 вработени и 33 филијали. Од своите почетоци до денес, компанијата има услужено повеќе од 630.000 клиенти, има издадено над 2,2 милиони полиси за осигурување и им има исплатено повеќе од 4,8 милијарди денари во штети на граѓаните и на компаниите. Вкупниот пазарен удел на Еуролинк осигурување со завршувањето на 2021 година е 11,68%, а компанијата го зазема ...
На редовната седница, Советот на Народната банка ја донесе Програмата на истражувачката активност за периодот 2023 ‒ 2025 година. Истражувачката активност на Народната банка на Република Северна Македонија во следниот тригодишен период ќе биде насочена кон области коишто се од значење за остварувањето на нејзините основни цели, особено областите како монетарната политика, интеракцијата меѓу основните макроекономски сектори, макроекономското ...
Народната банка соопшти дека продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити на годишна основа и дека во април годинава таа е на ниво од 4,30 проценти. Просечната каматна стапка, пак, на вкупните депозити изнесува 0,68 проценти. „Во април 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,30 проценти и е непроменета на месечна основа, додека на годишна основа е намалена за 0,28 процентни ...
Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.05.-31.05.2021 година вкупниот промет изнесува 577.516.979 денари и е намален за високи 40,11% во однос на претходниот месец април. Класичното тргување изнесува 497.949.423 денари и бележи намалување во однос на април за 14,44%. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 489.718.003 денари и обврзници во вредност од 8.231.420 денари, додека пак нема забележано ...
Врз основа на член 26 од Статутот на Стопанска банка АД – Скопје (С.О. бр. 399 / 04.03.2020 година), Собранието на акционери на Стопанска банка АД – Скопје, на 50-та седница оддржана на 31.05.2022 година, а врз основа на Одлуката за усвојување на Годишната сметка и Финансиските извештаи на Стопанска банка АД – Скопје за 2021 година (С.О.бр. 439 / 31.05.2022 година) и Одлуката за распоредување на добивката на Стопанска банка АД – Скопје за 2021 ...
Имањето тековна трансакциска сметка денес е основ за функционирање на сите лица. Преку неа се примаат сите приходи – плати, пензии, стипендии и останатите редовни и нередовни примања, преку неа се вршат плаќања или се креираат штедни влогови. Трансакциската сметка е поврзана со дебитната картичка преку која што може да се вршат плаќања на пос терминали или онлајн плаќања кај трговците кои ја овозможуваат услугата е-трговија. Воедно, преку ...
Денес успешно заврши караванот за финансиско советување за небанкарски производи кој се одржа во времетраење од 30 дена во месец Мај каде Триглав осигурување Живот имаше можност да ги едуцира и насочува клиентите на НЛБ Банка како мудро да изберат на кој начин да ги инвестираат своите финансиски средства и како да добијат најголем принос на истите, а најсреќните клиенти кои успешно го решија интерактивниот квиз кој беше составен од неколку ...
Народната банка за првпат започна со обработка и објавување на податоците[1] за степенот на финансиската вклученост на населението и употребата на дигиталните канали за извршување на плаќањата според родовата и возрасната структура на населението. Со новата збогатена збирка податоци од доменот на платежната статистика се постигнува подобро следење на дигиталната трансформација на банкарството во земјата и развојното ниво на финансиската ...
Кроација осигурување – Живот во соработка со НЛБ Банка АД Скопје во изминатиот месец го организираа „Караванот за финансиско советување за небанкарски продукти“. Преку настанот што ќе се одржи во сабота, на 4-ти јуни, на Школка во Градски парк Скопје, компаниите ќе го заокружат месецот на финансиско советување.Настанот ќе започне во 11.00 часот со настап на поп пејачот Влатко Лозановски, кој ќе биде задолжен за забавниот дел, ќе има и детско ...
Промотивната понуда за кредити на НЛБ Банка продолжува и во текот на месец јуни, кога за сите клиенти кои ќе аплицираат за некој од НЛБ Кредитите се овозможени низа промотивни поволности. Клиентите кои ќе одлучат да ја започнат својата станбена приказна со купување на нов дом, како и оние кои имаат потреба од дополнителни финансиски средства, добиваат единствена можност, до 30 јуни, да ги искористат промотивните поволности на НЛБ Кредитите – ...
Извршниот директор на холдинг-компанијата за финансиски услуги „JP Morgan Chase“, Џејми Дајмон, предвидува економски ураган предизвикан од војната во Украина, зголемени инфлациски притисоци и зголемување на каматните стапки на американските Федерални резерви, пишува „CNN”. Тој метеоролошкиот речник го употребил во говор на конференцијата во Бернштајн. „Во моментот е повремено сончево, работите изгледаат добро. Сите мислат дека Федералните ...
Почнувајќи од 01.06.2022 година, Стопанска банка АД – Скопје изврши промена на каматните стапки на денарските депозити на физички лица. Притоа, фиксните каматни стапки на денарските депозити со рок на орочување до 36 месеци, се зголемуваат до 0,3 п.п., додека каматните стапки на девизните депозити останаа непроменети. Детален преглед на актуелните каматни стапки на следниот линк. Промените на каматните стапки се применуваат за сите нови орочени ...
НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека паричната помош од социјална и детска заштита ќе ја исплати на 2 јуни (четврток). Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 2.6.2022 година, клиентите ќе можат да ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед. Распоредот е ...
Во заедничката борба со Covid-19 пандемијата во земјава Комерцијална банка уште еднаш ја истакна својата општествено одговорна определба преку огромна поддршка на јавното здравство и преку значајни совети и помош за дигиталните предизвици со кои се соочија нејзините клиенти. Овие активности, реализирани во периодот кога ударот на пандемијата беше најсилен, ѝ донесоа на Комерцијална банка плакети за најдобри општествено одговорни практики во ...
Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на ...
Граѓаните од денеска ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата преку проектот „Купи куќа, купи стан”, информират од Министерството за финанси. Граѓаните преку јавниот повик кој е објавен ќе можат да поднесат барање, заклучно со 31 август 2022 година, за државна субвенција на учеството или на месечната рата за купување на нов стан или изградба/купување на нова куќа. Од министерството појаснуваат дека субвенцијата се ...
Од денеска, НЛБ Банка започнува промотивна кампања наменета за сите правни лица, постоечки и нови корисници на кредитни и дебитни Mastercard Business картички. Имено, во текот на месец јуни, правните лица – иматели на сметки во НЛБ Банка кои се веќе корисници, но и оние кои ќе аплицираат за Мastercard Business картички, добиваат единствена можност да ги искористат промотивните придобивки на кампањата. Поконретно, постоечките корисници на ...
Сигурно и ти си еден од амбициозните луѓе кои водат динамичен живот, сакаат да ги поместат границите и секогаш се стремат кон нешто подобро. Од завршувањето на сите работни обврски навреме, заштеда на ресурси, подобро менаџирање со стресот и работните обврски, па сè до наоѓање подобар баланс на приватното време и работата и посветување повеќе време за себеси. Сите сме во потрага по најдобар финансиски партнер што ќе ни овозможи квалитетна ...
Онлајн кредитите ви овозможуваат да го завршите целиот процес на подигање кредит, од аплицирање, преку одобрување и исплата на средствата, без воопшто да ја посетите филијалата на банката. И сето тоа благодарение на развојот на новите технологии кои носат новини и во банкарството. Денес сите банки нудат кредити и можност за аплицирање за нив по пат на интернет. Но сепак, за да се одобри кредитот потребно е доставување документација и на крај ...
“Во изминатата година, додека се соочувавме со бројни предизвици поради негативното влијание на пандемијата, Халкбанк неуморно даваше поддршка на економијата, стопанството и населението, што го покажа преку своите одлични резултати од работењето и нудење на широката палета на производи и услуги. Основата на нашето работење е мотото „Важни се луѓето“, па така, во текот на 2021 покажавме грижа за нашите клиенти, деловни партнери, но и за ...
Ве притискаат ли некогаш финансиските грижи толкумногу, што посакувате едноставно да ви паднат пари од небо? Можеби е момент сериозно да размислите за тоа, не затоашто ќе ве посети златната рипка, туку затоа што ФД Монимакс Финансиско нуди брзи и евтини кредити! Па, време е да му помогнете на вашиот паричник, или да мујавите на вашиот пријател дека не можете да му позајмите пари, но знаете каде може да дојде до потребните финансиски средства ...
Животното осигурување кај кое парите се вложуваат во удели на инвестициски фондови („Јунит Линкд“ осигурување) е висококвалитетен производ со голем потенцијал за оплодување на инвестицијата. Но, тој истовремено содржи и ризик од загуба на вложените средства затоа што вредноста на вложеното зависи од цените на уделите кои се формираат на берзите. Токму заради ова АСО ги задолжи осигурителните компании квалитетно да ги информираат осигурениците ...
Гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерките Митреска и Нацевска одржаа работна средба со потпретседателката на Групацијата на Светската банка за регионот, Ана Бјерде. На средбата, на која присуствуваа и регионалната директорка за Западен Балкан, Линда ван Гелдер, новиот регионален директор за Западен Балкан, Шиаочин Ју и претставникот на Светската банка во земјава, Масимилијано Паолучи, стана збор за тековните макроекономски услови во ...
Согласно објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со домашни платежни картички кон странски е-продажни места со цел да се креира слика каде најчесто Македонците купувале онлајн во текот на 2021 година. Во текот на изминатата година македонците реализирале вкупно 14,2 милиони онлајн трансакции со ...
По речиси една декада на ниски стапки на инфлација, минатата година светот започна да се соочува со зголемена инфлација, предизвикана од шокови на страната на понудата. Пролонгираното и подисперзираното дејство на овие шокови доведе и до нагорни придвижувања кај инфлациските очекувања. Зголемените инфлациски очекувања, коишто во некои економии беа придружени и со притисоци од побарувачката, доведоа до постепено повлекување на монетарниот ...
Понекогаш важните работи доаѓаат во многу едноставно пакување. Сега со само еден чекор можете да добиете целосна слобода во плаќањето. Со Debit Mastercard® дебитната картичка од Комерцијална банка парите ви се на дофат во секое време. Можете да плаќате на милиони продажни места во земјава, во странство и на интернет без никаква провизија. А, при плаќања со картичката во странство конверзијата секогаш се врши по најповолен курс! Можете да ...
Централната банка на Русија вчера повторно ги намали каматните стапки, по трет пат од почетокот на мај, со цел да го спречи зајакнувањето на рубљата. Од дното достигнато во март по воведувањето на меѓународните санкции поради инвазијата на Украина, руската валута ја удвои вредноста во однос на американскиот долар. Според „Financial Times“, Банката на Русија ја намали каматната стапка од 14 на 11 проценти. Со тоа основната каматна стапка со 20 ...
ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од денес (30-ти мај 2022 година), започна со исплата на пензијата за месец мај на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. Oд 30.5.2022 година (понеделник) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати ...
УНИБанка нуди можност за вработување на искусни и мотивирани кредитни аналитичари со желба за работа во динамична атмосфера и одлични услови за развој. Доколку сте одговорна, прецизна и активна личност, ориентирана кон остварување на високи резултати, придружете се и Вие кон успешниот тим на професионалци! Кредитен аналитичар во Дирекција корпоративно банкарство Потребни квалификации: Основни работни активности: Кандидатите кои ги исполнуваат ...
Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка од денес (30 мај – понеделник) започна со исплата на мајските пензии. Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 30 мај пензионерите можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на ...