Синдикатот на управата и правосудството – УПОЗ, соопшти дека на денешната средба со Владата на РМ е прифатено нивното барање за етапно зголемување на платите преку поединечни колективни договори. Одлуката следува по големиот работнички протест одржан на 28 јануари. Според УПОЗ, новото зголемување на платите е повисоко од веќе обезбеденото со Општиот колективен договор за јавниот сектор, а во пресметката на платите останува минималната плата ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска попладне ќе оствари средба со претставниците на Синдикатот на УПОЗ, закажана за 16:45 часот. Средбата следи по изјавата на УПОЗ дека понудата на Владата за раст на платите е прифатлива и дека дополнително ќе се разгледува во рамките на синдикалните органи. Претходно, владината понуда беше прифатена и од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), предводена од Благоја Ралповски, што укажува на поширока ...

Комерцијална банка продолжува да гради одржливо партнерство со Црвениот крст на Република Македонија, со заедничка цел – поддршка на најранливите категории во општеството и создавање услови за поквалитетен живот на децата со попреченост и на нивните семејства. Преку оваа долгогодишна соработка, Банката како Генерален покровител на проектот „Подобра социјализација на деца и млади со попреченост и психо-социјална поддршка на деца во згрижувачки ...

Проектот „Грантова шема за поддршка на претпријатијата за зелено работење“ обезбедува финансиска поддршка од вкупно 25 милиони евра за мали, микро и средни компании во Македонија во периодот 2026–2030 година. Преку оваа шема се очекува директна поддршка за најмалку 300 компании, со цел забрзување на зелената транзиција и зајакнување на конкурентноста на домашната економија. Од вкупниот износ, 22 милиони евра се наменети за грантови, додека ...

Цената на златото минатата недела ја проби историската граница од 5.600 долари за унца, забележувајќи раст од над 70% во последната година. Рекордот се поттикнува од слабеење на доларот, повисока од очекуваната инфлација, очекувања за намалување на каматните стапки од Федералните резерви и купувања на злато од страна на централните банки ширум светот. Златото, како традиционално „безбедно засолниште“, привлече големо внимание поради ...

Триглав Осигурување ја заврши 2025 година со нето добивка од 106,5 милиони денари, што претставува раст од 103 проценти во однос на 2024 година и дури 83 проценти над планираното ниво. Силниот резултат е остварен како резултат на подобрениот технички резултат, повисоките финансиски приходи и ефикасната контрола на штетите. Нето приходите од премии во 2025 година изнесуваат 1.153 милиони денари, што е за 6 проценти повеќе во споредба со ...

Најпознатата криптовалута биткоинот, продолжува да ја губи атрактивноста кај инвеститорите и влезе во 2026 година со изразено негативен тренд. Водечката криптовалута бележи пад од околу 11% од почетокот на годината и се тргува за речиси 40% под рекордното ниво од октомври 2025 година. Според податоците на „Bloomberg“, биткоинот се спушти на најниско ниво откако Доналд Трамп повторно ја презеде функцијата претседател на САД, продолжувајќи го ...

Советот на Народната банка, на седницата одржана на 3 февруари 2026 година, го усвои Кварталниот извештај, во кој се наведува дека макроекономските показатели упатуваат на стабилни остварувања во најважните сегменти на економијата и во најголем дел се во согласност со октомвриските проекции на Народната банка. Домашната инфлација очекувано забави под влијание на забавувањето на базичната инфлација, а домашната економската активност умерено ...

Давор Мацура, Уна Сикимиќ, Татјана Куљак, Вељко М. Мијушковиќ и Горан Коевски се предложени за членови на новиот состав на Надзорниот одбор на АЛТА банка АД Битола. Предлогот е вклучен во дневниот ред на Собранието на акционерите закажано за 27 февруари, а опфаќа тројца претставници на најголемиот акционер АЛТА банка АД Белград и двајца независни членови. Според доставените материјали, акционерите располагаат со детални биографии на сите ...

На 02.02.2026 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација, беше одржан работен состанок инициран од Централниот регистар, во својство на администратор на Регистарот на вистински сопственици. На состанокот, претставниците на Централниот регистар, предводени од директорката д-р Анита Стамнова, и претставниците на Комисијата за СПП и усогласеност со прописи при Македонската банкарска асоцијација, предводени од претседавачот ...

Цената на златото во последниот период бележи силни осцилации, што повторно ја става оваа суровина во центарот на вниманието на инвеститорите и финансиските аналитичари. По рекордниот раст следеше нагол пад, поттикнат од политички изјави и очекувања поврзани со идниот правец на монетарната политика на САД. Во новата епизода на емисијата FinSight, Бојан Цветановски од Асоцијацијата на финансиски пазари (ACI) ги анализира факторите што ...

Управата за јавни приходи (УЈП) ја информира јавноста дека започна исплатата на средствата за скенираните фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал од 2025 година. За овој период, предвидена е исплата на вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници, што претставува една од највисоките квартални исплати од воведувањето на мерката. Од УЈП појаснуваат дека досега се реализирани 184,5 милиони денари кон околу 104.000 ...

Проектот „Е-фактура“ претставува стратешка и долгорочна инвестиција во дигитализацијата на деловното и даночното опкружување во земјата, која ќе донесе значајни придобивки и за компаниите и за државата, истакна директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, на настан во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија. Пред претставниците на бизнис-заедницата, Петрова потсети дека пилот-фазата на проектот започна на 1 ...

Трите најголеми македонски банки ја завршија 2025 година со висока профитабилност и покрај сложеното макроекономско опкружување обележано со геополитички тензии, инфлациски притисоци и рестриктивна монетарна политика. Комерцијална банка, НЛБ Банка и Стопанска банка АД Скопје покажуваат голема отпорност кон случувањата, ризиците и неизвесностите кои се забележливи и на глобално и на локално ниво. Геополитички тензии, инфлациски притисоци и ...

Надзорниот одбор на Vienna Insurance Group (VIG) донесе одлука за именување на Кристоф Рат за член на Управниот одбор на групацијата, со стапување на функцијата од јануари 2026 година. Кристоф Рат од септември 2024 година ја извршуваше функцијата заменик-член на Управниот одбор, а со новото именување неговата улога се зацврстува на највисоко управувачко ниво во рамки на VIG. Во рамки на своите надлежности, Рат е одговорен за компанијата за ...

Врз основа на остварениот финансиски резултат за 2025 година и усвоената Програма на мерки и активности на деловната политика и Финансискиот план за 2026 година, Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје донесе одлука да предложи исплата на повисока дивиденда за 8 проценти на своите акционери. Согласно планираното, Управниот одбор ќе достави до Надзорниот одбор, а потоа и до Собранието на акционери, Предлог одлука за распоредување на ...

Комерцијална банка АД Скопје започна со исплата на пензиите за јануари од денес (петок, 30 јануари). Пензионерите кои користат дебитна картичка можат да располагаат со средствата веднаш, овозможувајќи им безбедно и практично плаќање во продавници, онлајн или подигање пари од банкомат. За оние кои повеќе сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 30 јануари и во секој работен ден после тоа. ...

НЛБ Банка успешно ја заврши 2025 година, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година. Работејќи согласно усвоениот план и стратешките иницијативи од „Стратегијата 2030“, во услови на променливо макроекономско опкружување на домашниот и меѓународните пазари, НЛБ Банка покажа посветеност кон иновации и трансформација и забележа раст во сите сегменти од деловното работење. Финансиски ...

Стопанска банка АД Скопје ја заврши 2025 година со стабилни финансиски резултати, задржувајќи ја позицијата на една од најпрофитабилните банки во системот, иако условите на пазарот носеа притисок врз каматните и провизиските приходи. Профитабилност: висока добивка, но поголема претпазливост Добивката пред исправка на вредност и оданочување изнесува 5,19 милијарди денари, што е за 2% пониско во однос на 2024 година. По издвоивање на 1,49 ...

ТТК Банка АД Скопје ја заврши 2025 година со позитивен финансиски резултат од 90 милиони денари, потврдувајќи стабилно работење во услови на променлива макроекономска средина и зголемени трошоци на пазарот на труд. Раст на активата и надминување на планот Билансната сума на Банката достигна 12,48 милијарди денари, што претставува раст од 13,2% на годишно ниво, а планот е реализиран со 107,5%. Овој податок упатува на засилена деловна активност ...

Комерцијална банка АД Скопје ја заврши 2025 година со нето-добивка од 5,08 милијарди денари, што претставува раст од 3,1 % во однос на 2024 година. Добивката пред оданочување достигна 5,63 милијарди денари, а планот за годината е надминат за повеќе од 9 %, покажуваат неревидираните и неконсолидирани финансиски извештаи на Банката. Остварениот резултат доаѓа во услови на зголемени геополитички ризици, нестабилни глобални пазари, повисока ...

Американскиот долар падна на најниско ниво за четири години, откако претседателот на САД, Доналд Трамп, ги минимизираше загриженостите за слабеењето на валутата, оценувајќи дека послабиот долар е „одличен за бизнисот на Америка“. По неговиот говор во Ајова, доларот ослабе за 1,3% во однос на кошницата од главните светски валути, што претставува еден од најизразените дневни падови во последниот период. Во утринските часови, американската ...

Македонија се соочува со сериозна закана од прв генерален штрајк на ниво на цела држава – и тоа не поради барањата на работниците, туку поради однесувањето на дел од работодавачите. Ова го истакна Слободан Трендафилов од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кој на седница на Економско-социјалниот совет изнесе алармантни податоци што фрлаат тешка сенка врз пазарот на трудот. Според Трендафилов, над 250 милиони евра придонеси за ...

Стопанска банка АД – Скопје објави дека на 28 јануари 2026 година соодветните регулаторни лиценци се издадени и е именувана д-р Емилија Стојанова Ивановска за Генерална директорка за управување со ризици и член на Управниот одбор на банката. Д-р Стојанова Ивановска е долгогодишен професионалец со повеќе од 20 години искуство во банкарскиот сектор, од кои 15 години на менаџерски позиции. Таа има длабоко аналитичко и стратешко знаење во областа ...

Во соработка со Стопанската комора на Република Северна Македонија, Народната банка организира работилница за деловната заедница. Целта беше компаниите да се запознаат одблизу со новите услови и начинот на извршување на прекуграничните плаќања во евра, како и со конкретните придобивки од членството на земјата во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Ова е прва ваква работилница наменета за деловната заедница, на која присуствуваа ...

Според анализата на МПИН податоците за исплата на плати, во мај 2025 година во евиденцијата не е регистриран ниту еден вработен кој прима минимална плата. Податок кој на прв поглед може да звучи охрабрувачки, но отвора сериозни прашања за неговата реална валидност, посочува Слободан Трендафилов од Сојузот на стопански комори. Имено, само неколку месеци претходно, во првиот квартал од 2025 година, официјалните податоци покажуваа дека помеѓу ...

Македонија повторно се задолжи на меѓународните пазари со издавање на 10-тата еврообврзница, вредна една милијарда евра, со цел сервисирање на доспеаните обврски и стабилизирање на јавните финансии. Но, веќе во наредните месеци се очекува ново задолжување, овојпат преку кредити, за да се обезбедат средства за редовно плаќање на обврските. Што значи ова за економијата, дали годинава може да се очекува раст или стагнација, како ќе се движи ...

Цената на златото ја проби границата од 5.000 долари за унца за прв пат во историјата, продолжувајќи го силниот раст кој започна во 2025 година. Во првите 26 дена од оваа година, златото е зголемено за околу 15%, по рекордното 65% годишно зголемување во 2025 година, кое претставува најголемо зголемување од 1979 година. Златото традиционално се смета за безбедно засолниште, особено во периоди на финансиска неизвесност и неговиот раст ...

НЛБ Банка АД Скопје го проширува својот тим и ја отвора следната работна позиција за амбициозни и мотивирани професионалци: Банкарски советник (Експозитура Кичево) Работни цели: Промовирање, понуда и продажба на банкарски продукти и услуги; Континуирана грижа за клиентите и постојано унапредување на продажните процеси; Проактивно привлекување нови клиенти и збогатување на клиентската мрежа на Банкатa; Спроведување на благајнички и менувачки ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави ги зголемуваат царините за увоз на стоки од Јужна Кореја, вклучувајќи автомобили, фармацевтски производи, дрва и други реципрочни производи, од 15 на 25 проценти. Во објава на својата платформа „Truth Social“, Трамп посочи дека одлуката е донесена поради, како што наведе, непочитување на договорот од страна на јужнокорејското законодавно собрание, кое не го ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
88%
1020
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
66%
1022
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
87%
1026
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
94%
1021
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
0.9
97%
1020
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
90%
1027
weather icon

Атина

19ᴼ / 18ᴼ
3.13
72%
1014
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
60%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
8.23
49%
1018
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
93%
1018
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
1.79
57%
1026
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
5.14
84%
1015
Currency

61.645

Currency

53.0731

Currency

71.2783

Currency

37.8702

Currency

38.5006

Currency

67.553

Currency

7.80276

Currency

0.74373

Currency

0.33365

Currency

0.52504

Currency

1.1605

Currency

0.55349

Бакар

12.77

Кобалт

45.39

Калај

53.02

Алуминиум

3.65

Рутениум

51376.89

Злато

145599.27

Паладиум

43499.96

Сребро

2457.76

Родиум

310254.70

Платина

62468.90

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00