Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во февруари се зголемени за речиси илјада денари во споредба со јануари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија кој ја прави синдикалната потрошувачка кошничка. Синдикалната минимална кошница за февруари изнесува 67 382 денари и во однос на синдикалната минимална кошница во јануари е зголемена за 969 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати, вредноста на синдикалната ...
Околу 12.000 македонски пензионери што живеат надвор од земјата се најдоа во неизвесност откако Уставниот суд најави дека ќе ја разгледува уставноста на измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Новите одредби предвидуваат дека покачувањата од по 1.000 денари, најавени за март 2026 година, ќе важат само за пензионерите со исплата во државата. До Судот се поднесени три иницијативи кои тврдат дека законските измени создаваат ...
Цените на златото благо пораснаа во петокот, но се движат кон неделен пад, откако американскиот долар зајакна до речиси едномесечен максимум, а инвеститорите со зголемена внимателност ги очекуваат клучните податоци за инфлацијата во САД. Спот-цената на златото порасна за 0,4% на 5.020,95 долари за унца, но на неделно ниво останува негативниот тренд од околу 0,5%. Фјучерсите на златото во САД се зголемија за 0,8% на 5.037,60 долари. ...
Во новата епизода на FinSight, Владимир Ѓорѓиески зборува за Законот со кој се поставуваат правила и ограничувања за инфлуенсерите и појаснува кои субјекти ќе влезат под регулаторна рамка. Според него, постојат три клучни критериуми што треба да бидат исполнети за еден инфлуенсер да се смета за субјект на регулација. „Првиот критериум е квантитативниот – инфлуенсерот треба да има над 10.000 следбеници или претплатници“, објаснува Ѓорѓиески. ...
Оваа година, Народната банка одбележува 80 години институционализирано централнобанкарско работење во земјава – значаен јубилеј што сведочи за долгорочен, динамичен и одговорен институционален развој, обележан со постојани трансформации и приспособувања кон економските и општествените промени. Институционалните темели на централнобанкарското работење во земјава беа поставени со Уредбата за спојување на кредитните претпријатија од државниот ...
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, изјави дека очекува да ја извршува својата функција до истекот на мандатот во октомври 2027 година, реагирајќи на медиумските шпекулации дека би можела да се повлече предвреме. Во интервју за „Wall Street Journal“, Лагард нагласи дека е целосно фокусирана на својата мисија и нејзина појдовна точка останува завршување на целиот мандат. Лагард истакна дека во изминатите години биле ...
Естонската групација Иуте – дигитална банкарска групација која обезбедува кредитирање, плаќања и посредување во осигурување на пазарите во Југоисточна Европа, ги објави неревидираните резултати од работењето во 2025 година. Групацијата бележи раст и во обем и во оперативен квалитет, со внимателно одржан баланс помеѓу тековната профитабилност и инвестициите потребни за изградба на долгорочни дигитални банкарски капацитети. Иуте оствари вкупни ...
Замислете се себеси како навивате од трибините опкружени со неверојатната енергија на илјадници страсни навивачи, адреналин што се чувствува во воздухот и уникатно искуство што се памети цел живот. Ако некогаш сте сонувале да бидете дел од најпрестижниот светски фудбалски настан, шансите да го остварите вашиот сон се тука. Пазарувајте со Visa НЛБ картичките и учествувајте во наградната игра на НЛБ Банка и Visa – „Навивај во живо на FIFA World ...
Комерцијална банка и оваа година е Генерален спонзор на Струмичкиот карневал, една од најзначајните културно-туристички манифестации во земјава. Струмичкиот карневал одамна прерасна во препознатлив туристички симбол на Македонија, кој Комерцијална банка со години го поддржува препознавајќи ја неговата улога во промоцијата на македонската култура, туризам и креативна индустрија. Претстојниот викенд, Струмица повторно ќе пулсира во ритамот на ...
ТТК Банка АД Скопје на 16.02.2026 година ја исплати главницата и шестата годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници – втора емисија со ISIN MKTTKS200020 и шифра TTKO2. Пресметката на главницата и каматата е извршена по фиксна каматна стапка од 2,7% на годишно ниво. Право на исплата на главница и камата имаа сите лица регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – втора емисија во Централниот депозитар за хартии ...
Централна кооперативна банка АД Скопје доби согласност од Народната банка на Република Северна Македонија за вршење финансиска активност во областа на осигурување односно застапување во осигурувањето. „Со Решение на Извршниот одбор на Народната банка на Република Северна Македонија, бр. 15-2820/2 од 11.2.2026 година, на Централна кооперативна банка АД Скопје и се издава претходна согласност за вршење на финансиска активност – застапување во ...
Цените на златото забележаа силно закрепнување во среда, повторно надминувајќи ја психолошката граница од 5.000 долари за унца, откако пазарите реагираа на новите тензии во односите меѓу САД и Иран. Спот-цената на златото порасна за повеќе од 2,5% и достигна 5.001 долари за унца, откако извештаи од Вашингтон сугерираа дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп разгледува можност за воена акција против Иран. Претходно, цената падна на ...
Цените на нафтата се стабилизираа на азиските берзи во четврток, откако во претходната сесија паднаа за околу 2%, додека инвеститорите го проценија напредокот во разговорите меѓу САД и Иран, но остануваат претпазливи во однос на можноста за конечен договор. Фјучерсите на Брент пораснаа за 0,2% на 67,57 долари за барел, додека американската WTI нафта се искачи за 0,2% на 62,45 долари, при што двата референтни индекса се движат близу ...
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ја прошири својата продажна мрежа со вклучување на ТТК Банка АД Скопје како нов продажен канал. Со ова партнерство се отвораат нови можности за поголема достапност на пензиските услуги и унапредување на пазарното присуство на Друштвото. „Нашата цел е да им овозможиме на граѓаните сигурност и доверба во нивната иднина. Со проширувањето на продажната мрежа преку ТТК Банка АД Скопје, им нудиме поголема ...
Новиот закон што ги засега дигиталните креатори предизвика силни реакции во јавноста и отвори дебата за тоа каде завршува слободата на изразување, а каде започнува регулацијата. Дел од инфлуенсерите тврдат дека предложените решенија не се добри, дека носат дополнителен финансиски товар и дека може да влијаат врз креативната слобода на дигиталната сцена. Во новата епизода разговараме со Владимир Ѓорѓиески, од Агенција за аудио и аудиовизуелни ...
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ја разгледува можноста да ја напушти функцијата пред истекот на нејзиниот мандат во октомври 2027 година, со цел да овозможи сегашниот француски претседател Емануел Макрон да има влијание во изборот на нејзиниот наследник, објави „Фајненшл тајмс“. Според наводите, Лагард сè уште нема донесено конечна одлука за датумот на евентуалното заминување, но постои интерес клучна ...
Германија, заедно со Франција, Италија, Холандија, Полска и Шпанија, најави зголемен напор за усогласување на правилата на пазарите на капитал во ЕУ. Германскиот министер за финансии, Ларс Клингбајл, истакна дека темпото на европско ниво не е доволно брзо за предизвиците со кои се соочува Европа. „Сè уште верувам дека темпото што моментално го доживуваме на европско ниво не е соодветно на предизвиците со кои се соочуваме како Европа“, изјави ...
Корпорацијата „Хајат Хотелс“ ја потврди оставката на својот претседател, Томас Прицкер, откако објавените документи од Министерството за правда на САД открија негов контакт со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. Прицкер призна дека направил „ужасна проценка“ и дека се повлекува по консултација со одборот на директори. Новата позиција на претседател ја презема извршниот директор Марк Хопламазијан, кој ќе ја води компанијата, чиј ...
Управата за јавни приходи ги заврши регистрацијата и доброволна дерегистрацијата на даночните обврзници за данокот на додадена вредност (ДДВ). Од УЈП денеска информираа дека врз основа на поднесените барања во текот на јануари извршена е регистрација на 1.199 даночни обврзници за што се донесени исто толку решенија за задолжителна и доброволна регистрација за ДДВ. Во истиот период, врз основа на барањата за доброволна дерегистрација, Управата ...
Цената на златото во вторникот забележа пад од над 2%, под влијание на намалената ликвидност поради празниците на клучните азиски и американски пазари, додека посилниот долар и ублажувањето на геополитичките тензии го зголемија притисокот. Спот цената на златото се намали за 1,5% на 4.917,9 долари за унца, откако претходно падна на 4.862 долари, најниско ниво во последната недела. Американските фјучерси за април изгубија 2,2%, спуштајќи се на ...
Слободан Митровски од Агенцијата за недвижнини „Асторија“ зборува за тоа како се формира и како се движи цената на становите – уште од самиот почеток на градбата. Според него, процесот започнува со амбициозна почетна цел од страна на инвеститорот. „Инвеститорот си поставува цел да продава по 3.150 евра за метар квадратен“, вели Митровски. Но, во моментот кога градбата сè уште не е стигната ни до прва плоча, интересот веќе постои. Пазарот ...
Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека согласно Законот за платежни услуги и платни системи, со кој во националното законодавство е транспонирана Директивата (ЕУ) 2015/2366 за платежни услуги на внатрешниот пазар (PSD2), од 1 март 2026 година започнува примената на засилена автентикација на корисниците (Strong Customer Authentication – SCA) при извршување одредени платежни трансакции. Засилената автентикација ќе се ...
Ти го избираш темпото: кредит со рати по твој избор Повеќе контрола, помалку грижи – нов кредитен модел на Шпаркасе Банка. Со „Рати по твој избор!“, Шпаркасе Банка на своите клиенти им нуди вистинска финансиска флексибилност и чувство на сигурност кога им се најпотребни. Оваа флексибилност на клиентите им овозможува да направат избор на висината на ратата во оние месеци во кои тие имаат потреба и/или можност да плаќаат повисока или пониска ...
ПроКредит Банка ја унапредува дигиталната понуда со нова мобилна апликација, која овозможува едноставно, брзо и безбедно управување со личните финансии директно од паметниот телефон. Новата апликација им овозможува на корисниците целосна контрола врз сметките, заштедите и платежните картички, со 24/7 пристап и без дополнителни провизии. Посебен акцент е ставен на Flex Save штедната сметка, со можност за пренос и повлекување средства со само ...
Цените на нафтата забележаа пад втора последователна недела, под влијание на намалените геополитички тензии меѓу САД и Иран и очекувањата дека понудата ќе расте побрзо од побарувачката. На лондонскиот пазар, цената на барел нафта поевтини за 0,5% на 67,75 долари, додека во САД барел нафта се тргува за 62,89 долари, што е пад од околу 1% во однос на минатата недела. Краткотрајниот раст на цените во првиот дел од минатата недела беше поттикнат ...
Јапонскиот јен падна за 0,3% на 153,15 за американски долари по силните добивки минатата недела, откако економијата на Јапонија порасна за минимални 0,2% во декември, далеку под очекувањата за 1,6%. Разочарувачките податоци ја нагласуваат тешката задача на премиерката Санае Такаичи и потенцијално го искомплицираат патот за затегнување на монетарната политика на Банката на Јапонија, чија клучна каматна стапка е на 0,75%, која останува далеку ...
Утрово азиските пазари покажаа умерена консолидција, акциите благо ја намалија вредноста по неодамнешниот силен раст, бидејќи тргувањето беше ограничено поради празникот Лунарна Нова Година во Кина, Јужна Кореја и Тајван, додека мрачните економски податоци од Јапонија ја намалија еуфоријата што беше присутна изминатиов период. Валутите и обврзниците останаа стабилни, додека благородните метали почувствуваа нов притисок. Јапонската економија ...
Цените на златото забележаа пад утрово, под влијание на намалениот обем на тргување, откако финансиските пазари во САД и Кина останаа затворени поради државни празници, а дел од инвеститорите решија да реализираат профит по силниот раст од 2,5% на претходната сесија. Спот-цената на златото се намали за 0,9% на 4.997,6 долари за унца, додека фјучерсите за испорака во април на американскиот пазар паднаа за 0,6% на 5.017,2 долари за унца. ...
Слободан Митровски од Агенцијата за недвижнини „Асторија“ зборува за една често споменувана тема во јавноста – дали становите во Скопје навистина се купуваат во кеш и што точно значи тоа. Според него, терминот „купување во кеш“ често се користи без прецизно објаснување. „Лесно е да се каже дека станови се купуваат во кеш. Еве да кажеме дека се купуваат, но што значи тоа во пракса?“, вели Митровски. Тој објаснува дека во дел од трансакциите, ...
Заради проширување на тимот, Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на едно лице за следната работна позиција: ЕКСПЕРТ ЗА ЛИКВИДНОСТ Сектор за ликвидност / Treasury Квалификации и посебни услови: ACI лиценца (ACI dealing задолжително). Напреден Excel; Аналитичност и работа под рокови. Детални работни задачи: Управување и одржување на ликвидноста на Банката и обезбедување на исполнување на сите регулативни обврски пропишани од ...