Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Халкбанк АД Скопје ја известува јавноста дека пензиите за февруари 2026 година се веќе достапни за подигање. Пензионерите можат да ги примат средствата на своите трансакциски сметки во сите филијали на Банката, преку банкомати, како и електронско и мобилно банкарство. За корисниците кои дале согласност, подигањето на пензиите е можно и преку поштенските единици на Пошта на Северна Македонија. Халкбанк АД Скопје ја известува јавноста дека ...
Комерцијална банка АД Скопје започна со исплата на пензиите за февруари од денес (петок, 27 февруари). Пензионерите кои користат дебитна картичка можат да располагаат со средствата веднаш, овозможувајќи им безбедно и практично плаќање во продавници, онлајн или подигање пари од банкомат. За оние кои повеќе сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 27 февруари и во секој работен ден после тоа. ...
Алта Банка АД Битола ги информира своите клиенти дека исплатата на пензиите за февруари започна од 27 февруари 2026 година. Средствата се веќе достапни на трансакциските сметки на пензионерите и можат да се подигнат во сите филијали на Банката, согласно вообичаената банкарска процедура. Со оваа активност, Алта Банка обезбедува навремена, сигурна и ефикасна исплата на пензиите, со цел олеснет пристап до средствата за своите клиенти. Алта ...
НЛБ Банка АД Скопје го проширува својот тим и ја отвора следната работна позиција за амбициозни и мотивирани професионалци: Специјалист за банкарски операции во сегментот на механичка, физичка и техничка безбедност Работни цели: Планирање и управување со имплементација на безбедносни стандарди (технички, механички и физички) во сите сегменти на работењето на Банката; Спроведување на процедурите и упатствата на безбедносните системи на ...
Здружението на инфлуенсери и креатори на дигитални содржини остро реагира на изјавата на директорот на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), дадена за Слободен печат, во која се имплицира дека инфлуенсерите избегнуваат регистрација „за да не се види од каде им се парите“. Оваа квалификација е неоснована, навредлива и опасна. Инфлуенсерите во Македонија не заработуваат „црни пари“, ниту работат без договори и „на жими ...
Разговараме со Павле Гацов, даночен експерт, за можноста да се воведе мала давачка при подигнување готовина – мерка која, според него, може да има значаен фискален и системски ефект. Гацов посочува дека клучната институција која може да ја направи прецизната анализа е Народната банка. „Народната банка може многу подобро да ја направи оваа анализа“, вели Гацов. Според него, во минатото биле предлагани стапки од 0,2% до 0,5% за подигнување ...
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обележа успешно завршување на два проекта за развој на работната сила поддржувајќи ја Северна Македонија во праведната транзиција на енергијата, со завршен настан и церемонија на доделување сертификати, која се одржа во Битола, се вели во соопштението од ЕБОР. Проектите беа имплементирани во соработка со Владата на Северна Македонија, државната компанија АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) и ...
Директорот на македонската Развојна банка, Кире Наумов, е разрешен од функцијата со одлука на Надзорниот одбор, објави Македонска берза. На негово место за вршител на должноста е назначена Ефимија Димовска, која во јануари годинава беше именувана за член на Надзорниот одбор. „Согласно член 166-б став 1 алинеја 4 од Законот за хартии од вредност, Ве известуваме дека Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје на ...
Годишната инфлација во еврозоната во јануари се намали на 1,7 проценти, што претставува пад во однос на декемвриските два проценти и најниско ниво во последните 16 месеци, покажуваат најновите податоци на Евростат. Резултатот е во согласност со претходната прелиминарна проценка. Забавувањето на инфлацијата беше проследено со зајакнување на еврото, кое кон крајот на месецот ја надмина границата од 1,20 долари, достигнувајќи највисока вредност ...
Во денешното динамично и дигитално време, кога брзината, флексибилноста и едноставноста се клучни за успехот на секој бизнис, Халкбанк АД Скопје континуирано инвестира во иновативни решенија што ги следат потребите на современите трговци. Во таа насока, Банката ја воведува новата услуга Халк Моби ПОС (Halk Mobi POS), која што претставува напредно решение што овозможува прифаќање плаќања со картички директно преку мобилен телефон или таблет. ...
Во Прегледот на Е-трговијата во Западен Балкан, 2025 година изработен од Асоцијацијата за е-трговија, анализирани се податоците од Евростат, 2024, кои покажуваат дека 63,2% од македонските интернет корисниците купуваат онлајн, што ја позиционира земјата подобро од другите балкански соседи освен Србија (65%), но сепак под европскиот просек од 76.6%. Но онлајн купувањето е концентрирано во ограничен број категории, со јасно изразени ...
Македонија губи над половина милијарда евра годишно поради сивата економија, а готовината останува еден од клучните механизми преку кои се одвиваат даночните злоупотреби. Според проценките, меѓу 20 и 35 проценти од БДП се генерираат во неформалната зона и надвор од целосна даночна евиденција. Во најновата епизода на FinSight, даночниот експерт Павле Гацов посочува дека проблемот не е само во „платата во плик“ или неиздавањето фискални сметки, ...
Во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани, Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација, набави и испорача во ЈЗУ Општа болница Кочани 90 (деведесет) комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација. Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролер и клон ракавица и претставува современо технолошко решение за спроведување на ...
Доколку сакате професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим од професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. Работна позиција: Помлад соработник за оперативно работење во Филијалата на Банката во Кочани. Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување ...
„По приклучувањето на земјата кон СЕПА (Единствената област за плаќања во евра) во октомври 2025 година, се забележува значително зголемен интерес и користење на услугите од страна на компаниите и граѓаните. Според податоците на Народната банка од банките, повеќе од половината од бројот на плаќања во евра кон земјите членки на СЕПА веќе се вршат преку платежната шема за кредитни трансфери во СЕПА“, истакна Игор Величковски, директор на ...
Американската агенција за царина и гранична заштита соопшти дека на полноќ ќе ја прекине наплатата на царините воведени минатата година врз основа на Законот за меѓународни вонредни економски овластувања (IEEPA), откако Врховниот суд на САД ги прогласи за незаконски. Од агенцијата информираа дека од една минута по полноќ ќе бидат деактивирани сите царински кодови за наплата на овие давачки, со што формално престанува нивната примена на ...
Британските граѓани се повикани да посветат внимание на старите монети, откако беше потенцирано на исклучително редок примерок кој денес вреди вистинско богатство. Станува збор за монети со ликот на кралот Едвард VIII, од кои една беше продадена во 2020 година за дури еден милион фунти (1,14 милиони евра). Вредноста на колекционерските монети зависи од повеќе фактори, но реткоста речиси секогаш е пресудна. Колку е поретка монетата, толку ...
Цената на Биткоин денеска накратко се спушти под психолошката граница од 65.000 долари, предизвикувајќи зголемена нервоза кај инвеститорите. Пазарот реагираше на глобалните економски тензии и неизвесноста околу трговските политики во САД, што резултираше со продажба на поризични средства и ликвидации на голем број „long“ позиции. Аналитичарите посочуваат дека нивото од 65.000 долари е клучна техничка поддршка. Доколку цената се стабилизира ...
Вкупните депозити во јануари 2026 година на годишно ниво се зголемени за 10,5%, пред сè поради растот кај домаќинствата, додека вкупните кредити бележат годишен раст од 13,6%, со поголем придонес во корпоративниот сектор, соопшти Народната банка. Паричната маса во јануари 2026 година е намалена за 1,4% на месечна основа, во поголем дел како резултат на падот на краткорочните депозити и на депозитните пари при негативен придонес и на готовите ...
„Meta“ објави дека во април 2026 година ќе го затвори самостојниот веб-сајт messenger.com, со што корисниците повеќе нема да можат да испраќаат и примаат пораки преку десктоп верзијата. Оваа одлука следи по укинувањето на посебните Messenger апликации за Windows и Mac минатата година. По исклучувањето, сите обиди за пристап до messenger.com автоматски ќе бидат пренасочени кон facebook.com/messages, додека корисниците без Facebook профил ќе ...
Во светот на современиот бизнис, терминот „work-life balance“ често се користи како теоретски концепт, но ретки се компаниите кои истиот го преточуваат во конкретна, опиплива придобивка за своите вработени. Еден таков пример е Flex Credit, компанија која неодамна ги прошири своите бенефиции, овозможувајќи дополнителни седум работни дена платено отсуство за татковците, покрај законските три. Оваа „благородна бенефиција“, како што ја опишуваат ...
Дури и во време на бесконтактни плаќања преку Google Pay, Apple Pay, Garmin Pay или PayPal, резервната готовина останува неопходна. Но, што да правите кога бесконтактните плаќања или терминалот за картички во супермаркетот не работат? Во тој случај, малку готовина може да вреди злато. Ако батеријата на телефонот се испразни или сте во ресторан што прифаќа само готовина, една банкнота од 50 евра може да ве извлече од непријатна ситуација. ...
Цените на нафтата забележаа пад од околу 1%, откако САД и Иран најавија продолжување на преговорите за нуклеарната програма, што ги ублажи стравувањата од можна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Истовремено, најавата за ново зголемување на американските царини внесе дополнителна неизвесност околу глобалниот економски раст и побарувачката за енергенси. Фјучерсите на Брент нафтата се намалија на 70,89 долари за барел, додека ...
Цените на златото пораснаа четврта сесија по ред, продолжувајќи го позитивниот тренд од минатата недела, поттикнати од новите глобални тарифи на администрацијата на Доналд Трамп и послабите економски податоци од САД, кои ја засилија побарувачката за безбедни инвестициски засолништа. Спот цената на златото се искачи на 5.143 долари за унца, додека фјучерсите во САД достигнаа 5.166 долари. Инвеститорите се пренасочуваат кон златото поради ...
Американскиот долар забележа пад на почетокот на неделата, откако Врховниот суд на САД поништи дел од сеопфатните царини воведени од претседателот Доналд Трамп, оценувајќи дека тие ги надминуваат неговите овластувања. Пазарите ја протолкуваа одлуката како позитивен сигнал за глобалниот економски раст, иако геополитичките ризици и неизвесноста околу трговската политика и натаму ги држат инвеститорите претпазливи. Еврото зајакна за 0,4% на ...
Во новата епизода на FinSight, Владимир Ѓорѓиески зборува за Законот со кој се поставуваат правила за инфлуенсерите и за насоките што ги изработи АВМУ со цел поголема транспарентност во дигиталниот простор. Според него, регулаторот подготвил водич кој јасно дефинира како треба да бидат обележани рекламните содржини. „АВМУ изработи водич со кој се регулира начинот на обележување на објавите, рекламите и спонзорствата“, објаснува Ѓорѓиески. ...
Годишните резултати за 2025 година на двата глобални платежни гиганти покажуваат дека индустријата влегува во нова фаза која е се помалку зависна од чист обем на трансакции, а сè повеќе од монетизација преку услуги, податоци и безбедност. Иако и двете компании бележат стабилен раст, нивните стратегии и двигатели зад бројките се сè поразлични. Во 2025 година, Mastercard расте побрзо (+16%) во споредба со Visa (+11%). Клучната разлика е во ...
Просечната месечна исплатена нето-плата во декември 2025 година изнесувала 46.889 денари, што претставува раст од 7,6% на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика. Најголем придонес кон зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен имаат секторите: Транспорт и складирање за 13,4%, Земјоделство, шумарство и рибарство за 10,9% и Трговија на големо и трговија на мало; Поправка на моторни возила и мотоцикли и ...
Банките и полицијата во Германија предупредуваат за растечкиот број измами познати како „Cash Trapping“. Овој метод на измама функционира така што сторителите поставуваат посебна физичка бариера на отворот за подигање готовина од банкоматот. Кога корисникот ќе се обиде да подигне готовина, парите не излегуваат, туку остануваат „заробени“ во уредот. Повеќето луѓе мислат дека банкоматот е расипан и го напуштаат местото, а потоа доаѓа измамник и ...
Трговскиот дефицит на САД достигна 901 милијарда долари во 2025 година, покажуваат податоците на „U.S. Census Bureau и Bureau of Economic Analysis“. Ова е едно од највисоките нивоа во последните години, поттикнато од силната домашна побарувачка и растечкиот увоз на индустриски производи, автомобили, електроника, енергенси и потрошувачка стока. Најголемиот дел од дефицитот произлегува од трговската размена со China, Mexico и European Union, ...