Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Кина го објави својот 15. петгодишен план за изградба на нов енергетски систем, со кој земјата поставува високи цели за зголемување на производството на електрична енергија од обновливи и нови енергетски извори. Според планот, до 2030 година вкупниот инсталиран капацитет за производство на електрична енергија во Кина треба да достигне 5,4 милијарди киловати. Од оваа бројка, повеќе од 50 отсто се очекува да доаѓаат од нови извори на ...
Универзитетот за пријателство меѓу народите „Патрис Лумумба“ е основан на 5 февруари 1960 година во Москва како еден од клучните проекти на Советскиот Сојуз за поддршка на антиколонијалните движења ширум светот. Веќе следната година, универзитетот го добива името на брутално убиениот лидер и херој на независноста на Конго, Патрис Лумумба, што претставувало јасен политички сигнал за поддршка на новоформираните држави од Глобалниот Југ. Иако по ...
Капитенот на иранската фудбалска репрезентација, Мехди Тареми, упати жестоки критики кон ФИФА и американските власти по ремито 1-1 против Египет на Светското првенство, оценувајќи дека неговата селекција е третирана неправедно и дека организаторите би сакале Иран да биде елиминиран од турнирот. По натпреварот во Сиетл, Тареми повторно го нарече шампионатот „катастрофално Светско првенство“, алудирајќи на проблемите со визите, ограничувањата ...
Неколку еколошки организации од Југоисточниот регион и од други делови на Македонија упатија заедничко барање до Владата, повикувајќи ја да донесе конечна одлука за поништување на концесиите за рудникот Иловица-Штука. Тие оценуваат дека проектот претставува сериозна закана за животната средина, здравјето на граѓаните и иднината на регионот, а најавуваат и поширок граѓански отпор доколку нивното барање не биде прифатено. Во заедничката ...
Крум Велков, преку објава на социјалните мрежи, остро реагираше на одлуката на Владата за враќање на концесиите за рудникот Иловица-Штука, оценувајќи дека таа е „суштински нелегитимна“ и „коруптивна“. Во објава на Фејсбук тој наведе повеќе причини за ваквиот став, меѓу кои се противењето на локалните самоуправи и граѓаните на Југоисточниот регион, обвинувања за влијание на рударското лоби и критики кон судските институции и Владата. Велков ...
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, преку објава на социјалните мрежи, жестоко го критикуваше Предлог-ребалансот на Буџетот, оценувајќи дека наместо развојни политики, документот предвидува нови задолжувања, зголемени тековни расходи и средства кои, според него, се насочени кон политичко преживување на Владата. Тој тврди дека најголемиот дел од дополнителните средства се пренаменуваат за локални инфраструктурни проекти, кои ги оцени како ...
Под раководство на копретседателите Арбјан Мазнику и Лучиано Бочи, Посебната парламентарна комисија за административно-територијална реформа одржа јавна расправа во Корча, во рамките на процесот на јавни консултации за административно-територијалната реорганизација на Република Албанија. Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски учествувајќи на јавната расправа за албанската ...
Синиот устав (шпан. Constitución Azul) претставува важечки Устав на Боливарската Република Венецуела, усвоен на народен референдум во декември 1999 година. Со дури 350 членови, ова е еден од најдолгите и најпрогресивните уставни документи во светот. Својот препознатлив прекар го добил по книшка со карактеристични сини корици, која поранешниот претседател Уго Чавез постојано ја носел со себе, претворајќи ја во моќно политичко оружје и симбол ...
По катастрофалните земјотреси што во среда навечер го погодија северниот дел на Венецуела, повеќе од 50.000 лица се водат како исчезнати, додека спасувачките екипи се тркаат со времето во обид да пронајдат преживеани. Според најновите податоци од веб-страница за онлајн пријавување на исчезнати лица, вкупно 57.704 лица се пријавени како исчезнати, 7.591 се пронајдени, а 50.113 сè уште се водат како недостапни. Платформата им овозможува на ...
Левица реагира дека предложениот ребаланс на Буџетот не претставува поттик за нови инвестиции, туку, како што оценуваат од партијата, создава услови за предизборно трошење на јавни средства. Според Левица, Владата тврди дека со ребалансот ќе се овозможат повеќе инвестиции, но распределбата на средствата, како што велат, покажува поинаква слика. Од партијата посочуваат дека значителен дел од средствата се пренасочуваат кон општините, што ...
Владата на Нигер одобри уредба со која се поништува рударската концесија во Арлит, првично доделена на Франција во 1968 година, со рок на важност од 75 години. Со оваа одлука, земјиштето со површина од 360 квадратни километри е вратено во државна сопственост. Сите операции за експлоатација на ураниумот ќе ги преземе новооснованата национална компанија TSUMCO. Францускиот нуклеарен гигант Orano (поранешна Areva) ја напушти земјата по повеќе од ...
Иранската фудбалска репрезентација повторно се пожали на односот на американските власти за време на Светското првенство, откако, според Фудбалската федерација на Иран, напаѓачот Мехди Тареми и помошник-селекторот Саид Алхоеи биле задржани од американски службеници при патувањето кон Сиетл, каде што Иран треба да се соочи со Египет. Од иранската федерација соопштија дека поради задржувањето, целата експедиција морала да чека околу 25 минути ...
Советничката од Левица во Советот на Град Скопје, Евгенија Станкоска, соопшти дека поднела кривична пријава за загрозување на безбедноста против заменик-директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов. Според Станкоска, пријавата е поднесена поради, како што наведува, објавување на видео од нејзино обраќање во Советот на Град Скопје, по што, според неа, следувале бројни коментари со закани, навреди и повици за физичко и сексуално насилство. ...
„Eден од најголемите светски трговски центри, град со преку два милиони жители како Јиву во покраината Џеџијанг, во југоисточна Кина, ги отвори своите порти и сака директно да соработува со Кавадарци“, напиша Круме Богевски, советник од Левица во Општина Кавадарци, на својот ФБ профил по враќање од форумот за соработката на Кина со земјите од Централна и Источна Европа, како дел од новиот петгодишен план организиран од Комунистичката партија ...
Левица со жестока реакција по информациите дека бели волци избегале од своето живеалиште во скопската Зоолошка градина, при што усмртиле четири кенгури и неколку ему птици, оценувајќи дека станува збор за уште еден доказ за катастрофалното управување со јавните институции. Од Левица обвинуваат дека актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува праксата на партизација започната од претходната власт на СДСМ, наместо да воспостави професионално ...
Во последно време, кинескиот филм „Драга моја“ (Dear You) стана едно од најголемите изненадувања во кинеската кинематографија благодарение на позитивните реакции од гледачите. Снимен со релативно скромен буџет, со претежно непознати актери и објавен без голема маркетиншка кампања, филмот сепак доживеа огромен успех на интернет, исклучиво преку препораките на публиката. Во моментов има извонредна оцена од 9,1 од 10 на Douban, водечката кинеска ...
Две нови големи кинески преведувачки дела, „Четирите книги на Ксенофонт и Квинтилијан: Римски едукатор и неговата потрага по совршениот говорник“, ќе бидат претставени на Изложбата за достигнувања во класичната цивилизација на втората Светска конференција за класици во Атина, Грција, од 9 до 10 јуни. Овие дела се дел од серијата „Класици и толкување“ објавена во соработка со издавачката куќа за превод во Шангај и Одделот за класици со ...
Француската национална библиотека пронајде претходно непознат ракопис од светски познатиот австриски композитор, со што на виделина изнесе седум нови дела за флејта и харфа. По 31 година како конзерватор во Француската национална библиотека, музикологот Франсоа-Пјер Гој полека се подготвуваше за пензионирање. На 2 февруари, тој пребарувал ракописи во еден од магацините на институцијата кога наишол на непозната тетратка. Внатре, тој пронашол ...
Во рамките на 47. издание на фестивалот „Скопско лето“, на 26 јуни, со почеток во 20:30 часот, во Сули ан во Старата скопска чаршија, ќе се одржи концерт насловен „Песната е лек“ на аматерскиот женски хор „Фрида“, под диригентската палка на Сузана Турунџиева. Концертот „Песната е лек“ на аматерскиот женски хор „Фрида од Македонија“ носи вечер исполнета со емоција и заедништво. Преку хорски обработки на познати балади, филмска музика и ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа испиша историја во македонскиот тенис. Таа е првата Македонка која обезбеди пласман на Вимблдон и која ќе настапи во поединечна конкуренција на најпрестижниот тениски турнир. Во финалното коло од квалификациите, Ѓорческа убедливо ја совлада Италијанката Лусија Бронцети со 2:0 во сетови (6:1, 6:2), по само 73 минути игра. До историскиот успех, македонската тенисерка стигна со три победи во квалификациите. ...
Скопските пожарникари влегуваат во најризичниот период од годината без нови работни униформи и со недостиг на заштитна опрема, обвинуваат пожарникари кои сакаа да останат анонимни, посочувајќи дека состојбата на терен е далеку од најавите за набавки и планови. Иако во изминатиот период имало најави за набавка на опрема и обезбедени средства, реалноста, според информациите, покажува дека дел од пожарникарите со години работат со дотраени ...
Додека Скопје се дави во ѓубре, додека граѓаните со часови чекаат јавен превоз кој никогаш не доаѓа, а градот тоне во хаос и негрижа, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски одлучи да отпатува во Израел на „студиска посета“, реагираат од Левица. Според неговите објави, таму учел за дигитализација, паметни градови и модерно управување. Но останува прашањето: дали научи и како се изгладнува цел народ? Како се бомбардираат болници и училишта? Како ...
Случајот со Онкологија покажува дека „Божјиот комитет“ во Сиетл од 1961 година е ситна боранија за нашите божества во 2026 година. Кога со 500 илјади евра ќе простиш криминал од 35 милиони евра, тоа не те прави само криминалец, туку математички неписмен криминалец. А што сме тогаш ние што дозволуваме такви луѓе да ја водат државата? Тука проблемот станува уште посериозен. Не само што државата е на автопилот, туку тој автопилот со децении се ...
Граѓанската иницијатива „Младите на Штука-Иловица против рудникот“ реагира на најавите за можно отворање на рудникот „Иловица-Штука“, оценувајќи дека во јавноста сè почесто се злоупотребува терминот „стратешки минерални суровини“ за да се создаде впечаток дека станува збор за проект од национален интерес за Македонија. Во соопштение, иницијативата наведува дека по најавите на Владата очекува засилена кампања во која ќе се потенцира важноста ...
На комисиска расправа за Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, го образложи амандманот поднесен од пратеничката група на Левица со кој се бараше забраната за рекламирање на коцкарниците да се прошири и на спортските клубови, културните и младинските настани, медиумите, интернет порталите, социјалните мрежи, како и на јавните личности и инфлуенсерите. „Да ја искористиме шансата да ...
Според инженерот Дејан Димовски, од први јули граѓаните би требало да плаќаат пониски сметки за електрична енергија. Во гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ24, тој посочи дека намалувањето на цената произлегува од одредбите на Тарифниот систем за продажба на електрична енергија. Димовски се повика на член 15 став 2 од тарифниот систем, според кој цената на струјата за домаќинствата што ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот ...
Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, во своето обраќање на собраниската расправа за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, упати серија критики за кадровската политика и организацијата во Министерството за внатрешни работи, оценувајќи дека институцијата се соочува со сериозни структурни проблеми и партизација. Јанчев истакна дека состојбата во МВР е загрижувачка, посочувајќи дека постои несразмерност меѓу бројот ...
Пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил, на собраниската расправа за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски упати низа критики за работата на МВР, обвинувајќи го министерот за селективно спроведување на законот, партизација на полицијата и неефикасна борба против криминалот. Исмаил оцени дека зад статистиките за заплени на наркотични средства не се гледа реалната состојба на терен, каде, според него, достапноста на ...
Еко-активистот Крум Велков ја обвини Владата дека со одлуките поврзани со проектот „Иловица-Штука“ застанала на страната на рударскиот инвеститор наместо на граѓаните и најави продолжување на борбата против отворањето на рудникот во Струмичкиот регион. Во објавата на социјалните мрежи, Велков оценува дека враќањето на концесиите на компанијата „Еуромакс Рисорсис“ претставува закана за животната средина, земјоделството и иднината на регионот. ...
Во своето денешно излагање по повод Интерпелацијата, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изнесе невистини со цел да избегне одговорност и да ја доведе јавноста во заблуда, тврдејќи дека сум бил приведен затоа што сум извикувал „убијци“ кон учесниците на ракометниот натпревар помеѓу Македонија и Израел. Ова тврдење е целосно неточно и директно е демантирано од официјалното соопштение на самото Министерство за внатрешни работи, ...