Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, во рамки на собраниската расправа за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, упати серија критики кон Министерството за внатрешни работи, обвинувајќи го за системско непостапување во случаи на насилство врз жени. Крмов како еден од најсериозните примери го посочи случајот со советничката на Левица во Град Скопје, Евгенија Станковска, за која рече дека била мета на организирана ...
Професорката Тамара Јованов реагира на изјавата на премиерот дека недостигот на млади во државата може да се надомести со работници од трети земји, предупредувајќи на демографските последици и иселувањето на младите. Во објава на социјалните мрежи, Јованов прашува кој ќе понесе одговорност за, како што наведува, политиките што довеле до масовно иселување на младите и пад на наталитетот. Со денови ми ѕвони “мудроста” на премиерот во ушите: ...
Апропо веќе малку подзаборавената шпионска афера во кабинетот на Гордана Сиљановска, претседателката на Република Македонија, како пратеник и како член на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието, би сакал да упатам неколку јавни прашања и дилеми во врска со случајот, кои би ја поместиле дискусијата од „дали имало класифицирана мрежа“ кон пошироката безбедносна инфраструктура на и околу самата институција Претседател. Имено, во ...
Пратеничката и генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска, на седницата за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изнесе низа обвинувања за неговото работење, поврзувајќи го случајот со Артан Груби со, како што рече, бизнис интереси околу проектот „Бехтел и Енка“. Мојсоска тврдеше дека временската поврзаност меѓу влегувањето на функционер од ВМРО-ДПМНЕ во фирма за надзор на проектот и одлуката за промена на ...
Синдикатот на културата на Република Македонија реагира на одлуката со која, според нив, повторно се отвора прашањето за различните стандарди при вреднувањето на трудот во државата. Од синдикатот посочуваат дека платите на уставните судии ќе продолжат да растат врз основа на одлука донесена од самата институција, која директно влијае врз нивните лични примања. „Платата на ‘богоизбраните лица’ се пресметува според просечната бруто плата, а ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, денеска од собраниската говорница жестоко ја образложи интерпелацијата против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи го за непотизам, судир на интереси, партизација на полицијата и целосен неуспех во раководењето со МВР. Образложувајќи ја интерпелацијата, Апасиев рече дека Тошковски е типичен пример за политички опортунизам и кадар изграден во структурите на ВМРО-ДПМНЕ, чија ...
Зелениот сектор на Левица обвини дека Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски го подготвува теренот за враќање на рударскиот проект „Иловица-Штука“, оценувајќи дека зад повиците за почитување на судските одлуки и правната сигурност се крие обид за повторно активирање на еден од најконтроверзните рударски проекти во државата. Во соопштение до јавноста, од Левица наведуваат дека Владата нема обврска да ги застапува интересите на ...
Денес на дневен ред на собраниска седница е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на Левица. Интерпелацијата е образложена преку 17 точки, систематизирани во шест тематски области, кои се однесуваат на работата на Министерството за внатрешни работи и на одговорноста на министерот Тошковски. Меѓу клучните забелешки се наведуваат саботирање на истраги и несоработка со Јавното ...
Тим археолози од прилепскиот Завод за заштита на спомениците на културата и музеј ги заврши заштитните археолошки истражувања на локалитетот Долиште кај селото Прилепец, каде што со претходните кампањи во 2022 и 2025 година беше истражувана просторија во која доаѓале луѓето и се релаксирале во топли базени, при што годинава се откриени уште три дела од оваа луксузна римска бања. – Оваа просторија наречена лакониум, имала двоен под, односно ...
Советникот од Левица во Советот на Општина Кавадарци, Круме Богевски, реагираше на предлог-Деталниот урбанистички план за дел од населбата „Коњски Дупки“, кој утре треба да се најде пред советниците, посочувајќи дека во него практично не е предвиден простор за паркови и зеленило. Во објава на социјалните мрежи, Богевски објави дел од урбанистичкиот план и нагласи дека зелената боја во ваквите документи означува паркови, зеленило, спорт и ...
Во време кога современите технологии овозможуваат далечинско отчитување и со над 99% сигурност во преносот на податоци, народот во Македонија сè уште се соочува со одминати стари практики како физичко читање на броила, доцнења, корекции и непрописно М отчитување. ЕВН, фирма со милионски профити, сè уште нема целосно функционален систем за далечинско отчитување на броилата. И тоа не е затоа што не можат да воведат систем за далечинско читање, ...
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска организира протестен марш во Скопје, кој ќе започне во 18 часот пред Собранието на Република Македонија, а ќе заврши пред Министерството за животна средина и просторно планирање. Настанот се одржува под мотото „Не за нова дозвола по стари правила“. Од иницијативата посочуваат дека протестот е реакција на, како што велат, сериозни недостатоци во постапката за обновување на А-интегрираната еколошка ...
Далмација се соочува со сериозен бран шумски пожари кои во изминатите денови зафатија повеќе подрачја долж хрватското крајбрежје. Огнената стихија се шири поттикната од високите температури, сувото време и силниот ветер, а пожарникарските екипи водат интензивна борба за да ги стават пожарите под контрола. На островот Хвар, во близина на местото Света Недела, пожарот зафатил околу десет хектари борова шума и делови од лозови насади. Во ...
Двајца добитници на Нобелова награда, добитници на Букерова награда и писатели ќе го направат Порто книжевна престолнина од 24 до 29 јуни на фестивалот BABELL, со цел да ги доближат читателите до книжарниците. Помеѓу 24 и 29 јуни, историскиот центар на Порто ќе се претвори во град на книгите. Фестивалот BABELL (извор на португалски) треба да биде еден од најголемите книжевни настани во Европа, доведувајќи ги во Португалија некои од ...
Џез концерт насловен „Протерани од рајот“ на Џијан Емин и Георги Шарески ќе се одржи вечерва во 20.30 часот, во рамките на 47. издание на фестивалот „Скопско лето“. Џијан Емин и Георги Шарески во заеднички концертен проект што ги спојува современиот џез, импровизацијата и авторскиот музички израз. Концертот се развива како музички и авторски дијалог помеѓу два различни музички изрази, низ слободна комуникација, импровизација и заедничко ...
Градот под Осоговските Планини и ова лето ќе живее во знакот на културата, музиката и уметноста. Со свечено отворање на 24 јуни започнува манифестацијата Кривопаланечко културно лето 2026, која и годинава ќе понуди богата и разновидна програма за сите генерации. Во текот на летните месеци, жителите и посетителите на Крива Паланка ќе имаат можност да проследат повеќе од 60 настани, меѓу кои концерти, културни манифестации, уметнички содржини, ...
Во период кога односите меѓу Западот и Русија остануваат обременети со политички несогласувања и меѓусебни обвинувања, Турција продолжува да одржува активен дијалог со Москва, нагласувајќи ја важноста на дипломатијата и комуникацијата во решавањето на меѓународните прашања. Неодамнешната посета на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на Москва и Казан испрати јасна порака дека Анкара не планира да ги прекине односите со Русија, ...
Фудбалската федерација на Иран најави дека ќе поднесе официјална жалба до ФИФА поради ограничувањата за патување што американските власти ги применуваат кон иранската репрезентација за време на Светското првенство 2026. Според соопштението на федерацијата, иранските фудбалери се соочуваат со посебен режим на влез во Соединетите Американски Држави, според кој играчите можат да пристигнат најмногу 24 часа пред почетокот на натпреварот и се ...
Лионел Меси уште еднаш го потврди својот статус на еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Аргентинската суперѕвезда постави нов историски рекорд, откако го постигна својот 17-ти погодок на Светските првенства и стана најдобар стрелец во историјата на мундијалите. Со овој гол, Меси го надмина досегашниот рекордер, германската легенда Мирослав Клозе, кој кариерата ја заврши со 16 погодоци на светските шампионати. Рекордниот погодок ...
Иранскиот голман Алиреза Беиранванд повторно се најде во центарот на вниманието на светската фудбалска јавност откако со фантастична партија му помогна на Иран да освои бод против Белгија на Светското првенство 2026. Натпреварот заврши без голови (0-0), а Беиранванд беше најзаслужен за тоа. Иранскиот чувар на мрежата забележа седум одбрани, меѓу кои и неколку спектакуларни интервенции на самата гол-линија. Особено се издвои неговата ...
Изминатата недела ја поминав на терен, во рамките на научно-истражувачки проект. Посетив сточари кои одгледуваат молзни крави што се напасуваат. Запознав чесни, вредни и добродушни луѓе кои не знаат што значи слободен ден. Луѓе кои работат од зори до мрак, а сепак живеат на работ на егзистенцијата. Од разговорите со нив сфатив една сурова вистина – најголемиот непријател на македонското сточарство не се ниту климатските промени, ниту ...
Во јавноста се појавија тврдења дека борци на либанското движење Хезболах ликвидирале високи офицери од 401-та оклопна бригада на израелската армија, единица која според одредени извори се поврзува со случајот на петгодишното палестинско девојче Хинд Раџаб, чија смрт предизвика силна осуда во меѓународната јавност. Според објавените информации, покрај претходно ранетиот полковник Меир Бидерман, во напад бил убиен и потполковникот Дор ...
Новинарката Елена Оровчанец-Спироска преку објава на социјалните мрежи ја критикуваше најавената „енергетска револуција“ базирана на акционерски модел, правејќи споредба со некогашниот систем на самопридонес во поранешна Југославија. Според неа, додека инфраструктурните и енергетските проекти во минатото биле финансирани од граѓаните и останувале јавно добро во служба на заедницата, новиот модел отвора можност најголема корист да имаат оние ...
Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, предизвика остри реакции во јавноста по објава на социјалните мрежи во која повика цел Либан да гори во услови на воена окупација на Израелската армија во јужниот дел Либан. Во својата порака, Бен-Гвир напиша дека „за секоја солза на израелска мајка, илјада либански мајки треба да плачат“, додавајќи дека „цел Либан треба да гори“. Изјавата брзо се прошири на социјалните мрежи и ...
Водителката на подкастот „Поткастрување“, Ивана Аткинс, преку објава на социјалните мрежи упати серија критики кон локалните и државните власти, осврнувајќи се на посетата на министерот за култура на мегалитската опсерваторија Кокино, како и на состојбите во Куманово. Во својот препознатлив сатиричен стил, Аткинс оцени дека посетата на Кокино била повеќе протоколарна отколку суштинска. „Министерот за култура дојде лично на опсерваторијата ...
Иран одигра без голови против Белгија (0-0), го освои вториот бод на Светското првенство и остана во игра за историски пласман во нокаут-фазата. Сепак, по натпреварот вниманието не беше насочено само кон случувањата на теренот, туку и кон условите во кои настапува иранската репрезентација. Белгискиот репрезентативец Томас Мение по натпреварот отворено проговори за ситуацијата со која се соочува Иран на турнирот. „Во принцип не сум навикнат ...
Левица бара Владата итно да интервенира за заштита на домашните млекопроизводители, да обезбеди целосен откуп на домашното млеко по цена над 30 денари за литар и да воспостави построги контроли врз увезеното млеко и млекото во прав од Србија, со цел да се зачува домашното производство и да се спречи негово дополнително уништување. Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, предупреди дека Македонија во моментов произведува околу 62 проценти од ...
На денешната седница на собраниската Комисија на која се разгледува Предлог-законот за судска служба, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, образложувајќи ги амандманите поднесени од пратеничката група на Левица, предупреди дека предложеното законско решение претставува сериозен удар врз независноста на судската власт и врз правата на судските службеници. Мојсоска истакна дека Левица поднела 50 амандмани кои произлегуваат од забелешките ...
Зошто ја разбираме апстрактната уметност, но не и експерименталната музика? Во Берлин, во музејот на современа уметност „Хамбургер Банхоф“ (Hamburger Bahnhof – Contemporary Art National Gallery), стоев пред платното на Марк Ротко. Огромно, магливо црвено, со сенки што излегуваат низ рамката, додека луѓето околу молчат. Некои седат на под, тивко медитираат, додека бојата пулсира. Никој не се прашува што „значи“ сликата. Не им е потребен ...
Жителите на селата Пагаруша и Количани вчера одржаа протест изразувајќи незадоволство поради секојдневното движење на тешки товарни возила кои превезуваат материјал од блискиот каменолом по селскиот пат. Според мештаните, камионите создаваат голема прашина, бучава и дополнително го оштетуваат патот, со што се загрозува безбедноста и квалитетот на живот во селото. Тие бараат надлежните институции да преземат мерки и да најдат соодветно ...