Основниот суд Велес, предводен од судијката Лорета Тодорова, донесе пресуда со која го прогласи советникот на Левица, Игор Смилев за виновен за граѓанска клевета кон пратеникот Александар Јамалов. Пресудата П-5 број 7/24 го обврзува Смилев да му плати на Јамалов симболичен надомест од едно евро во денарска противвредност и да ја објави изреката од пресудата на свој трошок во дневен весник. Но, Смилев не само што не се извини – тој возврати ...

Во време кога државничката должност бара достоинствено чествување на најважните датуми од националната историја, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова реши да покаже дека нејзиниот приоритет е сосема поинаков. Наместо да положи свежо цвеќе и да оддаде почит н– светилиште на македонската борба против фашизмот – таа се појави на прием кај ЕУ амбасадорот. Наместо таа да прима гости како вистински државник на една антифашистичка земја како ...

Локалниот огранок на партијата Левица од Демир Хисар остро реагира на последниот скандал во јавноста поврзан со директорот на Психијатриската болница, Жан Лозановски. Според нивната реакција, Лозановски на 6 мај 2025 година, во ноќните часови, вон работно време, направил сообраќајна несреќа со службено возило, при што направил материјална штета, а потоа го напуштил местото без да го пријави инцидентот во полиција – што претставува сериозно ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо остро реагираше на критиките од високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, поради неговото присуство на парадата во Москва по повод Денот на победата. Фицо изјави дека Калас нема овластување да го критикува неговото учество, нагласувајќи дека тој е премиер на суверена држава и има право да оддаде почит на советските војници кои ја ослободија Словачка. „Како висок функционер на ...

На 9 мај, симбол на крајот на Втората светска војна и победата над фашизмот, политичката партија Левица објави остра реакција до македонските власти, обвинувајќи ги за политички молк и потценување на антифашистичкото наследство врз кое е изградена македонската државност. Според партијата, владините претставници намерно го игнорираат значењето на овој историски ден, заменувајќи го со флоскули за „Денот на Европа“. Во својата јавна објава, ...

Скандал од над половина милион евра во образовниот систем. Бивша директорка на средно училиште од Куманово, шестмина вработени во Министерството за образование и наука, како и двајца бизнисмени и нивните фирми, се осомничени за организирана злоупотреба на јавни средства преку фиктивни тендери за ученички превоз – во време кога немало ученици во училиштето поради реконструкција! Според МВР, во учебната 2022/2023 и 2023/2024 година, додека ...

По укинувањето на владините антикризни мерки за замрзнати цени и маржи, граѓаните се соочуваат со нов удар врз семејниот буџет. Основните прехранбени производи за само неколку дена поскапеа од 10 до 20 проценти, а синдикалната минимална кошница скокна за над 1.000 денари. На удар се месото, млечните производи, оризот, кафето, но и средствата за хигиена и овошјето. Апсурдните цени на пазарите се веќе реалност – црешите достигнаа дури 1.359 ...

Москва ја славеше 80-годишнината од победата над фашизмот со традиционална воена парада и дипломатска порака кон светот – но фокусот на вниманието не беа само тенковите и ракетите на Црвениот плоштад, туку и државниците кои одлучија да дојдат. Меѓу нив, рускиот режим особено ги истакна српскиот претседател Александар Вучиќ и словачкиот премиер Роберт Фицо, кои според Кремљ – направиле „херојски чин“. „Голем број луѓе дојдоа и покрај притисокот ...

Во земја каде што просечен граѓанин со мака врзува крај со крај, додека старците бројат за леб и лекови, Владата одлучила – време е за гозба. И тоа не било каква. На државна сметка, со наши пари, ќе се јадат лигни, шкампи, ракчиња, чаден лосос и бејби биф. Ќе се потрошат 8,3 милиони денари, односно над 135.000 евра народни пари, за министрите и функционерите да не останат гладни додека ја уриваат државата. Според објавените документи за јавни ...

Звезданка Пешиќ активистка и асистентка на пратеникот на Левица, Борислав Крмов, со остра реакција на социјалните мрежи, откако дел од јавноста се нафрли со критики врз лидерот на партијата, Димитар Апасиев, по неговата посета на Паркот на победата во Скопје по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот. „Ајде малку намирете се – ни Апасиев, ни Левица не ви се плашат!“, стои во објавата која веќе предизвика бројни реакции. Пешиќ, не се ...

На 9 Мај, денот кога светот одбележува две сосема различни, но истовремено поврзани вистини – победата над фашизмот и европското помирување, македонскиот премиер Христијан Мицкоски одлучи да ни ја сервира својата верзија на приоритетите: најпрво Европа, потоа, како по инерција – и фашизмот. Со сета своја европејска реторика, Мицкоски денес ни подари статус преполн со флоскули за дијалог, солидарност и иднината, и само во втор план – со доза на ...

Во екот на бранот случаи на семејно насилство што секојдневно ја потресуваат јавноста, Скопје стана сцена на нов, вознемирувачки инцидент, во кој сопругот не само што физички и психички ја загрозил својата сопруга, туку тоа го сторил пред очите на нивните две малолетни деца. Сè уште нецелосно закрепната од претходната агресија, жртвата повторно била изложена на закани и насилство — само два дена подоцна, на отворен пат. Според обвинителството, ...

Системот затаи: Малолетници ја рекетирале соученичката со месеци, никој не забележал ништо. Девојче од скопско основно училиште, во страв и очај, ѝ дало вкупно 25.000 евра на свои соученици, само за да го заштити својот болен помал брат од физички напад. Според шокантната пријава поднесена во СВР Скопје, двајца малолетници подолг период ја уценувале својата соученичка, ѝ се заканувале и ја принудувале да им дава пари – заканувајќи се дека „ќе го ...

Васил Јованов, 21-годишниот возач кој ја усмрти младата Фросина Кулакова на булеварот „Партизански Одреди“ во близина на Универзалната сала, денеска призна вина пред Судот. „Почитуван суде. Сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејството и да им се извинам. Тоа што го сторив, не можев ни да замислам дека ќе се случи“, рече тој. Обвинителот Марковски и родителите на Фросина, побараа највисока затворска казна. Јованов е обвинет за тешки дела ...

На официјална покана од Министерството за надворешни работи на Руската Федерација и Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), денес, по повод јубилејните 80 години од победата над фашизмот – пратеникот и претседател на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, присуствуваше на големата воена парада на Црвениот плоштад во Москва. Македонија, како дел од антифашистичката коалиција во Втората светска војна, даде голем придонес преку ...

Кина ја лансираше „Agent Hospital“ – првата болница во светот управувана целосно од вештачка интелигенција, развиена од Универзитетот Цингхуа. Оваа револуционерна болница функционира во целосно виртуелна средина и е „опремена“ со 42 AI доктори и 4 AI медицински сестри кои третираат симулирани пациенти со користење на реални медицински податоци. „Agent Hospital“ има капацитет да обработи до 10.000 случаи за само неколку дена – бројка за која ...

Денеска напладне, главниот плоштад во Скопје беше сцена на несекојдневен настан што предизвика внимание кај случајните минувачи и туристите. Непознат маж, користејќи самолеплива лента, се залепи за бандера во близина на фонтаната, оставајќи ги присутните во чудење. Настанот предизвика голем интерес, при што граѓаните застануваа, фотографираа и се обидуваа да дознаат повеќе за причините зад овој необичен потег. На директни прашања од случајни ...

Пратеникот и потпретседател на партијата Левица, Реџеп Исмаил, денеска обвини за континуирана блокада на предложената декларација за Палестина, која според него со месеци е спречувана да се најде на дневен ред на Комисијата за надворешна политика. Во својата објава на Фејсбук, Исмаил посочи дека декларацијата била поднесена уште пред шест месеци, но до денес не е разгледана. Тој директно ги обвини претседателот на Комисијата, Муса Џафери од ДУИ, ...

По повод Денот на победата над фашизмот, партијата Левица денеска одржа свечена комеморација на Партизанските гробишта во Бутел, каде официјална делегација положи свежо цвеќе и оддаде почит на загинатите борци од Народноослободителната борба. Во делегацијата учествуваа пратениците Амар Мециновиќ и Јована Мојсоска, како и раководителката на младинската организација на партијата „Црвена младина“, Милица Давчева. Тие ја нагласија потребата од ...

Денеска се одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот – датумот кога, со потпишувањето на безусловната капитулација на нацистичка Германија, беше ставен крај на Втората светска војна на европско тло. На 9 мај 1945 година, во разурнатиот Берлин, германскиот фелдмаршал Вилхелм Кајтел, генералот Ханс Јирген Штумпф и адмиралот Ханс Георг фон Фридебург го потпишаа документот за капитулација во име на Третиот рајх. Од страна на сојузниците, ...

По повод Денот на победата над фашизмот, пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, преку својата официјална Фејсбук-страница испрати порака во која остро се осврна на современите форми на фашизам, како во светски, така и во македонски контекст. Во својата објава, Јанчев потсети на учеството на македонскиот народ во Втората светска војна, нагласувајќи дека токму со таа борба е „со крв платено формирањето на македонската држава на АСНОМ“. „Но фашизмот, ...

За време на посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва, по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна, Кина и Русија упатија заедничка изјава во која жестоко ги критикуваат Соединетите Американски Држави и нивните геополитички „игри“. Двајцата лидери, кои разговараа речиси четири часа потпишаа документ со кој обвинија дека „одредени земји“ се обидуваат да ги искриват историските факти за исходот на Втората ...

По повод 80-годишнината од победата над фашизмот, делегација на Левица од општина Ѓорче Петров, предводена од советничката Дарја Мустафаоглу, денес положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на борците од Народноослободителната борба во реонскиот парк во Ѓорче Петров. Во своето соопштение, од локалниот огранок на партијата порачаа дека овие спомен-обележја не се само историја, туку силен потсетник на времето кога македонскиот народ, без двоумење, ...

Во духот на традицијата и со голема воена парада на Црвениот плоштад, Русија денес ја одбележа 80-тата годишнина од Победата над фашизмот во Големата Татковинска војна. Претседателот Владимир Путин, во своето обраќање пред илјадници присутни и милиони граѓани пред малите екрани, упати порака на единство, историска свест и отпор кон искривувањето на вистината за Втората светска војна. „Денес нè обединуваат чувства на радост и тага, гордост и ...

По повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, преку објава на Фејсбук упати критички став кон Европската Унија и НАТО, обвинувајќи ги дека се обидуваат да ја ревидираат историјата и да го потиснат значењето на антифашистичката борба. Мојсоска во својот став истакна дека денешната Европа, која го чествува 9 Мај како Ден на Европа, всушност должи сè на борбата на организираната работничка класа која ја ...

Денес се навршуваат точно десет години од крвавиот инцидент во кумановската населба позната како „Диво Насеље“, кога на 9 и 10 мај 2015 година во жестока и долготрајна престрелка животот го загубија осум припадници на безбедносните сили, а беа повредени уште 37. Во вооружениот конфликт кој траеше 28 часа, животите ги загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад ...

Партијата Левица остро реагира на вчерашното пукање во кафе-бар во центарот на Штип, поврзувајќи го инцидентот со, како што велат, неодговорното однесување на владејачките партии ДПМНЕ и ЗНАМ, кои паралелно со инцидентите туркаат измени на Законот за оружје во Собранието. „Додека граѓаните живеат во страв од престрелки на јавни места, премиерот Мицкоски и министерот Тошковски на партиски настани тврдат дека ‘народот никогаш не бил побезбеден’“, ...

Врз основа на изјавата дадена од министерката за енергетика, Сања Божиновска, во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24 Вести, јавно го поставуваме прашањето: Дали обвинителство ќе преземе мерки за утврдување на евентуална кривична одговорност за несовесно работење во службата по член 353-в и за непријавување кривично дело или сторител по член 364 од Кривичниот законик поради континуирано плаќање на значителни буџетски средства без никаква ...

Додека државата тоне, народот гладува, Владата има поважна грижа – имаат премал авион. Да, само со шест седишта. Не е дека не можат да стигнат до Брисел, туку не можат да понесат доволно „делегација“. Затоа, новиот авион би чинел само од 20 до 50 милиони евра – ситница за една држава што живее на кредит и е зависна од донации за основни јавни сервиси. Според изјавите на владиниот функционер Томовски, постојниот „Лирџет“ веќе не се одржувал ...

Во рамки на официјалната посета на Москва, делегацијата на партијата Левица, предводена од претседателот проф. д-р Димитар Апасиев, учествуваше на низа свечености организирани од Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), по повод 80-годишнината од победата над фашизмот. Посетата започна со оддавање почит во Паркот на победата, каде што Апасиев имаше пригоден говор пред интернационалните делегации. Потоа, присутните се упатија кон ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1022
weather icon

Белград

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
100%
1025
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.54
88%
1025
weather icon

Софија

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
69%
1024
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.82
85%
1021
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
98%
1027
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
1.79
79%
1019
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1022
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
87%
1022
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1020
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
96%
1024
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
87%
1021
Currency

61.545

Currency

52.6235

Currency

70.3767

Currency

34.9764

Currency

38.1116

Currency

65.893

Currency

7.44979

Currency

0.66279

Currency

0.33764

Currency

0.52436

Currency

1.23507

Currency

0.58084

Калај

40.84

Кобалт

58.42

Родиум

256402.20

Иридиум

145787.60

Злато

135736.19

Платина

53749.14

Рутениум

29192.88

Сребро

2008.67

Цинк

3.26

Паладиум

46650.73

Никел

467712.99

Бакар

10.84