За време на посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва, по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна, Кина и Русија упатија заедничка изјава во која жестоко ги критикуваат Соединетите Американски Држави и нивните геополитички „игри“. Двајцата лидери, кои разговараа речиси четири часа потпишаа документ со кој обвинија дека „одредени земји“ се обидуваат да ги искриват историските факти за исходот на Втората ...

По повод 80-годишнината од победата над фашизмот, делегација на Левица од општина Ѓорче Петров, предводена од советничката Дарја Мустафаоглу, денес положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на борците од Народноослободителната борба во реонскиот парк во Ѓорче Петров. Во своето соопштение, од локалниот огранок на партијата порачаа дека овие спомен-обележја не се само историја, туку силен потсетник на времето кога македонскиот народ, без двоумење, ...

Во духот на традицијата и со голема воена парада на Црвениот плоштад, Русија денес ја одбележа 80-тата годишнина од Победата над фашизмот во Големата Татковинска војна. Претседателот Владимир Путин, во своето обраќање пред илјадници присутни и милиони граѓани пред малите екрани, упати порака на единство, историска свест и отпор кон искривувањето на вистината за Втората светска војна. „Денес нè обединуваат чувства на радост и тага, гордост и ...

По повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, преку објава на Фејсбук упати критички став кон Европската Унија и НАТО, обвинувајќи ги дека се обидуваат да ја ревидираат историјата и да го потиснат значењето на антифашистичката борба. Мојсоска во својот став истакна дека денешната Европа, која го чествува 9 Мај како Ден на Европа, всушност должи сè на борбата на организираната работничка класа која ја ...

Денес се навршуваат точно десет години од крвавиот инцидент во кумановската населба позната како „Диво Насеље“, кога на 9 и 10 мај 2015 година во жестока и долготрајна престрелка животот го загубија осум припадници на безбедносните сили, а беа повредени уште 37. Во вооружениот конфликт кој траеше 28 часа, животите ги загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад ...

Партијата Левица остро реагира на вчерашното пукање во кафе-бар во центарот на Штип, поврзувајќи го инцидентот со, како што велат, неодговорното однесување на владејачките партии ДПМНЕ и ЗНАМ, кои паралелно со инцидентите туркаат измени на Законот за оружје во Собранието. „Додека граѓаните живеат во страв од престрелки на јавни места, премиерот Мицкоски и министерот Тошковски на партиски настани тврдат дека ‘народот никогаш не бил побезбеден’“, ...

Врз основа на изјавата дадена од министерката за енергетика, Сања Божиновска, во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24 Вести, јавно го поставуваме прашањето: Дали обвинителство ќе преземе мерки за утврдување на евентуална кривична одговорност за несовесно работење во службата по член 353-в и за непријавување кривично дело или сторител по член 364 од Кривичниот законик поради континуирано плаќање на значителни буџетски средства без никаква ...

Додека државата тоне, народот гладува, Владата има поважна грижа – имаат премал авион. Да, само со шест седишта. Не е дека не можат да стигнат до Брисел, туку не можат да понесат доволно „делегација“. Затоа, новиот авион би чинел само од 20 до 50 милиони евра – ситница за една држава што живее на кредит и е зависна од донации за основни јавни сервиси. Според изјавите на владиниот функционер Томовски, постојниот „Лирџет“ веќе не се одржувал ...

Во рамки на официјалната посета на Москва, делегацијата на партијата Левица, предводена од претседателот проф. д-р Димитар Апасиев, учествуваше на низа свечености организирани од Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), по повод 80-годишнината од победата над фашизмот. Посетата започна со оддавање почит во Паркот на победата, каде што Апасиев имаше пригоден говор пред интернационалните делегации. Потоа, присутните се упатија кон ...

По повод 80 години од победата над фашизмот, партиска делегација на Левица, предводена од потпретседателот м-р Реџеп Исмаил Хактан, денес положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето на борците од анти-хитлеровата коалиција. Настанот, кој се одржа на 8 мај 2025 година, беше организиран по покана на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, како дел од официјалното одбележување на значајната годишнина од крајот на Втората светска војна и ...

Пратеникот од Левица, Саше Јанчев, бурно реагираше на условите што му ги понудиле за пратеничка канцеларија во Прилеп, објавувајќи фотографии и детали од запуштениот простор кој, како што вели, му бил доделен по скоро една година чекање. „Ова е руина. Таванот прокиснува, подот е подуен од влага, вратата тешко се отвора, а мирисот внатре е за повраќање“, вели Јанчев во својата објава. Според него, просторот бил поранешна коњушница од времето на ...

Саемот на книгата, најголемата книжевна манифестација во земјата, денеска го отвори своето 37. издание во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. И годинава, настанот привлекува издавачки куќи, автори, читатели и љубители на пишаниот збор од целата држава и пошироко. Под мотото дека „книгата не нè преплавува – таа нè обликува“, Саемот се поставува како тивок, но моќен отпор во ерата на трепкачки наслови, брзи вести и информации што исчезнуваат ...

Југо се надева дека својот мал хечбек ќе го пушти во производство до 2027 година. Yugo најави официјално враќање во февруари, со планови за производство на мал хечбек сличен на она што компанијата го правеше во текот на 1980-тите и 1990-тите.Конечно, сепак, го добиваме нашиот прв официјален поглед на новиот автомобил на Yugo – иако во форма на макета. На настанот за дизајн на автомобили 2025 година во Минхен минатиот месец, Yugo го подигна многу ...

Односите меѓу Русија и Кина го достигнаа највисокото ниво во историјата, изјави рускиот претседател Владимир Путин на заедничката прес-конференција по руско-кинеските разговори. Путин додаде дека овие односи не зависат од моменталната глобална ситуација. „Нашето заедничко херојско минато, нашето братство по оружје, е сигурна основа за развој и зајакнување на руско-кинеските односи. А овие односи го достигнаа највисокото ниво во историјата. Тие ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг во средата објави потпишан напис со наслов „Учиме од историјата за заедно да изградиме посјајна иднина“ во весникот Руска Газета пред своето пристигнување во Русија на државна посета и учество на прославите по повод 80-годишнината од Победата во Големата татковинска војна на Советскиот Сојуз. Учиме од историјата за заедно да изградиме посјајна иднина Оваа година одбележуваме 80 години од победата во кинеската ...

Македонија планира ново задолжување од 500 милиони до 1 милијарда евра за инфраструктурни проекти, со потенцијален кредитор Велика Британија. Ова следи по претходното задолжување од една милијарда евра, од кои половина беа искористени за враќање на еврообврзницата што доспеваше во јануари 2025 година, а остатокот за општински проекти и кредитирање на стопанството. Новото задолжување е наменето за развој на инфраструктурата, но за разлика од ...

Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, и покрај тоа што ѝ е одземена лиценцата за работа, продолжува да дејствува како ништо да не се случило. И тоа не било каде – туку во чувствителни простори како училишта, јавни установи и дискотеки со трагична репутација. Сѐ почесто се слуша истото прашање: дали во оваа држава владее законот или партиската недопирливост? Формално, „Рубикон“ е регистрирана на ул. Христо Татарчев бр. 79 во скопската населба ...

Случајот „Изгрев“, кој траеше 17 години, е еден од најдолготрајните и најконтроверзните судски процеси во Македонија. Овој случај го привлече вниманието на јавноста поради сериозните обвинувања за финансиски криминал и перење пари, како и поради сомнежите за политичко влијание и манипулации во правосудниот систем. Една од главните причини за продолженото траење на случајот „Изгрев“ е сложеноста на предметот, кој вклучуваше голем број обвинети ...

Советникот на Левица во Советот на Општина Битола, Горан Велевски, денеска преку својата официјална Фејсбук страница објави дека лидерот на партијата, Димитар Апасиев, добил официјална покана од Руската Федерација за учество на прославата по повод „80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна“, која ќе се одржи со парада на Црвениот плоштад во Москва. Во својата објава, Велевски го истакна овој настан како „пример за ...

Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, и покрај тоа што ѝ е одземена лиценцата за работа, продолжува да дејствува како ништо да не се случило. И тоа не било каде – туку во чувствителни простори како училишта, јавни установи и дискотеки со трагична репутација. Сѐ почесто се слуша истото прашање: дали во оваа држава владее законот или партиската недопирливост? Формално, „Рубикон“ е регистрирана на ул. Христо Татарчев бр. 79 во скопската населба ...

Додека министрите се фалат со макроекономски „успеси“ и туркаат празни приказни за стабилна инфлација, македонските граѓани гладуваат со стил – во овој мај, сезонското овошје достигна цена достојна за царска трпеза. Килограм праски – 600 денари. Цреши – над 1.000. Да беше хумор, ќе се насмеевме. Но ова е трагедија со потпис на Владата на Република Македонија. На пазарите – лудило. Јаболка од Србија по 70 денари, грозје од Грција по 450, кокоси ...

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), Генадиј Зјуганов, претседателот на македонската партија Левица, Димитар Апасиев, заедно со членот на Президиумот на партијата, Александар Симонов, се наоѓаат во официјална посета на Руската Федерација по повод јубилејното одбележување на 80 години од победата над фашизмот. Во срцето на Паркот на победата во Москва, во чест на 9 Мај — Денот на победата, Апасиев ...

Скриен во срцето на кинеската провинција Шанси, манастирот Сјаоситиан (Xiaoxitian), познат и под името Чианфоан (Qianfoan – „Манастирот на илјада Буди“), претставува извонредно сведоштво за спојот меѓу духовноста, уметноста и архитектурата од времето на династијата Минг. Основан во 1629 година од страна на монахот Донгминг, манастирот го добил првичниот назив според илјадницата статуи на Буда сместени во неговата главна сала. Подоцна, поради ...

Голем дел од скапа медицинска опрема набавена за јавното здравство, во вредност од 13 милиони евра, сè уште не е ставен во употреба и „скапува“ во подрумите на здравствените установи низ Македонија – покажува најновиот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Меѓу неискористената опрема се и акцелератори за радиотерапија на пациенти со малигни заболувања. Според извештајот, иако во последните три години е направен напредок во ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска пристигна во Москва на билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин, кој го дочека со топли зборови, нарекувајќи го „драг пријател“. Состанокот во Кремљ се одржува во контекст на сè подлабокото стратешко партнерство меѓу Кина и Русија. Путин изрази задоволство од можноста за директен дијалог со кинескиот лидер и најави дека наскоро со „големо задоволство“ ќе ја посети Кина. „Соработката меѓу ...

Ако продолжи со побрз економски раст, Македонија би можела да го достигне просекот на Европската Унија во приходи по глава на жител за период од 30 до 40 години – оцени Иваило Изворски, главен економист на Светска банка за Европа и Централна Азија. Пред презентацијата на најновиот извештај на Светска банка во Скопје, Изворски предупреди дека со побавна динамика на растот, земјата би можела да има потреба од дури 60 до 70 години за да го достигне ...

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат за претседател на Полска, Грзегорз Браун, предизвика бурни реакции во јавноста откако јавно го понижи и потоа го запали знамето на Европската Унија. Инцидентот се случи во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Браун прво ги избриша чевлите од знамето, по што го запали, демонстрирајќи отворено непочитување кон симболите на Унијата. Настанот беше снимен и објавен, предизвикувајќи остри ...

Ваква дилема не постои кај европЉаните, но нашите пилјарски интелектуалци, во обид да се додворат на нивните господари на потсвеста, ќе крикнат дека се работи за „два различни празници“, кобожем немат врска еден со друг. И после таквиоут крик следува нивната интелектуална дијаереа за „Европската заедница за јаглен и челик“, „Обединета европа“, бла бла бла… Драги мои соборци, потомци на борците против наци-фашистичкото евроспко зло, НИШТО ОД ОВА ...

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, денеска во Собранието остро ја критикуваше состојбата во Македонската радио-телевизија (МРТВ), повикувајќи на итна реформа преку именување на нов програмски совет. Според него, долгогодишното владеење на истите луѓе во јавниот сервис довело до сериозни злоупотреби и драматично деградирање на јавната функција на МРТВ. „Овој директор има 14 години мандат, а програмскиот совет – 13 години. Тоа се фараонски ...

На 80-годишнината од победата над фашизмот, поранешниот грчки министер за финансии и познат левичарски интелектуалец Јанис Варуфакис испрати силна и емотивна порака, потсетувајќи дека 9 Мај 1945 година не претставува крај на борбата против фашизмот, туку само еден нејзин историски момент. „Тоа не беше само воена победа; тоа беше триумф на солидарноста над фашизмот, на интернационализмот над расната тиранија, на хуманизмот над индустрискиот ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
73%
1019
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
79%
1016
weather icon

Загреб

20ᴼ / 17ᴼ
2.06
64%
1016
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
77%
1021
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
0.66
82%
1018
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
80%
1017
weather icon

Атина

27ᴼ / 23ᴼ
0.89
48%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
72%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
68%
1019
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 19ᴼ
2.06
83%
1018
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
1.54
63%
1015
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
33%
1018
Currency

61.525

Currency

53.9239

Currency

73.0224

Currency

34.9976

Currency

39.4063

Currency

65.8268

Currency

7.47228

Currency

0.67926

Currency

0.37699

Currency

0.52473

Currency

1.37438

Currency

0.62688

Алуминиум

2.46

Кобалт

42.99

Никел

15196.50

Рутениум

19708.41

Калај

31.40

Сребро

1110.77

Злато

108246.40

Бакар

9.75

Паладиум

31539.88

Платина

34532.60

Родиум

172006.49

Цинк

2.67