Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, јавно реагираше на Фејсбук поради, како што вели, нецелосен и штур одговор од Собранието за нејзиното барање за информации за патните трошоци и кириите на пратениците. „Конечно ми пристигна одговорот и нормално – одговорот е нецелосен“, напиша Мојсоска, обвинувајќи ја генералната секретарка на Собранието и кадар на ДПМНЕ, Марина Димовска, дека ја прикрива вистинската состојба. Таа истакна дека барала ...
Кинески научници од Универзитетот Фудан ја претставија најбрзата флеш меморија досега создадена, способна за бришење и повторно запишување на податоци за само 400 пикосекунди – една билионитинка од секунда. Овој револуционерен уред, наречен „Поксиао“ (Poxiao), односно „Зора“, е на пат да ја промени иднината на складирањето податоци и да донесе драстични подобрувања во перформансите на системите базирани на вештачка интелигенција. Постигнувањето ...
Секторот за земјоделие на политичката партија Левица денеска остро реагираше на, како што велат, манипулациите со откупот на сурово млеко од домашните млекопроизводители, предупредувајќи дека сточарството и млекопроизводството се доведени во сериозен ризик. Според партијата, голем број сточари во изминатите денови се пожалиле на намалување на цената на откуп на млеко од страна на млекарниците, како и на откуп без издавање кантарни белешки – што ...
На последната седница на надлежната собраниска Комисија, пратеникот од редовите на Левица – Реџеп Исмаил побара да се стави на дневен ред предлог-Декларацијата за признавање на Палестина, која шест месеци е заглавена. За дополнување на дневниот ред со предлог-Декларацијата за Палестина гласаше само пратеникот од Левица, како член на собраниската Комисија! Сите останати пратеници од партиите ДПМНЕ, СДС, ДУИ и ВРЕДИ не гласаа за оваа ...
Шкендија поднесе жалба, а ФФМ ја прифати, па новиот шампион последниот меч од сезоната против Силекс ќе го игра во Тетово со присуство на публика. Според првичната казна, Шкендија требаше преостанатите натпревари од сезоната да ги одигра без публика. Таква беше казната откако дел од навивачите не ја почитуваа минутата молк за жртвите од Кочани и наместо тоа пееја песни за УЧК. Во меѓувреме Шкендија поднесе жалба на оваа одлука, а ФФМ реши да ја ...
Српските власти подготвуваат договор со Русија за заедничка филмска продукција, Србите ќе учествуваат во работата на Евроазиската академија за филмски уметности, изјави српскиот министер за култура Никола Селаковиќ. Шефот на српското Министерство за култура во првото странско патување по реизборот на 16 април на оваа функција замина во Русија, каде што се сретна со министерката за култура на Руската Федерација Олга Љубимова. „Министрите ...
Во издание на „Бата прес“ објавен е првиот том на „Правописно-нормативен речник на македонскиот стандарден јазик“, на кој што автори и редактори се осум универзитетски професори. Објавувањето на речникот е поддржано од Министерството за култура, како проект од национален интерес за 2024 година. Својата прва промоција речникот ќе ја има на годинешниов Саем на книгата во арената „Борис Трајковски“, на штандот на издавачот, во вторник во 11 часот и ...
Во Националната галерија ќе биде претставено творештвото на Анета Светиева. Изложбата ќе биде поставена во Даут пашиниот амам до крајот на месец август, а официјалното отворање ќе биде на 21 мај 2025 (среда), со почеток од 20 часот. Ретроспективната изложба на Анета Светиева е дел од програмата на Националната галерија за сеопфатно презентирање на македонските современи уметници кои ја креираа нашата ликовна сцена. Проектот ја следи ...
Советникот на Левица во Општина Куманово, Никола Лазаревски, на денешната прес-конференција остро го критикуваше усвојувањето на деталниот урбанистички план (ДУП) за урбаната заедница „Тоде Мендол“, обвинувајќи го градоначалникот Максим Димитриевски за злоупотреба на функцијата и местење зделка во корист на својот кум. Според Лазаревски, планот, кој бил изгласан со поддршка од советниците на ДУИ, претставува класичен пример на конфликт на ...
На 13 мај 1901 година, македонскиот драматург Војдан Чернодрински ја основа првата македонска театарска група „Скрб и утеха“, со што го означи почетокот на организираниот театарски живот на македонски јазик. Овој настан претставува пресвртница во културната историја на Македонија, бидејќи за првпат македонскиот јазик и драмска уметност добиваат институционална форма. Војдан Поп Георгиев, познат под псевдонимот Чернодрински, роден во 1875 ...
Полското Министерство за надворешни работи објави дека рускиот генерален конзулат во Краков ќе биде затворен до 30 јуни 2025 година, обвинувајќи ги руските разузнавачки служби за организирање на пожарот кој го уништи трговскиот центар на улицата Маривилска во Варшава во мај 2024 година. Оваа одлука, според полските власти, е одговор на наводен акт на саботажа од страна на Русија. Сепак, ваквиот потег на Полска предизвикува загриженост поради ...
Локалниот огранок на партијата Левица од Ѓорче Петров остро реагираше на катастрофалната состојба во населбата Александрија, обвинувајќи ја општинската власт за негрижа, урбанистички хаос и целосно запоставување на јавниот простор. „Нема паркинзи, ѓубре насекаде, недостиг од зеленило, никаква грижа за јавниот простор, без детски игралишта и простори за рекреација – Александрија е синоним за урбанистичко слепило и институционално игнорирање,“ ...
Европската слободна алијанса (ЕФА) на своето Генерално собрание одржано во саботата во Нант, Шпанија, донесе резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на Европската Унија и земјите кандидати. Резолуцијата е предложена од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и ОМО „Илинден“-Пирин. Во текстот, ЕФА изразува сериозна загриженост за положбата на Македонците во Бугарија и Албанија, наведувајќи дека тие се автохтоно ...
Левица – Кичево, која повторно ги повикува ДПМНЕ и градоначалникот Јаќимоски да дадат конкретен одговор кога ќе биде завршена новата болница што им беше ветена на граѓаните. Граѓаните на Кичево, по 39 години чекање, сè уште немаат одговор на клучното прашање: кога ќе биде завршена новата болница што беше ветувана од страна на политичките партии, вклучително и ДПМНЕ? Изградбата на новата болница започна уште во 1989 година, но до денес не е ...
Судијката Лорета Тодорова од Основниот суд во Велес е во центарот на тежок скандал кој повторно ја отвора темата за злоупотребите во македонското судство. Адвокатот Ангел Ѓорѓиев јавно обвини дека Тодорова, во предмет каде што се јавува како оштетена страна, вршела притисок врз сведоци да дадат лажен исказ во нејзина корист – а за тоа, како што тврди, им нудела и пари. Во прилог на своите тврдења, Ѓорѓиев изнесе писмени изјави од сведоци кои ...
Данските потрошувачи започнаа организиран бојкот на американските производи, вклучувајќи ја и Кока-Кола, како реакција на политиките и изјавите на претседателот на САД, Доналд Трамп. Овој потег предизвика пад на продажбата на Кока-Кола во Данска, додека локалните брендови, како што е Џоли Кола, забележаа значителен пораст на побарувачката. Главната причина за незадоволството е изјавата на Трамп дека САД треба да ја преземат контролата врз ...
Координативното тело на Македонците во Европа и светот иницираше петиција со која се бара враќање на уставното име „Македонија“ и раскинување на Преспанскиот договор од 2018 година. Петицијата, поддржана од бројни македонски организации низ Европа, Австралија и Канада, ја изразува загриженоста на дијаспората за последиците од договорот врз македонскиот идентитет и културно наследство. Во соопштението на иницијаторите се наведува дека ...
По повод 12 мај – Светскиот ден на сестринството, Здравствениот сектор на Левица упатува искрена честитка до сите медицински сестри, кои со својата посветеност, знаење и хуманост се темел на здравствениот систем. Тие се тивки хероини и херои на секојдневието – присутни во сите здравствени установи, подготвени да помогнат во најтешките мигови, со грижа која ги надминува професионалните обврски и станува животна мисија. „НАШИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ...
Левица остро алармира за зголемениот број трагедии на градилиштата и за смртоносните последици од нефункционалниот систем кој го става профитот пред животот на работниците. Во сенка на урбаното дивеење и растечките профити на градежните компании, сè повеќе работници во Македонија го губат животот на работното место, а државата молчи. Податоците за 2024 година алармираат: градежништвото, заедно со транспортот, е на врвот по број на загинати ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повторно ја демонстрира својата воена догма, најавувајќи дека преговорите со Хамас ќе продолжат „под оган“, додека израелските сили ги интензивираат нападите врз Појасот Газа. Овој пристап, кој го става насилството пред дипломатијата, не само што ги загрозува животите на преостанатите заложници, туку и ја продлабочува хуманитарната катастрофа во регионот. Во последните недели, израелската војска спроведе ...
Кина го предводи светот во амбициозен проект за изградба на соларна електрана во вселената, со цел да обезбеди постојан и чист извор на енергија. Проектот предвидува поставување на соларна електрана со површина од еден квадратен километар во геостационарна орбита, на висина од 36.000 километри над Земјата. Оваа електрана ќе собира сончева енергија без прекини од облаци или ноќ и ќе ја пренесува на Земјата преку микробранова трансмисија. ...
Во основно училиште во општина Карпош, Скопје, денеска се случи бојкот на наставата од страна на ученици од четврто одделение, откако во петокот нивна наставничка беше физички нападната од ученик. Според дописот што родителите го испратиле до директорката на училиштето, нивните деца не се чувствуваат безбедно поради серијата инциденти поврзани со истиот ученик, чие насилно поведение кулминирало со напад на наставничката. Наставничката, која ...
Европската комисија, предводена од Урсула фон дер Лајен, се соочува со судска пресуда што може да има сериозни последици за довербата во европските институции. Судот на правдата на ЕУ оваа недела ќе одлучи дали Комисијата прекршила правила за транспарентност со тоа што одби да ја објави содржината од текстуалните пораки разменети со извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, во врска со набавката на вакцини вредни милијарди евра. Случајот, ...
Кремљ објави дека директни преговори меѓу Русија и Украина се неопходен предуслов за постигнување прекин на огнот во воениот конфликт, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за британската телевизија Скај њуз. „Треба да се водат директни преговори за да се пронајде начин за прекин на огнот. Поедноставен пристап е неприфатлив,“ изјави Песков, додавајќи дека таквиот став е резултат на сериозна анализа на ситуацијата на терен. Во истиот ...
Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска одржа протест пред судовите во Скопје, упатувајќи јасна порака до институциите за почитување на работничките права и владеењето на правото. Под слоганот „Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, синдикатот побара итно усогласување на основната полициска плата со законски утврдената минимална плата, како и правичност во судската пракса. Протестот, кој започна пред Апелациониот суд, е реакција на, ...
Немојте да си мислите дека и во Собрание на РМ е исто луксузирање како во Влада – со бизони, бифтеци, папаја, апрарагуси, морски плодови и гурелки од нилски коњи… Еве на пример: – ПАРКИНГ нема за пратеници (оти вмроидите го дале паркот пред парламентот на некој нивни бизнисмен на кој Панче Тошковски му бил адвокат); – ЈАЈЦА за кајгана нема за доручек веќе година дена; – КАФЕ на втори и на трети спрат (кај шо се комисиите) нема од март месец, оти ...
Локалниот огранок на Левица од општина Аеродром со доза на иронија ја коментираше состојбата со јавните површини во општината, доделувајќи „награди“ за највисока трева во различни делови на Аеродром. Целта на акцијата, според соопштението, е да се укаже на негрижата и пасивноста на локалната власт кога станува збор за одржувањето на парковите и тревниците. „Оваа година, под покровителство на пасивната локална власт, успеавме да ја одржиме ...
Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, денеска на собраниска прес-конференција го најави новиот Предлог-закон за формирање на Инспекторат за грбот, знамето и химната на Република Македонија, со кој, како што рече, ќе се пополни деценискиот институционален вакуум во спроведувањето на законите поврзани со државните симболи. „Веќе 27 години имаме Закон за употреба на грбот и знамето, но немаме институција што ќе го спроведува. Истото ...
Кинескиот вицепремиер Хе Лифенг изјави дека економско-трговските разговори на високо ниво меѓу Кина и САД, одржани викендов во Женева, биле „срдечни, длабински и конструктивни“, нагласувајќи дека двете страни постигнале значителен напредок и важен консензус. На дводневниот состанок, Хе Лифенг се сретна со американскиот секретар за финансии Скот Бесент и трговскиот претставник Џејмисон Грир. Разговорите, според кинескиот функционер, резултирале ...
Основниот граѓански суд во Скопје ја отфрли тужбата на 55-годишната Б. И. од Куманово, која побара надомест од Клиниката за урологија во Скопје поради заборавена сонда во нејзиното тело при операција на бубрег. Според судот, кој ја донесе пресудата на 10 април 2025 година, нема основа за одговорност бидејќи не е утврдена лекарска грешка. Случајот, откриен преку алатката „Пријави корупција“ на порталот САКАМДАКАЖАМ.МК, предизвика бурна јавна ...